Јов
24 Зошто не одредил Семоќниот времиња за суд?+
Зошто не ги гледаат деновите на неговиот суд оние што го познаваат?+
2 Луѓе поместуваат меѓи,+
ограбуваат стада, па ги пасат.
3 На детето без татко му го одведуваат магарето,
на вдовицата ѝ го земаат бикот како залог.+
4 Ги туркаат од патот сиромасите,+
земните страдалници тогаш се кријат.
5 Гледај, како зебри+ во дивина
заминуваат на работа, барајќи храна.
Пустелијата му дава на секого од нив леб за децата.
6 Во полето собираат храна за стоката,
набрзина го ограбуваат лозјето на злобниот.
8 Киснат на планинскиот пороен дожд,
немаат засолниште,+ па се прилепуваат до карпа.
9 Детето што нема татко го одвојуваат од мајчините гради,+
како залог го земаат она што страдалникот го има на себе.+
10 Страдалниците се голи, одат без облека,
гладни се, а носат ожнеани класје.+
11 Меѓу камени ѕидови во полето* тие го минуваат пладнето,
газат грозје во гмечало, а остануваат жедни.+
12 Од градот се слуша офкањето на оние што умираат,
а душите на смртно ранетите викаат за помош,+
но на Бог не му е грижа за тоа.+
13 Злите се бунат против светлината,+
не ги познаваат нејзините патишта
и не одат по нејзините патеки.
15 Окото на прељубникот+ го чека самракот,+
и вели: ‚Ничие око нема да ме види!‘+
И со покривало си го крие лицето.
16 Во темница крадците провалуваат во куќите,
а дење се заклучуваат.
Не знаат за светлината+ на денот.
17 Зашто, за злите уторото е исто како што е густата темнина+ за другите,
бидејќи знаат какви се ненадејните стравотии што ги носи густата темнина.
18 Водите брзо ги однесуваат злите.
Проклет ќе биде нивниот посед на земјата.+
Нема повеќе да одат во своите лозја.
20 Мајчината утроба ќе го заборави грешникот, црвите слатко ќе го изедат,+
никој повеќе нема да се сеќава на него.+
А неправдата ќе се скрши како стебло.+
21 Тој гиба неплодна жена, која не раѓа,
и вдовица,+ на која не ѝ прави добро.
22 Но Бог ќе ги отстрани насилниците со својата сила.
Злосторникот ќе стане и нема да биде сигурен дали ќе остане жив.
23 Бог ќе му допушти да се чувствува сигурен+ и да се потпира на себе,
но неговите очи ќе ги посматраат патиштата на злите.+
24 Се креваат за кратко, а потоа ги снемува,+
се рушат.+ Окосени се како и сите други,
отсечени се како класје.
25 Тогаш, кој ќе ме прогласи за лажливец,
или ќе ја претвори мојата реч во ништо?“