Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 јуни 2015 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
Што било погрешно во начинот на кој Михала зборувала со Давид, и што можат да научат брачните парови од овој извештај? (2. Сам. 6:20-23) [11 мај, w11 1/8 стр. 12, пас. 1]
Како реагирал пророкот Натан кога Јехова го исправил затоа што го поддржал планот на Давид да му изгради храм на Јехова? (2. Сам. 7:2, 3) [11 мај, w12 15/2 стр. 24, пас. 6-7]
Зошто Натан ја раскажал приказната запишана во 2. Самоилова 12:1-7 наместо директно да му каже на Давид дека направил сериозен грев? Како може овој извештај да ни помогне подобро да поучуваме? [18 мај, w12 15/2 стр. 24, пас. 2-3]
Зошто Авесалом успеал да ги измами Израелците и како можеме да се заштитиме од луѓето слични на Авесалом? (2. Сам. 15:6) [25 мај, w12 15/7 стр. 13, пас. 7]
Како Јехова се погрижил Давид да ги има неопходните работи кога се нашол во тешка ситуација и што учиме од ова? (2. Сам. 17:27-29) [1 јуни, w08 15/9 стр. 6, пас. 15-16]
Што учиме од начинот на кој Давид постапил со еден туѓинец по име Етај? (2. Сам. 18:2) [1 јуни, w09 15/5 стр. 27, пас. 7]
Што можат да научат од Варзелај постарите во собранието? (2. Сам. 19:33-35) [8 јуни, w07 15/7 стр. 15, пас. 1-2]
Каква доверба ни влева она што Давид го кажал за верноста? (2. Сам. 22:26) [15 јуни, w10 1/6 стр. 26, пас. 6-7]
Како Натан покажал дека му е верен на Бог, и како можеме да покажеме таква верност? (1. Цар. 1:11-14) [22 јуни, w12 15/2 стр. 25, пас. 1, 4-5]
На кои подрачја од животот би можел еден Божји слуга да си бара некаков изговор за да не го послуша Бог, исто како што најверојатно направил и Соломон? (1. Цар. 3:1) [29 јуни, w11 15/12 стр. 10, пас. 12-14]