Амос
1 Зборовите на Амос, овчар од Текоја,+ зборови што му беа објавени во видение во врска со Израел+ во деновите на Озија,+ царот на Јуда, и во деновите на Јеровоам,+ синот на Јоас,+ царот на Израел, две години пред земјотресот.+ 2 Тој рече:
„Јехова ќе рикне како лав од Сион,+ ќе го пушти својот глас од Ерусалим.+ Овчарските пасишта ќе тагуваат, и врвот на Кармил ќе се исуши“.+
3 „Вака вели Јехова: ‚„Поради трите престапи на Дамаск,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го вршеа Галад+ со железна вршалка. 4 И ќе испратам оган+ врз домот на Азаил+ за да ги проголта утврдените дворци на Вен-Адад.+ 5 Ќе го скршам резето на Дамаск,+ ќе ги истребам жителите на Викат-Авен и оној што го држи жезолот во Вет-Еден, а народот од Сирија ќе оди во изгнанство во Кир“,+ вели Јехова‘.
6 Вака вели Јехова: , „Поради трите престапи на Газа,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто ги одведоа сите изгнаници во изгнанство+ за да му ги предадат на Едом.+ 7 И ќе испратам оган врз ѕидиштата на Газа+ за да ги проголта нејзините утврдени дворци. 8 И ќе ги истребам жителите на Азот+ и оној што го држи жезолот во Аскалон,+ ќе ја свртам својата рака+ врз Екрон+ и ќе изгине остатокот од Филистејците“,+ вели Севишниот Господар Јехова‘.
9 Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Тир,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто му ги предадоа сите изгнаници на Едом, и не се сетија на братскиот сојуз.+ 10 И ќе испратам оган врз ѕидиштата на Тир за да ги проголта неговите утврдени дворци‘.+
11 Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Едом,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го гонеше својот брат со меч,+ го задуши своето милосрдие+ и во својот гнев постојано го раскинуваше својот плен. Неговиот гнев беснее без престан.+ 12 И ќе испратам оган во Теман+ за да ги проголта утврдените дворци во Восор‘.+
13 Вака вели Јехова: ‚„Поради трите престапи на синовите на Амон,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката,+ зашто ги распаруваа бремените жени во Галад за да ги прошират своите граници.+ 14 Ќе ги запалам ѕидиштата на Рава+ за огнот да ги проголта нејзините утврдени дворци, со воен вик во денот на битка, со виор во денот на буреносниот ветар.+ 15 И нивниот цар ќе отиде во изгнанство заедно со своите кнезови“,+ вели Јехова‘.
2 Вака вели Јехова: ‚„Поради трите престапи на Моав,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, поради тоа што ги изгоре во вар+ коските на едомскиот цар. 2 И ќе испратам оган на Моав за да ги проголта утврдените дворци во Кериот.+ Моав ќе пропадне со бучава, со воен вик, со звук на рог.+ 3 И ќе го истребам судијата од неговата средина и сите негови кнезови ќе ги убијам со него“,+ вели Јехова‘.
4 Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Јуда,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто го отфрлија законот на Јехова+ и не ги држеа неговите уредби, туку беа заведени од нивните лаги,+ по кои одеа нивните татковци.+ 5 И ќе испратам оган на Јуда за да ги проголта ерусалимските утврдени дворци‘.+
6 Вака вели Јехова: ‚Поради трите престапи на Израел,+ и поради четирите, нема да ја променам одлуката, зашто продаваа праведник за сребро и сиромав за едно рало сандали.+ 7 Едвај чекаат да видат земен прав врз главата на бедните,+ и ги отстрануваат кротките од вистинскиот пат.+ Синот и таткото одат кај истата девојка+ за да го осквернат моето свето име.+ 8 И врз облеки земени во залог лежат испружени+ покрај секој жртвеник,+ и во храмот на своите богови+ го пијат виното на оние што се казнети со глоба‘.
9 ‚А поради нив јас ги истребив Аморејците,+ кои беа високи како кедри и јаки како огромни дрвја,+ и ги уништив нивните плодови одозгора и нивните корења одоздола.+ 10 Јас ве изведов од египетската земја+ и ве водев четириесет години+ низ пустината за да ја заземете земјата на Аморејците.+ 11 И од вашите синови подигнував пророци+ и од вашите младичи подигнував назарејци.+ Не е ли така, синови Израелови?‘ — вели Јехова.
12 ‚Но вие им дававте на назарејците да пијат вино,+ а на пророците им заповедавте: „Не пророкувајте!“+ 13 Еве, ќе ја затресам земјата под вас, како што се тресе запрежна кола полна со штотуку ожнеано жито. 14 Ни брзиот ќе нема каде да побегне,+ ни јакиот нема да ја зголеми својата сила, ни силниот нема да ја избави својата душа.+ 15 Оној што се служи со лак нема да се додржи, брзоногиот нема да побегне, коњаникот нема да ја избави својата душа.+ 16 И оној што има храбро срце меѓу силните мажи ќе бега гол во тој ден‘,+ вели Јехова.“
3 „Чујте ја оваа реч што Јехова ја кажува за вас,+ синови Израелови, за целиот народ што го изведов од египетската земја:+ 2 ‚Само вас ве познавав+ од сите народи на земјата.+ Затоа ќе побарам сметка од вас за сите ваши престапи.+
3 Одат ли двајца заедно ако најнапред не се договориле да се најдат?+ 4 Рика ли лав во шума кога нема плен?+ Пушта ли млад лав глас од своето скривалиште ако не фатил ништо? 5 Паѓа ли птица во замка на земја ако нема стапица за неа?+ Се крева ли стапица од земја ако не се фати ништо во неа? 6 Ако се огласи рог во градот, нема ли луѓето да затреперат?+ Ако се случи несреќа во градот, зарем Јехова не го направил тоа? 7 Зашто, Севишниот Господар Јехова не прави ништо ако не им ги открие своите тајни на своите слуги, пророците.+ 8 Лавот рика!+ Кој нема да се плаши? Севишниот Господар Јехова зборува! Кој нема да пророкува?‘+
9 ‚Разгласете по утврдените дворци во Азот и по утврдените дворци во египетската земја,+ и речете: „Соберете се против планините на Самарија+ и погледнете го големиот неред и угнетувањето во неа!+ 10 Не знаат да го прават она што е исправно“,+ вели Јехова, „оние што во своите утврдени дворци го натрупуваат она што го собрале со насилство+ и со грабеж“.‘
11 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Противникот ја опколи земјата,+ па ќе ти ја одземе силата, а твоите утврдени дворци ќе бидат ограбени‘.+
12 Вака вели Јехова: ‚Како што пастирот истргнува од устата на лав две потколеници или парче уво,+ така ќе бидат истргнати синовите Израелови кои седат во Самарија на раскошна постела+ и на дамаско легло‘.+
13 ‚Чујте и посведочете+ во домот на Јаков‘, вели Севишниот Господар Јехова, Богот над војските. 14 ‚Зашто, во оној ден кога ќе се пресметам+ со Израел поради неговите престапи, ќе побарам сметка и од жртвениците во Ветил,+ роговите на жртвеникот ќе му бидат отсечени и ќе паднат на земја.+ 15 Ќе ги разурнам зимската куќа+ и летната куќа.‘+
‚Ќе пропаднат куќите од слонова коска,+ и многу куќи ќе исчезнат‘,+ вели Јехова.“
4 „Чујте ја оваа реч, васански крави,+ кои се наоѓате на самариската планина,+ ги мамите бедните,+ ги угнетувате сиромашните и им велите на своите господари: ‚Донесете да пиеме!‘ 2 Севишниот Господар Јехова се заколна во својата светост:+ ‚„Ете, доаѓаат на вас денови кога ќе ве кренат со месарски куки, а вашиот остаток со јадици.+ 3 Ќе излегувате низ пукнатини,+ секоја право напред, и ќе бидете фрлени во Ермон“, вели Јехова‘.
4 ‚Дојдете во Ветил и грешете.+ Умножувајте ги своите гревови+ во Гилгал и принесувајте ги своите жртви наутро, и на третиот ден своите десеттини.+ 5 И она што е потквасено запалете го да чади како жртва на благодарност+ и разгласувајте за доброволни жртви.+ Разгласете го тоа, зашто тоа е она што го сакате, синови Израелови‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
6 ‚А јас ви дадов да ви останат забите чисти+ во сите ваши градови и да нема леб по сите ваши места,+ но вие не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
7 ‚Ви го скратив и дождот кога имаше уште три месеци до жетвата.+ Пуштив дожд на еден град, а на друг град не пуштив. На една нива паѓаше дожд, а нивата на која не пуштив дожд се исуши.+ 8 Два-три града се тетеравеа до еден град за да пијат вода+ и не можеа да ја изгаснат жедта, но вие не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
9 ‚Ве удрив со суша и со мувла.+ Вашите градини и лозја се умножуваа, но гасеница ги изеде вашите смокви и маслинки,+ а вие сепак не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
10 ‚Пратив меѓу вас помор сличен на египетскиот.+ Вашите младичи ги погубив со меч,+ и коњите ваши се запленети.+ Со смрдеата од вашиот логор ви ги наполнив носниците,+ но вие не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
11 ‚Ве опустошив, како што ги опустошив Содом и Гомор.+ Бевте како цепеница истргана од оган,+ но не се вративте кај мене‘,+ вели Јехова.
12 Затоа, така ќе ти направам, Израеле. И бидејќи така ќе ти направам, подготви се, Израеле, да се сретнеш со својот Бог!+ 13 Зашто, ете, тој ги направи планините+ и го создаде ветрот,+ и на земниот човек му ја открива својата замисла,+ и ја претвора зората во мрак+ и гази по височинките на земјата,+ Јехова, Богот над војските,* е името негово.“+
5 „Чујте ја оваа реч, оваа тажачка што ја изнесувам против вас,+ доме Израелов:
не може повеќе да стане.+
Оставена е на својата земја,
и нема кој да ја крене.+
3 Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Градот што излезе со илјада луѓе, ќе остане со сто, оној што излезе со сто луѓе, ќе остане со десет. Тоа ќе му се случи на домот Израелов‘.+
4 Зашто, вака му вели Јехова на домот на Израел: ‚Барајте ме+ и ќе живеете.+ 5 Не барајте го Ветил,+ не одете во Гилгал,+ и не преминувајте во Вирсавеја,+ зашто Гилгал ќе појде во изгнанство,+ а Ветил ќе стане место на зли сили.+ 6 Барајте го Јехова и ќе живеете,+ доме Јосифов+ — за да не почне тој да пали како оган што проголтува,+ па да нема кој да го изгасне+ во Ветил — 7 вие кои правдата ја претворате+ во пелин и ја фрлате праведноста на земја.+ 8 Тој ги создаде соѕвездието Кима*+ и соѕвездието Кесил.*+ Тој ја претвора густата темнина+ во утро, а денот во црна ноќ.+ Тој ги повикува морските води за да ги излее на површината на земјата+ — Јехова е името негово.+ 9 Тој молскавично го опустошува силниот, за да биде опустошено утврденото место.
10 Го мразат оној што при градската порта укорува,+ и се гнасат од оној што ја кажува вистината.+ 11 Поради тоа што од сиромашниот собирате наемнина за земја и од него земате данок во жито,+ си изградивте куќи од делкан камен,+ но нема да живеете во нив. Насадивте убави лозја, но нема да пиете вино од нив.+ 12 Зашто, знам колку се бројни вашите престапи+ и колку се тешки вашите гревови:+ го угнетувате праведникот,+ примате поткуп+ и ја извртувате правдата на сиромашните+ при градската порта.+ 13 Затоа разборитиот* ќе молчи во тоа време, зашто тоа ќе биде време на неволја.+
14 Барајте го доброто, а не злото,+ за да живеете+ и за да биде со вас Јехова, Богот над војските, како што велите вие.+ 15 Мразете го злото, а сакајте го доброто,+ и дајте ѝ место на правдата при градската порта!+ Можеби Јехова, Богот над војските, ќе му се смилува+ на Јосифовиот остаток‘.+
16 Затоа вака вели Јехова, Богот над војските, Јехова: ‚По сите плоштади ќе се плаче+ и по сите улици луѓето ќе велат: „Леле! Леле!“ И ќе го повикаат земјоделецот да тагува+ и вешти тажачи да редат‘.+ 17 ‚И по сите лозја ќе се тагува,+ зашто јас ќе поминам сред тебе‘,+ вели Јехова.
18 ‚Тешко на оние што копнеат по денот на Јехова!+ Што ќе значи за вас денот на Јехова?+ Тогаш ќе има темнина, а не светлина.+ 19 Како кога човек бега од лав, а го сретнува мечка, и како кога влегува во куќа и се потпира со раката на ѕид, а змија го каснува.+ 20 Нема ли денот на Јехова да биде темнина, а не светлина? Мрак, а не светлост?+ 21 Ги мразам и ги отфрлам вашите празници,+ и не уживам повеќе во мирисот на вашите свечени собири.+ 22 Дури и да ми принесете цели жртви паленици,+ вашите жртвени дарови нема да ми бидат мили,+ и на вашите заеднички жртви од згоени добичиња нема ни да погледнам.+ 23 Отстрани ја од мене бучавата на своите песни, да не го слушам звукот на твоите псалтири.+ 24 Правдата нека потече како вода+ и праведноста како порој што тече без престан.+ 25 Зар мене ми принесувавте жртви и жртвени дарови во пустината четириесет години, доме Израелов?+ 26 Ќе го носите вашиот цар Сакут+ и Кајван,* односно ликовите што ги направивте за себе, ѕвездата што ја обожавате како бог.+ 27 А јас ќе ве испратам во изгнанство подалеку од Дамаск‘,+ вели оној чие име е Јехова, Богот над војските.“+
6 „Тешко на безгрижните+ во Сион и на оние што се надеваат на гората самариска! Тоа се угледни луѓе од најистакнатиот од сите народи, и кај нив доаѓа домот Израелов. 2 Одете во Халне и видете, оттаму одете во густо населениот Емат,+ па слезете во филистејскиот Гат.+ Дали се тие подобри од овие царства, и дали нивното подрачје е поголемо од вашето подрачје?+ 3 Зарем го исфрлате од своите мисли денот на неволјата,+ а му правите место на насилството?+ 4 Вие што лежите на постели од слонова коска,+ истегнати на своите легла, и јадете јагниња од стадото и згоени јунци,+ 5 составувате песни на звуците на псалтирот+ и измислувате инструменти како Давид,+ 6 пиете вино+ од пехари и се мачкате со најдобрите масла+ и не ве боли поради пропаста на Јосиф.+
7 Затоа сега ќе одат во изгнанство на чело на изгнаниците,+ и ќе ја снема разузданоста на оние што лежат истегнати.
8 ‚Севишниот Господар Јехова се заколна во својата душа‘,+ вели Јехова, Богот над војските: ‚„Се гнасам од гордоста на Јаков+ и ги мразам неговите утврдени дворци.+ Ќе му го предадам на непријателот градот и сѐ што е во него.+ 9 Ако останат десет луѓе во една куќа, и тие ќе умрат.+ 10 А стрикото на едниот од умрените ќе ги изнесува еден по еден — и ќе ги гори еден по еден — за да ги изнесе коските од куќата.+ И ќе го праша оној што ќе го најде во куќата: ‚Има ли уште некого со тебе?‘ А овој ќе му одговори: ‚Нема никого!‘ А тој ќе му рече: ‚Молчи! Зашто не треба да се спомнува името на Јехова.‘ “+
11 Зашто, ете, Јехова даде заповед,+ и ќе ја удри големата куќа за да се разурне и малата куќа за да се распадне.+
12 Трчаат ли коњи по карпа? Може ли таа да се ора со говеда? А вие правдата ја претворивте во отровно растение,+ и плодот на праведноста — во пелин, 13 се радувате на нешто што не постои+ и велите: „Зарем не освоивме рогови со своја сила?“+ 14 Еве, подигам против вас, доме Израелов‘, вели Јехова, Богот над војските, ‚народ+ што ќе ве угнетува од влезот во Емат+ до долината* на Араба.‘ “
7 Еве што ми покажа Севишниот Господару Јехова: гледај, создаде рој скакулци кога изникна доцниот посев.+ И гледај, тоа беше доцната сеидба* по косидбата на царот. 2 А кога ги изедоа сите растенија во земјата, јас реков: „Севишен Господаре Јехова, прости им, те молам!+ Кој ќе се подигне од Јаков, кога е толку мал?“+
3 На Јехова му падна жал поради тоа.+ „Тоа нема да се случи“, рече Јехова.
4 Еве што ми покажа Севишниот Господар Јехова: гледај, Севишниот Господар Јехова започна расправија со оган,+ и огнот ја јадеше пространата водна бездна и го изеде парчето земја. 5 А јас реков: „Севишен Господару Јехова, застани, те молам!+ Кој ќе се подигне од Јаков, кога е толку мал?“+
6 На Јехова му падна жал поради тоа.+ „Ни тоа нема да се случи“, рече Севишниот Господар Јехова.
7 Еве што ми покажа: гледај, Јехова стоеше на ѕид подигнат со помош на висулец,+ и во неговата рака имаше висулец. 8 Тогаш Јехова ме праша: „Што гледаш, Амосе?“ А јас одговорив: „Висулец“. А Јехова рече: „Еве, ставам висулец сред мојот народ Израел.+ Нема повеќе да му проштавам.+ 9 Обредните височинки на Исак+ ќе бидат опустошени, светилиштата+ на Израел ќе бидат разорени,+ и со меч ќе станам против домот на Јеровоам“.*+
10 А Амазија, свештеник во Ветил,+ му порача на Јеровоам,+ царот на Израел: „Амос кове заговор против тебе сред домот Израелов.+ Земјата не може повеќе да ги поднесува сите негови зборови.+ 11 Зашто, вака вели Амос: ‚Јеровоам ќе загине од меч, а Израел ќе биде одведен од својата земја во изгнанство‘ “.+
12 И Амазија му рече на Амос: „Оди си, јасновидецу!+ Бегај во земјата на Јуда, па таму јади леб и таму пророкувај! 13 Но во Ветил повеќе да не пророкуваш,+ зашто тој е царско светилиште+ и царска престолнина“.
14 Тогаш Амос му одговори на Амазија: „Јас не бев ниту пророк ниту син на пророк.+ Бев овчар+ и ги засечував плодовите на дивите смокви. 15 Но Јехова ме зеде откај стадото, и Јехова ми рече: ‚Оди, пророкувај му на мојот народ Израел‘.+ 16 И сега чуј ја речта на Јехова: ‚Зар ти велиш: „Не пророкувај против Израел,+ и не изустувај ниту еден збор+ против домот на Исак“? 17 Затоа, вака вели Јехова: „Твојата жена ќе стане блудница во градот.+ Твоите синови и ќерки ќе паднат од меч. Твојата земја ќе биде разделена со мерно јаже. Ти ќе умреш на нечиста земја,+ а Израел ќе отиде во изгнанство од својата земја“ ‘ “.+
8 Еве што ми покажа Севишниот Господар Јехова: гледај, кошница со летно овошје.*+ 2 Потоа ме праша: „Што гледаш,+ Амосе?“ А јас му одговорив: „Кошница со летно овошје“.*+ Тогаш Јехова ми рече: „Му дојде крајот* на мојот народ Израел.+ Нема повеќе да му простувам.+ 3 ‚Во тој ден храмските песни ќе се претворат во горко плачење‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Ќе има многу мртви.+ Ќе бидат расфрлани насекаде. Тишина!‘
4 Чујте го ова, вие кои го проголтувате сиромавиот+ и ги упропастувате кротките на земјата+ 5 и велите: ‚Кога ли ќе помине младата месечина+ за да можеме да продаваме жито?+ И кога ќе заврши денот за одмор*+ за да го нудиме житото за продажба, за да ја намалиме ефата,+ да го зголемиме сикелот и да мамиме со измамничка вага,+ 6 да го купуваме бедниот за сребро и сиромавиот за едно рало сандали, и да го продаваме отпадокот од житото?‘+
7 Јехова се заколна во Величеството на Јаков:+ ‚Никогаш нема да заборавам ниту едно нивно дело.+ 8 Нема ли земјата да се затресе+ од тоа и секој жител да тагува во неа?+ Нема ли целата да надојде како Нил, да се разбранува и да опадне како Нил египетски?‘+
9 ‚И во тој ден‘, вели Севишниот Господар Јехова, ‚ќе направам сонцето да зајде напладне+ и земјата да биде во темнина сред бел ден. 10 И ќе ги претворам вашите празници во тагување+ и сите ваши песни во тажачки, ќе ставам козина околу сите бедра и ќе ја оќелавам секоја глава+ и ќе направам да тагувате како за син единец,+ а крајот на тоа ќе биде како ден полн со горчина.‘
11 ‚Ете, доаѓаат денови‘, вели Севишниот Господар Јехова, ‚кога ќе испратам глад на земјата, но не глад за леб, ниту жед за вода, туку за слушање на зборовите Јеховини.+ 12 И тие ќе се тетерават од море до море и од север до исток. Ќе талкаат барајќи ја Јеховината реч, но нема да ја најдат.+ 13 Во тој ден ќе губат свест од жед убавите девојки и момчиња,+ 14 кои се колнат во вината на Самарија+ и велат: „Како што е жив твојот бог, Дане!“+ — и: „Како што е жив патот за Вирсавеја!“+ Тие ќе паднат и никогаш повеќе нема да станат.‘ “+
9 Го видов Јехова како стои над жртвеникот+ и вели: „Удри ја главата на столбот за да се затресат праговите! Отсечи им ги главите на сите столбови!+ А она што ќе остане од народите, ќе го убијам со меч. Ниту еден што бега, нема да побегне, и ниту еден што настојува да се извлече, нема да успее.+ 2 И во гробот* да се закопаат, оттаму мојата рака ќе ги извади.+ И на небото да се качат, и оттаму ќе ги симнам.+ 3 И да се скријат на врвот на Кармил, таму ќе ги побарам и ќе ги земам.+ Да се скријат од моите очи и на морското дно,+ таму долу ќе ѝ заповедам на змијата да ги касне. 4 Да отидат и во заробеништво пред своите непријатели, ќе му заповедам на мечот да ги убие таму.+ Ќе ги насочам очите кон нив за да ги снајде зло, а не добро.+ 5 Кога Севишниот Господар, Јехова над војските, ќе ја допре земјата, таа се растопува,+ тагуваат сите жители во неа.+ Целата како Нил надоаѓа и како Нил египетски опаѓа.+
6 ‚Тој ги гради своите скали на небесата+ и градбата своја на земјата што ја втемелил,+ тој ги повикува морските води+ за да ги излее на површината на земјата+ — Јехова е името негово.‘+
7 ‚Синови Израелови, не сте ли вие за мене како синовите на Хус?‘ — вели Јехова. ‚Не го изведов ли Израел од египетската земја,+ а Филистејците+ од Крит* и Сирија од Кир?‘+
8 ‚Ете, очите на Севишниот Господар Јехова го гледаат грешното царство+ и тој ќе го истреби од лицето на земјата.+ Сепак, нема сосема да го истребам домот на Јаков‘,+ вели Јехова. 9 ‚Зашто, ете, давам заповед, и меѓу сите народи ќе го затресам домот на Израел+ како што се тресе решето, за да не падне ни камче на земја. 10 Од меч ќе загинат сите грешници од мојот народ,+ кои велат: „Нема да ни се приближи и нема да нѐ стигне неволјата“.‘+
11 ‚Во тој ден ќе ја подигнам+ паднатата Давидова сеница+ и ќе ги поправам нејзините пукнатини. Ќе ги подигнам нејзините урнатини и ќе ја изградам како во дамнешните денови,+ 12 за да го освојат она што остана од Едом+ и сите народи* што го носат моето име‘,+ вели Јехова, кој го прави сето тоа.
13 ‚Ете, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога орачот ќе го престигне жетварот,+ а оној што гази грозје ќе го престигне оној што носи семе.+ Од планините ќе капе вино*+ и сите ридови ќе се растопуваат.+ 14 А јас ќе ги вратам заробените од мојот народ Израел,+ и тие ќе ги изградат запустените градови и ќе ги населат,+ ќе насадат лозја и ќе го пијат нивното вино, ќе направат градини и ќе го јадат нивниот плод.‘+
15 ‚И ќе ги посадам во нивната земја, и нема повеќе да бидат откорнати од нивната земја, која им ја дадов‘,+ вели Јехова, твојот Бог“.
Или: „Семоќниот Бог“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со От 11:17.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кима“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Во Де 7:43 „Ромфа“.
Види го додатокот 12.
„Доцната сеидба“ се извршувала во јануари и февруари. Види го додатокот 14.
Станува збор за Јеровоам II, синот на Јоас, а не за Јеровоам I, синот на Нават. Види Ам 1:1.
Види ја фуснотата за 2Са 16:1.
„Летно овошје“ — хебрејски: кајиц; израз кој укажува на крајот на земјоделската година.
„Крај“ — хебрејски: кец; игра на зборови со изразот кајиц од првиот дел на стихот.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „шеолот“.
Хебрејски: Кафтор.
Или: „да го побараат [Јехова] останатите луѓе, заедно со другите народи“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Де 15:17.
Или: „слатко вино“.