Јов
29 Тогаш Јов пак го започна својот мудар говор,* и рече:
2 „Кога барем би бил како во некогашните месеци,*+
како во деновите кога ме чуваше Бог,+
3 кога ми светеше над глава со својата светилка
и кога неговата светлина ме водеше низ темнината,+
4 како што ми беше во деновите на мојата младешка сила,+
кога блиското пријателство со Бог престојуваше во мојот шатор,+
5 кога Семоќниот уште беше со мене
и кога моите слуги беа насекаде околу мене!
6 Тогаш моите чекори се капеа во маст,
од карпа ми течеше масло.+
7 Кога излегував на градската порта,+
својот стол го поставував на плоштадот.+
8 Момчињата се тргаа кога ќе ме видеа,
дури и старците стануваа и остануваа да стојат.+
9 Кнезовите престануваа да зборуваат,
ќе ја ставеа раката на уста.+
10 Гласот на водачите тогаш ќе се скриеше,
јазикот за непце ќе им се залепеше.+
11 Зашто, увото што ме слушаше, ме нарекуваше среќен
и окото што ме гледаше, сведочеше пофално за мене.
12 Зашто, го избавував страдалникот кога викаше за помош,+
детето без татко и секој што немаше помошник.+
14 Се облекував во праведност, таа ми беше облека.+
Мојата правда беше како наметка, како турбан.
15 Му бев очи на слепиот+
и нозе на куциот.
17 На злосторникот му ги кршев челустите,+
му го истргнував пленот од забите.
19 Мојот корен се протега до водите,+
росата ноќе останува на мојата гранка.
20 Ми се обновува славата,
лакот во мојата рака фрла стрели‘.
21 Мене ме слушаа, и чекаа,
молчеа за да го чујат мојот совет.+
22 По мојот збор никој повеќе не кажуваше ништо,
мојот збор росеше врз нив.+