ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Ноември стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Сличен материјал
  • Борба со два крволочни ѕвера
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Книгата Откровение — какво значење има за Божјите непријатели
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Погубување на Големиот Вавилон
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Не плаши се од страшните ѕверови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Ноември стр. 31

Прашања од читателите

Каква „замисла“ ќе им стави Јехова во срцата на народите во блиска иднина?

Во врска со почетокот на големата неволја, во Откровение 17:16, 17 пишува: „Десетте рогови што ги виде, и ѕверот — тие ќе ја замразат блудницата и ќе ја опустошат и ќе ја разголат. И ќе го изедат нејзиното месо и ќе ја изгорат со оган. Зашто, Бог им стави во срцата да ја извршат неговата замисла, односно да ја извршат својата заедничка замисла, да му го предадат своето царство на ѕверот“. Во минатото, во нашите публикации пишуваше дека „замислата“ која Јехова ќе ја стави во срцата на народите е да ја уништат лажната религија.

Но, потребно е да направиме промена во тоа објаснување. Замислата која Јехова ќе ја стави во срцата на народите е „да му го предадат своето царство на ѕверот“. За да разбереме како ќе се исполни тоа, да ги разгледаме следните прашања.

Кои ликови се спомнати во пророштвото? „Блудницата“ е наречена и „Големиот Вавилон“. Таа ги претставува лажните религии како целина. „Црвениот ѕвер“ ги претставува Обединетите нации. Оваа организација била создадена во 1919 год. за да го одржува мирот во светот и порано била наречена Лига на народите (Отк. 17:3-5). „Десетте рогови“ ги претставуваат сите влади кои го поддржуваат ѕверот.

Како се поврзани блудницата и црвениот ѕвер? Блудницата седи на црвениот ѕвер, што значи дека го поддржува и се обидува да влијае врз него, па дури и да го контролира.

Што ќе ѝ се случи на блудницата? Ѕверот, заедно со десетте рогови кои го поддржуваат, толку многу „ќе ја замразат блудницата“ што ќе ѝ одземат сѐ што има и на сите ќе им разоткријат колку е злобна. Тие потполно ќе ја уништат и така ќе ја извршат Јеховината пресуда врз неа (Отк. 17:1; 18:8). Тоа ќе го означи крајот на лажните религии. Сепак, пред да се случи тоа, Јехова ќе ги наведе народите да направат нешто што не се случило никогаш порано.

На што Јехова ќе ги наведе народите? Тој ќе ја стави „неговата замисла“ во срцата на десетте рогови, имено, својата моќ и власт да му ја дадат на црвениот ѕвер — Обединетите нации (Отк. 17:13). Размисли што значи тоа. Дали човечките влади едноставно самите ќе одлучат да му ја предадат својата власт и моќ на ѕверот? Не! Пророштвото покажува дека самиот Бог ќе ги наведе да го направат тоа (Изр. 21:1; спореди со Исаија 44:28). Оваа промена нема да се случи постепено. Очигледно тоа ќе се случи наеднаш. Потоа, со моќта што ќе ја добие, ѕверот ќе ги уништи лажните религии еднаш засекогаш.

Тогаш што можеме да очекуваме дека ќе се случи? Не треба да очекуваме дека на вестите ќе чуеме дека владите постепено почнуваат да им даваат сѐ поголема поддршка на Обединетите нации. Може да го очекуваме следново: Одненадеж, Јехова ќе им стави во срцата на народите да му ја предадат својата власт на ѕверот. Кога тоа ќе се случи, ќе знаеме дека големата неволја само што не започнала. Во меѓувреме, „да бдееме и да бидеме трезвени“ бидејќи наскоро ќе се случат ненадејни промени! (1. Сол. 5:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели