Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 август 2014 год.
Како 3. Мојсеева 18:3 може да ни помогне да не развиеме искривено чувство за тоа што е исправно а што погрешно? (Еф. 4:17-19) [7 јули, w02 1/2 стр. 29, пас. 4]
Што учиме од 3. Мојсеева 19:2, и зошто треба да се трудиме да ја послушаме оваа заповед? [7 јули, w09 1/7 стр. 9, пас. 5]
Што учиме ние денес од начелото кое стои зад законот за доприбирање? (3. Мој. 19:9, 10) [7 јули, w06 15/6 стр. 22-23, пас. 13]
Зошто велиме дека законот „око за око“ не поттикнувал на одмазда? (3. Мој. 24:19, 20) [14 јули, w09 1/9 стр. 22, пас. 3-4]
Кога било погрешно, а кога било оправдано за еден Израелец да земе камата? (3. Мој. 25:35-37) [21 јули, w04 15/5 стр. 24, пас. 3]
Зошто обично се спомнуваат 12 племиња на Израел, кога биле 13? (4. Мој. 1:49, 50) [28 јули, w08 1/7 стр. 21]
Што може да научиме од извештајот за левитската служба запишан во 4. Мојсеева 8:25, 26 во врска со покажувањето обѕир кон постарите? [11 авг., w04 1/8 стр. 25, пас. 1]
Зошто Израелците стекнале навика да се жалат откако на чудесен начин биле избавени од ропството во Египет, и која важна поука ја добиваме ние? (4. Мој. 11:4-6) [18 авг., w95 1/3 стр. 15-16, пас. 10]
Што учиме од начинот на кој Мојсеј реагирал кога Елдад и Модад почнале да пророкуваат? (4. Мој. 11:27-29) [18 авг., w04 1/8 стр. 26, пас. 4]
Кое важно начело го учиме од заповедта што Бог им ја дал на Израелците ‚да си направат реси на скутовите од своите облеки‘? (4. Мој. 15:37-39) [25 авг., w04 1/8 стр. 26, пас. 7]