25 Тогаш царот му рече на Садок: „Врати го ковчегот+ на вистинскиот Бог назад во градот!+ Ако најдам милост во очите на Јехова, тој ќе ме врати назад и ќе ми дозволи пак да го видам ковчегот и неговото престојувалиште.+
30 Чуј ја молбата за милост+ со која ти се молат твојот слуга и твојот народ Израел, свртени кон ова место. Чуј од местото каде што живееш, од небото,+ чуј и прости.+
3 И многу народи ќе одат, велејќи: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов! Тој ќе нѐ поучува за своите патишта, и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+