На управителот. Давидов псалм. Песна.
109 О Боже, тебе те фалам,+ немој да молчиш!+
2 Зашто, устата на злиот и устата на измамникот се отвораат против мене.+
Зборуваат за мене со измамлив јазик,+
3 ме опкружуваат со зборови на омраза+
и се борат против мене без причина.+
4 На љубовта ми возвраќаат со противење,+
а јас се молам.+
5 И ми враќаат зло за добро,+
омраза за мојата љубов.+
6 Постави го злиот над мојот непријател,
и неговиот противник+ нека му стои оддесно.
7 Кога ќе му се суди, нека го прогласат за злобен,
и неговата молитва нека биде грев.+
8 Неговите денови нека бидат малобројни,+
неговата надгледничка служба нека ја преземе некој друг.+
9 Неговите синови нека останат без татко,+
а жена му — вдовица.+
10 Неговите синови нека скитаат наоколу,+
нека просат
и нека излезат од своите опустени места за да бараат леб.+
11 Лихварот нека му одземе со лукавство сѐ што има,+
туѓинци+ нека го разграбаат плодот на неговиот труд.+
12 Нека нема кој да му покаже милост+
и нека нема кој да им се смилува на неговите деца кога ќе останат без татко.
13 Нека се истреби неговото потомство.+
Нека им се избрише името во идното поколение.+
14 Јехова нека се сети на вината на неговите татковци,+
и да не биде избришан+ гревот на неговата мајка.+
15 Тоа нека му биде на Јехова постојано пред очи,+
и нека го избрише од земјата сеќавањето за нив;+
16 зашто, злиот не се сети да покаже милост,+
туку го прогонуваше страдалникот, кој беше сиромав,+
и оној со тажно срце, за да го убие.+
17 Го љубеше проклетството,+ па тоа и го снајде;+
не му се радуваше на благословот,+
па и тој отиде далеку од него;+
18 и облече проклетство како облека.+
Затоа, тоа му влезе како вода во утробата+
и како масло во коските.
19 Тоа нека му биде како облеката што ја облекува+
и како појасот со кој е постојано опашан.+
20 Тоа му е плата од Јехова на оној што ми се противи+
и на оние што зборуваат зло против мојата душа.+
21 А ти си, Јехова, Севишниот+ Господар.
Направи ми добро заради своето име!+
Добра е твојата милост,+ затоа спаси ме!
22 Зашто, неволјата и јадот ме притискаат+
и срцето ми е прободено.+
23 Како сенката кога исчезнува, јас морам да заминам;+
ме истресуваат како скакулец.
24 Колената ми се тресат од постење+
и телото ми е исушено, нема масло на него.+
25 А ним им станав за потсмев.+
Кога ќе ме видат, вртат со главата+ презирно.
26 Помогни ми, Јехова, Боже мој,+
спаси ме според милоста своја!+
27 Нека знаат дека ова е раката твоја,+
дека ти, Јехова, си го направил ова.+
28 Тие нека проколнуваат,+
а ти благословувај!+
Стануваат против мене, но нека се засрамат,+
а твојот слуга нека се радува.+
29 Моите противници нека се облечат со пониженост+
и нека се наметнат со својот срам како со наметка.+
30 Ќе го величам Јехова со својата уста,+
ќе го фалам среде мноштвата луѓе.+
31 Зашто, тој ќе му застане оддесно на сиромавиот+
за да го спаси од оние што ѝ судат на неговата душа.