11 Во тој ден Јехова по вторпат ќе ја испружи раката+ да го собере остатокот од својот народ, кој ќе преостане, од Асирија,+ од Египет,+ од Патрос,+ од Хус,*+ од Елам,+ од Сенар,+ од Емат и од морските острови.+
10 Ќе се вратат оние што ги откупил Јехова+ и ќе дојдат на Сион извикувајќи радосно,+ и вечна радост ќе има над нивните глави.+ Ќе најдат веселба и радост, а тагата и воздивнувањето ќе побегнат од нив.+
14 И ќе ви дозволам да ме најдете‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ги соберам вашите заробеници и ќе ве соберам од сите народи и од сите места по кои ве расеав‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ве вратам на местото од каде што ве испратив во изгнанство.‘+
8 Еве, јас ќе ги доведам од северната земја,+ ќе ги соберам од краиштата на земјата.+ Меѓу нив ќе бидат слепите и сакатите, трудниците и родилките, сите заедно.+ Како голема заедница ќе се вратат ваму.+