На управителот. „Не погубувај!“ Напев. Песна. Асафов+ псалм.
75 Ти благодариме, о Боже; ти благодариме,+
името твое е близу.+
Луѓето ќе зборуваат за твоите чудесни дела.+
2 „Зашто, одредив време.+
Јас почнувам да судам според правдата.+
3 Се растопија земјата и сите нејзини жители,+
а јас ги исправив нејзините столбови.“+ (Села)
4 Им реков на безумните: „Не бидете безумни!“+ —
и на злите: „Не подигајте го рогот!+
5 Не подигајте го високо својот рог!
Не зборувајте дрско!+
6 Зашто, ниту од исток, ниту од запад,
ниту од југ не доаѓа возвишувањето.
7 Зашто, Бог е судија.+
Еден понижува, а друг возвишува.+
8 Зашто, Јехова ја држи во рака чашата+
и се пени виното, виното опојно.
Тој ќе го истури неговиот талог,
сите зли на земјата ќе го испијат до капка, ќе го испијат неговиот талог“.+
9 А јас ќе зборувам за тоа довека,
со песна ќе го славам Богот на Јаков.+
10 „Ќе ги скршам сите рогови на злите.“+
Ќе се подигнат роговите на праведникот.+