Псалми Давидова песна. 23 Јехова е мојот Пастир.+Ништо нема да ми недостасува.+ 2 На зелени пасишта ми дава да се одморам,+ме води на почивалишта обилни со вода.+ 3 Ми ја крепи душата,+ме води по праведни патеки заради името свое.+ 4 Дури и да тргнам низ долината на густата темнина,+нема да се плашам од зло,+зашто ти си со мене,+твојот стап и твојот жезол ме тешат.+ 5 Ми приготвуваш трпеза пред оние што ми се противат.+Со масло ми ја намачка главата.+Мојата чаша се прелева.+ 6 Добротата и милоста* ќе ме следат во сите денови на мојот живот,+и ќе живеам многу денови во Јеховиниот дом.+