ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Јона 1:1-4:11
  • Јона

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јона
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Јона

Јона

1 Речта Јеховина му дојде на Јона,+ синот на Аматиј: 2 „Стани, оди во Ниневија,+ големиот град, и објави им осуда на неговите жители, зашто лошотијата нивна стигна до мене“.+

3 И Јона стана за да избега во Тарсис,+ далеку од Јехова.+ Кога слезе во Јопа,+ најде брод што одеше за Тарсис. Ја плати возарината и се качи на него за да оди со нив во Тарсис, далеку од Јехова.

4 А Јехова подигна силен ветар на морето,+ и на морето настана толку голема бура+ што изгледаше дека бродот ќе се разбие. 5 Морнарите се исплашија и секој почна да го повикува на помош својот бог.+ И ги фрлаа во морето работите што беа на бродот за да го олеснат.+ А Јона беше слегол долу, под палубата на бродот, па легнал и цврсто заспал.+ 6 Најпосле, кај него дојде капетанот на бродот и му рече: „Што ти е тебе, спанко? Стани, повикувај го својот бог!+ Можеби вистинскиот Бог ќе се погрижи за нас, па нема да изгинеме“.+

7 И тие почнаа да си велат еден на друг: „Ајде да фрлиме ждрепка+ за да дознаеме поради кого нѐ снајде оваа несреќа“.+ Така, фрлаа ждрепка, и ждрепката падна на Јона.+ 8 Тогаш му рекоа: „Кажи ни, те молиме, поради кого нѐ снајде оваа несреќа?+ Со каква работа се занимаваш и од каде доаѓаш? Од која земја си и од кој народ?“

9 А тој им рече: „Јас сум Евреин,+ и го почитувам Јехова,+ Богот на небесата,+ Оној што ги направи морето и копното“.+

10 Тогаш луѓето многу се исплашија, па му рекоа: „Што си направил?“+ Зашто, тие луѓе дознаа дека тој бега од Јехова, како што тој самиот им кажа. 11 На крајот го прашаа: „Што да направиме со тебе+ за да ни се смири морето?“ Зашто, морето стануваше сѐ поразбранувано. 12 А тој им рече: „Земете ме и фрлете ме в море, па ќе ви се смири морето. Зашто, знам дека поради мене се крена на вас оваа голема бура“.+ 13 Но луѓето и понатаму се бореа со бурата, обидувајќи се да го вратат бродот до копното, но не можеа, бидејќи бурата на морето беснееше сѐ повеќе.+

14 И тогаш почнаа да го повикуваат Јехова:+ „О Јехова, те молиме, не дозволувај да загинеме поради душата на овој човек! Немој да ставаш невина крв врз нас,+ зашто ти, Јехова, правиш како што сакаш!“+ 15 Потоа го зедоа Јона и го фрлија во морето, и морето престана да беснее.+ 16 Тогаш луѓето ги обзеде голем страв од Јехова,+ па му принесоа жртва на Јехова+ и се заветуваа.+

17 А Јехова испрати една голема риба да го голтне Јона,+ па Јона беше во утробата на рибата три дена и три ноќи.+

2 Тогаш Јона му се помоли на Јехова, својот Бог, од утробата на рибата+ 2 и рече:

„Во својата неволја го повикав Јехова,+ и тој ме услиши.+

Од утробата на гробот* повикав за помош.+

Ти го чу мојот глас.+

 3 Кога ме фрли во длабочините, во срцето на отвореното море,+

тогаш ме опкружи водната струја.

Сите твои побеснети води и твоите бранови минаа преку мене.+

 4 А јас реков: ‚Протеран сум од пред твоите очи!+

Како ќе го гледам повторно твојот свет храм?‘+

 5 Водите ми ја опкружија душата,+ водната бездна ме опколи.

Тревите морски ми се завиткаа околу главата.

 6 Слегов до темелите на планините.

Резињата на земјата се затворија над мене засекогаш.

Но ти го извади мојот живот од јамата, о Јехова, Боже мој.+

 7 Кога мојата душа премале во мене,+ се сетив на Јехова.+

Тогаш мојата молитва стигна до тебе, во твојот свет храм.+

 8 А оние што ги почитуваат ништожните идоли го оставаат оној што им покажува милост.*+

 9 А јас ќе ти благодарам и жртви ќе ти принесувам.+

Сѐ што заветував, ќе исполнам.+ Спасението е од Јехова“.+

10 И по некое време, Јехова ѝ заповеда на рибата, и таа го изблува Јона на копно.+

3 Потоа по вторпат му дојде на Јона Јеховината реч:+ 2 „Стани, оди во Ниневија, големиот град, и објави го она што ти велам да му го објавиш!“+

3 Тогаш Јона стана и отиде во Ниневија според речта Јеховина.+ А Ниневија беше значаен град* во очите на Бог,+ и беа потребни три дена одење за да се помине. 4 И Јона влезе во градот, па пешачеше низ него еден ден, објавувајќи: „Уште само четириесет дена и Ниневија ќе биде уништена!“+

5 А луѓето од Ниневија му поверуваа на Бог,+ па објавија пост и се облекоа во козина,+ сите, од најголемиот до најмалиот. 6 А кога речта стигна до царот на Ниневија,+ тој стана од својот престол и го соблече своето царско руво, се покри со козина и седна во пепел.+ 7 Освен тоа, тој заповеда да се состави проглас и да се прочита во Ниневија, според одредбата на царот и на неговите големци:

„Ни луѓето ни стоката, ни крупната ни ситната, не смеат да вкусат ништо! Не смеат да јадат ништо! Не смеат да пијат ни вода!+ 8 И нека се покријат со козина и луѓето и стоката! Нека го повикуваат Бог со сета сила и нека се одвратат+ сите од својот лош пат и од насилството што е во нивните раце! 9 Кој знае, можеби вистинскиот Бог ќе се одврати, ќе му падне жал+ и нема да го покаже својот разгорен гнев, па нема да изгинеме?“+

10 И вистинскиот Бог ги виде нивните дела,+ дека се вратија од својот лош пат,+ и затоа на вистинскиот Бог му падна жал+ што им се закани со неволја, и не им ја нанесе.+

4 Но, на Јона му беше многу криво поради тоа,+ па се разгневи. 2 Затоа му се помоли на Јехова и рече: „О Јехова, зар не мислев дека ќе биде така уште додека бев во својата земја? Затоа и сакав да побегнам во Тарсис,+ зашто знаев дека ти си добар и милосрден Бог,+ бавен на гнев и полн со милост,*+ и дека брзо ќе ти падне жал што си сакал да нанесеш неволја.+ 3 Затоа сега, те молам, о Јехова, земи ја мојата душа+ од мене, зашто подобро ми е да умрам отколку да живеам“.+

4 А Јехова, пак, му рече: „Зар имаш право да се лутиш?“+

5 Тогаш Јона излезе од градот и седна источно од него. Таму си направи сеница за да седи под неа во ладовина+ додека да види што ќе биде со градот.+ 6 А Јехова Бог направи да израсне една тиква над Јона за да му прави сенка над главата и да му ја олесни маката.+ И Јона многу ѝ се израдува на тиквата.

7 Но кога следниот ден се зазори зората, вистинскиот Бог испрати црв+ да ја подгризе тиквата, и таа се исуши.+ 8 Штом огреа сонцето, Бог пушти жежок источен ветар,+ а сонцето толку му удираше в глава на Јона што тој скоро почна да губи свест.+ И се молеше да му умре душата, и само повторуваше: „Подобро ми е да умрам отколку да живеам“.+

9 А Бог му рече на Јона: „Имаш ли право да се лутиш поради тиквата?“+

А тој му одговори: „Имам право што сум лут до смрт“. 10 Но Јехова му рече: „Тебе ти е жал за тиквата, околу која не се трудеше, ниту ја одгледуваше, и која во една ноќ израсна и во една ноќ се исуши. 11 А мене да не ми биде жал за Ниневија, голем град,+ во кој има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе, кои не знаат што е десно, а што лево, а покрај тоа и многу стока?“+

Буквално: „шеолот“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

Или: „исклучително голем град“.

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели