11 Во тој ден Јехова по вторпат ќе ја испружи раката+ да го собере остатокот од својот народ, кој ќе преостане, од Асирија,+ од Египет,+ од Патрос,+ од Хус,*+ од Елам,+ од Сенар,+ од Емат и од морските острови.+
3 „Од сите земји по кои ги расеав, јас ќе го соберам остатокот од своите овци+ и ќе ги вратам на нивното пасиште,+ и ќе бидат плодни, и ќе се намножат.+
37 ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+
27 Кога ќе ги вратам откај народите и кога ќе ги соберам од земјите на нивните непријатели,+ ќе ја покажам мојата светост меѓу нив пред очите на многу народи‘.+
14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+