ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 21
  • Како се проповеда добрата вест?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како се проповеда добрата вест?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Да ја проповедаме оваа добра вест за Царството
    Пејте му фалби на Јехова
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Зошто Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 21
Лекција 21. Еден човек разговара на улица со две жени кои се Јеховини сведоци покрај количка за сведочење.

ЛЕКЦИЈА 21

Како се проповеда добрата вест?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Преку своето Царство, Јехова наскоро ќе ги отстрани сите наши проблеми. Оваа вест е толку добра што треба секој да ја слушне! Исус сакал неговите следбеници да ја споделат оваа порака со сите луѓе (Матеј 28:19, 20). Дали Јеховините сведоци се послушни на Исусовата заповед?

1. Како денес се исполнува Матеј 24:14?

Исус прорекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет“ (Матеј 24:14). Јеховините сведоци се радосни што учествуваат во ова важно дело. Ние ја проповедаме добрата вест низ целиот свет на преку 1.000 јазици! За ова огромно дело се потребни многу труд и голема организираност, и тоа не би можело да се изврши без Јеховината помош.

2. Колкав труд вложуваме за да им проповедаме на луѓето?

Проповедаме секаде каде што има луѓе. Исто како христијаните од првиот век, и ние проповедаме „од куќа до куќа“ (Дела 5:42). Благодарение на овој организиран и темелен пристап, секоја година водиме разговори со милиони луѓе. Но, бидејќи луѓето не се секогаш дома, проповедаме и на јавни места. Се трудиме да ја искористиме секоја можност за да им кажеме на другите за Јехова и за неговата намера.

3. Кој има одговорност да ја проповеда добрата вест?

Секој вистински христијанин треба да им ја проповеда добрата вест на другите. За нас ова е важна одговорност. Ние проповедаме колку што можеме повеќе бидејќи знаеме дека во прашање се животите на луѓето. (Прочитај 1. Тимотеј 4:16.) Ние не сме платени за ова дело. Библијата вели: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:7, 8). Иако сите не ја прифаќаат добрата вест, ние не се откажуваме. Зошто? Бидејќи на тој начин покажуваме дека сме му послушни на Јехова и го радуваме неговото срце.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе видиш како Јеховините сведоци проповедаат низ целиот свет и како Јехова им помага во тоа.

А. Двајца Јеховини сведоци му проповедаат на еден човек на една ливада во Костарика. Б. Јеховини сведоци им проповедаат на рибари на едно крајбрежје во САД. В. Двајца Јеховини сведоци му проповедаат на еден човек во едно село во Бенин. Г. Една жена која е Јеховин сведок ѝ проповеда на друга жена на пловечки пазар во Тајланд. Д. Две жени кои се Јеховини сведоци ѝ проповедаат на една жена покрај големи камени плочи во Јап. Ѓ. Двајца Јеховини сведоци ѝ проповедаат на една жена додека стојат на снежна патека покрај еден канал во Шведска.

Проповедаме по целиот свет: А) Костарика, Б) САД, В) Бенин, Г) Тајланд, Д) Јап, Ѓ) Шведска

4. Даваме сѐ од себе за да им проповедаме на сите луѓе

Јеховините сведоци вложуваат голем труд за да им ја проповедаат добрата вест на луѓето по целиот свет. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Проповедаме „сѐ до крајот на земјата“ (7:38)

  • Што ти остави впечаток во врска со сиот труд што го вложуваат Јеховините сведоци во проповедањето?

Прочитај Матеј 22:39 и Римјаните 10:13-15, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како со нашата служба покажуваме дека ги сакаме луѓето?

  • Како гледа Јехова на оние што ја проповедаат добрата вест? (Види го стих 15.)

5. Ние сме Божји соработници

Многу искуства покажуваат дека Јехова го води проповедничкото дело. Да разгледаме еден пример од Нов Зеланд. Едно попладне додека проповедал од куќа до куќа, еден брат по име Пол сретнал една жена. Истото тоа утро, таа му се молела на Бог користејќи го неговото име, Јехова, и во молитвата побарала некој да ја посети. Пол вели: „Само три часа откако таа му се помолила на Јехова, јас бев на нејзината врата“.

Прочитај 1. Коринќаните 3:9, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како искуствата, како што е ова од Нов Зеланд, покажуваат дека Јехова го води проповедничкото дело?

Прочитај Дела 1:8, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто ни е потребна помошта од Јехова во службата на проповедање?

Дали си знаел?

Секоја седмица, на состанокот што се одржува во работен ден добиваме обука за службата на проповедање. Ако си присуствувал на ваков состанок, што мислиш за таа обука?

На еден состанок на Јеховините сведоци, две жени прикажуваат како може да се проповеда добрата вест.

6. Ние проповедаме затоа што сме послушни на Божјата заповед

Во првиот век, некои противници се обиделе да ги спречат следбениците на Исус да проповедаат. Но, првите христијани по законски пат го бранеле своето право да ја проповедаат добрата вест (Филипјаните 1:7). Истото го прават и Јеховините сведоци денес.a

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

ВИДЕОКЛИП: Како го браниме своето право да ја проповедаме добрата вест (2:28)

Прочитај Дела 5:27-42, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто не престануваме да проповедаме? (Види ги стиховите 29, 38 и 39.)

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто Јеховините сведоци одат од врата до врата?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Исус им заповедал на своите следбеници да им ја проповедаат добрата вест на луѓето од сите народи. Јехова му помага на својот народ да го изврши ова дело.

Како би одговорил?

  • Како добрата вест се проповеда по целиот свет?

  • Како со нашата служба покажуваме дека ги сакаме луѓето?

  • Што мислиш, дали проповедањето може да ти донесе радост? Зошто мислиш така?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Види како Јеховините сведоци проповедаат во големите градови.

Посебен вид сведочење на јавни места во Париз (5:11)

Како Јеховините сведоци им проповедаат на бегалците?

Грижа за духовните потреби на бегалците (5:59)

Дознај зошто една жена е среќна што го посветила својот живот на проповедањето.

Мило ми е што ја избрав полновремената служба (6:29)

Прочитај за некои значајни пресуди кои придонеле слободно да се проповеда добрата вест.

„Законско потврдување на нашето право да проповедаме“ (Божјето Царство владее!, поглавје 13)

a Самиот Бог нѐ овластил да проповедаме. Затоа, не ни е потребна дозвола од човечки власти за да ја проповедаме добрата вест.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели