ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • th стр. 3
  • Писмо од Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писмо од Водечкото тело
  • Посвети се на читањето и поучувањето
  • Сличен материјал
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба за Царството 2013
  • Како да ја користиме брошурата Пораката на Библијата
    Нашата служба за Царството 2011
  • Објавувај ја добрата вест за Царството со брошури
    Нашата служба за Царството 1996
  • Користи брошури за да го привлечеш и умот и срцето
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Посвети се на читањето и поучувањето
th стр. 3

Писмо од Водечкото тело

„Бидете учители“ (Евр. 5:12). Замисли! Јехова — најдобриот Учител во целата вселена — нам ни доверил задача да ги поучуваме луѓето за него! За нас е скапоцена чест и голема одговорност да ги поучуваме другите за Јехова, сеедно дали го правиме тоа во семејството, во собранието или во службата. Што ќе ни помогне успешно да ја извршуваме оваа задача?

Одговорот се наоѓа во зборовите што апостол Павле му ги напишал на Тимотеј: „Посвети се на јавното читање, на поттикнувањето, на поучувањето“. Потоа Павле додал: „Правејќи го тоа ќе се спасиш и себеси и оние што те слушаат“ (1. Тим. 4:13, 16). Пораката што ја пренесуваме може да им го спаси животот на луѓето. Затоа е многу важно да научиме уште подобро да читаме и да поучуваме. Оваа брошура ќе ни помогне во тоа. Да разгледаме некои нејзини обележја.

Наведен стих

Библиски стих кој е наведен во почетокот на секоја лекција. Тој е поврзан со нејзината главна поука и содржи или некое начело или пример за тоа како може да се примени поуката.

Практичен совет

Практични совети поврзани со главната поука.

ВО СЛУЖБАТА

Предлози што конкретно се однесуваат на нашата служба. Поголемиот дел од останатиот материјал во брошурата се однесува како на службата така и на точките или говорите што се изнесуваат на состаноците.

Јехова е нашиот „Најголем Учител“ (Иса. 30:20). Иако оваа брошура ќе ти помогне да научиш подобро да читаш и да поучуваш, немој никогаш да заборавиш дека пораката што ја пренесуваме е од Јехова и дека тој ги привлекува луѓето (Јован 6:44). Затоа, моли се често за свет дух. Користи ја Библијата што е можно повеќе. Насочувај го вниманието кон Јехова, а не кон себе. Труди се да им помогнеш на другите да го засакаат со сето срце.

И тебе ти е доверена задача да ги поучуваш другите за најважната порака на сите времиња. Уверени сме дека успешно ќе ја извршуваш оваа задача, потпирајќи се „на силата што ја дава Бог“ (1. Пет. 4:11).

Вашите соработници,

Водечко тело на Јеховините сведоци

Еден брат држи говор; една сестра проповеда; еден брат сведочи на работа; една тинејџерка сведочи пред класот за време на наставата
    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели