ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 5
  • Што ако моите се разведуваат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ако моите се разведуваат?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Три работи што не треба да ги правиш
  • Три работи што можеш да ги правиш
  • Четири факти за разводот за кои треба да си свесен
    Разбудете се! 2010
  • Зошто мама и тато се разведоа?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Поделен дом — како влијае разводот врз тинејџерите?
    Разбудете се! 2009
  • Кога ќе се избере развод
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 5
Еден тажен тинејџер гледа настрана додека неговите родители се расправаат.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Што ако моите се разведуваат?

Една од најстресните ситуации со која младите може да се соочат е разводот на нивните родители. Како да се справиш со тагата?

Во оваа статија

  • Три работи што не треба да ги правиш

  • Три работи што можеш да ги правиш

  • Што велат други млади

Три работи што не треба да ги правиш

1. Да се обвинуваш себеси

„Мајка ми еднаш ми рече дека сите проблеми меѓу неа и татко ми почнале кога сум се родила. Затоа заклучив дека јас сум причината за нивниот развод“ (Дијана).

Запомни: Причината за разводот не си ти, туку проблемите што ги имаат твоите родители. Ти не си ги предизвикал нивните проблеми ниту можеш да ги решиш. Тие се одговорни за тоа како ги решаваат своите брачни проблеми.

„Секој ќе го носи својот товар“ (Галатите 6:5).

2. Да држиш лутина

„Многу сум му лута на татко ми затоа што ја изневери мајка ми. Ќе ми биде многу тешко повторно да му верувам“ (Риана).

Запомни: Веројатно си лут и вознемирен поради она што се случува меѓу твоите родители, и имаш добра причина за тоа. Но не е здраво да држиш лутина. Тоа може да ти наштети тебе и во физички и во емоционален поглед. Затоа се вели дека да држиш лутина е како да пиеш отров и да чекаш да му наштети на другиот.a

„Отфрли го гневот и остави ја лутината“ (Псалм 37:8).

3. Да мислиш дека ни ти нема да имаш среќен брак

„Многу се плашам дека ќе го направам она што го направи татко ми. Се плашам дека ако се омажам и имам деца, ќе го направам истото што водеше до разводот на моите родители“ (Џесика).

Запомни: Само затоа што бракот на твоите родители пропаднал, не значи дека и твојот брак ќе пропадне. Всушност, можеш да извлечеш важни поуки од искуството на твоите родители. На пример, можеби ќе станеш посвесен кои особини би сакал да ги има твојот иден брачен другар. Разводот на твоите родители може и да те мотивира да развиеш особини што ќе ти помогнат да бидеш подобар сопруг или сопруга.

„Секој нека го испита своето дело“ (Галатите 6:4).

Еден тинејџер со нога во гипс седи на софа и користи лаптоп.

Приспособувањето на разводот на твоите родители е како да се опоравуваш од скршеница. Во моментот чувствуваш голема болка, но со текот на времето ќе станува подобро

Три работи што можеш да ги правиш

1. Зборувај со некого. Луѓето кои ги потиснуваат негативните чувства можат да стекнат штетни навики, како што е злоупотреба на алкохол или дрога. Наместо да тргнеш во тој правец, пробај го следново:

Разговарај со твоите родители. Ако еден од твоите родители или и двајцата се обидуваат да те вклучат во нивните проблеми, смирено но цврсто објасни им како тоа влијае врз тебе. Ако ти е тешко да зборуваш со нив лице в лице, би можел да напишеш писмо за едниот или и за двајцата.

Една тинејџерка пишува писмо.

Разговарај со некој доверлив пријател. Да имаш некој што ќе те ислуша може да биде големо олеснување. Библијата вели дека „вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

Разговарај со твојот Творец. Јехова Бог, кој „ги слуша молитвите“, секогаш ќе те слуша (Псалм 65:2). Библијата вели дека можеш „сите свои грижи“ да ги фрлиш на него, зашто тој се грижи за тебе (1. Петрово 5:7).

  • Со кој родител можеш да разговараш на смирен начин?

  • Кој доверлив пријател — врсник или возрасен — може да ти биде поддршка?

  • За кои конкретни работи би можел да се молиш?

Сијалица.

Предлог: Води си дневник. Ракел, чии родители се развеле кога имала 12 години, вели: „Твоите мисли можеби немаат смисла сега, но тоа што ќе ги запишуваш ќе ти помогне покасно да видиш како си напредувал. Тоа дефинитивно ми помогна подобро да се чувствувам“.

2. Приспособи се на промената

Разводот на твоите родители можеби ќе бара од тебе да се приспособиш на нов дом, ново училиште, нов буџет, па дури и нови пријатели. Се разбира, ова може да те вознемирува и да ти предизвикува стрес, и можеби се чувствуваш како целиот твој живот да се превртел наопаку. Што може да ти ја олесни промената? Фокусирај се на тоа како можеш да се приспособиш на новите околности.

  • Која е најголемата промена што си морал да ја направиш поради разводот на твоите родители?

  • Што можеш да направиш за да се приспособиш на таа промена?

„Сум научил да бидам задоволен во секакви околности“ (Филипјаните 4:11).

Сијалица.

Предлог: Одмарај се доволно, храни се здраво и редовно вежбај. Доброто физичко здравје може да ти помогне да бидеш емоционално поцврст и полесно да се носиш со проблемите. Така полесно ќе можеш да се справиш со стресот и со промените што ти се случуваат во животот.

3. Препознај ги твоите јаки страни

Иако разводот на твоите родители може да ти предизвика загриженост, може и да те научи да ги цениш своите јаки страни, па дури и да стекнеш други позитивни особини. „Поради разводот на моите родители, станав поодговорен“, вели Џереми, чии родители се развеле кога имал 13 години. „Имав помал брат и затоа морав да им помагам и нему и на мајка ми.“

Една тинејџерка ѝ помага на својата помала сестричка со домашната задача додека мајка им подготвува јадење во кујната.

Разводот на твоите родители може да те поттикне да бидеш поодговорен

  • Поради ситуацијата со твоите родители, кои јаки страни си ги открил кај себе?

  • На кои особини би сакал да работиш?

„Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно... за поправање“ (2. Тимотеј 3:16).

Сијалица.

Предлог: Читај по нешто од Библијата секој ден. Нејзините начела ќе ти помогнат да ги развиеш особините што ти се потребни за да се справиш со стресните ситуации во животот, како што е разводот на твоите родители.

a За да дознаеш повеќе, види ја статијата „Како да ја контролирам лутината?“

Што велат други млади

„Неодамна се помирив со разводот на моите родители. На почетокот, не бев свесна што се случува. Потоа, кога бев во раните тинејџерски години, станав огорчена. Сега, на 18 години, можам да го прифатам тоа што се случи и да продолжам понатаму“ (Елена).

„Моите родители се разведоа кога имав 7 години. Кога имав 21 година, му кажав на татко ми дека сакам да зборуваме за сѐ што се случи. Два часа разговаравме за околностите што водеа до разводот и за тоа како влијаеше врз мене. Го мразам разводот, но го сакам татко ми и можев да го разберам. Разговорот со него ми помогна да го прифатам она што се случи и да почувствувам внатрешен мир“ (Кетлин).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели