ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 98
  • Како да ги поправам оценките?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да ги поправам оценките?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што можеш да направиш
  • Како да му помогнеш на детето да си ги поправи оценките
    Совети за семејствата
  • Како да излезам на крај со домашните задачи?
    Младите прашуваат
  • Како да најдам време за домашните задачи?
    Разбудете се! 2004
  • ‚Стварно е премногу!‘
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 98
Неколку тинејџери излегуваат од школо. Една девојка разочарано гледа во својот тест.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Како да ги поправам оценките?

„Некои мои соученици си седат на час без учебник, со слушалки на ушите, и додека наставникот предава си слушаат музика. Не е ни чудо што имаат лоши оценки! А има и некои како мене — многу се трудат и напорно учат, а сепак добиваат лоша оценка на тест. Не разбирам како е можно тоа! Навистина не е пријатно да добиеш лоша оценка откако цела седмица си учел до доцна навечер“ (Јоланда).

Дали и ти некогаш си се почувствувал како Јоланда? Реално кажано, да добиеш една или неколку лоши оценки, може да биде многу обесхрабрувачки.

Некои млади кои немаат добар успех на школо можеби ќе престанат да се трудат да ги подобрат оценките. Други можеби дури и ќе прекинат со школувањето. Можеби ова ти изгледа како добро решение, но сепак, има и друг начин како да се справиш со овој проблем. Разгледај ги овие шест чекори кои можат да ти помогнат да си ги подобриш оценките.

  • Што можеш да направиш

  • Што велат други млади

Што можеш да направиш

  • Биди редовен на часови. Можеби сметаш дека ова не е толку важно, но ако многу отсуствуваш од наставата, тоа сигурно ќе се одрази негативно врз твоите оценки.

    „Во моето школо, децата на кои не им беше гајле за оценките обично не доаѓаа редовно на часови. Со тоа си правеа штета на себе“ (Метју).

    Библиско начело: „Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее“ (Галатите 6:7).

  • Внимавај на часовите. Тоа што ќе бидеш присутен на часовите е добар почеток, но важно е и да се трудиш да извлечеш што е можно поголема корист од она што се кажува. Запишувај на час. Труди се да го разбереш она што наставникот го објаснува. Ако е дозволено, поставувај прашања.

    „За време на часот поставувам многу прашања, бидејќи знам дека наставникот подобро ќе ја објасни темата ако знае дека некој ученик не го разбира она што го предава“ (Оливија).

    Библиско начело: „Внимавајте како слушате“ (Лука 8:18).

  • Немој да мамиш. Тоа не е чесно. Има многу начини да се мами на школо, како на пример, да се препишува од други. Но, ако го правиш тоа, си правиш лоша услуга бидејќи така нема ништо да научиш.

    „Ако нешто не знаеш, немој да препишуваш од другите ученици. Од тоа немаш корист. Наместо да научиш самиот да ги решаваш проблемите, стекнуваш навика да зависиш од други“ (Јонатан).

    Библиско начело: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18).

  • Најпрво заврши ја домашната задача. Ако е можно, направи го тоа пред да почнеш со други активности, како на пример, со рекреација.a Откако ќе ја завршиш домашната задача, повеќе ќе уживаш во слободното време.

    „Тоа што домашната задача ми беше на прво место, ми помогна да си ги поправам оценките. Кога ќе си дојдев дома од школо, честопати сакав да дремнам или да слушам музика. Но се трудев најпрво да ја завршам домашната, а потоа да одмарам“ (Калвин).

    Библиско начело: „Да можете да процените што е најважно“ (Филипјаните 1:10).

  • Побарај помош. Немој да се срамиш да прифатиш помош од другите. Побарај совет од твоите родители, или замоли го наставникот да ти помогне да ги подобриш оценките. Освен тоа, можеби ќе треба да земаш приватни часови по некој предмет.

    „Појди кај наставникот и замоли го да ти помогне да ја разбереш темата и да ги поправиш оценките. Нему веројатно ќе му биде мило што си решен да се подобриш и ќе ти помогне“ (Дејвид).

    Библиско начело: „Успехот лежи во мноштвото советници“ (Изреки 15:22).

  • Искористи ја секоја можност што ти е на располагање. Во некои земји, тестовите содржат додатни прашања кои можат да ти помогнат да добиеш повисока оценка. Исто така, можеш да се јавиш да одговараш или да изработиш некој дополнителен проект. А ако на некој тест добиеш слаба оценка, замоли одново да го направиш доколку постои таква можност.

    Една тинејџерка свири гитара во својата соба.

    За да си ги подобриш оценките, мора да вложиш труд. Тоа е како да учиш да свириш на некој инструмент. Не е лесно, но трудот ќе се исплати

    „Ако сакам да ја поправам оценката по некој предмет, мора јас да преземам иницијатива. Затоа ги прашувам наставниците дали може да изработам некој дополнителен проект или одново да правам тест“ (Мекензи).

    Библиско начело: „Од секој труд има корист“ (Изреки 14:23).

Што велат други млади

Александра.

„Кога станува збор за учењето, имај на ум дека само еднаш во животот одиш на школо. Колку поголем труд ќе вложиш, толку поголема корист ќе имаш“ (Александра).

Елајџа.

„Кажи им на наставниците дека сакаш да ги поправиш оценките. Кога јас одев на школо, ги прашував како можам да го сторам тоа, дури и ако тоа значеше дека треба повторно да правам тест или да сработам повеќе домашни задачи“ (Елајџа).

Мекензи.

„Преземи иницијатива и побарај помош. Наставниците обично се спремни да ти помогнат ако видат дека се трудиш да ги подобриш оценките“ (Мекензи).

Резиме: Како да ги поправам оценките?

  1. Биди редовен на часови.

  2. Внимавај на часовите.

  3. Немој да мамиш.

  4. Најпрво заврши ја домашната задача.

  5. Побарај помош.

  6. Искористи ја секоја можност што ти е на располагање.

a Повеќе предлози за тоа како можеш да ги подобриш своите навики за учење има во статијата „Младите прашуваат — како да излезам на крај со домашните задачи?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели