ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/10 стр. 15-17
  • Насмевнете се — тоа е добро за вас!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Насмевнете се — тоа е добро за вас!
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Добро влијае врз Вас и врз другите
  • Со позитивни мисли е полесно да се насмевнуваме
  • Насмевката е прекрасен подарок
    Разбудете се! 2017
  • Лекција 5
    Учам од Библијата
  • Содржина
    Разбудете се! 2005
  • Само поради една насмевка!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/10 стр. 15-17

Насмевнете се — тоа е добро за вас!

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЈАПОНИЈА

КОГА е искрена, таа го растопува ледот на сомневање. Ги отстранува предрасудите кои се трупале со години. Ги омекнува срцата кои закоравеле во сомневање и недоверба. На многумина им донесува олеснување и радост. Таа вели: „Разбирам. Не грижи се“. Повикува: „Се надевам дека можеме да бидеме пријатели“. Па, кое е ова моќно средство? Насмевката. А тоа може да биде и ВАШАТА насмевка.

Што е насмевката? Во речниците, насмевката обично се дефинира како ‚израз на лицето при кој краевите на устата благо се закривуваат нагоре, изразувајќи веселост, одобрување или радост‘. Во тоа лежи тајната на срдечната насмевка. Насмевката е еден начин на кој човек може без зборови да изрази чувства или да им ги соопшти на другите своите емоции. Се разбира, насмевката би можела да изрази и презир или омаловажување, но тоа е веќе нешто друго.

Дали насмевката навистина ги менува работите? Па, се сеќавате ли на моментот кога нечија насмевка Ви донела чувство на олеснување или Ве опуштила? Или, пак, кога сте станале нервозни, па дури и сте се чувствувале отфрлени бидејќи не Ви била упатена насмевка? Да, насмевката навистина ги менува работите. Таа влијае и врз оној што ја упатува и врз оној што ја добива. Јов, една библиска личност, го рекол следново во врска со своите непријатели: „Ќе им се насмевнев, — тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа“ (Јов 29:24, СП). „Светлината“ на лицето на Јов можеби ја означувала неговата ведрина или радост.

Насмевката влијае позитивно и во денешно време. Срдечната насмевка може да го олесни насобраниот притисок. Таа може да биде како сигурносен вентил на експрес-лонец. Кога сме напнати или фрустрирани, насмевката може да ни помогне да се намали напнатоста и да се справиме со фрустрацијата. На пример, Томоко честопати забележувала дека другите ја гледаат. Си мислела дека тие се критички настроени кон неа бидејќи веднаш го тргале погледот кога ќе виделе дека таа ги забележала. Томоко се чувствувала осамена и несреќна. Еден ден, една пријателка ѝ предложила да им се насмевнува на луѓето кога ќе им го фати погледот. Томоко пробала да го прави тоа во текот на две недели и се изненадила кога видела дека сите ѝ ја возвраќаат насмевката! Повеќе не била напната. „Животот навистина ми стана пријатен“, вели таа. Да, насмевката прави да се чувствуваме попријатно кога сме со другите и ни помага да бидеме попријателски расположени.

Добро влијае врз Вас и врз другите

Насмевката може да влијае врз емотивната состојба на едно лице. Таа помага да бидете добро расположени. Добра е и за физичкото здравје. Има една изрека: „Смеењето е добар лек“. Всушност, медицинските лица забележуваат дека постои голема поврзаност меѓу расположението и физичката состојба на едно лице. Многу истражувања покажуваат дека долготрајниот стрес, негативните емоции и слично, го ослабнуваат нашиот имунолошки систем. Од друга страна, пак, насмевката придонесува да се чувствуваме добро, а смеењето дури и го зајакнува нашиот имунолошки систем.

Насмевката многу влијае врз другите. Замислете си ја ситуацијата кога добивате совет или опомена. Каков израз на лицето би сакале да видите кај оној што Ве советува? Студениот или строг израз може да соопшти гнев, раздразнетост, отфрлање, па дури и непријателство. Од друга страна, пак, зарем една срдечна насмевка на лицето на советникот нема да придонесе за да се опуштите и поспремно да го сослушате советот? Сигурно, насмевката помага да се намалат недоразбирањата кога ќе дојде до напнати ситуации.

Со позитивни мисли е полесно да се насмевнуваме

Се разбира, повеќето од нас не се како професионалните актери кои во секој момент можат да упатат блескава насмевка; ниту, пак, сакаме да бидеме такви. Ние сакаме нашите насмевки да бидат природни и искрени. Една инструкторка од областа на комуникацијата коментирала: ‚Важно е да се опуштите и да се насмевнете од срце, инаку Вашата насмевка ќе изгледа вештачка‘. Како можеме искрено да се насмевнуваме од срце? Во тоа може да ни помогне Библијата. Во Матеј 12:34, 35 таа го вели следново во врска со нашиот говор: „Устата зборува од изобилието на срцето. Добриот човек од својата добра ризница изнесува добри нешта, додека злиот човек од својата зла ризница изнесува зли нешта“.

Запамтете, насмевката е еден начин да ги соопштиме нашите чувства без да проговориме ниту еден збор. Ако имаме на ум дека зборуваме „од изобилието на срцето“ и дека ‚добрите нешта‘ доаѓаат од „добра ризница“, станува очигледно дека клучот за искрена насмевка лежи во нашите мисли и емоции. Да, она што лежи во нашето срце несомнено ќе дојде до израз, порано или подоцна, не само преку нашите зборови и дела туку и преку изразот на лицето. Затоа, треба и понатаму да размислуваме за позитивни работи. Врз изразот на нашето лице многу влијае она што го мислиме за другите. Затоа, да се концентрираме на добрите особини на нашето семејство, на луѓето во соседството и на нашите добри пријатели. Тогаш ќе ни биде многу полесно да им се насмевнуваме. Таа насмевка ќе биде искрена бидејќи зад неа ќе стои срце исполнето со добрина, милост и љубезност. Нашите очи ќе блескаат и другите ќе знаат дека сме искрени.

Меѓутоа, мора да се признае дека, заради минатото или средината, на некои луѓе им е потешко да се насмевнуваат отколку на други. Дури и ако се добронамерни кон своите ближни, тие едноставно не се навикнати да упатуваат насмевка. На пример, од Јапонците по традиција се очекува да бидат потполно прибрани и секогаш да молчат. Затоа, многумина од нив не се навикнати да им се насмевнуваат на оние што ги сметаат за непознати. Истото можеби важи и за други култури. Или, пак, некои можеби по природа се срамежливи и не им е лесно да им се насмевнуваат на другите. Затоа, не треба да ги просудуваме другите според тоа колку е голема нивната насмевка или колку често се насмевнуваат. Луѓето се различни, а исто така и нивните особини и начинот на комуникација со другите.

Сепак, ако Ви претставува проблем да им се насмевнувате на другите, зошто не работите на тоа? Библијата советува: „Да не се откажуваме да го правиме она што е добро . . . да им правиме добро на сите“ (Галатите 6:9, 10). Еден начин да им го правиме на другите „она што е добро“ е да им се насмевнуваме — и тоа е нешто што можете да го направите! Затоа, преземете иницијатива да ги поздравувате другите и да ги охрабрувате со насмевка. Тие многу ќе го ценат тоа. Исто така, ќе откриете дека ќе Ви биде полесно да се насмевнувате откако тоа веќе ќе Ви влезе во навика.

[Рамка на страница 16]

Едно предупредување

Жалосен факт е тоа што не е искрена секоја насмевка што ја гледаме. Измамниците, подлите луѓе, бескрупулозните трговци и другите можат да упатуваат насмевки кои вредат милиони долари. Тие знаат дека една насмевка може да ги разоружа луѓето и да им ја намали внимателноста. Луѓето со сомнителен морал или нечисти мотиви исто така имаат заводлива насмевка. Сепак, нивните насмевки се празни; тие се измамнички (Проповедник 7:6). Затоа, иако не треба да бидеме премногу сомничави кон другите, треба да сфатиме дека, со оглед на тоа што живееме во „последните денови“ со кои е тешко да се излезе на крај, треба да ‚се докажеме претпазливи како змии, а сепак невини како гулаби‘, како што препорачал самиот Исус (2. Тимотеј 3:1; Матеј 10:16).

[Слика на страница 17]

Преземете иницијатива да ги поздравувате другите со насмевка

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели