ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 22
  • Како можеш да ја објавуваш добрата вест?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можеш да ја објавуваш добрата вест?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Како се проповеда добрата вест?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Да им се помага на другите да ја вршат Божјата волја
    Што бара Бог од нас?
  • Продолжи да проповедаш поттикнат од љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 22
Лекција 22. Еден интересент му проповеда на еден колега во работилница за време на паузата за ручек.

ЛЕКЦИЈА 22

Како можеш да ја објавуваш добрата вест?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Додека ги дознаваш библиските вистини, можеби ќе си помислиш: „Ова треба сите да го знаат“. И навистина, секој треба да ја слушне добрата вест. Сепак, можеби те плаши и самата помисла да им кажуваш на другите за она што го учиш. Да видиме што може да ти помогне да го надминеш стравот и да почнеш радосно да ја објавуваш добрата вест.

1. Како може да го споделуваш она што го учиш со луѓето што ги познаваш?

Учениците на Исус рекле: „Не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле“ (Дела 4:20). Тие толку многу ја ценеле вистината што сакале да им ја пренесат на колку што е можно повеќе луѓе. Дали ова е случај и со тебе? Ако да, барај прилики да им кажуваш на членовите на твоето семејство и на пријателите за она што го учиш, но внимавај тоа да го правиш со почит. (Прочитај Колошаните 4:6.)

Како да почнеш

  • Кога разговараш со некој од семејството, би можел да речеш: „Пред некој ден дознав нешто интересно“.

  • Сподели библиски стих со некој пријател кој е болен или е загрижен за нешто.

  • Ако колегите те прашаат како си го поминал викендот, спомни им нешто што си го научил на библискиот курс или на собранискиот состанок.

  • Покажи им ја на пријателите интернет-страницата jw.org.

  • Покани некого на твојот библиски курс или покажи му како да побара библиски курс на jw.org.

2. Зошто е добро да си поставиш за цел да проповедаш со собранието?

Учениците на Исус не им ја објавувале добрата вест само на луѓе што ги познавале. Исус ги испратил „двајца по двајца... во секој град“ за да проповедаат (Лука 10:1). Благодарение на тоа што биле организирани на ваков начин, многу луѓе можеле да ја слушнат добрата вест. Исто така, тоа што учениците заедно проповедале им донело многу радост (Лука 10:17). Можеш ли и ти да си поставиш за цел да проповедаш заедно со другите од собранието?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш да го надминеш стравот и да ја почувствуваш радоста што ја носи проповедањето.

Слики: Една интересентка ѝ проповеда на една жена додека седат на клупа во парк. 1. Интересентката се моли. 2. Таа ѝ покажува на жената еден видеоклип кој се темели на Библијата.

3. Јехова ќе биде со тебе

Некои што сакаат да проповедаат можеби се плашат што ќе мислат другите за нив или како ќе реагираат.

  • Дали ти е непријатно да го споделуваш со други она што си го научил? Зошто?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Го молев Јехова да ми даде храброст (4:05)

  • Како овие млади Јеховини сведоци ги победиле своите стравови?

Прочитај Исаија 41:10, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како може да ти помогне молитвата кога се плашиш да проповедаш?

Дали си знаел?

Многумина што станале Јеховини сведоци претходно мислеле дека никогаш нема да имаат храброст да проповедаат. На пример, Сергеј имал многу ниска самодоверба и му било тешко да зборува со други луѓе. Но, почнал да ја проучува Библијата. Тој вели: „И покрај тоа што се плашев, почнав да им кажувам на луѓето за она што го учев. На мое големо изненадување, зборувајќи им на другите за Библијата, стекнав поголема самодоверба. Исто така, библиските вистини уште повеќе се вкоренија во моето срце“.

4. Покажувај почит

Кога сакаш да зборуваш со некого за добрата вест, треба да размислиш што ќе кажеш, но и како ќе го кажеш тоа. Прочитај 2. Тимотеј 2:24 и 1. Петрово 3:15, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како можеш да ги примениш овие стихови кога зборуваш со други за Библијата?

  • Некои од членовите на семејството или пријателите можеби нема да се согласат со тебе. Што би можел да направиш? Што не би требало да правиш?

  • Што мислиш, зошто е подобро да бидеш тактичен и да поставуваш промислени прашања отколку да им ги наметнуваш своите верувања на другите?

Еден интересент споделува нешто од Библијата со член на неговото семејство.

5. Проповедањето на добрата вест ни носи радост

Јехова му дал задача на Исус да ја проповеда добрата вест. Како гледал Исус на таа задача? Прочитај Јован 4:34, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Добрата и вкусна храна нѐ одржува во живот и нѐ прави посреќни. Исус го споредил вршењето на Божјата волја, во што спаѓа и проповедањето на добрата вест, со јадење храна. Што мислиш, зошто?

  • Што мислиш, зошто проповедањето може да ти донесе радост?

Предлози

  • Во текот на состанокот што се одржува во работен ден, обиди се да забележиш како би можел да започнеш разговор за Библијата.

  • Размисли дали би можел и ти да изнесуваш ученички задачи на состанокот што се одржува во работен ден. Таквите задачи ќе ти помогнат да научиш да им ги објаснуваш на другите твоите верувања.

  • Со помош на рамките „Некои велат“ и „Ако некој те праша“ кои се наоѓаат во оваа книга, вежбај како би можел да одговориш на некои вообичаени прашања и приговори.

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Што има ново кај тебе?“

  • Како би можел да ја искористиш таа прилика за да му кажеш нешто што си го научил на библискиот курс?

ШТО НАУЧИ:

Не е толку тешко да ја проповедаш добрата вест како што можеби си мислиш. Тоа може да ти донесе голема радост.

Како би одговорил?

  • Зошто треба да им ја проповедаме добрата вест на другите?

  • Како би можел да го правиш тоа со почит?

  • Како можеш да го надминеш стравот кој можеби те спречува да проповедаш?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Види четири предлози за тоа како можеш да ја споделиш добрата вест со некого користејќи ја визит-картичката за jw.org.

Предлог-презентација (визит-картичка за jw.org) (1:43)

Дознај кои четири работи може да ти помогнат да ја проповедаш добрата вест.

„Дали си спремен да станеш рибар на луѓе?“ (Стражарска кула од септември 2020)

Види како еден пример од Библијата може да им даде храброст дури и на децата да ја проповедаат добрата вест.

Јехова ќе ти помогне да бидеш храбар (11:59)

Прочитај како би можел да зборуваш за Библијата со членовите на семејството кои не го познаваат Јехова.

„Допри до срцето на твоите најблиски“ (Стражарска кула од 15 март 2014)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели