Прво послание до Коринќаните
1 Од Павле, по Божја волја+ повикан за апостол+ на Исус Христос, и Состен,+ нашиот брат, 2 до Божјето собрание* во Коринт,+ вам кои сте посветени+ во единство со Христос Исус, повикани да бидете свети,+ како и сите што насекаде го повикуваат името+ на нашиот Господар, Исус Христос, нивниот и наш Господар:+
3 Бог,+ нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта+ и мир!
4 Секогаш му благодарам на Бог за вас поради Божјата незаслужена доброта,+ која ви е покажана во Христос Исус.+ 5 Му благодарам што се збогативте+ во него во сѐ — во својата способност за проповедање и во сето потребно знаење+ — 6 зашто сведоштвото за Христос+ се утврди меѓу вас, 7 па не ви недостасува ниту еден дар,+ додека нестрпливо очекувате да се појави нашиот Господар Исус Христос.+ 8 Бог ќе ве направи и постојани+ до крајот за да бидете без никаква вина+ во денот+ на нашиот Господар Исус Христос.+ 9 Верен е Бог,+ кој ве повика во единство+ со својот Син Исус Христос, нашиот Господар.
10 Ве поттикнувам,+ браќа, преку името+ на нашиот Господар Исус Христос, сите да зборувате едно+ и меѓу вас да нема поделби,+ туку да бидете потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување.+ 11 Всушност, домашните на Хлое ми јавија+ за вас, браќа мои, дека меѓу вас има караници. 12 Мислам на тоа што секој од вас вели: „Јас сум на Павле“, „А јас на Аполо“,+ „А јас на Кифа“, „А јас на Христос“. 13 Значи, Христос е разделен.+ Зарем Павле беше прикован на столб* за вас? Или во Павлово име се крстивте?+ 14 Благодарен сум му на Бог што не крстив никого од вас, освен Крисп+ и Гај,+ 15 па никој не може да рече дека сте крстени во мое име. 16 Да, го крстив и домот на Стефан.+ Инаку, не знам дали сум крстил уште некого. 17 Зашто, Христос не ме испрати+ да крштавам, туку да ја објавувам добрата вест, и тоа не со мудри зборови,+ за да не се обезвредни Христовиот маченички столб.
18 Зашто, она што се зборува за маченичкиот столб е глупост+ за оние што одат во пропаст,+ а за нас кои се спасуваме,+ тоа е Божја сила.+ 19 Зашто, напишано е: „Ќе ја уништам мудроста на мудреците+ и ќе ја отфрлам+ умноста на умните“.+ 20 Каде се мудреците на овој свет?*+ Каде се книжниците?+ Каде се оние што сакаат да расправаат?+ Зарем Бог не ја претвори мудроста на светот во глупост?+ 21 Зашто, Божјата мудрост се покажува во ова: светот со својата мудрост+ не го запозна Бог,+ но Бог одлучи преку глупоста+ на она што се проповеда да ги спаси оние што веруваат.
22 Зашто, Евреите бараат чудесни знаци+ и Грците бараат мудрост,+ 23 а ние го проповедаме Христос прикован на столб,+ кој за Евреите е камен за спрепнување,+ а за незнабошците глупост,+ 24 но за повиканите — и за Евреите и за Грците — Христос, кој е Божја сила+ и Божја мудрост.+ 25 Зашто, Божјата „глупост“ е помудра од луѓето и Божјата „слабост“ е посилна од луѓето.+
26 Зашто, гледате, браќа, дека меѓу вас кои сте повикани нема мнозина мудри+ според човечките мерила,+ ниту мнозина моќни,+ ниту мнозина со благородничко потекло. 27 Напротив, она што светот го смета за глупаво, Бог го избра+ за да ги посрами мудреците, и она што светот го смета за слабо, Бог го избра за да го посрами она што е јако,+ 28 и она што светот го смета за неблагородно и го презира, она што го смета за безвредно, Бог го избра+ за да го уништи она што светот го смета за вредно,+ 29 за да не може ниту еден човек да се фали+ пред Бог. 30 Но Бог ви овозможи да бидете во единство со Христос Исус, кој нам ни стана мудрост+ од Бог, и праведност+ и посветеност+ и ослободување преку откупнината,+ 31 за да биде како што е напишано: „Кој се фали, со Јехова нека се фали!“+
2 Затоа, кога дојдов кај вас, браќа, не се трудев да ве воодушевам со зборови+ или со мудрост додека ви ја објавував Божјата света тајна.+ 2 Всушност, решив меѓу вас да не зборувам за ништо друго освен за Исус Христос,+ и тоа прикован на столб.* 3 И дојдов кај вас слаб и исплашен и со голем трепет.+ 4 И мојот говор и моето проповедање не се темелеше на уверливи зборови на човечката мудрост, туку во покажувањето на духот и на Божјата сила,+ 5 за вашата вера да не се темели на човечката мудрост,+ туку на Божјата сила.+
6 А за мудроста зборуваме меѓу зрелите,+ но не за мудроста+ на овој свет,* ниту на владетелите на овој свет,+ кој ќе отиде во пропаст.+ 7 Напротив, зборуваме за Божјата мудрост изразена во светата тајна,+ за скриената мудрост. Бог со векови* однапред ја одреди+ таа своја намера за наша слава. 8 Таа мудрост не ја запозна+ ниту еден од владетелите на овој свет,+ зашто, да ја беа спознале, немаше да го приковаат на столб славниот Господар.*+ 9 Туку како што е напишано: „Што окото не видело и увото не чуло, и што не му дошло во срцето на човекот, тоа Бог им го подготви на оние што го сакаат“.+ 10 А нам Бог ни го откри тоа+ со својот дух,+ бидејќи духот+ истражува сѐ, дури и Божјите длабочини.+
11 Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен духот на човекот,+ кој е во него? Исто така, никој не знае што е во Бог, освен духот Божји.+ 12 А ние не го примивме духот на светот,+ туку духот кој е од Бог,+ за да го спознаеме она што Бог ни го подарил.+ 13 За тоа и зборуваме, не со зборови со кои поучува човечката мудрост,+ туку со оние со кои поучува духот,+ додека се служиме со духовни зборови+ за да ги објасниме духовните работи.
14 А телесниот* човек не го прифаќа она што е од духот Божји, зашто тоа за него е глупост, и не може да го спознае,+ бидејќи тоа се испитува на духовен начин. 15 Но духовниот човек+ правилно проценува сѐ, а него никој не може правилно да го процени.+ 16 Зашто, „кој го запознал умот на Јехова,+ па да може да го поучи за нешто?“+ А ние го имаме Христовиот ум.+
3 И така, браќа, јас не можев да ви зборувам како на духовни луѓе,+ туку како на телесни, како на мали деца+ во Христос. 2 Ве хранев со млеко, а не со тврда храна,+ зашто уште не можевте да ја поднесете. А и сега не можете да ја поднесете,+ 3 бидејќи уште сте телесни.+ Имено, додека меѓу вас има љубомора и караници,+ зарем не сте телесни и зарем не постапувате* како и другите луѓе?+ 4 Зашто, кога еден вели: „Јас сум на Павле“, а другиот: „Јас на Аполо“,+ зарем не сте исти како и другите луѓе?
5 Кој е, всушност, Аполо?+ А кој е Павле? Само слуги+ кои ја извршуваат службата што им ја даде Господарот и преку кои станавте верници. 6 Јас посадив,+ Аполо залеа,+ но Бог даде да расте.+ 7 Па така, ниту е нешто оној што сади,+ ниту оној што залева, туку Бог, кој дава да расте.+ 8 А оној што сади и оној што залева се едно,+ но секој ќе добие награда според својот труд.+ 9 Зашто, ние сме Божји соработници,+ а вие сте Божја нива,+ Божја градба.+
10 Според Божјата незаслужена доброта+ што ми е покажана, јас, како мудар главен градител, поставив темел,+ а некој друг гради на него. Но секој нека внимава како гради на него.+ 11 Зашто, никој не може да постави некој друг темел,+ освен оној што веќе е поставен, а тоа е Исус Христос.+ 12 А ако некој на тој темел гради со злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, 13 делото на секого ќе се покаже во денот на испитувањето, зашто ќе се открие со оган,+ и огнот ќе покаже чие дело какво е. 14 Ако остане делото што е изградено на тој темел,+ оној што го изградил ќе добие награда.+ 15 А ако изгори нечие дело, тој ќе претрпи штета, а самиот ќе се спаси,+ но како низ оган.+
16 Не знаете ли дека вие сте Божји храм+ и дека Божјиот дух престојува во вас?+ 17 Ако некој го уништи Божјиот храм, Бог ќе го уништи него.+ Бидејќи Божјиот храм е свет,+ а тој храм сте вие.+
18 Никој нека не се залажува! Ако некој меѓу вас мисли дека е мудар+ во овој свет,* нека биде глупав за да биде мудар.+ 19 Зашто мудроста на овој свет е глупост пред Бог.+ Всушност, напишано е: „Тој ги фаќа мудреците во нивното лукавство“.+ 20 И уште: „Јехова знае дека размислувањата на мудрите се празни“.+ 21 Затоа никој нека не се фали со луѓе, зашто сѐ е ваше:+ 22 дали е тоа Павле, или Аполо,+ или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или ова што е сега, или она што е во иднина+ — сѐ е ваше. 23 А вие сте на Христос,+ а Христос е на Бог.+
4 Луѓето нека нѐ сметаат за Христови слуги+ и за управители+ на светите Божји тајни.+ 2 А од управителот+ се бара да биде верен.+ 3 А јас воопшто не се грижам за тоа каков суд би можеле да донесете за мене вие или некој човечки суд.+ Ниту јас не донесувам суд самиот за себе. 4 Имено, за ништо не чувствувам грижа на совеста.+ Но тоа не докажува дека сум праведен, туку Јехова е тој што суди за мене.+ 5 Затоа немојте да судите+ за ништо пред да дојде време за тоа, додека не дојде Господарот,*+ кој ќе го изнесе на виделина она што е скриено во темнина+ и ќе ги објави намерите на срцата.+ И тогаш секој ќе прими пофалба од Бог.+
6 А ова, браќа, го применив на себе и на Аполо+ поради вас, за да го научите ова од нашиот пример: „Не одете преку она што е напишано“,+ за никој од вас да не се гордее+ сметајќи дека еден човек е подобар од некој друг.+ 7 Зашто, кој ти дава предност+ тебе во однос на некој друг? И што е тоа што го имаш, а не си го примил?+ А ако си го примил,+ зошто се фалиш+ како да не си го примил?
8 Зарем веќе се наситивте? Зарем веќе се обогативте?+ Зарем без нас почнавте да царувате?+ Барем да почневте да царувате, па и ние да царувавме+ со вас. 9 Зашто, ми се чини дека Бог нѐ прикажал нас апостолите како последни,+ како осуденици на смрт,+ зашто станавме глетка*+ што ја гледа светот, и ангелите+ и луѓето.+ 10 Ние сме луди+ поради Христос, а вие сте разборити+ во Христос. Ние сме слаби,+ а вие сте јаки.+ Вие сте угледни,+ а ние презрени.+ 11 Сѐ до овој час гладуваме+ и жедуваме,+ и скудно сме облечени,*+ и грубо постапуваат со нас,+ и бездомници сме,+ 12 и макотрпно работиме+ со своите раце.+ Кога нѐ навредуваат, благословуваме.+ Кога нѐ прогонуваат, стрпливо поднесуваме.+ 13 Кога нѐ клеветат, одговараме љубезно.+ Станавме како ѓубре на светот, како сечиј отпад — сѐ досега.+
14 Не го пишувам ова за да ве посрамам, туку да ве опоменам како свои сакани деца.+ 15 Зашто, да имате и десет илјади воспитувачи+ во Христос, немате повеќе татковци.+ Имено, јас сум ви татко во Христос Исус преку добрата вест.+ 16 Затоа сесрдно ве молам, угледајте се на мене.*+ 17 Затоа ви го испраќам Тимотеј,+ зашто тој е мое сакано и верно дете+ во Господарот. Тој ќе ве потсети на начелата* за кои се држам додека му служам на Христос Исус+ и за кои поучувам насекаде во секое собрание.
18 Некои се возвишуваат+ како јас да нема да дојдам кај вас. 19 Но ќе дојдам кај вас наскоро, ако биде Јеховина волја,+ не за да дознаам што зборуваат тие што се возвишуваат, туку да дознаам каква е нивната сила. 20 Зашто, Божјето царство не е во зборовите, туку во силата.+ 21 Што сакате, да дојдам кај вас со стап+ или со љубов и со духот на благоста?+
5 Навистина, се слуша за блуд меѓу вас,+ и тоа за таков блуд каков што нема ни меѓу незнабошците: дека некој од вас ја има жената на својот татко.+ 2 А вие уште и се возвишувате!+ Не требаше ли наместо тоа да тагувате+ и да го отстраните од својата средина оној што го направил тоа дело?+ 3 А јас, отсутен со телото, но присутен со духот, веќе му пресудив,+ како да сум со вас, на оној што постапил така, 4 за, во името на нашиот Господар* Исус, кога ќе се соберете вие, а и јас ќе бидам со духот со вас со силата на нашиот Господар Исус,+ 5 таквиот да го предадете на Сатана+ за да се отстрани телесното влијание, за да биде спасен духот+ на собранието во денот на Господарот.+
6 Не е добро што се фалите!+ Не знаете ли дека малку квасец го потквасува+ целото тесто?+ 7 Отстранете го стариот квасец за да бидете ново тесто,+ бидејќи треба да бидете бесквасни. Зашто, Христос,+ нашата пасхална жртва,+ е веќе жртвуван.+ 8 Затоа, да го прославуваме празникот,+ но не со стар квасец,+ ниту со квасец+ на расипаноста и злобата,+ туку со бесквасниот леб на искреноста и вистината.+
9 Во писмото ви напишав да престанете да се дружите со блудници. 10 Со тоа не мислев дека не смеете воопшто да се дружите со луѓето од овој свет+ кои се блудници,+ или алчни, или изнудувачи, или идолопоклоници, инаку би морале да излезете од светот.+ 11 Но сега ви пишувам да престанете да се дружите+ со секој што се нарекува брат, а е блудник, или алчен,+ или идолопоклоник, или зборува погрдно, или е пијаница,+ или изнудувач — со таков дури и да не јадете! 12 Зошто јас да им судам на оние што се надвор од собранието?+ Зарем не сте вие тие што им судат на оние што се внатре во собранието,+ 13 а Бог им суди на оние што се надвор од него?+ „Отстранете го злобниот од својата средина!“+
6 Зарем се осмелува некој од вас, кога има тужба против друг,+ да оди на суд пред неправедни,+ а не пред светите?+ 2 Не знаете ли дека светите ќе му судат+ на светот?+ А ако вие му судите на светот, зарем не можете да судите во сосема мали спорови?+ 3 Не знаете ли дека ќе им судиме на ангели?+ Тогаш, зошто да не му судиме и на она што се однесува на овој живот? 4 Значи, ако треба да му судите на она што се однесува на овој живот,+ зарем ги земате за судии оние што собранието не ги смета за ништо?+ 5 Ова ви го зборувам за да се посрамите.+ Зарем меѓу вас нема ниту еден мудар+ кој би можел да суди меѓу своите браќа, 6 туку брат брата води на суд, и тоа пред неверници?+
7 Всушност, тоа што се тужите еден со друг+ е крајно поразително за вас. Зошто попрвин не ја претрпите неправдата?+ Зошто попрвин не ја прежалите штетата?+ 8 Напротив, вие нанесувате неправда и штета, и тоа на своите браќа.+
9 Па зарем не знаете дека неправедниците нема да го наследат Божјето царство?+ Не залажувајте се! Ни блудници,+ ни идолопоклоници,+ ни прељубници,+ ни мажи што се впуштаат во неприродни полови односи,+ ни мажи што легнуваат со мажи,+ 10 ни крадци, ни алчни,+ ни пијаници,+ ни оние што зборуваат погрдно, ни изнудувачи нема да го наследат Божјето царство.+ 11 А такви беа некои од вас,+ но испрани сте,+ посветени,+ прогласени сте за праведни+ во името на нашиот Господар* Исус Христос+ и со духот на нашиот Бог.+
12 Сѐ ми е допуштено, но не е сѐ корисно.+ Сѐ ми е допуштено,+ но нема да дозволам нешто да завладее со мене.+ 13 Јадењата се за стомакот, а стомакот за јадењата.+ Но Бог ќе го уништи и едното и другото.+ А телото не е за блуд, туку за Господарот,+ и Господарот за телото.+ 14 Но Бог го воскресна Господарот,+ а и нас ќе нѐ воскресне+ со својата сила.+
15 Зарем не знаете дека вашите тела се Христови+ делови на телото?+ Тогаш, зарем да ги земам Христовите делови на телото и да ги направам делови на телото на блудница?+ Во никој случај! 16 Не знаете ли дека оној што ќе се здружи со блудница е едно тело со неа? Зашто, Бог вели: „Двајцата ќе бидат едно тело“.+ 17 А кој ќе се соедини со Господарот, тој е во една мисла* со него.+ 18 Бегајте од блуд!+ Секој друг грев што ќе го направи човекот е надвор од неговото тело, но кој прави блуд, греши против своето сопствено тело.+ 19 Зарем не знаете дека вашето тело е храм+ на светиот дух?+ Го добивте од Бог за да престојува во вас. Освен тоа, вие не си припаѓате себеси,+ 20 бидејќи скапо сте купени.+ Затоа прославете го Бог+ со своето тело!+
7 А сега за она за кое пишувавте: добро е човек да не се допира+ до жена. 2 Но, бидејќи блудот е многу раширен,+ секој маж нека има своја жена+ и секоја жена нека има свој маж. 3 Мажот нека ја исполнува брачната должност спрема жената,+ а исто така и жената спрема мажот.+ 4 Жената не е господар над своето тело, туку мажот,+ а исто така и мажот не е господар над своето тело, туку жената.+ 5 Не лишувајте се еден од друг,+ освен по договор, за некое време,+ за да се посветите на молитвата, па тогаш повторно состанете се, за да не ве искушува Сатана+ поради тоа што не можете да се воздржите.+ 6 Меѓутоа, ова го велам како дозвола,+ а не како заповед.+ 7 А би сакал сите луѓе да бидат како што сум јас.+ Но секој има свој дар+ од Бог, едниот ваков, другиот онаков.
8 А на оние што не се во брак+ и на вдовиците им велам: добро им е да останат како што сум јас.+ 9 Но, ако не можат да се самосовладуваат,+ нека стапат во брак, зашто подобро е да се стапи во брак+ отколку да се гори од страст.+
10 На оние што се во брак им заповедам, но не јас, туку Господарот,*+ жената да не си заминува од мажот+ — 11 ако сепак си замине, нека остане немажена или нека се помири со мажот — и мажот да не ја остава жената.
12 А на другите им велам јас, а не Господарот:+ ако некој брат има жена која не е верница, а таа се согласува да живее со него, нека не ја остава, 13 а исто така и жена која има маж што не е верник, и тој се согласува да живее со неа, нека не го остава мажот. 14 Зашто, мажот кој не е верник е посветен преку својата жена, и жената која не е верница е посветена преку братот. Инаку вашите деца би биле нечисти,+ а сега се свети.+ 15 Но, ако оној што не е верник сака да си оди,+ нека си оди. Братот или сестрата во тој случај не се врзани, бидејќи Бог ве повика да живеете во мир.+ 16 Зашто, како знаеш, жено, дека нема да си го спасиш мажот?+ Или како знаеш, мажу, дека нема да си ја спасиш жената?+
17 Инаку, секој нека живее* онака како што му определил Јехова Бог,+ онака како што го повикал.+ Така одредувам+ во сите собранија. 18 Дали некој е повикан како обрежан?+ Нека не го преправа обрежувањето. Дали некој е повикан како необрежан?+ Нека не се обрежува.+ 19 Обрежувањето+ не значи ништо, и необрежувањето+ не значи ништо, туку важно е држењето за Божјите заповеди.+ 20 Секој нека остане во онаа состојба во која бил повикан.+ 21 Дали си повикан како роб? Не грижи се!+ Но ако можеш да станеш слободен, искористи ја можноста. 22 Зашто, секој што во Господарот бил повикан како роб, тој е ослободен+ и му припаѓа на Господарот.* Исто така, кој бил повикан како слободен,+ роб е+ Христов. 23 Скапо сте купени+ — немојте повеќе да им бидете робови+ на луѓето! 24 Браќа, секој нека остане во единство со Бог, во онаа состојба во која бил повикан.+
25 А за оние што не се во брак* немам заповед од Господарот, туку изнесувам свое мислење,+ како некој што е достоен за доверба,+ бидејќи Господарот му покажал милосрдие.+ 26 Затоа мислам дека поради тешкотиите кои владеат, добро е човек да остане како што е.+ 27 Дали си врзан за жена?+ Не барај развод!+ Дали си слободен од жена? Не барај жена! 28 Но, ако и стапиш во брак, не правиш грев.+ И ако оној што не е во брак* стапи во брак, не прави грев. Но таквите ќе имаат телесни неволји.+ А јас би сакал да ве поштедам.
29 Ова сакам да ви го кажам браќа: преостана малку време.+ Отсега оние што имаат жени нека бидат како да ги немаат;+ 30 и кои плачат, како да не плачат; и оние што се радуваат, како да не се радуваат; и оние што купуваат, како да не поседуваат; 31 и оние што го користат светот,+ како да не го користат во потполност — зашто се менува лицето* на овој свет.+ 32 А би сакал да бидете без грижи.+ Неоженетиот се грижи за Господаровото, како да му угоди на Господарот. 33 А оженетиот се грижи+ за световното, како да ѝ угоди на жената,+ 34 па е поделен. Исто така, немажената жена, и девицата, се грижи за Господаровото,+ за да биде света и со телото и со духот. А мажената се грижи за световното, како да му угоди на мажот.+ 35 А ова ви го зборувам за ваша сопствена корист, не за да ве ограничувам,* туку да ве поттикнам за вашето однесување да биде пристојно,+ па без престан и без пречка да му служите на Господарот.+
36 Но, ако некој мисли дека не може да владее со своите полови нагони*+ и дека за него е најдобро да стапи во брак, особено ако повеќе не е во цутот на младоста, нека прави што сака, не греши. Таквите нека стапат во брак.+ 37 Но, ако некој во своето срце одлучил да ја зачува својата девственост и нема потреба да стапи во брак, туку има власт над себе и во срцето цврсто го одлучил тоа, добро прави.+ 38 Значи, кој одлучил да се одрече од својата девственост и да стапи во брак, добро прави,+ но кој одлучил да ја зачува својата девственост и да не стапува во брак, прави уште подобро.+
39 Жената е врзана сѐ додека нејзиниот маж е жив.+ Но, ако маж ѝ умре,* слободна е да се мажи за кого сака, но само во Господарот.+ 40 Но, по мое мислење, ќе биде посреќна ако остане како што е.+ А мислам дека и јас имам Божји дух.+
8 А што се однесува до храната жртвувана на идоли,+ знаеме дека за тоа сите имаме знаење.+ Но знаењето го прави човек надуен, а љубовта изградува.+ 2 Ако некој мисли дека знае нешто,+ уште не го знае тоа како што би требало да го знае.+ 3 Но, ако некој го сака Бог,+ него Бог го познава.+
4 А што се однесува до јадењето+ храна жртвувана на идоли, знаеме дека идолот, всушност, не е ништо+ и дека постои само еден Бог.+ 5 Имено, иако има такви што се нарекуваат „богови“,+ било на небото+ било на земјата,+ зашто има многу „богови“ и многу „господари“,+ 6 за нас постои еден Бог,+ Таткото,+ кој создал сѐ и за кого ние живееме,+ и еден Господар,*+ Исус Христос,+ преку кого сѐ е создадено+ и преку кого ние живееме.
7 Но тоа не го знаат сите.+ Некои, кои досега беа навикнати на идоли, јадат храна како да е жртва на идолите,+ па така ја валкаат својата совест, бидејќи е слаба.+ 8 Но храната нема да нѐ приближи до Бог+ — ниту нешто губиме ако не јадеме, ниту нешто добиваме ако јадеме.+ 9 Туку, внимавајте ова ваше право да не стане камен за спрепнување на слабите.+ 10 Зашто, ако некој што е слаб те види тебе, кој имаш знаење, на трпеза* во идолски храм,* нема ли неговата совест да се осмели да јаде храна жртвувана на идоли?+ 11 Така, поради твоето знаење, пропаѓа оној што е слаб, твојот брат за кого Христос умре.+ 12 А кога така грешите против своите браќа и ја ранувате нивната слаба совест,+ грешите против Христос. 13 Затоа, ако храната го наведува мојот брат да се спрепне,+ никогаш повеќе нема да јадам месо, за да не се спрепне мојот брат поради мене.+
9 Зарем јас не сум слободен?+ Зарем не сум апостол?+ Зарем не сум го видел Исус, нашиот Господар?*+ Зарем не сте вие мое дело во Господарот? 2 Ако не сум им апостол на другите, вам секако сум ви апостол, зашто вие сте печатот што го потврдува+ моето апостолство во Господарот.
3 Ова е мојата одбрана пред оние што ме обвинуваат:+ 4 зарем немаме право да јадеме+ и да пиеме? 5 Зарем немаме право да водиме со себе жена верница,+ како и другите апостоли и браќата на Господарот+ и Кифа?+ 6 Или, зар само Варнава+ и јас мораме да работиме за да се издржуваме?+ 7 Кој е тој војник што служи на свој трошок? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот род?+ Или, кој пасе стадо, а не пие од млекото што го дава стадото?+
8 Зарем го зборувам ова според човечки мерила?+ Зарем не го кажува тоа и Законот?+ 9 Зашто, во Мојсеевиот закон е напишано: „Не врзувај му ја устата на бикот што го врши житото“.+ Зар на Бог му се важни биковите? 10 Или тоа го вели токму поради нас? Навистина, поради нас е тоа напишано,+ бидејќи кој ора, треба да ора со надеж, и кој врши жито, треба да го врши со надеж дека ќе го добие својот дел.+
11 Ако ние вам ви сеевме духовни добра,+ премногу ли е ако ги пожнееме вашите телесни добра?+ 12 Ако другите имаат право на дел од вашите добра,+ зарем ние немаме уште повеќе право на тоа? Но, не го искористивме тоа право,+ туку поднесуваме сѐ за да не ѝ поставиме некаква пречка на добрата вест+ за Христос. 13 Не знаете ли дека оние што вршат света служба јадат+ храна што доаѓа од храмот, и дека оние што служат+ кај жртвеникот ја делат жртвата со жртвеникот? 14 Така и Господарот одреди+ оние што ја објавуваат добрата вест да живеат од добрата вест.+
15 Но јас не искористив ништо од тоа.+ И не го напишав ова за да се постапува така со мене, бидејќи подобро би било да умрам отколку... Никој не може да го обезвредни она со кое можам да се пофалам!+ 16 А ако ја објавувам добрата вест,+ тоа не е причина да се фалам, зашто тоа ми е должност.+ Навистина, тешко мене+ ако не ја објавувам добрата вест! 17 Ако го правам тоа доброволно,+ имам награда,+ а ако го правам тоа против своја волја, сепак ми е доверена задача.+ 18 Каква ми е тогаш наградата? Проповедајќи да ја пренесувам бесплатно добрата вест,+ не злоупотребувајќи го правото што го имам како проповедник на добрата вест.
19 Зашто, иако сум слободен од сите, самиот себе се направив роб+ на сите за да придобијам колку што е можно повеќе луѓе.+ 20 Така на Евреите им бев како Евреин,+ за да ги придобијам Евреите. На оние под закон им бев како под закон+ — иако не сум под законот+ — за да ги придобијам оние што се под законот. 21 На оние без закон+ им бев како без закон+ — иако не сум без законот Божји, туку сум под законот+ Христов+ — за да ги придобијам оние што се без закон. 22 На слабите им бев слаб, за да ги придобијам слабите.+ На сите* им бев сѐ,+ за да можам на секој можен начин да спасам некои. 23 Но, сѐ правам поради добрата вест, за да им ја проповедам на другите.+
24 Не знаете ли дека во една трка сите тркачи+ трчаат, но само еден добива награда?+ Затоа трчајте+ така за да ја освоите.+ 25 А секој натпреварувач се воздржува+ во сѐ. Тие го прават тоа за да добијат распадлив венец,*+ а ние нераспадлив.+ 26 Затоа јас не трчам+ бесцелно и не удирам со раката како да го бијам воздухот,+ 27 туку го тепам своето тело+ и го држам во покорност како роб, за да не бидам самиот отфрлен+ откако им проповедав на другите.
10 А не сакам, браќа, да бидете во незнаење за ова: сите наши прататковци беа под облакот,+ и сите поминаа преку морето,+ 2 и сите се крстија во Мојсеј,+ кога поминаа под облакот преку морето, 3 и сите јадеа иста духовна храна,+ 4 и сите го пиеја истиот духовен пијалак.+ Зашто, пиеја од духовната карпа,+ која ги следеше, а таа карпа+ го претставуваше* Христос.+ 5 Но повеќето од нив не му беа по волја на Бог+ — имено, тие беа убиени во пустината.+
6 А тоа се случи за да ни послужи за пример да не копнееме по зло,+ како што копнееја тие. 7 И не бидете идолопоклоници, како некои од нив,+ како што е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да се забавува“.+ 8 И да не вршиме блуд, како што некои од нив извршија блуд,+ па во еден ден паднаа дваесет и три илјади.+ 9 И да не го искушуваме Јехова,+ како што некои од нив го искушуваа,+ па изгинаа од змии.+ 10 И не приговарајте, како што приговараа некои од нив,+ па изгинаа од погубителот.+ 11 А сето тоа им се случуваше за пример и напишано е како предупредување за нас+ што живееме на крајот од овој поредок.*+
12 Значи, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне!+ 13 Не ве снајде друго искушение освен она што е вообичаено за луѓето.+ Но Бог е верен+ и нема да дозволи да бидете искушани повеќе отколку што можете да поднесете,+ туку ќе направи излез кога ќе дојде искушението+ за да можете да го издржите.
14 Затоа, сакани мои, бегајте+ од идолопоклонство!+ 15 Ви зборувам како на разборити луѓе.+ Самите проценете што зборувам. 16 Зарем чашата+ на благодарност, за која благодариме,* не претставува учество во Христовата крв? Зарем лебот што го кршиме+ не претставува учество во Христовото тело?+ 17 Бидејќи еден е лебот, ние сме едно тело,+ иако сме многу,+ зашто сите го јадеме тој еден леб.+
18 Погледнете го телесниот Израел.+ Зарем оние што јадат жртви не ги делат тие жртви со жртвеникот?+ 19 Значи, што сакам да кажам? Дека она што му е жртвувано на идолот значи нешто или дека идолот значи нешто?+ 20 Не, туку велам дека она што незнабошците го жртвуваат, им го жртвуваат на демоните,+ а не на Бог. А јас не сакам вие да имате нешто заедничко со демоните.+ 21 Не можете да ја пиете чашата на Јехова+ и чашата на демоните. Не можете да јадете од „трпезата на Јехова“+ и од трпезата на демоните. 22 Или „зарем предизвикуваме љубомора кај Јехова“?+ Зарем сме појаки+ од него?
23 Сѐ е дозволено, но не е сѐ корисно.+ Сѐ е дозволено,+ но сѐ не изградува.+ 24 Никој нека не ја бара својата корист,+ туку користа на другиот.+
25 Јадете од сето месо што се продава на пазарот+ и ништо не испитувајте поради совеста.+ 26 Зашто, „на Јехова+ му припаѓа земјата и сѐ што е на неа“.+ 27 Ако некој од неверниците ве покани и вие сакате да одите, јадете сѐ што ќе ви принесат,+ и ништо не испитувајте поради совеста.+ 28 Но, ако некој ви рече: „Ова беше жртвувано“, не јадете поради оној што ве предупредил и поради совеста.+ 29 Притоа не мислам на твојата совест, туку на совеста од оној другиот. Оти, зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?+ 30 Ако јадам и притоа му благодарам на Бог, зошто да се зборува лошо за мене поради она за кое му заблагодарувам на Бог?+
31 Значи, било да јадете, било да пиете, било да правите што и да е друго, правете сѐ за Божја слава.+ 32 Не бидете им за спрепнување+ ниту на Евреите, ниту на Грците, ниту на Божјето собрание, 33 како што и јас им угодувам на сите во сѐ,+ не барајќи ја својата корист,+ туку користа на мнозина, за да бидат спасени.+
11 Угледајте се на мене, како што и јас се угледав* на Христос.+
2 Ве пофалувам, зашто во сѐ мислите на мене и се држите за преданијата+ како што ви ги пренесов. 3 Но сакам да знаете дека глава на секој маж е Христос,+ а глава на жената е мажот,+ а глава на Христос е Бог.+ 4 Секој маж кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава.+ 5 А секоја жена која се моли или пророкува+ со непокриена глава, ја срамоти својата глава,+ зашто тоа е исто како да ѝ е избричена главата.*+ 6 Зашто, ако жената не се покрива, нека си ја пресече косата. Но, ако е срамота жената да ја сече косата или да ја бричи,+ нека се покрива.+
7 А мажот не треба да ја покрива главата, бидејќи е Божја слика+ и слава,+ а жената е слава на мажот.+ 8 Зашто, не настана мажот од жената, туку жената од мажот.+ 9 И не е мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.+ 10 Затоа, а и поради ангелите,+ жената треба да има на главата знак на подложност.+
11 Сепак, во Господарот* ниту жената постои без мажот, ниту мажот без жената.+ 12 Зашто, како што жената настана од мажот,+ така и мажот е роден од жената,+ а сѐ потекнува од Бог.+ 13 Проценете самите: ѝ прилега ли на жена да му се моли на Бог со непокриена глава? 14 Зарем самата природа не ве учи дека е срамота за мажот ако има долга коса, 15 а за жената е чест ако има долга коса?+ Зашто, косата ѝ е дадена наместо покривало.+ 16 А ако некој сака да се препира околу тоа+ и да наметнува некој друг обичај,+ ние друг обичај немаме, ниту, пак, го имаат Божјите собранија.
17 Давајќи ви ги овие упатства, не можам да ве пофалам за тоа дека вашите состаноци се од корист, туку на штета.+ 18 Пред сѐ, слушам, а верувам дека нешто од тоа е и вистина, дека меѓу вас настануваат поделби+ кога се состанувате како собрание. 19 Зашто, треба да има и секти меѓу вас,+ за да се покаже кој е проверен меѓу вас.+
20 Значи, кога се состанувате на едно место, поради вашето однесување не е можно да се јаде Господаровата вечера онака како што прилега.+ 21 Зашто, кога доаѓа време да ја јадете, секој најпрвин си ја јаде својата вечера, па еден гладува, а друг се опива. 22 Зарем не можете дома да јадете и да пиете?+ Или го презирате Божјето собрание и ги посрамувате оние што немаат ништо?+ Што да ви кажам? Да ве пофалам? За ова не ве пофалувам.
23 Зашто, јас од Господарот го примив она што ви го предадов: Господарот Исус, во онаа ноќ+ кога беше предаден, зеде леб, 24 па благодарејќи му на Бог, го раскрши+ и рече: „Ова го претставува* моето тело,+ кое се предава за вас. Правете го ова за мој спомен“.+ 25 Така ја зеде и чашата,+ откако вечера, па рече: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз+ на темел на мојата крв.+ Правете го ова, секогаш кога ја пиете, за мој спомен“.+ 26 Зашто, секогаш+ кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате смртта+ на Господарот, додека тој не дојде.+
27 Затоа, секој што недостојно го јаде лебот или ја пие чашата на Господарот, ќе биде виновен+ во поглед на телото и крвта+ на Господарот. 28 Затоа, најпрво секој сам нека се испита дали е достоен,+ па тогаш нека јаде од лебот и нека пие од чашата. 29 Зашто, кој јаде и пие, ја јаде и ја пие+ осудата против себе ако не го распознава во тоа телото на Христос. 30 Затоа мнозина меѓу вас се слаби и болни, а мнозина од нив и умреа.*+ 31 Но кога би распознале какви сме, немаше да ни биде судено.+ 32 А кога Јехова ни суди,+ тој нѐ воспитува,*+ да не бидеме осудени+ со светот.+ 33 Затоа, браќа мои, кога се состанувате да ја јадете таа вечера,+ чекајте се еден со друг. 34 Ако е некој гладен, нека јаде дома,+ за да не бидат вашите состаноци за осуда.+ А останатото ќе го средам кога ќе дојдам.
12 А што се однесува до даровите што ги дава духот,+ браќа, не сакам да бидете во незнаење. 2 Знаете дека, додека бевте незнабошци,+ на различни начини бевте заведувани за да ги почитувате тие неми+ идоли.+ 3 Затоа сакам да знаете дека никој, кој зборува со Божјиот дух, не вели: „Исус е проклет“.+ И никој не може да каже: „Исус е Господар“,* освен преку светиот дух.+
4 Даровите се различни,+ но духот е ист.+ 5 И службите се различни,+ но Господарот е ист.+ 6 И има различни дејствувања,+ но истиот Бог+ е тој кој на различни начини дејствува во сите.+ 7 А духот се покажува во секого за корисна цел.+ 8 Имено, на еден, преку духот, му е даден збор на мудрост,+ на друг — збор на знаење,+ преку истиот тој дух, 9 на еден — вера,+ преку истиот тој дух, на друг — дар за лекување,+ преку тој еден дух, 10 на еден — вршење на моќни дела,*+ на друг — пророкување,+ на еден — способност за разликување+ на вдахновени објави,+ а на друг — различни јазици,+ а на трет, пак, толкување+ на јазици. 11 Но сето тоа го прави еден и ист дух,+ делејќи му од тие дарови на секој+ поединец по своја волја.+
12 Зашто, како што телото е едно, а има многу делови, и сите делови на тоа тело, иако се многу, сочинуваат едно тело+ — така е и Христос.+ 13 Навистина, сите сме крстени со еден дух+ за да бидеме едно тело — било да сме Евреи било да сме Грци, било да сме робови било да сме слободни — и сите сме со еден дух напоени.+
14 Зашто, телото не се состои од еден дел, туку од многу.+ 15 Ако ногата рече: „Не сум рака, и затоа не сум дел од телото“, не значи дека поради тоа не е дел од телото.+ 16 И ако увото рече: „Не сум око, и затоа не сум дел од телото“, не значи дека поради тоа не е дел од телото.+ 17 Кога целото тело би било око, каде ќе беше слухот? Кога сѐ би било слух, каде ќе беше мирисот? 18 А вака, Бог ги распоредил деловите во телото, секој од нив, како што сакал.+
19 Кога сите би биле истиот дел,+ каде ќе беше телото? 20 А вака, има многу делови,+ а телото е едно. 21 Окото не може да ѝ рече на раката: „Не ми требаш“, или пак, главата на нозете: „Не ми требате“. 22 Напротив, оние делови од телото што изгледаат послаби,+ всушност, се неопходни. 23 И деловите на телото, кои ги сметаме за помалку чесни, ги опкружуваме со поголема чест.+ И така, нашите понеугледни делови имаат многу поголем углед, 24 додека на нашите угледни делови тоа не им треба. Но, Бог го составил телото, покажувајќи му поголема чест на оној дел што ја нема, 25 за да нема поделба во телото, туку деловите еднакво да се грижат еден за друг.+ 26 И ако еден дел трпи, сите други делови трпат со него.+ А ако некој дел се слави,+ сите други делови се радуваат со него.+
27 Вие сте Христово тело, а поединечно сте делови од него.+ 28 А Бог во собранието поставил разни поединци:+ прво апостоли,+ второ пророци,+ трето учители,+ потоа оние што прават моќни дела,*+ потоа оние што имаат дар за лекување,+ оние што помагаат,+ оние што се способни да управуваат+ и оние што зборуваат различни јазици.+ 29 Зарем сите се апостоли? Зарем сите се пророци? Зарем сите се учители? Зарем сите прават моќни дела? 30 Зарем сите имаат дарови за лекување? Зарем сите зборуваат други јазици?+ Зарем сите преведуваат?+ 31 Горливо трудете се да добиете поголеми дарови.+ А ќе ви покажам еден уште повозвишен пат.+
13 Да зборувам и човечки и ангелски јазици,+ а да немам љубов, тогаш би бил бакар што ечи или чинела+ што ѕвечи. 2 Да имам дар за пророкување+ и да ги знам сите свети тајни+ и да го имам сето знаење+ и сета вера, така што и планини да преместувам,+ а љубов немам, ништо не сум.+ 3 И да го раздадам сиот свој имот за да ги нахранам другите+ и да ѝ го предадам на смртта своето тело,+ за да се фалам, а љубов немам,+ ништо не ми користи.
4 Љубовта*+ е долготрпелива+ и љубезна.+ Љубовта не е завидлива,*+ не се фали,+ не се возвишува,+ 5 не се однесува непристојно,+ не ја бара својата корист,+ не се раздразнува,+ не го памти злото.+ 6 Не ѝ се радува на неправдата,+ а ѝ се радува на вистината.+ 7 Сѐ поднесува,+ сѐ верува,+ на сѐ се надева,+ сѐ трпи.+
8 Љубовта никогаш не престанува.*+ А даровите на пророкување ќе исчезнат, јазиците ќе престанат, знаењето ќе го снема.+ 9 Зашто, нашето знаење е делумно+ и нашето пророкување е делумно.+ 10 А кога ќе дојде она што е потполно,+ ќе го снема она што е делумно. 11 Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете. А кога станав маж,+ го отфрлив детинското. 12 Зашто, сега гледаме одраз во огледало кое не дава јасна слика,*+ а тогаш ќе гледаме лице в лице.+ Сега моето знаење е делумно, а тогаш моето знаење ќе биде потполно,* како што е потполно Божјето знаење за мене.+ 13 А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта. Но најголема од нив е љубовта.+
14 Дајте сѐ од себе во покажувањето љубов, а покрај тоа горливо трудете се да ги добиете даровите на духот,+ а особено дарот за пророкување.+ 2 Зашто, кој зборува на друг јазик, не им зборува на луѓе, туку на Бог, зашто никој не го разбира,+ иако преку духот зборува свети тајни.+ 3 А кој пророкува, тој со својот говор ги изградува,+ ги охрабрува и ги теши луѓето. 4 Кој зборува на друг јазик, се изградува себеси, а кој пророкува, го изградува собранието. 5 А јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици,+ но уште повеќе би сакал да пророкувате.+ Зашто, ако оној што зборува на други јазици+ не го преведува тоа за да се изгради собранието, оној што пророкува е поголем од него. 6 А сега, браќа, кога би дошол кај вас зборувајќи на други јазици, каква корист би имале вие од мене ако не ви зборувам со помош на небесна објава+ или знаење+ или пророштво или поука?
7 Имено, ако неживите предмети кои даваат звук+ — флејта или харфа — не даваат јасни тонови, како ќе се знае што се свири на флејтата или на харфата? 8 Зашто, ако трубата дава нејасен повик, кој ќе се подготви за битка?+ 9 Така и вие, ако со јазикот не зборувате разбирливи зборови,+ како ќе се разбере што зборувате? Ќе зборувате во ветар.+ 10 На светот има толку различни јазици, а ниту еден не е без значење. 11 Значи, ако не го разбирам значењето на изговорените зборови, ќе му бидам туѓинец+ на оној што зборува, а оној што зборува, ќе ми биде туѓинец мене. 12 Така и вие, бидејќи многу копнеете по даровите на духот,+ настојувајте да ги имате во изобилство заради изградување на собранието.+
13 Затоа, оној што зборува на друг јазик нека се моли за да може тоа да го преведува.+ 14 Зашто, ако се молам на друг јазик, се моли дарот на духот кој сум го добил,+ но мојот ум нема удел во тоа. 15 Значи, што да се прави? Ќе се молам со дарот на духот, но ќе се молам и со умот. Ќе пеам фалбени песни+ со дарот на духот, но ќе ги пеам и со умот.+ 16 Зашто, ако го фалиш Бог со дарот на духот, како ќе може неупатениот човек да рече „амин“*+ кога ти му благодариш на Бог, ако не знае што зборуваш? 17 Без сомнение, ти добро му благодариш на Бог, но другиот не се изградува со тоа.+ 18 Му благодарам на Бог што зборувам повеќе јазици од сите вас.+ 19 Но во собранието попрво би кажал пет разбирливи збора* за да ги поучам и другите, отколку десет илјади зборови на некој друг јазик.+
20 Браќа, не бидете деца во разборитоста,+ туку бидете мали деца во поглед на злото,+ а во разборитоста бидете возрасни.+ 21 Во Законот е напишано: „,Со јазиците на туѓинци и со усните на странци+ ќе му зборувам на овој народ,+ но ниту тогаш нема да ме послушаат‘, вели Јехова“.+ 22 Според тоа, јазиците не се знак+ за верниците, туку за неверниците,+ а пророкувањето не е за неверниците, туку за верниците.+ 23 Затоа, ако целото собрание се собере заедно и сите зборуваат на други јазици,+ а влезат неупатени или неверници, нема ли да речат дека сте луди? 24 Но, ако сите пророкувате, а влезе некој неверник или неупатен, зборовите на сите вас влијаат врз него како укор+ и го наведуваат самиот да се процени. 25 И се покажуваат тајните на неговото срце,+ па ќе падне ничкум и ќе му се поклони на Бог,* признавајќи: „Навистина, Бог е меѓу вас!“+
26 Значи, што да се прави, браќа? Кога се собирате, некој изнесува псалм, некој поучува, некој изнесува небесна објава што ја добил, некој зборува на странски јазик, а некој го толкува она што е кажано.+ Сѐ нека биде за изградување.+ 27 И ако некои зборуваат на друг јазик, тоа нека го прават најмногу два-тројца, и тоа по ред, а некој нека преведува.+ 28 А ако нема преведувач, нека молчат во собранието, нека си зборуваат во себеси+ и на Бог. 29 И нека зборуваат двајца до тројца пророци,+ а другите нека размислуваат за значењето.+ 30 Но, ако добие објава некој друг што седи таму,+ првиот нека молчи. 31 Зашто, сите можете да пророкувате еден по еден,+ за сите да учат и сите да бидат охрабрени.+ 32 Имено пророците треба да управуваат со пророчките дарови на духот. 33 Зашто, Бог не е Бог на нередот,+ туку на мирот.+
Како и во сите собранија на светите, 34 жените нека молчат+ во собранијата, зашто не им е дозволено да зборуваат. Нека бидат подложни,+ како што вели и Законот.+ 35 А ако сакаат да научат нешто, дома нека ги прашаат своите мажи, бидејќи е срамота+ жена да зборува во собранието.
36 Па зар Божјата реч излезе од вас?+ Зарем допре само до вас?
37 Ако некој смета дека е пророк или дека е надарен со духот, нека го признае ова што ви го пишувам, зашто тоа е заповед од Господарот.+ 38 Но, ако некој не сака да го разбере тоа, нека не го разбира. 39 Затоа, браќа мои, горливо трудете се да пророкувате,+ и не забранувајте да се зборува на други јазици.+ 40 А сѐ нека биде пристојно и така како што е редот.+
15 Ве потсетувам, браќа, на добрата вест+ што ви ја објавив,+ која ја прифативте и во која стоите.+ 2 И преку таа добра вест,+ која ја чувте од мене, се спасувате ако се држите за неа. Инаку залудно сте станале верници.+
3 А една од најважните поуки што ги примив и ви ги предадов вам е оваа:+ Христос умре за нашите гревови, како што пишува во Писмата;+ 4 беше погребан+ и воскресна+ на третиот ден,+ како што пишува во Писмата;+ 5 му се појави на Кифа,+ а потоа на дванаесеттемина.+ 6 Потоа им се појави на браќата, кои заедно беа повеќе од петстотини. Повеќето од нив се живи,+ а некои умреа.* 7 Потоа му се појави на Јаков,+ а потоа на сите апостоли.+ 8 А по сите најпосле ми се појави и мене,+ што ми беше како предвреме да сум се родил.*
9 Зашто, јас сум најмал+ од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи го прогонував+ Божјето собрание. 10 Но преку Божјата незаслужена доброта+ јас сум она што сум. И незаслужената доброта што ми ја покажа не беше залудна,+ туку се трудев повеќе од сите нив+ — но за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата незаслужена доброта која е со мене.+ 11 Значи, така проповедаме — дали јас или тие — и така поверувавте.+
12 А ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите,+ како може некои меѓу вас да речат дека нема воскресение на мртвите?+ 13 Зашто, ако навистина нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал.+ 14 А ако Христос не воскреснал, нашето проповедање навистина е залудно и нашата вера е залудна.+ 15 А тогаш сме и лажни Божји сведоци,+ зашто сведочевме+ против Бог дека го воскреснал Христос,+ кого не го воскреснал ако мртвите навистина не воскреснуваат.+ 16 Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал. 17 А ако Христос не воскреснал, вашата вера е залудна — уште сте во своите гревови.+ 18 Тогаш, пропаднале и оние што умреле во единство со Христос.+ 19 Ако само во овој живот се надеваме на Христос,+ најмногу сме за жалење од сите луѓе.
20 Но факт е дека Христос воскреснал од мртвите,+ тој е првина+ од оние што умреле.+ 21 А поради тоа што смртта+ дојде преку човек, и воскресението+ на мртвите доаѓа преку човек. 22 Зашто, како што во Адам сите умираат,+ така и во Христос сите ќе оживеат.+ 23 Но секој по својот ред: Христос како првина,+ а потоа, за време на неговата присутност,* оние што се Христови.+ 24 Потоа, на крајот, откако ќе ги уништи секоја влада и секоја власт и сила, ќе му го предаде царството на својот Бог и Татко.+ 25 Зашто, тој треба да владее сѐ додека Бог не ги положи сите непријатели под неговите нозе.+ 26 А како последен непријател ќе биде уништена смртта.+ 27 Зашто, Бог „подложил сѐ под неговите нозе“.+ А кога вели дека ‚сѐ е подложено‘,+ јасно е дека е подложено сѐ, освен оној што му подложил сѐ.+ 28 А кога ќе му биде подложено сѐ,+ тогаш и самиот Син ќе му се подложи на оној+ што му подложил сѐ, за Бог да им биде сѐ на сите.+
29 А ако не е така, тогаш на што можат да се надеваат оние кои се крштаваат за да бидат мртви?+ Ако мртвите навистина не воскреснуваат,+ зошто тогаш се крштаваат+ за да бидат мртви? 30 И зошто секој час ние се изложуваме на опасност?+ 31 Секој ден се соочувам со смртта,+ браќа, исто како што се радувам+ поради вас во Христос Исус, нашиот Господар!* 32 Ако сум се борел со ѕверови во Ефес,+ како што го прават тоа луѓето, каква корист имам од тоа? Ако мртвите не воскреснуваат, „да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме“.+ 33 Не залажувајте се! Лошото друштво ги расипува добрите навики.+ 34 Отрезнете се,+ вршејќи го она што е право, и не грешете, зашто некои не го познаваат Бог.+ Ви го зборувам ова за да се посрамите.+
35 Но некој ќе праша: „Како ќе воскреснат мртвите? И какво тело ќе имаат?“+ 36 Безумнику! Она што го сееш нема да оживее ако најпрвин не умре.+ 37 И кога сееш, не сееш такво тело какво што ќе се појави, туку голо зрно,+ на пример, пченица или кое и да било друго зрно. 38 А Бог му дава тело+ какво што сака,+ и тоа на секое семе неговото тело. 39 Не е секое тело исто: поинакво е телото на човекот, а поинакво е телото на стоката, поинакво е, пак, телото на птиците, а поинакво на рибите.+ 40 И има небесни тела+ и земни тела,+ но поинаква е славата+ на небесните, а поинаква е славата на земните. 41 Поинаква е славата на сонцето,+ поинаква е славата на месечината,+ а поинаква е славата на ѕвездите.+ А и ѕвезда од ѕвезда се разликува по славата.
42 Така е и со воскресението на мртвите.+ Се сее во распадливост, а се воскреснува во нераспадливост.+ 43 Се сее во срам,+ а се воскреснува во слава.+ Се сее во слабост,+ а се воскреснува во сила.+ 44 Се сее телесно* тело,+ а воскреснува духовно тело.+ Ако постои телесно тело, постои и духовно. 45 Така е и напишано: „Првиот човек, Адам, стана жива душа“.+ Последниот Адам стана дух+ кој дава живот.+ 46 Но првото не е духовно, туку телесно, а потоа духовно.+ 47 Првиот човек потекнува од земјата и направен е од земниот прав,+ а вториот човек потекнува од небото.+ 48 Каков што е оној кој е направен од прав,+ такви се и другите кои се направени од прав, а каков што е оној кој е небесен,+ такви се и другите кои се небесни.+ 49 И како што го носиме обликот+ од оној што е направен од прав, ќе го носиме и обликот+ на оној што е небесен.
50 Но ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат Божјето царство,+ ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.+ 51 Еве, ви кажувам света тајна: нема сите да умреме, но сите ќе се преобразиме,+ 52 во еден момент, за миг, при звукот од последната труба. Зашто, трубата+ ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, и ние ќе се преобразиме. 53 Зашто, ова што е распадливо мора да се облече во нераспадливост,+ и ова што е смртно+ мора да се облече во бесмртност. 54 А кога ова што е распадливо ќе се облече во нераспадливост, и ова што е смртно ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се исполнат зборовите што се напишани: „Смртта+ е уништена* засекогаш“.+ 55 „Смрт, каде е твојата победа? Смрт, каде е твоето осило?“+ 56 Осилото+ кое предизвикува смрт е гревот, а силата на гревот лежи во Законот.+ 57 Но му благодариме на Бог што ни ја дава победата преку нашиот Господар Исус Христос!+
58 Затоа, браќа мои сакани, бидете постојани,+ непоколебливи, секогаш зафатени во делото на Господарот,+ знаејќи дека вашиот труд во Господарот не е залуден.+
16 А што се однесува до собирањето+ за светите,+ правете го и вие истото што им го одредив на собранијата во Галатија.+ 2 Секој прв ден од седмицата, секој од вас во својата куќа нека става настрана и нека собира колку што може, за да не се собира кога јас ќе дојдам. 3 А кога ќе дојдам, ќе ги испратам оние што ќе ги препорачате со писма,+ да го однесат вашиот дар во Ерусалим. 4 А ако биде соодветно да појдам и јас, ќе дојдат со мене.
5 А кај вас ќе дојдам кога ќе поминам низ Македонија,* зашто ќе поминам низ Македонија.+ 6 И кај вас можеби ќе се задржам, или дури и ќе презимам, за да ме испратите+ таму каде што ќе тргнам. 7 Зашто, не сакам овојпат да ве видам само на поминување, бидејќи се надевам дека ќе останам со вас некое време,+ ако дозволи Јехова.+ 8 А во Ефес ќе останам+ до Педесетница, 9 зашто ми се отвори голема врата за работа,*+ но има многу противници.
10 А ако дојде Тимотеј,+ погрижете се да биде без страв кај вас, бидејќи тој го врши Јеховиното дело+ исто како мене. 11 Затоа, никој да не го потценува.+ Испратете го во мир да дојде кај мене, зашто го чекам со браќата.
12 А што се однесува до нашиот брат Аполо,+ многу го молев да дојде кај вас со браќата, но никако не му беше по волја да дојде сега. Ќе дојде кога ќе има можност.
13 Бдејте,+ бидете непоколебливи во верата,+ држете се машки,+ бидете јаки!+ 14 Сѐ што правите, правете го со љубов!+
15 Знаете дека домашните на Стефан беа меѓу првите+ што станаа христијани* во Ахаја* и дека се посветија во служењето на светите.+ Затоа ве поттикнувам, браќа, 16 и вие да им бидете подложни на таквите и на секој што соработува и се труди.+ 17 А се радувам што се овде* Стефан+ и Фортунат и Ахаик, бидејќи го надоместија тоа што вас ве нема. 18 Тие го закрепнаа моето срце*+ и вашето. Затоа, ценете ги таквите како нив!+
19 Ве поздравуваат собранијата од Азија.*+ Срдечно во Господарот* ве поздравуваат Акила и Приска заедно со собранието што се состанува во нивната куќа.+ 20 Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.+
21 Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со своја сопствена рака.+
22 Ако некој не го сака Господарот, проклет да е!+ Дојди, Господару наш!+ 23 Незаслужената доброта на Господарот Исус нека биде со вас! 24 Мојата љубов е со сите вас во единство со Христос Исус!
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види го додатокот 11.
Види го додатокот 8.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види го додатокот 8.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види го додатокот 11.
Или: „недуховниот; оној што прави сѐ што му душа сака“.
Буквално: „одите“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види го додатокот 11.
Или: „театарска претстава“. Буквално: „театар“.
Буквално: „и голи сме“.
Или: „имитирајте ме“.
Или: „на моите методи на служба“.
Види го додатокот 11.
Види го додатокот 11.
Буквално: „дух“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „оди“.
Буквално: „и е ослободеник (либертин) на Господарот“.
Или: „што живеат во девственост“.
Или: „што живее во девственост“.
Или: „сцената“.
Буквално: „не за да ви поставам замка (јамка)“.
Или: „дека непристојно се однесува кон својата девственост“.
Буквално: „заспие“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „како лежиш на трпеза“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Спореди со Су 9:27.
Види го додатокот 11.
Или: „На најразлични луѓе“.
Или: „круна“.
Или: „таа карпа беше Христос“. Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Буквално: „за нас, врз кои дојде крајот на вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „чашата на благословот која ја благословуваме“.
Или: „Имитирајте ме мене, како што и јас го имитирам“.
Бричењето на главата било казна за блуд или за прељуба.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Буквално: „заспаа“.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.
Види го додатокот 11.
Или: „правење чуда“.
Или: „потоа чуда“.
Грчки: ага́пи.
Или: „љубоморна“.
Или: „не избледува“.
Или: „во метално огледало“.
„Знаење... потполно“ (грчки: епигино́ско) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Буквално: „кажал пет збора со својот ум“.
Или: „ќе го почитува (ќе го обожава) Бог“.
Глаголот „умре“ во стиховите 18, 20 и 51 на грчки буквално гласи: „заспие“.
Буквално: „мене, како недоносче“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види го додатокот 11.
Или: „физичко, материјално“.
Буквално: „проголтана“.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Буквално: „зашто ми се отвори голема и делотворна врата“.
Буквално: „дека домашните на Стефан се првина на Ахаја“.
Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.
Буквално: „поради присутноста [грчки: паруси́а (парусија)] на Стефан и...“ Види го додатокот 7.
Буквално: „дух“.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види го додатокот 11.