Осија*
1 Јеховината реч+ што му дојде на Осија,+ синот на Веири, во деновите+ на Озија,+ Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ цареви на Јуда, и во деновите на Јеровоам,+ синот на Јоас,+ царот на Израел. 2 Јеховината реч почна да доаѓа преку Осија. Јехова му рече на Осија: „Оди,+ ожени се со жена која ќе направи блуд и ќе роди деца од блуд, зашто поради блуд земјата ќе се одврати од Јехова“.+
3 И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која забремени и му роди син.+
4 Тогаш Јехова му рече: „Стави му име Језраел,+ зашто уште малку и ќе побарам сметка од домот на Јуј за крвопролевањето во Језраел*+ и ќе му ставам крај на царувањето на домот на Израел.+ 5 Во тој ден ќе го скршам лакот+ на Израел во језраелската долина“.
6 И таа пак забремени и роди ќерка. А Бог му рече: „Стави ѝ име Ло-Рухама,*+ зашто нема повеќе да бидам милостив+ кон домот на Израел, туку ќе го протерам.+ 7 Но ќе бидам милостив кон домот на Јуда+ и ќе ги спасам јас, Јехова, нивниот Бог.+ Нема да ги спасам ниту со лак, ниту со меч, ниту со војна, ниту со коњи, ниту со коњаници“.+
8 А кога ја одби од градите Ло-Рухама, забремени и роди син. 9 И Бог рече: „Стави му име Ло-Амиј,* зашто вие не сте мој народ и јас нема да бидам ваш Бог.
10 Синовите Израелови ќе бидат бројни како песокта морска што не може ниту да се измери ниту да се изброи.+ И на местото каде што некогаш им се велеше: ‚Вие не сте мој народ‘,+ ќе бидат наречени ‚Синови на живиот Бог‘.+ 11 Ќе се соберат синовите на Јуда и синовите на Израел и ќе се обединат,+ па ќе си постават еден поглавар и ќе заминат од земјата,+ зашто голем ќе биде језраелскиот ден.+
2 Викајте ги браќата свои: ‚Мој народ!‘+ и сестрите свои: ‚Ти си онаа на која ѝ е покажана милост!‘+ 2 Водете парница против својата мајка,+ водете парница, зашто таа не ми е жена+ и јас не сум ѝ маж.+ Нека го отфрли блудот свој од себе и прељубодејствата што ѝ се меѓу градите+ 3 за да не ја соблечам гола+ и да не направам да биде како во денот кога се родила,+ за да не направам од неа пустина+ и безводна земја+ и за да не ја усмртам со жед.+ 4 Спрема нејзините синови нема да бидам милостив,+ зашто се синови од блуд.+ 5 Нивната мајка врши блуд.+ Онаа што ги носеше во утробата прави срамотни+ дела, зашто вели: ‚Одам по своите љубовници,+ кои ми ги даваат мојот леб и мојата вода, мојата волна, мојот лен, моето масло и мојот пијалак‘.+
6 Затоа ќе ѝ го заградам патот со плот од трње. Ќе подигнам каменен ѕид околу неа,+ па нема да си ги пронајде своите патишта.+ 7 И ќе трча по своите љубовници, но нема да ги стигне.+ Ќе ги бара, но нема да ги најде. И ќе рече: ‚Ќе одам и ќе му се вратам на првиот маж,+ зашто тогаш ми беше подобро отколку сега‘.+ 8 Но не сакаше да признае+ дека јас ѝ давав жито+ и вино* и масло, и дека јас ѝ го умножував среброто и златото, кое го користеа за Ваал.+
9 Затоа и јас ќе постапам поинаку и ќе си го земам житото кога ќе му дојде времето, и виното — кога ќе дојде часот за тоа,+ и ќе ѝ ја одземам мојата волна и мојот лен со кои си ја покриваше голотијата.+ 10 И пред очите на нејзините љубовници ќе ја откријам нејзината голотија+ и никој не ќе може да ја истргне од мојава рака.+ 11 Ќе ѝ ставам крај на сета нејзина радост,+ на нејзиниот празник,+ на нејзините млади месечини,+ на нејзиниот ден за одмор* и на сите нејзини свечености. 12 Ќе ја опустошам нејзината лоза+ и смоква+ за кои велеше: ‚Тоа се подароци што ги добив од моите љубовници‘. Ќе ги претворам во шума,+ и полските животни ќе ги изедат. 13 Ќе ја повикам на одговорност+ за деновите кога на ликовите на Ваал+ им гореше приноси,+ кога се украсуваше со обетки и со друг накит+ и одеше по своите љубовници,+ а мене ме заборави,+ вели Јехова.
14 Затоа ќе ја придобијам, ќе ја одведам во пустината+ и љубезно ќе зборувам со неа.+ 15 И ќе ѝ ги дадам нејзините лозја за да бидат повторно нејзини,+ и долината Ахор*+ како врата на надежта. А таа ќе ми се оѕвие таму како во деновите на својата младост+ и како во оној ден кога излезе од египетската+ земја. 16 Во тој ден, вели Јехова, ќе ме викаш: ‚Мажу мој!‘ и нема повеќе да ме викаш: ‚Господару мој!‘+
17 Ќе ги отстранам имињата на ликовите на Ваал од нејзината уста+ и нема повеќе да се спомнуваат по име.+ 18 Заради својот народ, во тој ден ќе склучам сојуз со полските животни,+ со небесните птици и со суштествата што лазат по земјата, и ќе ги скршам лакот и мечот и ќе ја отстранам војната од земјата+ и ќе им дадам да почиваат без страв.+ 19 Со свршувачка ќе те врзам за себе за навек,+ со свршувачка ќе те врзам за себе во праведност, во правда, во милост* и во милосрдност.+ 20 Со свршувачка ќе те врзам за себе во верност, и ќе ме познаваш мене, Јехова.+
21 И во тој ден ќе одговорам, вели Јехова, ќе им одговорам на небесата, а тие ќе ѝ одговорат на земјата,+ 22 земјата ќе им одговори на житото+ и на виното и на маслото, а тие ќе му одговорат на Језраел.*+ 23 И ќе ја посеам за себе како семе по земјата+ и ќе бидам милостив кон онаа на која не ѝ беше покажана милост*+ и ќе им речам на оние што не се мој народ:* ‚Ти си мој народ‘,+ а тие ќе речат ‚Ти си мој Бог!‘ “+
3 Потоа Јехова ми рече: „Оди и повторно сакај ја жената која друг ја сака+ и која врши прељуба, како што Јехова ги сака синовите на Израел,+ додека тие се свртуваат кон други богови+ и со задоволство им принесуваат суво грозје“.+
2 И ја купив за петнаесет сребреници+ и за гомер* и пол јачмен. 3 Потоа ѝ реков: „Многу денови ќе живееш како моја жена.+ Не смееш да вршиш блуд+ и да легнеш со друг човек,+ а нема ни јас да легнам со тебе“.
4 Зашто, многу денови синовите на Израел ќе живеат без цар,+ без кнез, без жртва,+ без обреден столб, без свештенички ефод+ и без домашни идоли.+ 5 Потоа синовите на Израел ќе се вратат и ќе го бараат Јехова, својот Бог,+ и Давид, својот цар,+ и со трепет ќе дојдат кај Јехова+ и кај неговата доброта во последните денови.+
4 Послушајте ја Јеховината реч, синови на Израел! Јехова води парница против жителите на земјата,+ зашто во земјата нема ни вистина,+ ни добрина,* ниту знаење за Бог.+ 2 Клетвите,+ измамите,+ убиствата,+ кражбите+ и прељубите+ зедоа замав, и едно крвопролевање го стигнува другото.+ 3 Затоа земјата ќе тагува,+ ќе премалат сите нејзини жители и полските животни и небесните птици, дури и рибите во морето ќе изгинат.+
4 „Но никој да не се препира+ и никој никого да не укорува, зашто твојот народ е како оние што се препираат со свештеник.+ 5 Дење ќе се сопнуваш,+ а и пророкот ќе се сопнува со тебе, како да е ноќе.+ И твојата мајка ќе ја погубам.*+ 6 Мојот народ ќе изгине,* зашто нема знаење.+ Поради тоа што ти го отфрли знаењето,+ јас ќе те отфрлам тебе за повеќе да не ми служиш како свештеник.+ И поради тоа што го забораваш законот на својот Бог,+ јас ќе ги заборавам твоите синови.+ 7 Колку повеќе ги има, толку повеќе ми грешат.+ Мојата слава ја заменија со срам.+ 8 Се хранат со гревот на мојот народ и душата им копнее по неговиот престап.+
9 Затоа на народот ќе му биде исто како и на свештеникот.+ Ќе се пресметам со нив поради нивните патишта+ и нивните дела ќе им ги фрлам на нивна глава.+ 10 Ќе јадат, но нема да се наситат.+ Ќе блудствуваат со жени, но нема да се намножат,+ зашто престанаа да го слушаат Јехова.+ 11 Блудството, виното и ширата го поматуваат разумот.*+ 12 Мојот народ го прашува за совет својот дрвен+ идол, стапот што го држи во раката му зборува. Зашто, духот на блудот ги заведе, па лутаат,+ и со своето блудство се одметнуваат од својот Бог.+ 13 Принесуваат жртви на планинските врвови+ и горат приноси по ридовите,+ под дрвјата стиракс и под другите дрвја, зашто е добра нивната сенка.+ Затоа ќерките ваши вршат блуд и снаите ваши прават прељуба.
14 Нема да барам сметка од вашите ќерки поради нивниот блуд и од вашите снаи поради нивната прељуба. Зашто, мажите одат насамо со блудниците,+ и со храмските блудници+ принесуваат жртви. А народот што нема никакво разбирање+ ќе биде згазен. 15 Ако вршиш блуд, ти Израеле,+ нека не биде виновен и Јуда!+ Не доаѓајте во Гилгал,+ не одете во Вет-Авен+ и не заколнувајте се: ‚Како што е жив Јехова!‘+ 16 Зашто, Израел стана тврдоглав+ како тврдоглава крава. Ќе ги пасе ли сега Јехова како што се пасе млад овен на широко место? 17 Ефрем се здружил со идолите.+ Остави го!+ 18 Кога ќе завршат со пијанчењето,*+ се оддаваат на блуд.+ Неговите заштитници+ сакаат срамотни дела.+ 19 Ветрот ги зафати со своите крилја.+ Народот ќе се засрами од своите жртви.“+
5 „Чујте го ова, свештеници!+ Внимавај, доме Израелов! Послушај, доме царев!+ Вам ви се суди, зашто станавте замка+ во Миспа и мрежа оптегната над Тавор.+ 2 Во колеж загазија оние што отпаѓаат од правиот пат,+ а јас сите нив ги опоменував.+ 3 Јас го познавам Ефрем,+ и Израел не е скриен од мене.+ Зашто, ти, Ефреме, со жени блудствуваш!+ Израел се извалка.+ 4 Нивните дела не им дозволуваат да му се вратат на својот Бог,+ зашто духот на блудот+ е меѓу нив, а за Јехова не им е грижа.+ 5 Со својата гордост Израел самиот се обвинува в лице.+ Израел и Ефрем се спрепнуваат во својот престап,+ а и Јуда се спрепнува со нив.+ 6 Со својата ситна и крупна стока отидоа да го бараат Јехова, но не го најдоа.+ Тој се оддалечи од нив. 7 Го изневерија Јехова,+ зашто им станаа татковци на туѓи синови.+ Затоа, за еден месец ќе бидат проголтани заедно со својот имот.+
8 Затрубете во рог+ во Гаваја,+ во труба во Рама! Викнете како во војна во Вет-Авен+ — по тебе, Венијамине!+ 9 Над тебе, Ефреме, ќе се згрозуваат луѓето во денот кога ќе бидеш казнет.+ Меѓу племињата на Израел објавив верни зборови.+ 10 Кнезовите на Јуда станаа како оние што поместуваат меѓа.+ Врз нив ќе го излеам својот гнев како вода. 11 Ефрем е угнетен, со право е згазен,+ зашто по своја волја застана покрај својот противник.+ 12 А јас му станав на Ефрем како молец+ и на домот на Јуда како гнилеж.
13 Ефрем ја виде својата болест, и Јуда — чирот свој.+ Ефрем отиде во Асирија+ и му се обрати на големиот цар.+ Но тој не можеше ниту да ве излекува+ ниту да ви го отстрани чирот со некаков лек.+ 14 Зашто, ќе му бидам на Ефрем како млад лав,+ како граблив млад лав на домот на Јуда. Јас, јас ќе ги раскинам и ќе отидам, ќе ги однесам и не ќе има кој да ги спаси.+ 15 Ќе отидам и ќе се вратам на моето место додека не платат за својата вина,+ и ќе го бараат моето лице.+ Кога ќе се најдат во неволја,+ ќе ме бараат.“+
6 „Дојдете, да му се вратиме на Јехова,+ зашто тој нѐ растргна,+ тој и ќе нѐ излекува.+ Тој нѐ удираше, тој и ќе ни ги преврзе раните.+ 2 Ќе нѐ оживее по два дена.+ На третиот ден ќе нѐ подигне, и ќе живееме пред него.+ 3 Тогаш ќе го запознаеме Јехова и ќе се трудиме да го запознаеме уште подобро.+ Неговото доаѓање е сигурно како и доаѓањето на зората.+ Бог ќе ни дојде како дожд,+ како пролетен дожд што ја натопува земјата.“+
4 „Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо,+ кога вашата добрина* е како утринските облаци и како росата која рано исчезнува? 5 Затоа ќе ги сечам преку своите пророци,+ ќе ги убијам со зборовите на својата уста.+ И твоите осуди ќе бидат како светлината што излегува.+ 6 Зашто, мене ми е мила добрината,*+ а не жртвата,+ и познавањето на Бог, а не целите паленици.+ 7 Но тие, како земски човек, го престапија сојузот.+ Таму ме изневерија.+ 8 Галад+ е град на злосторниците, нивните траги се крвави.+ 9 Собирот од свештеници е како разбојничка дружина+ која ги демне луѓето.+ Крај патот во Сихем+ вршат убиства зашто се сосема предадени на своите срамотни дела.+ 10 Гледам ужасни работи во домот на Израел.+ Таму е блудот на Ефрем.+ Израел се извалкал.+ 11 А тебе, Јудо, жетвата ти е одредена, кога ќе го вратам својот заробен народ.“+
7 „Кога сакам да го излекувам Израел,+ се открива и престапот на Ефрем,+ а и злите дела на Самарија,+ зашто се занимаваат со измама+ и крадец влегува во куќа, а надвор напаѓа разбојничка дружина.+ 2 И не помислуваат во своето срце+ дека јас ја помнам сета нивна злоба.+ Сега ги опколија нивните дела.+ Дојдоа пред моето лице.+ 3 Со својата злоба го веселат царот и со своите измами ги веселат кнезовите.+ 4 Сите тие се прељубници.+ Се распалија како што пекарот ја распалува печката, па престанува да дува во огнот откако ќе го замеси тестото и го чека да скисне. 5 На денот на нашиот цар, кнезовите се разболеа+ — се гневат од виното.+ Тој ја испружува раката своја кон потсмевачите. 6 Зашто, срцето им се распали од желба+ како да го приближиле кон печка, тоа гори во нив. Нивниот пекар спие цела ноќ, а наутро печката се разгорува како разгорен оган.+ 7 Сите се распалени како печка и ги проголтуваат своите судии. Сите нивни цареви паднаа,+ ниту еден од нив не ме повикува мене.+
8 Ефрем се измеша со народите.+ Ефрем стана како погача што при печење не е превртена на другата страна.+ 9 Туѓинци му ја проголтуваат силата,+ а тој не го сфаќа тоа.+ И неговата седа коса му ја покри главата, но тој не го сфаќа тоа. 10 Со својата гордост Израел самиот се обвинува в лице,+ но тие не се враќаат кај Јехова, својот Бог,+ и не го бараат поради сето тоа.+ 11 Ефрем е како лековерна гулабица,+ со неразумно срце.+ Тие го повикуваат Египет,+ одат во Асирија.+
12 Каде и да одат, ќе ја распнам својата мрежа над нив.+ Ќе ги соборам како небесни птици.+ Ќе ги казнам како што веќе ја предупредив нивната заедница.+ 13 Тешко ним,+ зашто побегнаа од мене!+ Нека ги стигне пропаст, зашто ми згрешија! Јас сакав да ги откупам,+ а тие кажуваат лаги против мене.+ 14 И не ме повикуваа за помош со своето срце,+ иако горко плачеа на своите постели. Поради житото и виното* свое скитаа наоколу,+ се свртуваа против мене.+ 15 А јас ги укорував+ и им помагав,+ но тие смислуваа зло против мене.+ 16 И се вратија, но не кај возвишениот,*+ станаа како незатегнат лак.+ Нивните кнезови ќе паднат од меч поради навредите што ги кажуваат.+ Со тоа ќе станат за потсмев во египетската земја.“+
8 „Стави го рогот на својата уста!+ Оној што доаѓа како орел+ против Јеховиниот дом, зашто го престапија мојот сојуз+ и го прекршија мојот закон.+ 2 Кон мене викаат: ‚Боже мој! Ние, Израелците, те познаваме!‘+
3 Израел го отфрли доброто.+ Нека биде прогонет од непријателот!+ 4 Поставуваат цареви,+ но без мене. Поставуваат кнезови, но без мое знаење. Од своето сребро и од своето злато си прават идоли+ за да бидат истребени.+ 5 Отфрлено е твоето теле,+ Самаријо! Се распламти мојот гнев против нив.+ До кога не ќе можат да се исчистат?+ 6 Зашто, и тоа теле е од Израел.+ Човек го направил+ и не е Бог, зашто телето на Самарија ќе се распрсне на парчиња.+
7 Сеат ветар, а ќе пожнеат бура.+ На стебленцата жито нема клас.+ Она што изникнува нема да даде брашно,+ а ако и даде, туѓинци ќе го проголтаат.+
8 Израел ќе биде проголтан,+ ќе заврши меѓу народите,+ како сад што никој не го сака.+ 9 Зашто, отидоа во Асирија,+ како своеглава зебра.+ Ефрем си најмува љубовници.+ 10 И иако ги најмуваат меѓу народите,+ јас ќе ги соберам и за кратко ќе се најдат во тешки болки+ под бремето на царот и на кнезовите.
11 Ефрем ги умножи жртвениците за да греши.+ Неговите жртвеници му служат за грев.+ 12 Му напишав многу зборови во својот закон,+ но нему не му е грижа за нив.+ 13 Мене ми жртвуваа месо+ како жртвен дар и го јадеа она што не ми е мило, вели Јехова.+ Ќе се сетам на нивниот престап и ќе ги повикам на одговорност за нивните гревови.+ Се вратија во Египет.+ 14 Израел го заборави својот Творец+ и почна да гради храмови,+ а и Јуда ги намножи утврдените градови.+ Но во неговите градови јас ќе испратам оган кој ќе ги проголта утврдените дворци во секој од нив.“+
9 „Не радувај се, Израеле!+ Не весели се како другите народи!+ Зашто, поради блуд го остави својот Бог.+ Ги засака даровите што ги доби како блудничка плата на сите гумна со жито.+ 2 Гумното и винското гмечало не можат да ги нахранат,+ и виното* им носи разочарување.+ 3 Нема повеќе да живеат во Јеховината земја.+ Ефрем ќе се врати во Египет,+ и во Асирија ќе го јадат она што е нечисто.+ 4 Нема повеќе да му излеваат вино на Јехова.+ Нивните жртви нема да му бидат пријатни.+ Тие им се како леб што се јаде во време на жалост,+ и сите што ќе го јадат ќе се извалкаат. Зашто, нивниот леб е за нивната душа, нема да биде принесен во Јеховиниот дом.+ 5 Што ќе правите во денот на средбата и во денот на Јеховиниот празник?+ 6 Зашто, гледај, тие ќе мораат да си одат, бидејќи земјата ќе биде опустошена.+ Египет ќе ги собере,+ а Мемфис*+ ќе ги закопа. Нивните сребрени драгоцености ќе им останат во наследство на копривите,+ а трнливи грмушки ќе растат во нивните шатори.+
7 Ќе дојдат денови за казна,+ ќе дојдат денови за наплата.+ Израел ќе го знае тоа.+ Пророкот ќе биде безумен,+ а човекот што зборува под вдахновение ќе полуди од мноштвото твои престапи+ и од големата омраза.“
8 Ефремовиот стражар+ беше со мојот Бог.+ А пророкот+ — тој е замка птичарска на сите негови патишта.+ Омраза владее во домот на неговиот Бог. 9 Загазија во расипаност,+ како во деновите на Гаваја.+ Тој ќе се сети на нивниот престап+ и ќе ги казни за нивните гревови.
10 „Го најдов Израел како грозје во пустина.+ Како ран плод на смоква што првпат раѓа, ги видов вашите татковци.+ Тие одеа кај Ваал фегорски+ и му се предаваа на тој срамен бог,+ па станаа одвратни како и она што го сакаа.+ 11 А славата на Ефрем одлетува како птица+ и нема раѓање, нема бременост, нема зачнување.+ 12 Зашто, дури и да ги одгледаат своите синови, ќе им ги убијам пред да станат момчиња.+ Тешко ним кога ќе ги оставам!+ 13 Ефрем, кој е засаден на пасиште, ми изгледаше како Тир.+ Тој Ефрем ќе мора да ги изведе своите синови пред убиец.“+
14 Дај им го, Јехова, она што треба да им го дадеш!+ Дај им утроба што пометнува+ и гради исушени!
15 „Сета нивна злоба беше во Гилгал,+ зашто таму навистина ги замразив.+ Поради нивните зли дела ќе ги истерам од својот дом.+ Нема повеќе да ги сакам.+ Сите нивни кнезови се тврдоглави.+ 16 Ефрем ќе биде поразен.+ Ќе се исуши нивниот корен.+ Ќе немаат плод.+ Дури и да родат, ќе го погубам милиот плод на нивната утроба.“+
17 Мојот Бог ќе ги отфрли,+ зашто не го слушаа,+ и ќе станат бегалци меѓу народите.+
10 „Израел е лоза што се расипа.+ Донесува плод само за себе.+ Колку повеќе плодови има толку повеќе ги умножува своите жртвеници.+ Колку му е подобра земјата толку поукрасени обредни столбови подига.+ 2 Срцето нивно стана лицемерно.+ Затоа се виновни.
Тој ќе ги урне нивните жртвеници и ќе ги опустоши нивните столбови.+ 3 А тие тогаш ќе речат: ‚Немаме цар,+ зашто не се боевме од Јехова. А и што би направил царот за нас?‘
4 Кажуваат празни зборови, се заколнуваат лажно+ и склучуваат сојуз,+ а неправдата никнува како отровно растение по ораниците.+ 5 Ќе страхуваат жителите на Самарија за идолското теле од Вет-Авен.+ Неговиот народ ќе тагува за него, како и свештениците на туѓите богови, кои му се радуваа поради неговата слава, зашто ќе отиде откај нив во изгнанство.+ 6 Ќе го однесат во Асирија како дар на големиот цар.+ Срам ќе го обземе Ефрем,+ и Израел ќе се посрами поради своите намери.+ 7 Ќе ги снема* Самарија и нејзиниот цар,+ како откинато гранче на површината на водата. 8 Обредните височинки на Вет-Авен,+ гревот на Израел,+ ќе бидат уништени. Трње и плевел*+ ќе растат по нивните жртвеници.+ А луѓето ќе им зборуваат на планините: ‚Покријте нѐ!‘ — и на ридовите: ‚Паднете врз нас!‘+
9 Уште од деновите на Гаваја+ трае твојот грев,+ Израеле! Во него народот и остана. Во Гаваја не ги стигна војната против синовите на неправедноста.+ 10 Ќе ги казнам кога јас ќе сакам.+ Кога ќе ги впрегнам да ги влечат двата свои грева, против нив ќе се соберат народите.+
11 Ефрем беше добро научена јуница, која сакаше да врши жито,+ а јас поминав преку нејзиниот убав врат. Ќе дадам некој да го впрегне Ефрем.+ Јуда ќе ора,+ а Јаков ќе влече брана.+ 12 Сејте си семе во праведност+ и жнејте милост.*+ Обработувајте за себе земја,+ зашто е време да го барате Јехова додека да дојде+ и да ве поучи во праведност.+
13 А вие орате зло. Жнеете неправда.+ Јадете плодови на измамата,+ зашто имате доверба во својот пат,+ во мноштвото свои јунаци.+ 14 Викотница се крена меѓу твојот народ+ и сите твои утврдени градови ќе бидат опустошени,+ како што Салман го опустоши Домот на Арвел, во денот на битката, кога мајката ја здробија заедно со нејзините синови.+ 15 Така ќе ви направат, жители на Ветил, поради вашата голема злоба.+ Взори ќе го снема* царот на Израел.“+
11 „Кога Израел беше дете, јас го сакав,+ и од Египет го повикав својот син.+
2 Колку повеќе ги викаа Израелците+ толку повеќе тие се оддалечуваа од оние што ги викаа.+ Им принесуваа жртви на ликовите на Ваал+ и им гореа приноси на режаните ликови.+ 3 А јас го учев Ефрем да оди,+ ги земав в раце,+ но тие не сакаа да признаат дека јас ги излекував.+ 4 Ги привлекував со јажињата на земниот човек, со врвците на љубовта,+ и им бев како оние што го тргаат јаремот од нивната челуст,+ нежно ги хранев сите нив.+ 5 Тој нема да се врати во египетската земја, туку Асирија ќе му биде цар,+ зашто не сакаа да се вратат кај мене.+ 6 И мечот ќе беснее по неговите градови,+ ќе ги уништи неговите резиња и ќе ги проголта+ поради нивните сплетки.+ 7 Народот мој е склон да ми биде неверен.+ Го викаат кај возвишениот,* но никој не станува.
8 Како да те оставам, Ефреме?+ Како да те напуштам, Израеле?+ Како да постапам со тебе како со Адма?+ Како да ти го направам истото што му го направив на Севоим?+ Ми се променија чувствата во срцето+ и се разгоре мојата сомилост. 9 Нема да го излеам својот распламтен гнев.+ Нема повторно да му донесам пропаст на Ефрем,+ зашто јас сум Бог,+ а не човек, Светецот кој е среде тебе.+ Нема да дојдам гневен. 10 Тие ќе одат по Јехова.+ Како лав тој ќе рикне,+ а кога ќе рикне,+ синовите треперејќи ќе дојдат од запад.+ 11 Треперејќи како птица ќе дојдат од Египет,+ и како гулаб — од асирската земја.+ И ќе ги населам во нивните куќи, вели Јехова.+
12 Ефрем ме опколи со лаги+ и домот на Израел со измама. Но Јуда уште оди со Бог+ и верен му е на Најсветиот.“
12 „Ефрем се храни со ветар+ и трча по источниот ветар по цел ден.+ Ги умножува лагите и грабежот.+ Склучуваат сојуз со Асирија+ и носат масло во Египет.
2 Јехова има парница со Јуда+ и ќе бара сметка од Јаков за неговите патишта,+ ќе му плати според неговите дела.+ 3 Во утробата го фати својот брат за петицата+ и со целата своја сила се бореше со Бог.+ 4 Се бореше со ангел и го надвладеа.+ Плачеше за да измоли милост за себе.“+
Бог го најде во Ветил,+ и таму почна да ни зборува.+ 5 Тоа е Јехова, Богот над војските.+ Името Јехова е неговиот спомен.+
6 „А ти, врати се кај својот Бог,+ постапувај според добрината* и според правдата,+ и секогаш надевај се на својот Бог!+ 7 Во раката на трговецот има измамлива вага.+ Сака да мами.+ 8 Ефрем вели: ‚Навистина се збогатив,+ си стекнав богатство!+ А во сиот мој труд нема да најдат вина што би била тежок грев‘.+
9 Но јас сум Јехова, Богот твој, уште од египетската земја.+ Ќе ти дадам повторно да живееш во шатори како во деновите на празникот. 10 Им зборував на пророците,+ давав многу виденија и преку пророците зборував во споредби.+
11 Во Галад се прават магии,+ се зборува невистина.+ Во Гилгал жртвуваат јунци.+ Нивните жртвеници се како куп камења во полските бразди.+ 12 Јаков избега во сириското+ поле, Израел+ слугуваше за жена,+ за жена чуваше овци.+ 13 Преку пророк Јехова го изведе Израел од Египет+ и преку пророк го чуваше.+ 14 А Ефрем го огорчи со своето навредување,+ и крвта што ја пролеа останува на него.+ Неговиот Голем Господар ќе му плати за срамот што му го нанесе.“+
13 „Кога Ефрем зборуваше, луѓето трепереа. Тој беше моќен во Израел.+ Но си навлече вина поради Ваал+ и загина.+ 2 А сега греши уште повеќе, си прави кипови излеани од сребро,+ идоли според своите замисли,+ а сите тие се само дело на вешти луѓе.+ И ним им велат: ‚Луѓето што принесуваат жртви нека ги бакнуваат ликовите на излеаните телиња!‘+ 3 Затоа ќе бидат како утрински облаци+ и како роса, која брзо ја снемува, како плева што ветар ја разнесува од гумното+ и како дим што излегува низ отворот на покривот.
4 Но јас сум Јехова, твојот Бог, уште од египетската земја.+ Не познаваше друг Бог освен мене и немаше друг спасител освен мене.+ 5 Јас се грижев за тебе во пустината,+ во земјата каде што владеат трески.+ 6 Се наситија на своето пасиште.+ Се наситија, и нивното срце се вообрази,+ па ме заборавија.+ 7 Затоа јас ќе им бидам како млад лав.+ Ќе демнам покрај патот како леопард.+ 8 Ќе ги пресретнам како мечка која ги изгубила мечињата+ и ќе им ги раскинам градите до срцето. Ќе ги проголтам таму како лав,+ ѕвер полски ќе ги растргне.+ 9 Сето тоа ќе те доведе до пропаст,+ Израеле, зашто ми згреши мене, на твојот помошник.+
10 Каде е сега твојот цар за да те спаси во сите твои градови,+ и каде се твоите судии, за кои велеше: ‚Дај ми цар и кнезови‘?+ 11 Ти дадов цар во својата јарост+ и ќе ти го земам во својот гнев.+
12 Врзан е престапот на Ефрем, зачуван е неговиот грев.+ 13 Ќе го фатат породилни болки како родилка.+ Тој е син кој нема мудрост+ зашто, кога ќе му дојде времето да се роди, не излегува од мајчината утроба.+
14 Од раката на гробот* јас ќе ги откупам,+ од смрт ќе ги избавам.+ Смрт, каде ти се осилата?+ Гробу,* каде е твојата разорна моќ?+ Сомилоста ќе биде скриена од моите очи.+
15 Дури и да биде плоден за да го има како трските,+ ќе дојде источен ветар, ветар Јеховин.+ Ќе дојде од пустината, ќе му го исуши кладенецот и ќе му го пресуши изворот.+ Ќе го ограби неговото богатство, сите негови драгоцености.+
16 Самарија ќе ја носи својата вина,+ зашто се побуни против својот Бог.+ Тие ќе паднат од меч.+ Децата ќе им бидат здробени,+ а нивните трудници ќе бидат распорени.“+
14 „Врати се, Израеле, кај Јехова, својот Бог,+ зашто се спрепна во својот престап.+ 2 Земете со себе зборови на покајание и вратете се кај Јехова.+ Кажете му сите: ‚Прости ни ја вината+ и прими го она што е добро, а ние ќе ти принесеме за возврат плод* од усните свои!+ 3 Асирија нема да нѐ спаси.+ Нема да јаваме на коњи+ и нема повеќе да им велиме на делата на рацете свои: „Боже наш!“ — зашто ти си милостив кон детето без татко‘.+
4 Јас ќе ја излекувам нивната неверност.+ Ќе ги сакам со задоволство,+ зашто мојот гнев се одврати од него.+ 5 Ќе му бидам на Израел како роса.+ Ќе процвета како крин и ќе ги пушти своите корења како ливанско стебло. 6 Ќе пушти гранчиња, ќе биде ценет како маслинка,+ а неговиот мирис ќе биде како мирисот на ливанските стебла. 7 Тие повторно ќе живеат во неговата сенка.+ Ќе одгледуваат жито и ќе распупат како лоза.+ Споменот за него ќе им биде како ливанско вино.
8 Ефрем ќе рече: ‚Што имам јас уште со идолите?‘+
А јас ќе одговорам и ќе го чувам.+ Јас сум како зелена смрека.+ На мене ќе се најде плод за него.“
9 Кој е мудар, па да го разбере сето ова?+ Кој е разборит, па да го спознае?+ Зашто, патиштата на Јехова се прави,+ и праведни се оние што одат по нив,+ но престапниците се сопнуваат на нив.+
Осија е првиот од 12-те „Мали пророци“ (од Осија до Малахија), чии пророштва Евреите ги подредувале во една книга, која ја нарекувале „Дванаесеттемина“.
Језраел бил царски град од кој владееле царевите на северен Израел, иако главниот град на царството бил Самарија. Види 2Ца 8:29; 9:15, 25, 30-37; 10:1-11.
„Ло-Рухама“ значи „онаа кон која нема милост“.
„Ло-Амиј“ значи „не е мој народ“.
Или: „слатко вино“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
„Ахор“ значи „осуда; несреќа“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
„Језраел“ значи „Бог ќе посее семе“.
Види ја фуснотата за Ос 1:6.
Види ја фуснотата за Ос 1:9.
Еден гомер е 220 литри. Види го додатокот 13.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „замолчам“.
Буквално: „ќе биде замолчен“.
Буквално: „го одземаат срцето“.
Или: „Кога ќе им снема пченично пиво“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојалната љубов“.
Или: „слаткото вино“.
Буквално: „не горе“, односно кај возвишениот начин на почитување на Бог.
Или: „слаткото вино“.
На другите места во Библијата „Ноф“. Види Ере 2:16.
Буквално: „Ќе бидат замолчени“.
Или: „бодликав плевел; чички“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „ќе биде замолчен“.
Види ја фуснотата за Ос 7:16.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „Шеолу“.
Буквално: „јунци“.