25 Но, вака вели Јехова: „Ќе му ги одземат на силникот неговите заробени,+ ќе му побегнат на насилникот оние што ги грабнал.+ Јас ќе му се спротивставам на оној што тебе ти се спротивставува,+ и јас ќе ги спасам+ твоите синови.
3 „Од сите земји по кои ги расеав, јас ќе го соберам остатокот од своите овци+ и ќе ги вратам на нивното пасиште,+ и ќе бидат плодни, и ќе се намножат.+
3 Зашто, „еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе го соберам својот заробен народ, Израел и Јуда“,+ вели Јехова, „и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов на нивните татковци, и тие пак ќе ја заземат“ ‘ “.+
28 ‚И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, нивниот Бог, кога ќе ги испратам во изгнанство меѓу народите, па повторно ќе ги соберам во нивната земја,+ не оставајќи таму ниту еден од нив.+