Даниел
1 Во третата година од царувањето на Јоаким,+ царот на Јуда, во Ерусалим дојде вавилонскиот цар Навуходоносор и подигна опсада околу него.+ 2 И вистинскиот Бог Јехова му го даде в раце Јоаким, царот на Јуда,+ и дел од приборот+ од својот дом, а тој го однесе приборот во земјата Сенар,+ во домот на својот бог, и го стави во ризницата на својот бог.+
3 Потоа царот му рече на Асфеназ, на својот главен дворјанин,+ да доведе некои од Израеловите синови, од царскиот род и од големците,+ 4 момчиња кои се без недостаток,+ убави, надарени за секаква мудрост,+ богати со знаење, кои лесно учат+ и се способни да служат во царската палата,+ па да ги поучи за писмото и за јазикот на Халдејците. 5 Освен тоа, царот им одреди дневен оброк од избрани царски јадења+ и вино кое тој го пиеше, и да ги воспитуваат три години за да можат потоа да служат пред царот.
6 Меѓу нив беа некои од синовите на Јуда: Даниел,+ Ананиј, Мисаил и Азариј.+ 7 Ним главниот дворјанин им даде други имиња.+ Така, Даниел го нарече Валтазар,+ Ананиј — Седрах, Мисаил — Мисах, а Азариј — Авденаго.+
8 Но Даниел одлучи во своето срце да не се извалка+ со избраните царски јадења и со виното што го пиеше царот. Затоа повеќе пати го молеше главниот дворјанин да го поштеди за да не се извалка.+ 9 И вистинскиот Бог направи Даниел да ја стекне наклоноста* и милоста на главниот дворјанин.+ 10 Но главниот дворјанин му рече на Даниел: „Се плашам од мојот господар, царот, кој ви определи јадење и пиење.+ Зошто да види дека вашите лица изгледаат полошо од лицата на другите момчиња на ваша возраст и зошто на мојата глава да фрлите вина пред царот?“ 11 Но Даниел му рече на чуварот, кого главниот дворјанин+ го постави над Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј: 12 „Те молам, испитај ги своите слуги — десет дена нека ни даваат да јадеме зеленчук+ и да пиеме вода. 13 Тогаш ти самиот спореди ги нашите лица со лицата на момчињата што јадат од избраните царски јадења, па направи со своите слуги според она што ќе го видиш“.
14 Најпосле ги послуша и ги стави на испит десет дена. 15 А по десет дена нивните лица беа поубави и пополни од лицата на сите други момчиња што јадеа од избраните царски јадења.+ 16 Оттогаш чуварот ги земаше јадењата што им беа одредени и виното што требаше да го пијат, и им даваше зеленчук.+ 17 И вистинскиот Бог ги обдари овие четири момчиња со знаење, и со разбирање* за сите книги, и со мудрост,+ а покрај тоа Даниел разбираше секакви виденија и сонови.+
18 А кога помина времето по кое царот беше наредил да ги доведат пред него,+ главниот дворјанин ги изведе пред Навуходоносор. 19 И царот разговараше со нив, и меѓу сите не се најде ниту еден како Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.+ И така тие останаа да служат пред царот.+ 20 И во сите работи за кои требаше да се има мудрост и разборитост,*+ царот установи, кога и да ги прашаше, дека беа десет пати подобри од сите свештеници што се занимаваа со магија+ и од оние што повикуваа духови+ во целото негово царство. 21 И Даниел остана таму до првата година на цар Кир.+
2 Во втората година од царувањето на Навуходоносор, Навуходоносор сони соништа+ и се вознемири,*+ па не можеше повеќе да спие. 2 Затоа царот нареди да бидат повикани свештениците што се занимаваа со магија,+ оние што повикуваа духови, маѓепсниците и Халдејците за да му кажат на царот што сонувал.+ И тие дојдоа и застанаа пред царот. 3 Тогаш царот им рече: „Сонив еден сон и се вознемирив од желбата да дознаам што сум сонувал“. 4 Тогаш Халдејците му рекоа на царот на арамејски:+ „Царе, да си жив довека!+ Раскажи им го сонот на своите слуги, а ние ќе ти го откриеме неговото значење“.+
5 А царот им одговори на Халдејците: „Давам збор: ако не ми кажете што сум сонувал и што значи сонот, ќе бидете распарчени,+ а вашите куќи ќе бидат претворени во јавни нужници.+ 6 Но, ако ми го откриете сонот и неговото значење, ќе добиете од мене дарови, подароци и голема чест.+ Затоа откријте ми го сонот и неговото значење“.
7 Тогаш тие му одговорија по вторпат: „Царот нека им го раскаже сонот на своите слуги, а ние ќе го откриеме неговото значење“.
8 А царот одговори: „Добро знам дека сакате да добиете на време, зашто знаете дека дадов збор. 9 Ако не ми кажете што сум сонувал, ве чека само една пресуда.+ А вие сте се договориле да зборувате пред мене лага и измама+ за да добиете на време. Затоа, кажете ми го сонот, па ќе знам дали можете да го откриете и неговото значење“.
10 А Халдејците му одговорија на царот: „Нема човек на земјава што би можел да му го открие тоа на царот. Затоа ниту еден голем цар или владетел не побарал такво нешто од ниту еден свештеник што се занимава со магија, ниту од некој што повикува духови, ниту од некој Халдеец. 11 А она што го бара царот е тешко, и нема таков што може да му го открие тоа на царот, освен боговите,+ а тие не живеат меѓу луѓето“.+
12 Поради тоа, царот се налути и многу се разгневи,+ па нареди да бидат погубени сите вавилонски мудреци.+ 13 Кога беше издадена наредбата и кога мудреците требаше да бидат погубени, ги побараа Даниел и неговите другари за да ги погубат и нив.
14 Тогаш Даниел му се обрати со мудри и разумни зборови+ на Ариох, заповедникот на царската телесна стража, кој излезе да ги погуби вавилонските мудреци. 15 Го праша Ариох, царевиот заповедник: „Зошто царот издаде толку строга наредба?“ И Ариох му кажа на Даниел за што стануваше збор.+ 16 А Даниел отиде и го замоли царот да му даде време, па тогаш ќе му го протолкува сонот на царот.+
17 Потоа Даниел отиде дома и им раскажа сѐ на своите другари Ананиј, Мисаил и Азариј 18 за да го молат за милост+ небесниот Бог+ поради таа тајна,+ за Даниел и неговите другари да не бидат погубени заедно со другите вавилонски мудреци.+
19 Тогаш на Даниел му беше откриена тајната во ноќно видение.+ Затоа Даниел го благослови+ небесниот Бог. 20 Даниел проговори и рече: „Нека е благословено+ Божјето име од века и до века, бидејќи негови се мудроста и моќта!+ 21 Тој ги менува времињата и раздобјата,+ соборува цареви и поставува цареви,+ им дава мудрост на мудрите и знаење на разборитите.+ 22 Го открива она што е длабоко и скриено,+ знае што е во темнината+ и кај него престојува светлината.+ 23 Тебе, Боже на моите прататковци, ти благодарам и те фалам+ зашто ми даде мудрост+ и моќ. И ми го објави она за кое те молевме, ни го објави она што го бараше царот“.+
24 Затоа Даниел отиде кај Ариох,+ кого царот го одреди да ги погуби вавилонските мудреци.+ Отиде и вака му рече: „Немој да ги погубуваш вавилонските мудреци! Одведи ме пред царот+ за да му откријам на царот што значи сонот“.
25 Тогаш Ариох брзо го одведе Даниел пред царот и вака му рече: „Меѓу изгнаниците+ од Јуда најдов човек што може да му каже на царот што значи сонот“. 26 Потоа царот го праша Даниел, кој се викаше Валтазар:+ „Можеш ли навистина да ми го кажеш сонот што го сонував и неговото значење?“+ 27 А Даниел му одговори на царот: „Тајната за која прашува царот не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни оние што повикуваат духови, ни свештениците што се занимаваат со магија, ни оние што ги познаваат ѕвездите.*+ 28 Но има Бог на небото, кој ги открива тајните,+ и тој му објавува на цар Навуходоносор што ќе се случи во последните денови.+ Ова е твојот сон и ова се виденијата што ти поминувале низ глава на твојата постела:
29 Тебе, царе, на постелата+ ти дошле мисли за тоа што ќе се случи во иднина, и Оној што открива тајни ти објавил што ќе се случи.+ 30 А мене оваа тајна не ми е откриена+ затоа што сум помудар од сите живи, туку за да му се објави значењето на царот и за да ги дознаеш мислите на своето срце.+
31 Ти царе, виде голем кип. Тој кип, голем и особено сјаен, стоеше пред тебе и изгледаше страшно. 32 Главата на тој кип беше од чисто злато,+ градите и рацете од сребро,+ стомакот и колковите од бакар,+ 33 нозете од железо,+ стапалата делумно од железо, а делумно од глина.+ 34 Додека ти гледаше, се отцепи камен, без да го допрат човечки раце,+ и го удри кипот во стапалата од железо и глина, и ги здроби.+ 35 Тогаш одеднаш се здроби железото, глината, бакарот, среброто и златото, и сѐ стана како плева на гумно лете,+ и ветрот однесе сѐ без трага.+ А каменот што удри во кипот стана голема планина и ја исполни целата земја.+
36 Тоа е сонот, а неговото значење ќе му го кажеме на царот.+ 37 Ти, царе, царе над царевите, кому небесниот Бог му даде царство,+ моќ, сила и достоинство, 38 и во чии раце ги даде+ полските животни и птиците небесни+ секаде каде што живеат синовите човечки, и кого го постави за владетел над сите нив, ти си главата од злато.+
39 По тебе ќе се крене друго царство,+ послабо од твоето,+ па трето царство, од бакар, кое ќе владее над целата земја.+
40 А четвртото царство+ ќе биде цврсто како железо.+ Зашто, како што железото дроби и толчи сѐ, така и тоа, како железо што разбива, ќе ги здроби и ќе ги разбие сите тие царства.+
41 Тоа што виде дека стапалата и прстите се делумно од грнчарска глина, а делумно од железо,+ значи дека царството ќе биде разделено,+ но ќе има нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо помешано со влажна глина.+ 42 Тоа што прстите на стапалата се делумно од железо, а делумно од глина, значи дека царството ќе биде делумно цврсто, а делумно кршливо. 43 А тоа што си видел железо помешано со влажна глина, значи дека тие ќе се помешаат со човечкото потомство, но нема да се држат заедно, едно со друго, како што ни железото не може да се измеша со глината.
44 Во деновите на тие цареви,+ небесниот Бог+ ќе подигне царство,+ кое нема никогаш да пропадне.+ И тоа царство нема да премине на некој друг народ.+ Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства,+ а самото ќе стои довека,+ 45 зашто виде дека камен се отцепи од планината, без да го допрат човечки раце,+ и дека ги здроби железото, бакарот, глината, среброто и златото.+ Великиот Бог+ му објавува на царот што ќе се случи во иднина.+ Сонот е вистинит, а толкувањето веродостојно“.+
46 Тогаш цар Навуходоносор падна ничкум и му се поклони на Даниел, па нареди да му принесат подарок и темјан.+ 47 Потоа царот му се обрати на Даниел: „Вашиот Бог навистина е Бог над боговите,+ Господар над царевите+ и Оној што ги открива тајните, штом можеше да ја откриеш оваа тајна“.+ 48 Тогаш царот го возвиши+ Даниел и му даде многу големи дарови, па го постави за владетел над целата вавилонска покраина+ и за главен надгледник над сите вавилонски мудреци. 49 А на молба на Даниел, царот ги постави Седрах, Мисах и Авденаго+ да раководат со вавилонската покраина, додека Даниел остана во царскиот дворец.+
3 Цар Навуходоносор направи златен кип,+ висок шеесет лакти и широк шест лакти. Го подигна во рамницата Дура, во вавилонската покраина.+ 2 Потоа цар Навуходоносор нареди да ги свикаат сатрапите,* намесниците+ и управителите, советниците, ризничарите, судиите, началниците+ и сите што беа над покраините, да се соберат и да дојдат на свеченоста+ по повод поставувањето на кипот што го подигна тој, цар Навуходоносор.
3 Тогаш сатрапите,+ намесниците и управителите, советниците, ризничарите, судиите, началниците и сите што беа над покраините се собраа на свеченоста по повод поставувањето на кипот што го подигна цар Навуходоносор. И застанаа пред кипот што го подигна Навуходоносор. 4 Тогаш гласникот+ викна на сет глас: „Народи, племиња и јазици,+ вам ви се заповеда: 5 штом ќе го чуете звукот на рогот, на кавалот, на цитрата, на харфата, на псалтирот, на гајдата и на сите други музички инструменти,+ паднете ничкум и поклонете му се* на златниот кип што го подигна цар Навуходоносор! 6 А кој нема да падне ничкум и нема да му се поклони,+ во истиот час+ ќе биде фрлен во печка со разгорен оган“.+ 7 Па така, сите народи, штом го слушнаа звукот на рогот, на кавалот, на цитрата, на харфата, на псалтирот и на сите други музички инструменти, сите тие народи,+ племиња и јазици паднаа ничкум и му се поклонија на златниот кип што го подигна цар Навуходоносор.
8 И веднаш дојдоа некои Халдејци и ги обвинија Евреите.*+ 9 Му се обратија на цар Навуходоносор и му рекоа: „Царе, да си жив довека!+ 10 Ти, царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе звукот на рогот, на кавалот, на цитрата, на харфата, на псалтирот, на гајдата и на сите други музички инструменти+ да падне ничкум и да му се поклони на златниот кип, 11 а кој нема да падне ничкум и нема да му се поклони, да биде фрлен во вжарена печка со разгорен оган.+ 12 А овде се некои Евреи, кои си ги поставил над вавилонската покраина,+ Седрах, Мисах и Авденаго. Тие луѓе не се обѕираат на тебе, царе, тие не им служат на твоите богови и не му се поклонуваат на златниот кип што го подигна“.+
13 Тогаш Навуходоносор, гневен и бесен,+ заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго,+ и тие беа доведени пред царот. 14 А Навуходоносор им се обрати: „Дали е вистина, Седрах, Мисах и Авденаго, дека не им служите на моите богови+ и дека не му се поклонувате на златниот кип што го подигнав?+ 15 А сега — штом ќе го чуете звукот на рогот, на кавалот, на цитрата, на харфата, на псалтирот, на гајдата и на сите други музички инструменти+ — ако сте спремни да паднете ничкум и да му се поклоните на кипот што го направив, ќе ви биде добро. Но ако не му се поклоните, во истиот час ќе бидете фрлени во вжарена печка со разгорен оган. И кој е тој бог што ќе може да ве избави од моиве раце?“+
16 А Седрах, Мисах и Авденаго му одговорија на царот: „Царе Навуходоносор, нема потреба да ти одговориме на тоа.+ 17 Ако треба така да биде, нашиот Бог, кому му служиме, може да нѐ избави. Тој и ќе нѐ избави+ од вжарената печка со разгорен оган и од твојата рака, царе. 18 Но, дури и да не го стори тоа, знај, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и нема да му се поклониме на златниот кип што го подигна“.+
19 Тогаш Навуходоносор се разбесни на Седрах, Мисах и Авденаго, и лицето му се изобличи. Па заповеда да ја вжарат печката седумпати посилно отколку што беше вообичаено. 20 Потоа им заповеда на неколку силни+ мажи од својата војска да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка со разгорен оган.+
21 Тогаш ги врзаа и ги фрлија во вжарената печка сосе наметки, алишта, капи и сосе другата облека. 22 А поради тоа што царевата заповед беше строга, па печката беше прекумерно вжарена, пламенот од огнот ги уби луѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго. 23 Но овие тројца мажи, Седрах, Мисах и Авденаго, паднаа врзани среде вжарената печка.+
24 Тогаш цар Навуходоносор многу се исплаши и брзо стана. Им се обрати на своите високи службеници и ги праша: „Зарем не фрливме во огнот+ тројца врзани мажи?“ Тие му одговорија на царот: „Да, царе“. 25 Тогаш тој рече: „Ене, гледам четворица мажи како се шетаат одврзани среде огнот, и не им е ништо, а четвртиот личи на син на боговите“.+
26 Тогаш Навуходоносор пријде кон вратата на вжарената огнена печка+ и викна: „Седрах, Мисах и Авденаго, слуги на Севишниот Бог,+ излезете и дојдете ваму!“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот. 27 А насобраните сатрапи, намесници, управители и високи царски службеници+ ги гледаа тие луѓе и видоа дека огнот не им наштетил на нивните тела+ и дека ниту косата на главата+ не им беше подгорена, дури ни нивните наметки не им беа променети и не мирисаа на чад.
28 Тогаш Навуходоносор рече: „Благословен да е Богот на Седрах, Мисах и Авденаго,+ кој испрати свој ангел+ и ги избави своите слуги кои се надеваа на него+ и не ѝ се покорија на царевата заповед, туку беа готови да умрат, зашто не сакаа да му служат+ и да му се поклонуваат+ на ниту еден друг бог, освен на својот Бог.+ 29 Затоа им издавам наредба+ на сите народи, племиња и јазици, па секој што ќе каже нешто лошо за Богот на Седрах, Мисах и Авденаго да биде распарчен,+ а неговата куќа да биде претворена во јавен нужник,+ зашто нема друг бог кој би можел да избави како овој“.+
30 Тогаш царот ги постави Седрах, Мисах и Авденаго на високи положби во вавилонската покраина.+
4 „Од цар Навуходоносор до сите народи, племиња и јазици што живеат по целата земја:+ Нека ви се умножи мирот!+ 2 Најдов за добро да ги објавам знаците и чудата што Севишниот Бог ги направи на мене.+ 3 Колку се големи неговите знаци и колку се моќни неговите чуда!+ Неговото царство е вечно царство+ и неговата власт е од поколение во поколение.+
4 Јас, Навуходоносор, живеев мирно+ во својот дом и среќно во својата палата.+ 5 Тогаш сонив сон што ме исплаши.+ Сликите што ми доаѓаа в постела и виденијата што ми поминуваа низ глава ме исполнија со страв,+ 6 па издадов наредба да бидат доведени пред мене сите вавилонски мудреци за да ми кажат што значи сонот.+
7 Тогаш дојдоа свештениците што се занимаваат со магија, оние што повикуваат духови, Халдејците+ и оние што ги познаваат ѕвездите.*+ Им го раскажав сонот, но не можеа да ми кажат што значи.+ 8 На крајот, пред мене дојде Даниел, кој се вика Валтазар+ според името на мојот бог+ и во кого е духот на светите богови,+ и јас му го раскажав сонот:
9 ‚Валтазаре, ти си поглавар на свештениците што се занимаваат со магија+ и добро знам дека во тебе е духот на светите богови+ и дека ниту една тајна за тебе не е претешка.+ Кажи ми ги виденијата што ги гледав на сон и нивното значење!+
10 А во виденијата што ми поминуваа низ глава на мојата постела видов,+ и ете, среде земјата дрво,+ многу високо.+ 11 Дрвото порасна и стана цврсто и беше високо до небото, а се гледаше од краиштата на целата земја.+ 12 Лисјата му беа убави, а плодот обилен, и на него имаше храна за сите. Под него полските животни+ бараа сенка,+ на неговите гранки живееја небесните птици+ и од него се хранеше секое суштество.
13 Потоа видов во виденијата што ми поминуваа низ глава на мојата постела, и ете, стражар,+ свет,+ слегува од небото. 14 Тој повика на сет глас и рече вака: „Пресечете го дрвото+ и отсечете му ги гранките! Истресете му ги лисјата и расфрлете ги плодовите! Нека побегнат ѕверовите од под него и птиците од неговите гранки!+ 15 Но пенушката со коренот оставете ја в земја, во железни и во бакарни окови, во полската трева! Нека го водени небесната роса и со ѕверовите нека ги дели земните растенија!+ 16 Нека му се промени човечкото срце и нека му се даде животинско срце,+ и седум времиња+ нека поминат преку него! 17 Тоа е одлуката што ја пренесоа стражарите+ и пресудата што ја објавија светите за да знаат живите дека Севишниот владее над човечкото царство,+ дека го дава кому сака+ и над него го поставува најмалиот од луѓето“.+
18 Тоа е сонот што го сонував јас, цар Навуходоносор. А ти, Валтазаре, кажи ми што значи тој, бидејќи ниту еден друг мудрец во моето царство не може да ми каже што значи.+ Но ти можеш, зашто во тебе е духот на светите богови‘.+
19 Тогаш Даниел, наречен Валтазар,+ за миг остана вчудовиден и неговите мисли го исплашија.+
А царот му рече: ‚Валтазаре, немој да те плаши сонот и неговото значење!‘+
А Валтазар му одговори: ‚Господару мој, овој сон нека се исполни на оние што те мразат и неговото значење на твоите противници!+
20 Дрвото што си го видел, што нараснало големо и станало цврсто и високо до небото и се гледало по целата земја,+ 21 чии лисја биле убави, а плодот обилен, и на кое имало доволно храна за сите, под кое живееле полските животни и на чии гранки се гнезделе небесните птици,+ 22 тоа си ти, царе,+ зашто стана голем и силен и твојата величина се издигна и допре до небото,+ а твојата власт до краиштата на земјата.+
23 А тоа што царот видел стражар, свет,+ како слегува од небото и вели: „Пресечете го дрвото и уништете го! Но пенушката со коренот оставете ја в земја, во железни и во бакарни окови, во полската трева, нека го водени небесната роса, и нека биде со полските животни додека не поминат преку него седум времиња“,+ 24 значи ова, царе, и она што ќе го снајде мојот господар царот+ е одредба+ на Севишниот.+ 25 Ќе те протераат откај луѓето, па ќе живееш со полските животни+ и ќе ти даваат да јадеш трева како што јадат говедата.+ Небесната роса ќе те водени и седум времиња+ ќе поминат преку тебе додека не спознаеш дека Севишниот владее над човечкото царство+ и го дава кому сака.+
26 А тоа што рекле да му се остави на дрвото пенушката со коренот+ значи дека твоето царство повторно ќе ти припадне тебе откако ќе спознаеш дека небесата владеат.+ 27 Затоа, царе, нека ти биде благопријатен+ мојот совет и избави се од своите гревови со праведни дела,+ и од своето беззаконие — со милосрдност спрема сиромасите.+ Можеби тогаш ќе ти се продолжи благосостојбата‘.“+
28 Сето тоа му се случи на цар Навуходоносор.+
29 Дванаесет месеци* подоцна, додека одеше по покривот на царската палата во Вавилон, 30 царот рече:+ „Не е ли ова Големиот Вавилон што го изградив јас со својата силна моќ+ за да биде царска престолнина и за слава на моето величество?“+
31 И додека тие зборови уште беа во устата на царот, од небото дојде глас: „Тебе ти се зборува, царе Навуходоносор: ‚Царството ти се одзема,+ 32 и ќе те протераат откај луѓето и ќе живееш со полските животни.+ Ќе ти даваат да јадеш трева како што јадат говедата, и седум времиња ќе поминат преку тебе додека не спознаеш дека Севишниот владее над човечкото царство и го дава кому сака‘ “.+
33 Во истиот час,+ тој збор се исполни на Навуходоносор. Го протераа откај луѓето, почна да јаде трева како што јадат говедата и небесната роса му го воденеше телото, а косата му порасна како орловски пердуви и ноктите како птичји канџи.+
34 „А по тие денови,+ јас, Навуходоносор, ги подигнав очите+ кон небото и ми се врати разумот. И го благословив Севишниот,+ го фалев и го славев оној што живее вечно,+ зашто неговата власт е вечна власт и неговото царство е од поколение во поколение.+ 35 Сите што живеат на земјата за него не се ништо,+ и по своја волја постапува со небесната војска и со оние што живеат на земјата.+ И нема таков што може да му ја запре раката+ или да му рече: ‚Што правиш?‘+
36 Во исто време ми се врати разумот, и за слава на моето царство ми се врати величеството и сјајот.+ Моите високи службеници и веледостојници почнаа оддадено да ме бараат, и повторно бев поставен над своето царство, и моето величие многу порасна.+
37 Сега јас, Навуходоносор, го фалам, го возвишувам и го славам Царот небесен,+ зашто сите негови дела се вистина и неговите патишта се правда,+ и може да ги понижи оние што се горди.“*+
5 Цар Валтазар+ им приреди голема гозба на илјада свои веледостојници, и пред тие илјада луѓе пиеше вино.+ 2 Опиен од виното,+ Валтазар заповеда да ги донесат златните и сребрените садови,+ кои неговиот татко* Навуходоносор ги однесе од храмот во Ерусалим, за да пијат+ од нив царот и неговите веледостојници, неговите жени и наложници. 3 Тогаш ги донесоа златните садови однесени од храмот, од Божјиот дом во Ерусалим, и од нив пиеја царот и неговите веледостојници, неговите жени и наложници. 4 Пиеја вино и ги фалеа боговите од злато, сребро, бакар, железо, дрво и камен.+
5 Во тој миг се појавија прсти од човечка рака кои почнаа да пишуваат по малтерисаниот ѕид на царската палата,+ спроти светилникот, и царот ја виде раката што пишуваше. 6 Тогаш царот пребледе, мислите го исплашија,+ зглобовите на колковите му попуштија+ и колената почнаа да му се удираат едно со друго.+
7 Царот викна на сет глас да бидат доведени оние што повикуваат духови, Халдејците и оние што ги познаваат ѕвездите.*+ Тогаш царот им се обрати на вавилонските мудреци: „Кој ќе го прочита овој натпис што е напишан и ќе ми го открие неговото значење, ќе биде облечен во пурпур,+ ќе носи златен синџир околу вратот и ќе стане трет владетел во царството“.+
8 Тогаш влегоа сите мудреци на царот, но не можеа ниту да го прочитаат натписот ниту да му кажат на царот што значи.+ 9 Затоа цар Валтазар се исплаши многу и пребледе, а неговите веледостојници останаа збунети.+
10 Кога царицата чу за зборовите на царот и на неговите веледостојници, влезе во салата каде што беше гозбата. И царицата рече: „Царе, да си жив довека!+ Твоите мисли нека не те плашат и лицето твое нека не пребледува! 11 Во твоето царство има човек во кого е духот на светите богови.+ Во деновите на твојот татко, во него имаше проникливост,* разборитост* и мудрост слична на мудроста на боговите, и цар Навуходоносор, твојот татко, го постави за поглавар+ на свештениците што се занимаваат со магија, на оние што повикуваат духови, на Халдејците и на оние што ги познаваат ѕвездите — лично татко ти, царе — 12 зашто Даниел, кого царот го нарече Валтазар,+ се истакнуваше со умот,* со знаењето и со разборитоста потребна за толкување на сонови,+ како и со способност за објаснување на гатанки и за размрсување на замрсени работи.+ Затоа, нека го повикаат Даниел за да открие што значи ова“.
13 Тогаш го доведоа Даниел пред царот. А царот му се обрати на Даниел со овие зборови: „Дали си ти Даниел, еден од јудејските изгнаници,+ кого царот, мојот татко, го довел од Јуда?+ 14 Слушнав, дека во тебе е духот на боговите+ и дека во тебе има проникливост, разборитост и извонредна мудрост.+ 15 Сега ги доведоа пред мене мудреците и оние што повикуваат духови за да го прочитаат овој натпис и да ми го кажат неговото значење, но тие не можат да откријат што значат овие зборови.+ 16 А за тебе слушнав дека можеш да протолкуваш+ и да размрсиш замрсени работи. Значи, ако можеш да го прочиташ овој натпис и да ми го кажеш неговото значење, ќе бидеш облечен во пурпур, ќе носиш златен синџир околу вратот и ќе бидеш трет владетел во царството“.+
17 Тогаш Даниел му одговори на царот: „Твоите дарови нека ти останат тебе, и своите подароци дај им ги на други.+ А јас ќе му го прочитам овој натпис на царот и ќе му го кажам неговото значење.+ 18 Царе, Севишниот Бог+ му даде на твојот татко Навуходоносор+ царство, величие, достоинство и величество.+ 19 И поради величието што му го даде, сите народи, племиња и јазици трепереа пред него и му се плашеа.+ Убиваше кого сакаше, удираше кого сакаше, возвишуваше кого сакаше и понижуваше кого сакаше.+ 20 Но кога се вообрази во срцето и се засили* во дрскоста,+ беше соборен од престолот на своето царство и му беше одземено неговото достоинство.+ 21 Го протераа откај човечките синови, срцето му стана како на животно и живееше со дивите магариња.+ Му даваа да јаде трева како што јадат говедата, а небесната роса му го воденеше телото+ додека не спозна дека Севишниот Бог владее над човечкото царство и дека над него поставува кого сака.+
22 Но, ти, Валтазаре,+ сине* негов, не го понизи своето срце,+ иако го знаеше сето ова.+ 23 Туку се подигна против Господарот на небесата,+ па пред тебе ги донесоа дури и садовите од неговиот дом.+ И од нив пиевте вино ти и твоите веледостојници, твоите жени и наложници, и ги фалевте ништожните богови од сребро и злато, бакар, железо, дрво и камен,+ кои ништо не гледаат, и ништо не слушаат, и ништо не знаат,+ а на Бог, во чии раце е твојот здив+ и во чија власт се сите твои патишта,+ не му даде слава.+ 24 Затоа тој испрати рака и дозволи да се напише овој натпис.+ 25 А ова е натписот што е напишан: МЕНЕ, МЕНЕ, ТЕКЕЛ и ФАРСИН.*
26 Ова е значењето на зборовите: МЕНЕ: Бог ги изброи* деновите на твоето царство и му стави крај.*+
27 ТЕКЕЛ: измерен* си на вага и се најде премногу лесен.+
28 ФЕРЕС: твоето царство е разделено* и им е предадено на Медијците и Персијците“.*+
29 Тогаш по заповед на Валтазар, го облекоа Даниел во пурпур, му ставија златен синџир околу вратот и го прогласија за трет владетел во царството.+
30 Во истата таа ноќ халдејскиот цар Валтазар беше убиен,+ 31 а царството го презеде Медиецот Дариј,+ кој имаше околу шеесет и две години.
6 Дариј најде за добро да постави над царството сто и дваесет сатрапи* за да бидат над целото царство.+ 2 Над нив постави тројца управители, од кои еден беше Даниел.+ Ним сатрапите+ постојано им полагаа сметка за да не претрпи штета царот.+ 3 А Даниел се истакнуваше+ меѓу управителите и сатрапите со својот извонреден ум,*+ и царот имаше намера да го постави над целото царство.
4 Тогаш настојниците и сатрапите почнаа да бараат некаков повод, сеедно каков, во врска со државната управа, за да го обвинат Даниел,+ но не можеа кај него да најдат никаков повод за обвинение или нешто нечесно, бидејќи беше достоен за доверба и не можеше да му се најде ниту некаков пропуст ниту нешто нечесно.+ 5 Затоа тие луѓе рекоа: „Кај овој Даниел нема да најдеме никаков повод за обвинение, ако не најдеме нешто против него во законот на неговиот Бог“.+
6 Така тие настојници и сатрапи упаднаа кај царот+ и вака му рекоа: „Царе Дариј, да си жив довека!+ 7 Сите настојници во царството, намесниците и сатрапите, високите службеници на царот и управителите се согласија да се издаде царска одредба+ и да се даде забрана според која секој што во период од триесет дена ќе упати молба до кој и да е бог или човек, освен до тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама.+ 8 А сега, царе, издај ја таа одредба и потпиши го писмото+ за да не може да се промени, според неотповикливиот+ закон на Медијците и Персијците!“+
9 Така цар Дариј ги потпиша писмото и забраната.+
10 Кога дозна дека писмото е потпишано, Даниел влезе во својата куќа. Прозорците од неговата горна соба беа отворени кон Ерусалим.+ Таму по трипати на ден+ клекнуваше на колена, молејќи се+ и фалејќи го својот Бог,+ како што го правеше тоа редовно и пред тоа.+ 11 А тие луѓе упаднаа кај Даниел и го најдоа како се моли и бара милост пред својот Бог.+
12 Тогаш му пристапија на царот и, повикувајќи се на царевата забрана, му рекоа: „Нели потпиша забрана според која секој човек што во период од триесет дена ќе упати молба до кој и да е бог или човек, освен до тебе, царе, ќе биде фрлен во лавовска јама?“+ Царот одговори: „Така е одлучено според неотповикливиот закон на Медијците и Персијците“.+ 13 А тие веднаш му рекоа на царот: „Даниел,+ изгнаникот од Јуда,+ не се обѕира ниту на тебе, царе, ниту на забраната што ја потпиша, туку се моли по трипати на ден“.+ 14 Кога ги слушна тие зборови, царот многу се нажали+ и реши да го спаси+ Даниел. Сѐ до зајдисонце настојуваше да го избави. 15 Но тогаш тие луѓе упаднаа кај царот и му рекоа: „Имај на ум, царе, дека, според законот на Медијците и Персијците, никаква забрана+ или одредба што ја издава царот не може да се промени“.+
16 И царот издаде заповед, па го доведоа Даниел и го фрлија во лавовската јама.+ Обраќајќи му се на Даниел, царот рече: „Твојот Бог, кому постојано му служиш, тој ќе те избави“.+ 17 И донесоа камен, па го ставија врз отворот на јамата, а царот го запечати со својот печатен прстен и со печатните прстени на своите веледостојници, за да не може ништо повеќе да се смени во случајот на Даниел.+
18 Потоа царот отиде во својата палата и ја помина ноќта со постење,+ и не дозволи пред него да донесат музички инструменти, и таа ноќ око не склопи.+ 19 А взори, штом се раздени, царот стана и брзо отиде кај лавовската јама. 20 Кога се приближи до јамата, царот го повика Даниел со нажален глас: „Даниеле, слуго на живиот Бог, дали твојот Бог, кому постојано+ му служиш, можеше да те избави од лавовите?“+ 21 А Даниел веднаш му одговори на царот: „Царе, да си жив довека! 22 Мојот Бог+ испрати свој ангел+ и им ја затвори устата на лавовите,+ така што не ми наштетија, зашто пред него се најдов невин,+ а и тебе, царе, не сум ти направил никакво зло“.+
23 Тогаш царот многу се израдува+ и заповеда да го извадат Даниел од јамата. Кога го извадија Даниел од јамата, на него не се најде ни најмала повреда, бидејќи имаше доверба во својот Бог.+
24 Потоа, царот заповеда да ги доведат оние луѓе кои го обвинија Даниел,+ па ги фрлија нив во лавовската јама,+ заедно со нивните синови и нивните жени.+ И уште пред да го допрат дното на јамата, лавовите ги зграпчија и им ги здробија сите коски.+
25 Тогаш цар Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици што живееја по целата земја:+ „Нека ви се умножи мирот!+ 26 Со ова издавам наредба+ луѓето во секое подрачје на моето царство да треперат пред Богот на Даниел и да се бојат од него!+ Зашто, тој е живиот Бог кој останува довека.+ Неговото царство+ нема да пропадне+ и неговата власт ќе трае засекогаш.+ 27 Тој спасува и избавува+ и прави знаци и чуда на небото+ и на земјата,+ зашто тој го спаси Даниел од лавовските шепи“.
28 А Даниел напредуваше во царството на Дариј+ и во царството на Кир Персиецот.+
7 Во првата година на вавилонскиот цар Валтазар,+ Даниел сони сон на својата постела и виденија му поминаа низ главата.+ Тогаш го запиша сонот+ и раскажа за сѐ што виде. 2 Додека раскажуваше, Даниел рече:
„Гледав ноќе во виденија, кога ете, четири небесни ветрови+ го разбрануваа големото море.+ 3 И четири огромни ѕвера+ излегуваа од морето,+ сите различни.+
4 Првиот беше како лав+ и имаше орловски крилја.+ Додека гледав, крилјата му беа искубани, и беше подигнат од земјата+ и поставен на две нозе како човек, и му беше дадено човечко срце.+
5 И гледај, уште еден ѕвер, втор, како мечка.+ Се подигна од едната страна,+ а имаше три ребра во устата, меѓу забите. И му беше кажано: ‚Стани, јади многу месо!‘+
6 Гледав понатаму, и ете, уште еден ѕвер, беше како леопард,+ но на грбот имаше четири птичји крилја. Ѕверот имаше четири глави,+ и му беше дадена власт.
7 Гледав понатаму во ноќните виденија, и ете, четврти ѕвер, страшен, ужасен и необично силен.+ Имаше големи железни заби. Тој голташе и дробеше, а она што остануваше го газеше со нозете. Се разликуваше од сите претходни ѕверови и имаше десет рога.+ 8 Ги набљудував роговите, и гледај, еден друг, мал рог,+ израсна меѓу нив, и три од претходните рогови беа искорнати пред него. И гледај, на тој рог имаше очи како очи на човек и уста што кажуваше фалбаџиски зборови.+
9 Додека гледав, беа поставени престоли+ и Прадревниот+ седна. Облеката му беше бела како снег,+ а косата на главата како чиста волна.+ Престол му беа огнени пламења,+ а тркала — разгорен оган.+ 10 Огнена река течеше и извираше пред него.+ Илјада илјади му служеа,+ десет илјади по десет илјади стоеја пред него.+ Судот+ седна и се отворија книгите.
11 Гледав понатаму поради фалбаџиските зборови што ги кажуваше рогот.+ И додека гледав, ѕверот беше убиен, а неговото тело беше уништено и предадено на разгорениот оган.+ 12 А на останатите ѕверови+ им беше одземена власта, но животот им беше продолжен за едно време и за едно раздобје.+
13 Гледав понатаму во ноќните виденија, кога ете, на небесните облаци+ доаѓаше некој како син човечки.+ Му беше дозволено да му пристапи на Прадревниот,+ и го доведоа пред Него.+ 14 Нему му беа предадени власта,+ честа+ и царството+ за да му служат сите народи, племиња и јазици.+ Неговата власт е вечна власт, која никогаш нема да помине, и неговото царство нема да пропадне.+
15 Јас, Даниел, се вознемирив* поради тоа, а виденијата што ми поминуваа низ главата почнаа да ме плашат.+ 16 Му пристапив на еден од оние што стоеја таму и го замолив да ми каже точно што значи сето тоа.+ И додека ми го откриваше значењето, тој ми рече:
17 ‚Оние четири огромни ѕверови+ ги претставуваат четирите цареви што ќе се издигнат на земјата.+ 18 Но светите слуги+ на Севишниот+ ќе го примат царството, и тие ќе го поседуваат царството+ довека, во сите векови‘.
19 Тогаш посакав да дознаам точно што претставува четвртиот ѕвер, кој се разликуваше од сите други и беше особено страшен, со заби од железо и со шепи од бакар, и голташе и дробеше, а она што ќе останеше го газеше со нозете+ — 20 и што претставуваат десетте рога на неговата глава,+ и другиот рог+ што израсна и пред кого паднаа трите рога,+ оној рог што имаше очи и уста која кажуваше фалбаџиски зборови+ и изгледаше поголем од другите.
21 Гледав понатаму како тој рог војуваше со светите и како ги надвладуваше,+ 22 сѐ додека не дојде Прадревниот+ и не беше донесена пресуда во корист на светите слуги на Севишниот+ и додека не дојде времето светите да го добијат царството во сопственост.+
23 А тој рече вака: ‚Четвртиот ѕвер го претставува четвртото царство кое ќе се појави на земјата и ќе се разликува од сите други царства. Тоа ќе ја проголта целата земја, ќе ја згази и ќе ја здроби.+ 24 А десетте рога значат дека од тоа царство ќе се подигнат десет цареви.+ По нив ќе се подигне уште еден, кој ќе биде поинаков од претходните,+ и ќе понижи три цара.+ 25 Ќе изговара зборови дури и против Севишниот+ и ќе ги угнетува светите слуги на Севишниот.+ Ќе има намера да ги промени времињата+ и законот,+ а светите слуги ќе му бидат предадени во негови раце за едно време и за две времиња и за половина време.+ 26 И Судот седна+ и му ја одзеде власта за да биде сотрен и да биде сосема уништен.+
27 А царството, власта и величието на царствата под целото небо му беа дадени на народот кој го сочинуваат светите слуги на Севишниот.+ Нивното царство е вечно царство,+ и сите власти ќе им служат и ќе им бидат послушни‘.+
28 Овде завршува извештајот. А мене, Даниел, многу ме исплашија моите мисли, и лицето ми пребледе. Но сето тоа го зачував во своето срце“.+
8 Во третата година од царувањето на цар Валтазар,+ мене, Даниел, ми дојде видение по она кое ми се појави во почетокот.+ 2 Почнав да гледам во видението, и додека гледав, се најдов во тврдината Суза,+ која е во покраината Елам.+ Гледајќи понатаму во видението, се најдов на реката Улај.+ 3 Кога ги подигнав очите и погледнав, гледај, покрај реката стоеше овен+ кој имаше два рога. Двата рога беа високи, но едниот беше повисок од другиот, а оној повисокиот израсна подоцна.+ 4 Видов како овенот бодеше кон запад, кон север и кон југ, и ниту еден ѕвер не можеше да му се спротивстави, и немаше кој да избавува од него.+ Правеше што сакаше и се вообрази.
5 И додека набљудував, гледај, еден јарец+ доаѓаше од запад по површината на целата земја, без да ја допре земјата. Јарецот имаше забележлив рог меѓу очите.+ 6 И му се приближуваше на овенот со двата рога, кого го видов како стои покрај реката, и се затрча кон него со силен гнев.
7 Видов како дојде до овенот и, полн со горчина, го нападна, удирајќи го додека не му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила да му се спротивстави. И го собори на земја и го згази, и немаше кој да го избави овенот од него.+
8 А јарецот се вообрази+ преку секоја мера. Но штом стана силен, големиот рог му се скрши, и наместо него израснаа четири забележливи рога свртени кон четирите небесни ветрови.*+
9 Од едниот од нив излезе еден друг, мал рог,+ кој растеше сѐ повеќе кон југ и кон исток и кон Убавината.+ 10 И порасна сѐ до небесната војска,+ така што собори на земја некои од војската и од ѕвездите,+ и ги згази.+ 11 Горделиво се издигна сѐ до Кнезот+ на војската, па му ја одзеде секојдневната жртва,*+ и тој го опустоши утврденото место на неговото светилиште.+ 12 Поради престапот,+ на крајот беше предадена и војската+ заедно со секојдневната жртва.+ И тој ја соборуваше вистината+ на земја,+ и успеваше во тоа што го правеше.+
13 И чув како еден од светите+ зборува, а еден друг од светите му рече на оној што зборуваше: „До кога ќе трае видението за секојдневната жртва,+ и за престапот поради кој се пустоши+ и поради кој се газат светото место и војската?“+ 14 А тој ми рече: „Додека не поминат две илјади и триста вечери и утра. Потоа светото место сигурно ќе биде доведено во исправна состојба“.+
15 И додека јас, Даниел, го гледав видението и барав да го разберам,+ гледај, пред мене застана некој што личеше на човек.+ 16 И зачув глас од човекот кој беше сред Улај,+ кој повика: „Гавриеле,+ објасни му го видението!“+ 17 И тој дојде таму каде што стоев, но кога дојде, се уплашив и паднав ничкум. А тој ми рече: „Разбери,+ сине човечки,+ дека ова видение се однесува на времето на крајот“.+ 18 И додека зборуваше со мене, цврсто заспав со лицето на земја.+ Тогаш ме допре и ме исправи на местото каде што стоев.+ 19 Потоа рече: „Еве, ќе ти кажам што ќе се случи во завршниот период од осудата, зашто тоа се однесува на одреденото време на крајот.+
20 Овенот што го виде, кој имаше два рога, ги претставува царевите на Медија и Персија.+ 21 Рунтавиот јарец го претставува царот на Грција,+ а големиот рог што му беше меѓу очите го претставува првиот цар.+ 22 А тоа што тој рог се скрши, па наместо него израснаа четири рога,+ значи дека од неговиот народ ќе се подигнат четири царства, но нема да ја имаат неговата моќ.
23 И кон крајот на нивното царување, кога престапниците ќе ја навршат мерата, ќе се подигне цар со сурово лице, кој разбира нејасни изјави.+ 24 Тој ќе стекне голема моќ, но не со сопствената сила.+ Ќе пустоши+ на зачудувачки начин и ќе биде успешен и делотворен. И ќе ги уништува моќните и народот на светите.+ 25 Поради неговата проникливост, измамата ќе успева во негова рака.+ Во своето срце ќе се возгордее,+ и во мирно време+ ќе уништи мнозина. И ќе стане против Кнезот над кнезовите,+ но ќе биде скршен,+ и тоа не со човечка рака.
26 Она што е речено во видението за вечерта и за утрото е вистинито.+ А ти, запечати го видението, зашто треба да се исполни по многу денови“.+
27 Тогаш јас, Даниел, се почувствував сосема исцрпен и боледував неколку дена.+ Потоа станав за да ги извршувам работите на царот,+ но и понатаму бев збунет поради виденијата, и немаше кој да го разбере тоа.+
9 Во првата година на Дариј,+ синот на Ахасвер, од родот на Медијците,+ кој беше поставен за цар над царството на Халдејците,+ 2 во првата година на неговото царување, јас, Даниел, го разбрав од книгите бројот на годините кои, според речта што Јехова му ја упати на пророкот Еремија,+ требаше да се навршат над опустошениот Ерусалим,+ имено седумдесет години.+ 3 И го свртив лицето кон Јехова, вистинскиот Бог, за да го барам со молитва+ и со сесрдни молби, со пост, во козина и во пепел.+ 4 И почнав да му се молам на Јехова, мојот Бог, и да му се исповедам велејќи:+
„О Јехова, Боже вистински, ти си велик+ и влеваш страв, го чуваш сојузот+ и им покажуваш милост*+ на оние што те сакаат и ги држат твоите заповеди,+ 5 а ние згрешивме,+ постапивме погрешно, направивме зло и се побунивме.+ Отстапивме од твоите заповеди и од твоите закони.+ 6 И не ги слушавме твоите слуги, пророците,+ кои во твое име им зборуваа на нашите цареви, на нашите кнезови, на нашите прататковци и на сиот народ.*+ 7 Во тебе, Јехова, е праведноста, а овој денешен срам е на нашето лице,+ на синовите на Јуда, на жителите на Ерусалим и на сите Израелци, на оние што се близу и на оние што се далеку во сите земји во кои ги расеа поради неверството што ти го направија.+
8 О Јехова, срамот ни е на лицето нам, на нашите цареви, на нашите кнезови и на нашите прататковци, зашто ти згрешивме.+ 9 Во тебе Јехова, Боже наш, се милосрдноста+ и простувањето,+ зашто се побунивме против тебе.+ 10 И не го послушавме гласот твој, Јехова, Боже наш, за да живееме* според законите твои што ни ги даде преку раката на твоите слуги, пророците.+ 11 Сиот Израел го престапи твојот закон и отстапи не слушајќи го твојот глас,+ и затоа врз нас ти излеа проклетство и клетва,+ како што е напишано во законот на Мојсеј, слугата на вистинскиот Бог, зашто ти згрешивме. 12 И ги исполни зборовите што ги изговори против нас+ и против нашите судии, кои ни судеа,+ пуштајќи голема неволја врз нас, каква што не се случила под целото небо како што се случи во Ерусалим.+ 13 Како што е и напишано во законот на Мојсеј,+ сета таа неволја дојде врз нас,+ а ние не го смилостививме* лицето твое, Јехова, Боже наш, бидејќи не се одвративме од своите престапи+ и покажавме дека не разбираме колку си ѝ верен на вистината.+
14 А ти, Јехова, ја чуваше неволјата и на крајот ја доведе врз нас,+ зашто ти, Јехова, Боже наш, си праведен во сите свои дела што ги правиш, а ние не го послушавме твојот глас.+
15 А сега, о Јехова, Боже наш, кој со силна рака+ го изведе својот народ од египетската земја и си стекна за себе име какво што имаш денес,+ згрешивме,+ правевме зло. 16 Те молам, Јехова, поради сите твои праведни дела,+ одврати ги својот гнев и својата јарост од својот град Ерусалим, од својата света гора,+ бидејќи, поради нашите гревови и поради престапите на нашите прататковци,+ сите што се околу нас ги срамотат Ерусалим и твојот народ.+ 17 А сега послушај ја, о Боже наш, молитвата на својот слуга и неговите сесрдни молби, и нека светне лицето твое+ над твоето опустошено светилиште+ — поради тебе, Јехова! 18 Приклони го своето уво, Боже мој, и слушај!+ Отвори ги своите очи и види го нашиот пустош и градот што го носи твоето име.+ Зашто, нашите сесрдни молби не ти ги упатувавме поради нашите праведни дела,+ туку поради твоето големо милосрдие.+ 19 О Јехова, слушни!+ Јехова, прости!+ О Јехова, оѕвиј се и помогни ни!+ Не колебај се,+ поради себе, Боже мој, зашто твојот град и твојот народ го носат твоето име“.+
20 Додека уште зборував, се молев и го исповедував мојот грев+ и гревот на мојот народ Израел+ и му ја упатував на Јехова, мојот Бог, молбата за милост за светата гора+ на мојот Бог, 21 и додека уште ја изговарав молитвата, оној човек Гавриел,+ кого го видов во видение на почетокот,+ исцрпен од умор, дојде кај мене кога се принесуваше вечерниот жртвен дар.+ 22 И ми се обрати за да ми помогне да го разберам* сето тоа, велејќи:
„Даниеле, дојдов за да спознаеш* сѐ и да разбереш.+ 23 Кога почна да се молиш, излезе реч, и јас дојдов да ти ја јавам, зашто ти си Божји љубимец.+ Затоа внимавај+ на речта и разбери го видението.
24 Седумдесет седмици му се определени на твојот народ+ и на твојот свет град+ додека да се прекине престапот,+ да му се стави крај на гревот,+ да се исчисти грешката,+ да се воведе вечна праведност,+ да се стави печат+ на видението и на пророците и да се помаже Светињата над светињите.+ 25 Затоа знај и разбери дека од часот кога ќе излезе речта+ да се обнови и повторно да се изгради Ерусалим+ па до Месијанскиот+ Водач+ ќе поминат седум седмици, и уште шеесет и две седмици.+ Градот ќе биде вратен и ќе биде повторно изграден со плоштад и со окоп, но во тешко време.
26 А по шеесет и двете седмици, Месијата ќе биде погубен+ и ништо нема да му остане.+
А градот и светото место+ ќе ги уништи народот на еден водач што доаѓа.+ И крајот на сето тоа ќе биде со поплава. И до крајот ќе има војна. Одредено е да има пустошење.+
27 И тој за мнозина+ ќе го задржи сојузот+ во сила за една седмица, а во половината од седмицата ќе ги укине жртвата и жртвениот дар.+
И на крилото на гадотијата ќе дојде оној што пустоши.+ И сѐ до истребувањето, она што е одредено ќе се излева и врз оној што лежи опустошен“.+
10 Во третата година на персискиот цар Кир,+ на Даниел, наречен Валтазар,+ му беше дадена една објава. Објавата беше вистинита, а беше во врска со еден голем воен поход.+ И тој ја разбра објавата и го сфати видението.+
2 Во тие денови, јас, Даниел, тагував+ цели три седмици. 3 Од вкусниот леб не јадев, ни месо ни вино не ставив в уста и не се мачкав со масло додека не се навршија трите седмици.+ 4 А на дваесет и четвртиот ден од првиот месец, кога бев на брегот на големата река, реката Хидекел,*+ 5 ги подигнав очите, и гледај, таму беше еден човек облечен во ленена облека,+ со бедра+ опашани со злато од Уфаз.+ 6 Телото му беше како камен хризолит,+ лицето му изгледаше како молња,+ очите како запалени факли,+ рацете и нозете како светнат бакар,+ а гласот на неговите зборови беше како глас на мноштво. 7 Единствено јас, Даниел, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа.+ Но ги обзеде голем страв, па избегаа за да се скријат.
8 А јас останав сам и го видов тоа големо видение. И во мене не остана сила. Сосема премалев и веќе немав сила.+ 9 И го чув гласот на неговите зборови. А додека го слушав гласот на неговите зборови, цврсто заспав+ со лицето на земја.+ 10 И гледај, една рака ме допре,+ ме затресе и ми помогна да се поткренам на колената и на дланките. 11 И тој ми рече:
„Даниеле, љубимецу Божји,+ разбери ги зборовите што ти ги кажувам,+ и застани тука каде што си, зашто сега сум испратен кај тебе“.
И кога ми го кажа тоа, јас, растреперен, станав.
12 Потоа ми рече: „Не плаши се,+ Даниеле, зашто од првиот ден кога го насочи своето срце за да разбереш+ и кога се понизи пред својот Бог,+ твоите зборови беа услишени, и јас дојдов поради твоите зборови.+ 13 Но кнезот+ на персиското царство+ ми стоеше на патот+ дваесет и еден ден, но гледај, Михаел,*+ еден од највисоките кнезови,+ ми дојде на помош. А јас останав таму кај персиските цареви.+ 14 И дојдов за да разбереш што ќе му се случи на твојот народ+ во последните денови,+ бидејќи тоа е видение+ за деновите што треба допрва да дојдат“.+
15 А додека тој ми ги кажуваше тие зборови, го наведнав лицето кон земјата+ и занемев. 16 И гледај, оној што беше сличен на синовите човечки ми ги допре усните,+ и јас ја отворив устата за да зборувам,+ и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господару мој,+ поради видението, голем немир ме обзеде однатре и останав без сила.+ 17 И како твојот слуга, господару, би можел да зборува со тебе, со својот господар?+ Во мене сега нема сила и здив не остана во мене“.+
18 Тогаш повторно ме допре оној што изгледаше како човек и ме зајакна.+ 19 Потоа рече: „Не плаши се,+ љубимецу Божји!+ Имај мир!+ Биди силен, охрабри се!“+ И штом почна да ми зборува, собрав сила, па реков: „Нека зборува мојот господар,+ зашто ме зајакна“.+ 20 Тогаш рече:
„Знаеш ли зошто дојдов кај тебе? А сега ќе се вратам за да се борам со кнезот на Персија.+ И кога ќе отидам, гледај, ќе дојде и кнезот на Грција.+ 21 Но ќе ти кажам што е запишано во книгата на вистината,+ и знај дека нема друг што ми дава голема поддршка во ова, освен Михаел,+ вашиот кнез.+
11 А јас, во првата година на Дариј Медиецот,+ станав за да му бидам сила и тврдина. 2 А сега ќе ти ја откријам вистината:+
„Еве, ќе станат уште три персиски цареви,+ и четвртиот+ ќе насобере повеќе богатство отколку сите други.+ И штом ќе се засили поради своето богатство, ќе подигне сѐ против грчкото царство.*+
3 Тогаш ќе се подигне силен цар, и ќе владее со голема власт+ и ќе прави сѐ по своја волја.+ 4 А кога ќе се подигне,+ неговото царство ќе се разбие и ќе се раздели кон четирите небесни+ ветрови,*+ но не меѓу неговите потомци,+ и нема повеќе да има таква власт со каква што владееше тој, бидејќи неговото царство ќе биде откорнато од корен и предадено на други, а не ним.
5 Тогаш ќе се засили царот на југот, односно еден од неговите кнезови. Но оној што ќе го надвладее него, ќе завладее со голема власт и ќе има поголема моќ од неговата.
6 И по неколку години тие ќе се здружат, и ќерката на царот на југот ќе дојде кај царот на северот за да склучат рамноправна спогодба. Но таа нема да ја задржи силата на својата рака.+ Ни тој нема да се одржи, а ни неговата рака, туку ќе биде предадена и таа и оние што ја доведоа и нејзиниот родител и оној преку кого таа во тоа време ќе биде моќна. 7 Но еден подник+ од нејзиниот корен ќе се подигне на негово место, и ќе дојде кај војската, и ќе удри на тврдината на царот на северот, па ќе настапи против нив и ќе ги надвладее. 8 И ќе дојде во Египет со нивните богови,+ со нивните леани ликови, со нивните драгоцени предмети од сребро и злато и со заробеници. И неколку години ќе се држи понастрана од царот на северот.
9 А овој ќе влезе во царството на царот на југот, и ќе се врати во својата земја.
10 Но неговите синови ќе се подготват за војна и ќе соберат голема војска. И тој ќе дојде и незапирливо ќе напредува и ќе преплави сѐ и ќе помине. Ќе се врати, и ќе војува сѐ до тврдината што му припаѓа нему.
11 А царот на југот ќе се разгневи, ќе излезе и ќе се бори со него, со царот на северот. А овој ќе подигне големо мноштво, но тоа мноштво ќе биде предадено во раката на првиот.+ 12 И мноштвото ќе биде одведено. Неговото срце ќе се вообрази+ и тој ќе собори десетици илјади, но нема да ја искористи својата силна положба.
13 А царот на северот ќе се врати и ќе подигне мноштво поголемо од она првото. И по некое време, по неколку години, тој ќе дојде, и тоа со голема војска+ и со силна опрема.+ 14 И во тоа време мнозина ќе станат против царот на југот.
И разбојничките синови од твојот народ ќе бидат наведени да се обидат да го исполнат видението,+ но ќе паднат.+
15 И ќе дојде царот на северот, па ќе подигне опсаден насип+ и ќе го освои утврдениот град. И рацете на југот нема да одолеат, како ни неговите избрани луѓе. Ќе немаат сила да се спротивстават. 16 Оној што ќе дојде против него ќе прави што сака и никој нема да му се спротивстави. И ќе застане во земјата Убавина,+ и во неговата рака ќе има истребување.+ 17 И цврсто ќе реши да дојде со силата на целото свое царство, но со него ќе биде склучена рамноправна спогодба,+ и тој успешно ќе дејствува.+ И ќе му ја дадат ќерката за да ја упропасти. А таа нема да се одржи и нема да остане негова.+ 18 Тогаш ќе го сврти лицето кон приморските земји*+ и многу од нив ќе освои. Но еден заповедник ќе му стави крај на срамот што овој му го нанесува, така што срамотењата негови ќе ги нема повеќе. Ќе му го врати неговиот срам. 19 А овој ќе го сврти лицето назад кон тврдините на својата земја, и ќе се сопне и ќе падне, и ќе го нема повеќе.+
20 И на негово место ќе се издигне оној+ што низ прекрасното царство ќе го испрати оној што собира данок,+ но за неколку дена ќе биде скршен, и тоа без гнев и без војување.
21 И на негово место ќе се издигне човек достоен за презир,+ кому нема да му се укаже царска чест. Тој ќе дојде во мирно време+ и ќе дојде до царството со ласкање.+ 22 А рацете+ што поплавуваат како порој ќе бидат поплавени и скршени пред него,+ како и+ Водачот+ на сојузот.+ 23 И бидејќи тие ќе се здружат со него, тој ќе мами, ќе се подигне и ќе стане моќен со помош на мал народ.+ 24 Во мирно време+ ќе влезе во најдобриот дел од покраината и ќе го прави она што не го правеле ниту неговите татковци ниту татковците на неговите татковци. Пленот, грабежот и богатството ќе ги подели меѓу нив, и ќе прави сплетки против утврдени места,+ но само за некое време.
25 И со голема војска ќе ја подигне својата сила и своето срце против царот на југот. А царот на југот ќе се подготви за војна со особено голема и моќна војска. Но нема да опстане, бидејќи против него ќе направат сплетки. 26 И оние што јадат на неговата маса ќе го доведат до пропаст.
А неговата војска ќе биде однесена од поплава, и мнозина ќе паднат убиени.
27 И срцата на овие два цара ќе смислуваат зло, и на една маса+ ќе зборуваат лага.+ Но ништо нема да успее,+ бидејќи крајот ќе биде токму во времето одредено за тоа.+
28 И тој ќе се врати во својата земја со големо богатство, и срцето ќе му биде против светиот сојуз.+ И успешно ќе дејствува+ и ќе се врати во својата земја.
29 Во времето што е одредено,+ тој пак ќе тргне и ќе појде против југот,+ но овојпат нема да биде како првиот пат. 30 Против него ќе дојдат китимските бродови,+ и тој ќе падне со духот.
Но ќе се врати и ќе фрла обвиненија+ на светиот сојуз+ и успешно ќе дејствува. И ќе мора да се врати и ќе се спогоди со оние што го оставаат светиот сојуз. 31 И ќе станат рацете што тој ги испраќа, па ќе го осквернат светилиштето,+ тврдината, и ќе ја укинат секојдневната жртва.+
И ќе ја постават гадотијата+ која пустоши.+
32 А тој со ласкави зборови+ ќе ги доведе до отпадништво+ оние што дејствуваат злобно против сојузот.+ Но народот што го познава својот Бог+ ќе надвладее+ и успешно ќе дејствува. 33 Оние од народот што се разборити*+ ќе поучуваат мнозина.+ Но неколку дена ќе паѓаат од меч и од пламен, од ропство и од грабежи.+ 34 А кога ќе паѓаат, ќе добијат мала помош,+ и мнозина ќе им се придружат лицемерно.+ 35 А некои од оние што се разборити ќе паѓаат+ за да бидат пречистени,* за да бидат очистени и избелени+ до времето на крајот,+ зашто тоа сѐ уште треба да се случи во времето што е одредено.+
36 И царот ќе постапува како што ќе сака, ќе се возвишува и ќе се издига над секој бог,+ и против Богот над боговите+ ќе кажува зачудувачки зборови. И ќе биде успешен во она што ќе го прави додека потполно не се изврши осудата,+ зашто она што е одредено мора да се изврши. 37 Тој нема да се обѕира на Богот на своите татковци. Нема да се обѕира ниту на желбата на жените ниту на кој и да е друг бог, туку самиот себеси ќе се издигнува над сите.+ 38 А на своето место ќе го слави богот на тврдините. И богот кого неговите татковци не го познаваа ќе го слави со злато, со сребро, со скапоцени камења и со други драгоцености. 39 И со помош на туѓ бог успешно ќе дејствува против најсилните тврдини. Сите што ќе го признаат тој ќе ги опсипе со слава и ќе им даде да владеат над мнозина, и ќе ја дели земјата за одредена цена.
40 А во времето на крајот, царот на југот+ ќе се препира со него, и царот на северот ќе навали врз него со коли и коњаници и со многу бродови. И ќе навлезе во земјите, ќе ги преплави и ќе помине низ нив. 41 Ќе влезе+ и во земјата Убавина,+ и многу земји ќе паднат.+ Но од негова рака ќе се извлечат овие: Едом, Моав+ и најистакнатите синови на Амон. 42 И тој ќе посегнува со рака по земјите, и египетската+ земја нема да се извлече. 43 Тој ќе владее со скриените златни и сребрени богатства и со сите драгоцености на Египет. А Либијците и Етиопјаните ќе одат по неговите стапки.
44 Но ќе го вознемират+ вести од исток+ и од север, и ќе излезе многу гневен за да истреби и да погуби* мнозина.+ 45 И ќе ги постави своите дворски шатори меѓу големото море и светата гора на Убавината.+ Но, ќе му дојде крајот,+ и ќе нема кој да му помогне.+
12 Во тоа време ќе стане Михаел,*+ големиот кнез,+ кој стои+ и им помага на синовите на твојот народ.+ И ќе дојде време на неволја каква што немало откако постои народ, па до тоа време.+ Во тоа време твојот народ ќе се избави,+ секој што ќе се најде запишан во книгата.+ 2 И мнозина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат,+ едни за вечен живот,+ а други за срам и за вечно гнасење.+
3 Оние што се разборити* ќе блескаат како сјајниот небесен свод,+ и оние што доведуваат мнозина до праведност+ ќе сјаат како ѕвездите довека, во сета вечност.
4 А ти, Даниеле, затвори ги* овие зборови и запечати ја книгата+ до времето на крајот!+ Многумина ќе пребаруваат, и вистинското знаење ќе се умножи“.+
5 Тогаш јас, Даниел, погледнав, и гледај, стоеја други двајца,+ едниот на овој брег од реката, а другиот на оној брег од реката.+ 6 И едниот од нив му рече на човекот облечен во ленена облека,+ кој беше над водите на реката: „Кога ќе биде крајот на овие чудеса?“+ 7 И го чув човекот облечен во ленена облека, кој беше над водата во реката. Подигајќи ги кон небото десната и левата рака, се заколна+ во оној што живее вечно:+ „Тоа ќе биде за едно време, за две времиња и за половина време.+ Штом ќе заврши разбивањето на силата на светиот народ,+ ќе се заврши и сето ова“.
8 А јас го чув тоа, но не го разбрав.+ Затоа реков: „Господару мој, каков ќе биде крајот на ова?“+
9 А тој рече: „Оди, Даниеле, зашто овие зборови се тајна и запечатени се до времето на крајот.+ 10 Мнозина ќе се очистат,+ ќе се избелат+ и ќе се пречистат.+ А злите ќе прават зло,+ и ниту еден зол нема да го разбере тоа,+ но ќе разберат оние што се разборити.+
11 А од времето кога ќе биде укината+ секојдневната жртва+ и кога ќе биде поставена гадотијата+ која пустоши, ќе бидат илјада двесте и деведесет дена.
12 Среќен е+ оној што стрпливо чека и ќе дочека илјада триста триесет и пет дена!
13 А ти оди кон својот крај.+ Ќе почиваш,+ но на крајот од деновите ќе станеш за да го добиеш своето наследство“.+
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „духот му се вознемири“.
Или: „астролозите“.
Види ја фуснотата за Езр 8:36.
Или: „искажете му почит; извршете чин на обожавање“.
Или: „ги наклеветија Евреите“. Буквално: „јадеа делчиња [месо откинато од телото] од Евреите“.
Или: „астролозите“.
Или: „лунарни месеци“. Види го додатокот 14.
Буквално: „што одат во вообразеност“.
Или: „дедо“.
Или: „астролозите“.
Буквално: „светлина“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „со духот“.
Буквално: „и духот му се стврдна“.
Или: „внуче“.
Буквално: „мина, мина, сикел и половина сикли“. Арамејски: Мене́ Мене́ Теке́л уФарси́н. Фарси́н е множина од Пере́с што значи „половина сикел“.
„МЕНЕ: Бог ги изброи“ — арамејски: Мене́ мена- Елаха́.
Или: „го напушти“.
„ТЕКЕЛ: измерен“ — арамејски: Теке́л теки́лта.
„ФЕРЕС: твоето царство е разделено“ — арамејски: Пере́с периса́т малкута́х. Пере́с е еднина од Парси́н. Спореди ја фуснотата за 25. стих.
„На Медијците и Персијците“ — арамејски: леМадаи́ уФара́с. На арамејски јазик зборот „на Персијците“ ги има истите три согласки како и зборот Пере́с.
Види ја фуснотата за Езр 8:36.
Буквално: „дух“.
Буквално: „духот ми се вознемири“.
Или: „четирите страни на светот“.
Или: „редовната (постојана) жртва“.
Или: „им покажуваш лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Види ја фуснотата за Езе 7:27.
Буквално: „одиме“.
Буквално: „омекнавме“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Хебрејско име за Тигар.
„Михаел“ значи „кој е како Бог?“
Буквално: „јаванското“.
Или: „четирите страни на светот“.
Или: „кон островите“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „за да се изврши прочистување заради нив“.
Или: „и да погуби како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Види ја фуснотата за Да 10:13.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Или: „затвори ги како тајна“.