10 „Не плаши се, слуго мој, Јакове!“ — вели Јехова. „Не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те спасам тебе од далечна земја, и твоите потомци од земјата на нивното заробеништво.+ Ќе се врати Јаков, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.“+
27 ‚А ти не плаши се, о слуго мој, Јакове, не плаши се, Израеле!+ Зашто, еве, ќе те избавам тебе од далечната земја, и твоето потомство од земјата на нивното заробеништво.+ Јаков ќе се врати, ќе биде мирен и спокоен и никој нема да го плаши.+
25 ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Кога ќе го соберам домот на Израел од народите меѓу кои се расеани,+ ќе ја објавам меѓу нив мојата светост пред очите на другите народи.+ И ќе живеат во својата земја,+ која му ја дадов на мојот слуга Јаков.+
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+
20 Во тоа време ќе ве доведам, во времето кога ќе ве соберам. Зашто, ќе ви создадам добро име и ќе ви прибавам фалба меѓу сите народи на земјата кога ќе ги вратам вашите заробеници пред ваши очи“, вели Јехова.+