6 Зашто, ни се роди дете,+ добивме син,+ кој на рамото ќе има кнежевска власт.+ Името ќе му биде Прекрасен Советник,+ Моќен Бог,+ Вечен Татко,+ Кнез на Мирот.+
5 „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога на Давид ќе му подигнам праведна фиданка.+ Царот ќе почне да царува+ и ќе постапува разборито, ќе го прави она што е исправно и праведно во земјата.+
24 Седумдесет седмици му се определени на твојот народ+ и на твојот свет град+ додека да се прекине престапот,+ да му се стави крај на гревот,+ да се исчисти грешката,+ да се воведе вечна праведност,+ да се стави печат+ на видението и на пророците и да се помаже Светињата над светињите.+
2 А ти, Витлееме Ефрато,+ кој си најмал од Јудините градови,+ од тебе+ ќе ми излезе оној што ќе биде владетел во Израел,+ кој потекнува од дамнини, од прадамнешните денови.+
3„Еве, јас го праќам мојот гласник,+ и тој ќе го расчисти патот пред мене.+ И одненадеж во својот храм+ ќе дојде Господарот,+ кого вие го барате, и гласникот+ на сојузот,+ кому му се радувате.+ Еве, сигурно ќе дојде“, вели Јехова над војските.+
22 Но, бидејќи добив помош+ од Бог, до ден-денес им сведочам и на мали и на големи, не зборувајќи ништо друго освен она што го рекле Пророците+ и Мојсеј+ дека ќе се случи: