ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Октомври стр. 30-31
  • Двајца нови членови на Водечкото тело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Двајца нови членови на Водечкото тело
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Сличен материјал
  • Двајца нови членови на Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?
    Најчесто поставувани прашања
  • Нов член на Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Нови членови на Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Октомври стр. 30-31

Двајца нови членови на Водечкото тело

НА ГОДИШНИОТ состанок, кој се одржа на 5 октомври 2024 год., имаше едно посебно известување: Брат Џоди Џејдли и брат Џејкоб Рамф беа именувани да служат како членови на Водечкото тело на Јеховините сведоци. И двајцата веќе долги години верно му служат на Јехова.

Џоди Џејдли со својата сопруга, Дамарис

Брат Џејдли е роден во Мисури (САД) и пораснал во вистината. Со своето семејство живеел близу до подрачје кое било ретко обработувано. Така запознал многу браќа и сестри од најразлично потекло кои оделе таму за да ја проповедаат добрата вест. Нивната љубов и единство имале големо влијание врз него. Се крстил на рана тинејџерска возраст, на 15 октомври 1983 год. Уживал во службата и затоа откако завршил средно училиште, во септември 1989 год., почнал со општа пионерска служба.

Кога бил дете, неговите родители често ги носеле него и сестра му на посета во Бетел. Ваквите посети ги поттикнале уште како деца да си постават цел да служат во Бетел — цел која и двајцата ја постигнале. Брат Џејдли почнал да служи во Бетелот во Волкил во септември 1990 год. Најпрво работел во Одделението за чистење, а подоцна во Одделението за здравствена грижа.

Во тоа време, поради големиот пораст, во собранијата на шпански јазик кои биле во близина имало потреба од браќа. Затоа брат Џејдли се префлил во едно од тие собранија и почнал да учи шпански јазик. Кратко потоа, ја запознал Дамарис, која служела како пионер во истата покраина. Откако се венчале, и таа почнала да служи во Бетел со него.

Во 2005 год., излегле од Бетел за да се грижат за родителите. Во тој период, служеле како општи пионери. Брат Џејдли бил инструктор на Школата за пионери, и служел во локалниот Одбор за посредување меѓу лекари и пациенти Јеховини сведоци, како и во Регионалниот одбор за изградба.

Во 2013 год., брат и сестра Џејдли биле повикани повторно во Бетел да работат на изградбата на Ворвик. Потоа, служеле и во Патерсон и во Волкил. Брат Џејдли работел во Локалниот оддел за проектирање и изградба и во Службата за медицински информации. Во март 2023 год., бил именуван како помошник на Одборот за служба. Во врска со задачите што ги имал низ годините, тој вели: „Понекогаш кога ќе добиеме нови задачи, може да нѐ фати страв. Но токму тогаш, да не заборавиме дека треба да се потпреме на Јехова бидејќи тој е оној што предизвикува да стане“.

Џејкоб Рамф со својата сопруга, Инга

Брат Рамф е роден во Калифорнија (САД). Кога бил дете, мајка му била неактивна, но се трудела да го поучува за библиските вистини. Исто така, секоја година одел кај неговата баба, која верно му служела на Јехова. Таа му го подбудила интересот за вистината, и кога имал 13 години, побарал да ја проучува Библијата. На 27 септември 1992 год., на тинејџерска возраст, се крстил. Мајка му повторно станала активна и сите од неговото потесно семејство се крстиле.

Кога бил млад, брат Рамф гледал колку се среќни пионерите. Затоа, откако завршил средно училиште, во септември 1995 год., станал пионер. Во 2000 год., се преселил во Еквадор за да служи каде што имало поголема потреба. Таму ја запознал Инга, една пионерка од Канада, и по некое време се венчале. Откако стапиле во брак, служеле во еден град во Еквадор, каде што имало мала група објавители. Денес таму има собрание кое одлично напредува.

По некое време, брат и сестра Рамф биле именувани како специјални пионери, а подоцна почнале и со покраинска служба. Во 2011 год., биле поканети на 132. клас на Гилеад. По дипломирањето, служеле во разни делови на светот и учествувале во различни видови служба, како бетелска, мисионерска и покраинска служба. Брат Рамф служел и како инструктор на Школата за полновремени објавители.

Поради пандемијата со КОВИД-19, брат и сестра Рамф се вратиле во САД. Биле повикани во Бетелот во Волкил, каде што брат Рамф добил обука за да служи во Одделението за служба. По некое време, повторно биле испратени во подружницата во Еквадор; таму брат Рамф служел во Одборот на подружницата. Во 2023 год., се преселиле во Ворвик. Во јануари 2024 год., брат Рамф бил именуван да служи како помошник на Одборот за служба. Присетувајќи се на местата на кои служел, тој вели: „Она што ја прави една задача посебна не е местото, туку луѓето со кои служиш“.

Многу го цениме трудот што го вложуваат овие браќа и ги почитуваме таквите како нив (Фил. 2:29).

Во Водечкото тело сега служат 11 помазани браќа: Џефри Виндер, Кенет Кук, Стивен Лет, Герит Леш, Џејкоб Рамф, Марк Сандерсон, Дејвид Сплејн, Гејџ Флигл, Семјуел Херд, Џоди Џејдли и Џефри Џексон.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели