ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ
Како полесно да памтиш стихови
Дали некогаш ти било тешко да се сетиш на некој омилен библиски стих? Можеби тоа е стих кој ти дава утеха, кој ти помага да се бориш со погрешни мисли или кој сакаш да го споделиш со некого (Пс. 119:11, 111). Следниве предлози можат да ти помогнат полесно да памтиш стихови.
Користи ја опцијата „Теми“ во апликацијата JW Library®. Направи си тема „Омилени стихови“ и таму зачувај ги стиховите што сакаш да ги запамтиш.
Запиши го стихот на место каде што ќе можеш да го гледаш. Стихот што сакаш да го запамтиш, запиши го на едно ливче хартија и стави го некаде каде што ќе можеш често да го гледаш. Некои го ставаат на огледало, а други на вратата од фрижидерот. Некои пак поставуваат слика од стихот како позадина на својот компјутер или мобилен телефон.
Направи си картички за учење стихови. На едната страна напиши ја библиската книга, поглавјето и стихот, а на другата страна напиши ги зборовите од тој стих. Потоа, со помош на картичката, пробај да го цитираш стихот или да се сетиш каде се наоѓа во Библијата или скенирај го кодот.