ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • scl стр. 24-27
  • Деца; млади

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Деца; млади
  • Библиски стихови за нашиот живот
Библиски стихови за нашиот живот
scl стр. 24-27

Деца; млади

Божјето гледиште за децата

Како Јехова покажува дека децата и младите се скапоцени за него?

5Мо 6:6, 7; 14:28, 29; Пс 110:3; 127:3-5; 128:3, 4; Јк 1:27

Види и Јов 29:12; Пс 27:10; Из 17:6

Види и „Семејство“

  • Библиски извештаи:

    • 1Мо 1:27, 28 — Подигањето деца било важен дел од првобитната намера на Јехова — Земјата да биде населена со луѓе

    • 1Мо 9:1 — По Потопот, Јехова им рекол на Ное и на неговите синови да имаат деца и да ја наполнат Земјата со луѓе

    • 1Мо 33:5 — Јаков, кој верно му служел на Јехова, гледал на своите деца како на дар од Бог

    • Мр 10:13-16 — Исус ги сакал децата, и со тоа покажал колку Јехова ги сака

Како гледа Јехова на оние што ги искористуваат или експлоатираат децата?

2Мо 22:22-24; 5Мо 10:17, 18; Пс 10:14, 15

Кои библиски начела покажуваат дека не треба да очекуваме од децата да извршуваат улоги или да прават работи што се својствени за возрасните?

4Мо 1:3; 1Ко 13:11

  • Библиски извештај:

    • 1Мо 33:12-14 — Јаков бил свесен дека неговите деца немаат толку сила и дека нема да можат да држат чекор со возрасните

Дали Бог е виновен за тоа што децата страдаат?

Јов 34:10; Јк 1:13; 1Јо 5:19

  • Библиски извештаи:

    • Лк 5:18, 20, 23-25 — Исус објаснил дека се разболуваме поради гревот

    • Ри 5:12 — Апостол Павле објаснил која е причината за гревот и смртта

Што нѐ уверува дека Јехова ќе му стави крај на страдањето што го доживуваат и младите и постарите?

Иса 11:6-9; Јвн 3:16; Де 24:15; От 21:4

Доколку родителите на некои деца биле лош пример или се однесувале лошо со нив, дали тоа значи дека децата помалку вредат од другите или дека и тие ќе ги направат истите грешки?

5Мо 24:16; Езе 18:1-3, 14-18

Види и 5Мо 30:15, 16

  • Библиски извештаи:

    • 2Ца 18:1-7; 2Ле 28:1-4 — Иако татко му бил злобен човек кој погубил некои од своите деца, Езекија сепак му бил послушен на Јехова и бил добар цар

    • 2Ца 21:19-26; 22:1, 2 — И покрај тоа што татко му, Амон, бил многу злобен цар, Јосија сепак бил добар и верен цар

    • 1Ко 10:11, 12 — Апостол Павле објаснил дека ние можеме да учиме од грешките на другите и да одлучиме да не ги повториме истите

    • Фп 2:12, 13 — Апостол Павле нѐ потсетил дека ние самите треба да работиме на своето спасение

Одговорностите на децата и младите

Како гледа Јехова на децата кои живеат во семејство во кое барем еден од родителите му служи на Јехова?

1Ко 7:14

  • Библиски извештај:

    • 1Мо 19:12, 15 — Една причина зошто ангелите ги заштитиле ќерките на Лот била тоа што нивниот татко бил праведен човек

Дали децата чии родители имаат добар однос со Бог треба да заклучат дека и тие автоматски ќе бидат блиски со него?

Из 20:11; Езе 18:5, 10-13

  • Библиски извештаи:

    • 3Мо 10:1-3, 8, 9 — Синовите на првосвештеникот Арон биле погубени можеби затоа што биле пијани

    • 1Са 8:1-5 — Иако Самоил бил праведен пророк, неговите синови биле нечесни

Што треба да прават децата за да го радуваат Бог?

Из 1:8; 27:11; Еф 6:1-3

Зошто младите треба да присуствуваат на собраниските состаноци?

5Мо 31:12, 13; Ев 10:24, 25

  • Библиски извештај:

    • Мт 15:32-38 — Меѓу оние што го слушале Исус имало и деца

Од каде знаеме дека Јехова сака децата да го обожаваат?

Пс 8:2; 148:12, 13

  • Библиски извештаи:

    • 1Са 17:4, 8-10, 41, 42, 45-51 — Јехова го одбранил своето име така што го употребил младиот Давид за да порази еден злобен џин

    • 2Ца 5:1-15 — Јехова употребил едно мало израелско девојче за да му помогне на Нааман, заповедникот на сириската војска, да дознае за вистинскиот Бог

    • Мт 21:15, 16 — Исус ги ценел младите бидејќи му оддале чест како на Месија

Како гледа Јехова на децата чии родители не му служат нему?

  • Библиски извештаи:

    • 4Мо 16:25, 26, 32, 33 — Кога некои мажи се побуниле против Мојсеј и Арон, Јехова ги казнил тие мажи заедно со нивните семејства што ги поддржале

    • 4Мо 26:10, 11 — Иако бунтовниот Кореј бил погубен, неговите синови не биле погубени бидејќи му биле верни на Бог

Зошто младите треба мудро да избираат со кого ќе се дружат?

Из 13:20; 1Ко 15:33

Види и 2Ти 3:1-5

Какви пријатели треба да си избираат младите кои му служат на Јехова?

2Ти 2:22

Види и „Пријателства“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели