17 Духот ми е скршен,+ моите денови гаснат,
гробот ме чека.+
2 Навистина има потсмевање насекаде околу мене,+
моите очи постојано го гледаат околу себе нивното бунтовништво.
3 Те молам, заложи се за мене!+
Кој друг ќе ми даде рака+ и ќе се заложи за мене?
4 Од нивното срце ја скри разборитоста.+
Затоа нема да ги возвишиш.
5 Човек им го нуди својот имот на другарите,
а им гаснат очите+ на неговите синови.
6 Бог предизвика народите да ме спомнуваат со презир,+
па луѓето ми плукаат в лице.+
7 Окото ми потемне од тага,+
а деловите од моето тело станаа како сенка.
8 Справедливите го гледаат тоа со чудење,
невините се лутат на отпадникот.
9 Праведникот цврсто се држи за својот пат,+
и кој има чисти раце,+ станува сѐ посилен.+
10 А вие можете пак да почнете. Продолжете, ве молам,
зашто не наоѓам мудар човек меѓу вас!+
11 Поминаа моите дни,+ пропаднаа моите замисли,+
желбите на моето срце.
12 Ноќта ја правите ден,+ велејќи:
‚Сега е темно, но светлината е близу‘.
13 Ако чекам, гробот ќе ми биде дом,+
во темнина+ ќе го постелам своето легло.
14 На гробната јама+ ќе ѝ речам: ‚Татко мој!‘,
а на црвот:+ ‚Мајко моја, сестро моја!‘
15 Тогаш, каде е мојата надеж?+
Мисли ли некој дека за мене има надеж?
16 Таа ќе отиде до портите на гробот,
кога сите заедно ќе слеземе во правот“.+