ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Подготви си го срцето
Кога ја проучуваме Библијата, сакаме Јеховините мисли да допрат до нашето срце, односно да влијаат врз нашите мисли, чувства и желби. Езра ни оставил добар пример во врска со ова така што „го [подготвил] своето срце да го истражува Јеховиниот закон“ (Езра 7:10). Како можеме ние да си го подготвиме срцето?
Моли се. Пред да почнеш да проучуваш, помоли се. Моли го Јехова да ти помогне да го разбереш и да го примениш она што го учиш (Пс. 119:18, 34).
Биди понизен. Бог не им ја открива вистината на оние кои се горди и кои мислат дека не им е потребна помош за да ја разберат Библијата (Лука 10:21). Немој да проучуваш само за да ги импресионираш другите со своето знаење. Понизно направи промени во своето размислување ако тоа не е во склад со начинот на кој размислува Бог.
Слушај теократски песни. Музиката има моќ да влијае врз нашите чувства. Затоа, ако слушаме некоја од нашите песни пред да проучуваме, тоа може да ни помогне да си го подготвиме срцето.