Песна за искачување.
132 Сети се, Јехова, на Давид+
и на сите негови понижувања+ —
2 како му се заколна на Јехова,+
како тој му се заветува на Јакововиот+ Силен Бог:+
3 „Нема да влезам во шаторот на својот дом.+
Нема да легнам на леглото на својата раскошна постела,+
4 нема да им дадам сон на очите,+
ниту дремка на веѓите,+
5 додека не најдам место за Јехова,+
величествено живеалиште за Јакововиот Силен Бог“.+
6 Еве, во Ефрата чувме за него,+
го најдовме во шумовитиот крај.+
7 Да влеземе во неговото величествено живеалиште,+
да се поклониме крај подножјето на неговите нозе.+
8 Стани, Јехова, и појди кон своето почивалиште,+
ти и ковчегот+ на твојата сила!+
9 Твоите свештеници нека се облечат во праведност,+
твоите лојални слуги нека воскликнуваат радосно.+
10 Поради Давид, твојот слуга,+
немој да го отфрлиш лицето на својот помазаник!+
11 Јехова му се заколна на Давид+
со заклетва која сигурно нема да ја повлече:+
„Потомок од твојата утроба+ ќе поставам на твојот престол.+
12 Ако твоите синови се држат за мојот сојуз+
и за моите опомени за кои ќе ги учам,+
нивните синови ќе седат засекогаш+
на твојот престол“.+
13 Зашто, Јехова го избра Сион,+
горливо го посака за свое живеалиште:+
14 „Ова е моето почивалиште засекогаш,+
овде ќе живеам, зашто копнеам по него.+
15 Неговата храна навистина ќе ја благословам.+
Неговите сиромаси ќе ги наситам со леб.+
16 Неговите свештеници ќе ги облечам во спасение,+
неговите лојални слуги ќе воскликнуваат радосно.
17 Таму ќе направам да порасне рогот на Давид.+
Ќе подготвам светилка за својот помазаник.+
18 Неговите непријатели ќе ги облечам во срам,+
а на него ќе цути+ неговата круна“.+