ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Февруари стр. 31
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Сличен материјал
  • Зошто мора да бидеме свети
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Дали го одржуваш својот голем „штит на верата“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Животот и крвта — дали ги сметаш за свети?
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Дали го цениш животот како што го цени Бог?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Февруари стр. 31
Езра држи свиток и го фали Јехова пред народот.

Дали сте знаеле?

Зошто во Библијата се повторуваат некои фрази?

БИБЛИСКИТЕ писатели понекогаш ги повторувале истите фрази од збор до збор. Да разгледаме три причини зошто можеби го правеле тоа:

Времето во кое била пишувана. Во древниот Израел, повеќето луѓе немале свој личен примерок од Мојсеевиот закон. Тие главно слушале додека Законот се читал кога заедно се собирале кај светиот шатор (5. Мој. 31:10-12). Постои голема веројатност дека некои работи им го одвлекувале вниманието додека слушале и со часови стоеле во големото мноштво (Неем. 8:2, 3, 7). Во таквите прилики, некои важни фрази биле повторувани со цел народот полесно да ги запомни стиховите и да ги примени. Повторувањето на одредени зборови особено ќе им помогнело да ги запомнат деталите од законите што им ги дал Јехова (3. Мој. 18:4-22; 5. Мој. 5:1).

Стилот на пишување. Околу 10 отсто од Библијата е напишана во вид на песни, вклучувајќи ги и книгите Псалми, Песна над песните и Плач Еремиин. Во некои песни има рефрен, односно зборови што се повторуваат. На тој начин се нагласува темата на песната и полесно се памтат зборовите. На пример, забележи ги зборовите во Псалм 115:9-11: „Израеле, имај доверба во Јехова! Тој е твојата помош и твојот штит. Доме Аронов, имај доверба во Јехова! Тој е твојата помош и твојот штит. Вие што се боите од Јехова, имајте доверба во Јехова! Тој е вашата помош и вашиот штит“. Повторувањето на овие зборови им помагало на пејачите да ги врежат овие скапоцени вистини во нивното срце и во нивниот ум.

За да се нагласи нешто важно. Библиските писатели понекогаш ги повторувале важните фрази. На пример, кога Јехова им заповедал на Израелците да не јадат крв, тој му кажал на Мојсеј да ја повтори причината неколку пати. Бог сакал да нагласи дека животот на секое тело е во неговата крв, односно дека крвта го претставува животот (3. Мој. 17:11, 14). Подоцна, кога старешините и апостолите во Ерусалим напишале од што треба да се чуваат христијаните за да му угодат на Бог, тие повторно нагласиле дека треба да се воздржуваат од крв (Дела 15:20, 29).

Иако во Библијата некои фрази се повторуваат, тоа не значи дека Јехова очекува да ни стане навика да ги повторуваме. На пример, Исус рекол: „А кога се молите, не кажувајте секогаш едно исто“ (Мат. 6:7). Потоа, тој спомнал некои работи за кои можеме да се молиме, а се во склад со Божјата волја (Мат. 6:9-13). Затоа, иако ние не ги повторуваме истите зборови во нашите молитви, сепак тоа не значи дека не смееме да се молиме повеќепати за една иста работа (Мат. 7:7-11).

Има добри причини зошто во Божјата Реч се повторуваат некои зборови и фрази. Тоа е еден од многуте начини на кои нашиот Голем Учител нѐ поучува за наше добро (Иса. 48:17, 18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели