135 Фалете го Јах!+
Фалете го името Јеховино,+
Фалете го Јехова, слуги негови,+
2 кои стоите во домот Јеховин,+
во дворовите на домот на нашиот Бог!+
3 Фалете го Јах, зашто Јехова е добар!+
Со песна фалете го неговото име, зашто тоа е прекрасно!+
4 Зашто, Јах го избра Јаков за себе,+
Израел за своја најмила сопственост.+
5 Знам дека Јехова е велик,+
нашиот Господар е над сите други богови.+
6 Сѐ што сакаше Јехова да направи, направи+
на небото и на земјата, во морињата и во сите водни бездни.+
7 Ја подига пареата од крајот на земјата,+
му прави сливници на дождот,+
го изведува ветрот од своите складишта.+
8 Ги погуби првородените во Египет,+
и луѓето и животните.+
9 Направи знаци и чуда среде тебе, Египете,+
врз фараонот и врз сите слуги негови.+
10 Погуби многу народи+
и уби моќни цареви:+
11 Сихон, аморејскиот цар,+
и Ог, васанскиот цар,+
и сите ханаански царства.+
12 И нивната земја му ја даде во наследство,+
во наследство на Израел, народот свој.+
13 Јехова, името твое останува довека.+
Јехова, споменот за тебе останува од поколение во поколение.+
14 Зашто, Јехова ќе ја води парницата на својот народ+
и ќе се сожали на своите слуги.+
15 Идолите на другите народи се сребро и злато,+
дело на рацете на земен човек.+
16 Уста имаат, но не зборуваат,+
очи имаат, но не гледаат,+
17 уши имаат, но не слушаат.+
И нема здив во устата нивна.+
18 Како нив ќе станат оние што ги прават,+
сите што се надеваат на нив.+
19 Доме Израелов, благословувај го Јехова!+
Доме Аронов, благословувај го Јехова!+
20 Доме Левиев, благословувај го Јехова!+
Вие што се боите од Јехова, благословувајте го Јехова!+
21 Нека е благословен од Сион Јехова,+
кој живее во Ерусалим!+
Фалете го Јах!+