ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Псалми 22:натпис-31
    Свето писмо — превод Нов свет
    • На управителот, за „Срна во зората“. Давидова песна.

      22 Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?+

      Зошто си далеку од моето спасение,+

      далеку од зборовите на мојот лелек?+

       2 О Боже мој, дење те викам, а ти не одговараш,+

      ноќе те викам и не престанувам.+

       3 А ти си свет,+

      опкружен со фалбите на Израел.+

       4 Во тебе имаа доверба нашите татковци,+

      имаа доверба, и ти ги избавуваше.+

       5 Кон тебе викаа,+ и беа спасени.+

      Во тебе имаа доверба, и не се посрамија.+

       6 А јас сум црв,+ а не човек,

      за потсмев на луѓето и за презир на народот.+

       7 Сите што ме гледаат ми се потсмеваат,+

      подбивно ја отвораат устата, нишаат со главата и велат:+

       8 „Се потпре на Јехова.+ Тој нека го спаси!+

      Тој нека го избави, кога му е толку мил!“+

       9 Зашто, ти ме изведе од мајчината утроба,+

      ти ми влеа доверба додека бев на градите на мајка ми.+

      10 Тебе сум ти доверен од раѓање,+

      од утробата на мајка ми, ти си мојот Бог.+

      11 Не стој далеку од мене, зашто неволјата е близу,+

      зашто друг помошник немам.+

      12 Ме опколи мноштво од млади бикови,+

      силни васански бикови ме опкружија.+

      13 Против мене ја отвораат устата,+

      како лав што раскинува плен и рика.+

      14 Се разлевам како вода,+

      ми се разглобија сите коски.+

      Срцето ми стана како восок,+

      се топи длабоко во мојата внатрешност.+

      15 Силата ми се исуши како цреп+

      и јазикот ми се залепи за непцето,+

      во правот смртен ме положуваш.+

      16 Зашто, кучиња ме опколија,+

      толпа злосторници ме опкружија.+

      Како лав ми се нафрлија на рацете и нозете.+

      17 Сите коски можам да си ги пребројам.+

      Тие гледаат втренчено во мене.+

      18 Моите алишта ги делат меѓу себе+

      и фрлаат ждрепка за мојата облека.+

      19 Но ти, Јехова, не стој далеку!+

      Сило моја,+ побрзај да ми помогнеш!+

      20 Избави ја од мечот мојата душа,+

      мојата драгоцена душа — од шепата кучешка.+

      21 Спаси ме од устата на лавот,+

      услиши ме и спаси ме од роговите на дивите бикови.+

      22 Ќе им го објавувам твоето име+ на своите браќа,+

      ќе те фалам среде насобраното* мноштво.+

      23 Фалете го Јехова, вие што се боите од него!+

      Славете го, сите вие кои сте потомство на Јаков!+

      Бидете во страв пред него, сите вие кои сте потомство на Израел!+

      24 Зашто, тој не ја презира+ неволјата на страдалникот,+

      ниту му е таа одвратна.

      Своето лице не го скри од него+

      и го чу кога викаше кон него за помош.+

      25 Поради твоите дела ќе те фалам во големото насобрано мноштво,+

      своите завети ќе ги извршам пред оние што се бојат од него.+

      26 Кротките ќе јадат и ќе се наситат,+

      ќе го фалат Јехова оние што го бараат.+

      Вашите срца нека живеат засекогаш.+

      27 На Јехова ќе се сетат сите земски краишта и ќе се обратат кон него.+

      И племињата од сите народи ќе се поклонат пред тебе.+

      28 Зашто, на Јехова му припаѓа царската власт,+

      тој владее со народите.+

      29 Сите на земјата што се гордеат со своето богатство, ќе јадат и ќе се поклонат,+

      пред него ќе се поклонат сите оние што заминуваат во правот,+

      и никој нема да ја зачува жива својата душа.+

      30 Потомство ќе му служи нему,+

      за Јехова ќе му се кажува на идното поколение.+

      31 Ќе дојдат и ќе му раскажуваат за неговата праведност+

      на народот што ќе се роди, и ќе речат дека Тој го направи тоа.+

  • Исаија 53:1-12
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 53 Кој поверува во она што го чувме?+ Кому му се откри+ Јеховината рака?+ 2 Пред другите тој ќе се појави како фиданка+ и како корен од безводна земја. Нема достоинствен лик и не го краси убавина,+ и кога ќе го погледнеш, тоа не е човек каков што би посакале.+

      3 Беше презрен и избегнуван од луѓето,+ човек кој ги запозна болката и болеста.+ Ја свртувавме главата за да не му го гледаме лицето.+ За нас беше презрен и безвреден.+ 4 Навистина, тој ги понесе нашите болести,+ ги зеде врз себе нашите болки.+ А ние мислевме дека Бог му создава неволја,+ дека тој го удира+ и му нанесува болка.+ 5 Но, тој беше прободен+ за нашиот престап,+ беше здробен за нашите гревови.+ Заради нашиот мир, казната падна врз него,+ и поради неговите рани,+ ние бевме излекувани.+ 6 Како овци сите талкавме,+ секој одеше по својот пат, а Јехова направи врз него да падне гревот од сите нас.+ 7 Го угнетуваа,+ а тој дозволуваше да му нанесуваат болка+ и не ја отвори устата. Го одведоа како јагне на колење.+ Како овца, која е нема пред оние што ја стрижат, не ја отвори својата уста.+

      8 Лишен е од праведен суд,+ и затоа е отстранет. Кој ќе се заморува со поединостите за неговото потекло?+ Зашто, беше истргнат+ од земјата на живите.+ Поради престапите+ на мојот народ, му беше зададен удар.+ 9 Кога ќе умре, гробот ќе му биде меѓу злосторниците+ и меѓу богатите,+ иако не направи никакво зло,+ ниту, пак, имаше измама во неговата уста.+

      10 А на Јехова му беше по волја да го сотре,+ тој го разболе.+ Ако ја дадеш, Боже, неговата душа како жртва за вина,+ тој ќе го види своето потомство,+ ќе ги продолжи своите денови+ и со негова рака ќе се оствари+ она што го сака Јехова.+ 11 Поради страдањето на својата душа, тој ќе ги види плодовите на својот труд+ и ќе биде задоволен со нив.+ Со своето знаење праведникот, мојот слуга,+ ќе им даде праведност на мнозина,+ и нивните престапи ќе ги земе врз себе.+ 12 Затоа ќе му го дадам неговиот дел како и на мнозина,+ ќе дели плен со моќните,+ бидејќи ја излеа својата душа во смрт+ и беше вброен меѓу престапниците.+ Го понесе гревот на мнозина+ и посредуваше за престапниците.+

  • Плач Еремиин 4:20
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 20 Здивот од нашите ноздри,+ помазаникот на Јехова,+ е фатен во нивната голема јама,+

      оној за кого велевме: „Во сенката негова+ ќе живееме меѓу народите“.+

  • Даниел 9:26
    Свето писмо — превод Нов свет
    • 26 А по шеесет и двете седмици, Месијата ќе биде погубен+ и ништо нема да му остане.+

      А градот и светото место+ ќе ги уништи народот на еден водач што доаѓа.+ И крајот на сето тоа ќе биде со поплава. И до крајот ќе има војна. Одредено е да има пустошење.+

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели