Михеј
1 Јеховината реч која, во деновите на Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ царевите на Јуда,+ му дојде во видение на Михеј+ од Моресет во врска со Самарија+ и Ерусалим:+
2 „Чујте, народи, сите вие! Слушај, земјо и сѐ што те исполнува!+ И Јехова, Севишниот Господар, нека сведочи против вас,+ Јехова од својот свет храм!+ 3 Зашто, ете, Јехова излегува од своето место.+ Ќе слезе и ќе гази по височинките на земјата.+ 4 И планините ќе се растопат под него,+ а рамниците ќе се разделат како восок на оган+ и како води излеани по стрмнина.
5 Сето тоа е поради престапот* на Јаков, поради гревовите на домот на Израел.+ Кој е виновен за престапот на Јаков? Не е ли Самарија?+ И кој е виновен за обредните височинки на Јуда?+ Не е ли Ерусалим? 6 Ќе направам од Самарија урнатина во полето,+ место за садење лозја. Ќе ги нафрлам нејзините камења во долината, и ќе ги соголам нејзините темели.+ 7 И сите нејзини режани ликови ќе бидат здробени,+ сите дарови што ги добила како плата ќе бидат изгорени во оган,+ и ќе ги уништам сите нејзини идоли. Зашто, ги насобрала од блудничка плата, и тие повторно ќе станат блудничка плата“.+
8 Затоа ќе плачам и ќе тажам,+ бос и гол ќе одам.+ Ќе завивам како шакалите и ќе тагувам како женките на нојот. 9 Зашто, нема лек за нејзината рана,+ се прошири дури до Јуда,+ поморот дојде дури до портата на мојот народ, дури до Ерусалим.+
10 „Не јавувајте го тоа во Гат, не плачете!+
Во домот во Афра тркалајте се во прав!+ 11 Заминувај, жителке на Сафир, во срамна голотија!+ Жителката на Санан од страв не излезе од својот град. Поради тажењето на Вет-Езил, во него нема да најдете засолниште. 12 На добро се надева жителката на Марот,+ но зло слегува од Јехова на ерусалимската порта.+ 13 Впрегни брзи коњи во колата, жителке на Лахис!+ Тој град беше почеток на гревот на сионската ќерка,+ зашто во неа се најдоа престапите* на Израел.+ 14 Затоа ќе му дадеш проштални дарови на Моресет-Гат.+ Куќите во Ахзив+ ги измамија царевите на Израел. 15 Уште ќе ти го доведам оној што ќе ти го одземе поседот,+ жителке на Мариса.+ Славата на Израел ќе дојде дури до Адолам.+ 16 Истрижи се до гола кожа и избричи ја главата поради своите синови кои ти се радост.+ Избричи ја главата за да бидеш ќелава како орелот, зашто твоите синови ќе заминат откај тебе во изгнанство.“+
2 „Тешко на оние што смислуваат злодела и измислуваат сплетки на своите постели!+ Штом ќе осамне утрото, ги извршуваат,+ зашто имаат моќ во рацете да го сторат тоа.+ 2 Посакаат ли ниви, ги одземаат,+ и куќи, ги земаат, го мамат човекот и неговиот дом,+ со измама му го одземаат на човекот неговото наследство.+
3 Затоа вака вели Јехова: ‚Еве, на овој род+ му смислувам неволја+ од која вие нема да си го извлечете вратот,+ и нема повеќе да одите вообразено,+ зашто тоа е време на неволја.+ 4 Луѓето ќе ве спомнуваат со презир*+ и ќе тажат, ќе тажат над вас со тажачки.+ Ќе се зборува: „Наполно сме опустошени!+ Тој им го дава на други наследството на нашиот народ.+ Како ни го одзема! Нашите ниви им ги раздава на неверните“. 5 Затоа, во заедницата* на Јеховиниот народ ќе нема кој да ти го измери со јаже делот што ти е одреден со ждрепка.+ 6 Не пророкувајте!+ А тие пророкуваат лаги. За ова нема да пророкуваат. Понижувањата нема да се отстранат.+
7 Велиш ли, доме Јаковов:+ „Зар духот на Јехова стана незадоволен и дали се тоа негови дела?“+ Зар моите зборови не се за доброто+ на оној што живее* исправно?+
8 Вчера мојот народ се крена како лут непријател.+ Им ги одземате скапоцените украси што се носат напред на облеката, и тоа на оние што безгрижно минуваат, како оние што се враќаат од војна. 9 Жените на мојот народ ги истерувате од нивните мили домови. Од нивните деца ја одземате мојата слава+ засекогаш.+ 10 Станете и одете,+ зашто ова повеќе не е ваш мирен дом.+ Земјата станала нечиста,+ и затоа доаѓа пропаста, а пропаста е болна.+ 11 Ако човек што оди по ветрот и по измамата лаже:+ „Ќе ви зборувам за вино и за опоен пијалак“, тогаш тој и ќе му зборува на овој народ.+
12 Навистина ќе го соберам Јаков, сите вас,+ навистина ќе ги соберам останатите од Израел.+ Ќе ги обединам како овци во трло, како стадо сред неговото пасиште.+ Таму ќе се чуе врева од луѓе‘.+
13 Пред нив ќе оди оној што продира низ препрека,+ а по него и тие ќе продрат низ неа. И ќе поминат низ портата и ќе излезат низ неа.+ Нивниот цар ќе оди пред нив, а Јехова ќе им биде на чело.“+
3 Потоа реков: „Чујте, ве молам, главатари на Јаков и заповедници на домот на Израел!+ Зар не треба вие да знаете што е правда?+ 2 Вие што го мразите доброто,+ а го сакате злото,+ што им ја дерете кожата на луѓето и им го откинувате месото од нивните коски,+ 3 вие што го јадете месото на мојот народ+ и му ја дерете кожата, и му ги кршите коските и ги дробите на парчиња како во котел, како месо во лонец!+ 4 Тогаш ќе го викаат Јехова за помош, но тој нема да им одговори.+ Тогаш тој ќе го скрие своето лице од нив,+ зашто правеа злодела.+
5 Вака вели Јехова против пророците кои го заведуваат мојот народ,+ го гризат со заби+ и извикуваат: ‚Мир!‘+ — но против оној што не им става ништо во устата објавуваат* војна:+ 6 ‚Затоа ќе ве затече ноќ,+ па нема да гледате виденија,+ и темнина, па не ќе можете да гатате. И сонцето ќе зајде над пророците и денот ќе се стемни над нив.+ 7 И ќе се засрамат+ јасновидците,+ и гаталците+ ќе се разочараат. Сите тие ќе си ја покријат устата* од срам,+ зашто ќе нема одговор од Бог‘ “.+
8 А јас сум полн со сила од Јеховиниот дух, полн сум со правда и моќ+ за да му го кажам на Јаков неговиот престап* и на Израел неговиот грев.+
9 Чујте го ова, ве молам, вие главатари на домот на Јаков и вие заповедници на домот на Израел,+ вие на кои правдата им е одвратна и кои извртувате сѐ што е право,+ 10 и го градите Сион со крвопролевање и Ерусалим со неправедност!+ 11 Неговите главатари судат за мито,+ неговите свештеници поучуваат за плата+ и неговите пророци гатаат за пари,+ а се повикуваат на Јехова, велејќи: „Нели Јехова е меѓу нас?+ Нема да нѐ снајде несреќа“.+ 12 Затоа, поради вас Сион ќе биде преоран како нива и од Ерусалим ќе останат само урнатини,+ а гората на Божјиот дом ќе биде обрасната со шума.
4 Во последните денови,+ гората+ на Јеховиниот дом+ ќе стои цврсто над планинските врвови и ќе се возвишува над ридовите,+ и народи ќе се слеваат кон неа.+ 2 И многу народи ќе одат и ќе велат: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов!+ Тој ќе нѐ поучува за своите патишта,+ и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+ 3 Тој ќе им биде судија на многу народи+ и ќе ги исправи работите меѓу моќни далечни народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да се учат да војуваат.+ 4 И секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква+ и никој нема да го плаши,+ зашто тоа се зборови од устата на Јехова над војските.+
5 Зашто, сите народи ќе одат, секој во името на својот бог,+ а ние ќе одиме во името на Јехова, нашиот Бог,+ довека, во сета вечност.+
6 „Во оној ден“, вели Јехова, „ќе го соберам народот што куца+ и народот што е распрснат,+ кому му нанесов зло. 7 И од куциот народ ќе зачувам остаток+ и од народот што беше изгонет далеку ќе направам моќен народ,+ и јас, Јехова ќе царувам над него на гората Сион од сега па довека.+
8 А ти, куло на стадото,* ритче на сионската ќерка,+ тебе повторно ќе ти се врати претходната власт,+ царството што ѝ припаѓа на ерусалимската ќерка.+
9 Зошто викаш?+ Зар во тебе нема цар? Зар исчезна твојот советник, па те фатиле болки како родилка?+ 10 Виткај се од болки и мачи се, ќерко сионска, како жена што се пораѓа!+ Зашто, сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето.+ Ќе отидеш во Вавилон.+ Таму ќе бидеш избавена.+ Таму ќе те откупи Јехова од раката на твоите непријатели.+
11 И тогаш ќе се соберат против тебе многу народи, оние што велат: ‚Нека се извалка и нашите очи нека ликуваат над Сион!‘+ 12 А тие не ги знаат мислите на Јехова и неговата намера не ја разбираат,+ бидејќи тој ќе ги собере како штотуку ожнеано жито на гумно.+
13 Стани и врши ги како жито, сионска ќерко,+ зашто твојот рог ќе го претворам во железо и твоите копита ќе ги претворам во бакар, па ќе столчиш многу народи.+ Ќе ја заплениш нивната неправедна добивка+ и ќе му ја посветиш* на Јехова, и нивното богатство ќе му го посветиш на вистинскиот Господар на целата земја.“+
5 „Сега се сечеш по телото,+ граде нападнат. Непријателот нѐ опсадува.+ Со стап ќе удираат по образот на судијата на Израел.+
2 А ти, Витлееме Ефрато,+ кој си најмал од Јудините градови,+ од тебе+ ќе ми излезе оној што ќе биде владетел во Израел,+ кој потекнува од дамнини, од прадамнешните денови.+
3 Затоа ќе бидат предадени и оставени+ додека не роди онаа што треба да роди.+ А остатокот од неговите браќа ќе се вратат кај синовите на Израел.
4 Тој ќе стои и ќе го пасе стадото со силата на Јехова,+ со величеството на името на Јехова, својот Бог.+ И тие ќе живеат таму,+ зашто неговата величина ќе се протега до краиштата на земјата.+ 5 И тој ќе донесе мир.+ А кога Асирецот ќе дојде во нашата земја и ќе гази во нашите утврдени дворци,+ ќе подигнеме против него седум пастири, осум кнезови од луѓето. 6 Тие ќе ја пасат земјата Асирија+ со меч и земјата на Нимрод+ на нејзините влезови. И тој ќе донесе избавување од Асирецот+ кога овој ќе дојде во нашата земја и ќе стапне на наше тло.
7 А остатокот од Јаков+ ќе биде среде многуте народи како роса од Јехова,+ како обилен дожд врз растенијата,+ кој не зависи од човекот и не ги чека синовите човечки.+ 8 Остатокот од Јаков ќе биде меѓу народите, среде многуте народи, како лав меѓу шумските ѕверови, како млад лав меѓу стадо овци, кој кога проаѓа ги гази и ги раскинува на парчиња,+ а нема кој да ги избави. 9 Твојата рака ќе биде високо над твоите противници+ и сите твои непријатели ќе бидат истребени.“+
10 „И во тој ден“, вели Јехова, „ќе ги истребам твоите коњи што се сред тебе и ќе ги уништам твоите коли.+ 11 Ќе ги затрам градовите во твојата земја и ќе ги урнам сите твои утврдени места.+ 12 Од твојата рака ќе го истребам гатањето и повеќе нема да ги имаш оние што прават магии.+ 13 Ќе ги истребам твоите режани ликови и столбовите што се сред тебе и нема повеќе да му се поклонуваш на делото од своите раце.+ 14 И ќе ги откорнам твоите обредни диреци,*+ кои се сред тебе и ќе ги разорам твоите градови. 15 И во гнев и во јарост ќе им се одмаздам на народите што не сакаа да слушаат.“+
6 Слушајте, ве молам, што вели Јехова!+ Станете, изнесете ја својата парница пред планините, и ридовите нека го чујат вашиот глас!+ 2 Слушнете ја, планини, парницата на Јехова, и вие што постојано стоите, темели на земјата!+ Зашто, Јехова има судски спор со својот народ, ќе се суди со Израел:+
3 „Народе мој,+ што ти направив? Со што те изморив?+ Сведочи против мене!+ 4 Те изведов од египетската земја+ и те откупив од ропската куќа.+ Пред тебе ги испратив Мојсеј, Арон и Маријам.+ 5 Те молам, сети се,+ народе мој, што науми Валак, моавскиот цар,+ и што му одговори Валаам, синот на Веор.+ Сети се што беше од Ситим+ до Гилгал,+ за да се разгласат праведните дела на Јехова“.+
6 Со што да дојдам пред+ Јехова? Со што да му се поклонам на Бог кој е на висините?+ Да дојдам ли пред него со цели жртви паленици,+ со телиња годиначиња? 7 Дали Јехова ќе биде задоволен со илјадници овни, со десетици илјади потоци масло?+ Ќе го дадам ли првородениот син за мојот престап,* плодот на својата утроба за гревот на мојата душа?+ 8 Тој ти кажа, земен човеку, што е добро.+ Бара ли Јехова, твојот Бог, од тебе нешто друго, освен да постапуваш праведно,+ да ја сакаш добротата*+ и скромно+ да одиш со него?+
9 Гласот на Јехова вика кон градот,+ и кој е мудар,* ќе се бои од твоето име.+ Послушајте го стапот и оној што ја одредил казната!+ 10 Дали уште има во куќата на злобниот богатство стекнато со злоба+ и смалена ефа достојна за осуда? 11 Можам ли да бидам чист со злобна вага и со торба со лажни камени тегови?+ 12 Зашто, неговите богаташи се полни со насилство, а неговите жители кажуваат лаги+ и лукав е јазикот во нивната уста.+
13 „А и јас ќе те удирам за да се разболиш,+ ќе бидеш опустошен поради своите гревови.+ 14 А ти ќе јадеш, но нема да се наситиш, ќе чувствуваш празнина во својот желудник.+ Ќе тргаш настрана некои работи, но нема да ги зачуваш, а сѐ што ќе зачуваш, јас ќе му го предадам на мечот.+ 15 Ќе сееш, но нема да жнееш. Ќе газиш маслинки, но нема да се мачкаш со масло. Ќе правиш шира, но вино нема да пиеш.+ 16 Затоа што се држите за одредбите на Амри+ и за сите дела на домот на Ахав+ и живеете* според нивните совети,+ ќе направам луѓето да се згрозуваат од вас и со чудење да потсвирнуваат кога ќе ги видат жителите на градот.+ Народите ќе се потсмеваат со вас.“+
7 Тешко мене,+ зашто станав како обрано летно овошје,* како она што се дособира по гроздобер.+ Нема грозд за јадење, ниту рана смоква што душата би ми ја посакала.+ 2 Исчезна лојалниот од земјата и нема чесен човек меѓу луѓето.+ Сите демнат за да пролеат крв.+ Секој го лови својот брат и му поставува мрежа.+ 3 Рацете им се на она што е зло за да го изведат вешто.+ Кнезот бара дар, судијата суди за подарок,+ големецот ја изнесува желбата на својата душа,+ и сите во тоа меѓусебно си потпомагаат. 4 Најдобриот меѓу нив е како трнлива грмушка, најчесниот е полош од трнлива жива ограда.+ Ќе дојде денот на твоите стражари, денот кога ќе бидеш казнет.+ Тогаш луѓето ќе се исплашат.+
5 Не верувајте му на другарот. Немајте доверба во доверливиот пријател.+ Внимавај што ти зборува устата пред онаа што ти лежи на градите.+ 6 Зашто, синот го презира својот татко, ќерката станува против својата мајка+ и снаата против својата свекрва.+ Непријатели на човекот му се неговите домашни.+
7 А јас ќе гледам кон Јехова.+ Готов сум да го чекам Богот на моето спасение.+ Мојот Бог ќе ме услиши.+
8 Не радувај се над мене, непријателко моја!+ Иако паднав, ќе станам.+ Иако живеам во темнина,+ Јехова ќе ми биде светлина.+ 9 Ќе ја поднесувам јароста на Јехова — зашто му згрешив+ — додека не ја заврши мојата парница и не ја спроведе правдата за мене.+ Тој ќе ме изведе на светлина, јас ќе ја гледам неговата праведност.+ 10 И мојата непријателка ќе го види тоа и срам ќе ја покрие таа+ што ми велеше: „Каде е Јехова, твојот Бог?“+ Моите очи ќе ја гледаат.+ Тогаш таа ќе биде изгазена како кал на улиците.+
11 Во денот кога ќе се изградат твоите камени ѕидови, во тој ден одредбата ќе биде далеку.+ 12 Во тој ден кај тебе ќе дојдат луѓе од Асирија и од египетските градови, ќе дојдат од Египет дури до Реката,*+ и од море до море и од планина до планина.+ 13 И земјата ќе се претвори во пустош поради своите жители, поради плодовите на нивните дела.+
14 Паси го својот народ со својот стап,+ стадото од твоето наследство кое живееше в шума+ осамено, среде еден овоштарник. Нека пасе во Васан и во Галад,+ како во дамнешни времиња.+
15 „Ќе ви покажам чудесни дела, како во деновите кога излегувавте од египетската земја.+ 16 Народите ќе гледаат и ќе се засрамат од сета своја моќ.+ Ќе ја стават раката на уста+ и ушите ќе им се заглушат. 17 Ќе лижат прав како змии,+ како земните влекачи ќе излезат со страв од своите бедеми.+ Кај мене, Јехова Бог, ќе дојдат треперејќи и од мене ќе се бојат.“+
18 Кој Бог е како тебе,+ кој ги простува грешките и преминува преку престапот+ на остатокот од своето наследство?+ Нема засекогаш да се гневи, зашто сака да покажува милост.*+ 19 Повторно ќе ни покаже милост,+ ќе ги згази нашите престапи.+ Сите нивни гревови ќе ги фрлиш во морските длабочини.+ 20 Ќе ја покажеш својата верност како што му ја покажа на Јаков, милост* како онаа што ја покажа кон Авраам, како што им се заколна на нашите прататковци од дамнешни денови.+
Или: „бунтот; бунтовничкиот престап“.
Или: „бунтовите; бунтовничките престапи“.
Буквално: „во изрека (пословица)“.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „оди“.
Буквално: „посветуваат“.
Или: „мустаќите“.
Или: „бунт; бунтовнички престап“.
Или: „куло Едер“. Спореди со 1Мо 35:21.
Или: „ќе му ја предадеш на Јехова како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „ашери“.
Или: „бунт; бунтовнички престап“.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „кој има делотворна (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „одите“.
Види ја фуснотата за 2Са 16:1.
Односно Еуфрат.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.