ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/10 стр. 6
  • „Го најдовме Месијата!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Го најдовме Месијата!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Кој е Исус Христос?
    Што навистина учи Библијата?
  • Тие го очекувале Месијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Бог спасува преку Месијата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Исус Христос — клучот за спознанието за Бог
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/10 стр. 6

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОЈА Е ПОРАКАТА НА БИБЛИЈАТА?

„Го најдовме Месијата!“

Околу седум века откако било запишано, пророштвото на Михеј во врска со Месијата се исполнило: во Витлеем се родил Исус. Триесетина години подоцна, во 29 год. од н.е., се исполнил првиот дел од пророштвото за доаѓањето на Месијата што го запишал Даниел. Тогаш Исус се крстил и Бог го помазал со свет дух. Долгоочекуваниот Месија, односно ветеното „потомство“, се појавил точно во определеното време!

Исус веднаш почнал да ја врши својата служба и да ја објавува „добрата вест за Божјето царство“ (Лука 8:1). Како што било проречено, Исус бил добар, нежен и искрено заинтересиран за другите. Со љубов ги поучувал луѓето, им давал корисни совети и ги лекувал од „секаква болест“ (Матеј 4:23). Луѓе од сите возрасти дошле до истиот заклучок како еден од неговите ученици, кој рекол: „Го најдовме Месијата!“ (Јован 1:41).

Исус прорекол дека, токму пред неговото Царство да почне да владее со целата Земја, во светот ќе има војни, земјотреси и многу други неволји. Тој нѐ поттикнал будно да ги следиме настаните и да бидеме свесни за нивното значење (Марко 13:37).

Исус бил совршен човек кој му останал послушен на Бог, но неговите непријатели го убиле. Сепак, со неговата смрт било овозможено еден ден луѓето повторно да го имаат она што Адам и Ева го изгубиле — вечен живот во рај.

Тоа што Исус умрел и тоа што Бог го воскреснал како моќно духовно суштество три дена подоцна, било исполнување на пророштвата. Откако воскреснал, Исус им се појавил на повеќе од 500 ученици. Пред да се врати на небото, тој им рекол на своите следбеници да им ја пренесуваат добрата вест за него и за неговото Царство на „луѓето од сите народи“ (Матеј 28:19). Колку добро ја извршиле таа задача?

На темел на Матеј, Марко, Лука, Јован и 1. Коринќаните.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели