Второ послание до Коринќаните
1 Од Павле, апостол+ на Христос Исус по Божја волја, и Тимотеј,+ нашиот брат, до Божјето собрание* во Коринт, заедно со сите свети+ кои се во цела Ахаја:*+
2 Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!
3 Нека е благословен Богот и Таткото+ на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на милосрдноста+ и Богот на секоја утеха,+ 4 кој нѐ теши во секоја наша неволја,+ за да можеме да ги тешиме+ оние што се во каква и да било неволја, со истата утеха со која Бог нѐ теши нас самите.+ 5 Зашто, како што многу страдаме за Христос+ така преку Христос добиваме и многу утеха.+ 6 Ако поднесуваме неволји, тоа е за ваша утеха и спасение.+ Ако добиваме утеха, тоа е за ваша утеха, која ви помага трпеливо да ги поднесувате истите страдања што ги трпиме и ние.+ 7 И цврста е надежта што ја негуваме во врска со вас, знаејќи дека, како што ги делите страдањата со другите, исто така ќе ја делите и утехата.+
8 Зашто, не сакаме, браќа, да не знаете за неволјата што ни се случи во Азија,*+ кога бевме под силен притисок, кој ја надминуваше нашата сила, така што мислевме дека нема да преживееме.+ 9 Всушност, мислевме дека нѐ чека смртна пресуда. Тоа се случи за да не се потпираме на себе,+ туку на Бог, кој ги воскреснува мртвите.+ 10 Тој нѐ избави од смртната опасност и ќе нѐ избавува.+ На него се надеваме дека и понатаму ќе нѐ избавува.+ 11 А и вие можете да помогнете сесрдно молејќи се за нас,+ зашто така мнозина ќе му благодарат на Бог+ за нас поради милоста што ни е покажана благодарение на многуте молитви.+
12 Зашто, се фалиме со ова за кое сведочи и нашата совест:+ во светот, а особено меѓу вас, живеевме во светост и искреност на која нѐ учи Бог и не се потпиравме на телесната мудрост,+ туку на Божјата незаслужена доброта. 13 Зашто, не ви пишуваме ништо друго, освен она што добро го знаете и го прифаќате, а се надевам дека тоа ќе го прифаќате до крајот,+ 14 како што прифативте еден дел од него, имено дека ние сме причината за да се фалите,+ како што и вие ќе бидете причина ние да се фалиме во денот на нашиот Господар Исус.+
15 Со тоа уверување уште порано имав намера да дојдам кај вас,+ за да ви се даде и друга можност+ да се радувате. 16 Имав намера да навратам кај вас на патот за Македонија,*+ а потоа, на враќање од Македонија, да се вратам кај вас+ за да ме испратите+ кога ќе појдам во Јудеја. 17 И зарем бев лекомислен кога имав таква намера?+ Или, она што имам намера да го направам е според телото,+ па велам: „Да, секако“, а потоа: „Не, никако“?+ 18 Како што сме сигурни во Бог, така е сигурно дека она што ви го зборувавме не е во исто време и „да“ и „не“. 19 Зашто, Синот Божји,+ Христос Исус, кого ние ви го проповедавме — јас и Силван и Тимотеј+ — не беше „да“ и истовремено „не“, туку „да“ преку него стана „да“.+ 20 Зашто, колку и да има Божји ветувања,+ преку него станаа „да“.+ Затоа преку него и се вели „амин“*+ за слава на Бог преку нас. 21 А оној кој гарантира дека и ние заедно со вас му припаѓаме на Христос и кој нѐ помаза,+ е Бог. 22 Тој го стави својот печат+ на нас и во срцата ни даде дух+ како гаранција+ за она што ќе дојде.
23 А јас го повикувам Бог за сведок+ и гарантирам со мојата душа дека повеќе не доаѓав во Коринт само за да ве поштедам.+ 24 Не велам дека ние сме господари+ на вашата вера, туку дека сме ваши соработници+ за да бидете радосни, бидејќи со вашата вера+ стоите.+
2 Затоа одлучив во себе да не ви донесам жалост+ кога ќе дојдам повторно кај вас. 2 Зашто, ако јас ве разжалостам,+ кој ќе ме развесели мене? Зарем оние што сум ги разжалостил? 3 Тоа што ви го напишав, го напишав за, кога ќе дојдам, да не се разжалостам+ поради оние поради кои треба да се радувам.+ Со оглед на сите вас, уверен сум+ дека она што ме радува мене ве радува и сите вас. 4 Зашто, ви пишав поттикнат од голема грижа и мака во срцето, со многу солзи,+ не за да се разжалостите,+ туку да ја спознаете големата љубов што ја чувствувам кон вас.
5 А ако некој ме разжалостил,+ не ме разжалостил мене, туку на некој начин — не сакам да претерувам — сите вас. 6 На таквиот му е доволно што е укорен+ од повеќето. 7 Затоа, напротив, спремно простете му+ и утешете го, за да не го скрши преголемата жалост.+ 8 Затоа ве молам, покажете му дека го сакате.+ 9 Зашто, со таква цел и ви пишувам, за да утврдам дали сте послушни во сѐ.+ 10 Кому вие спремно ќе му простите, нему му простувам и јас.+ А јас, ако некому сум му простил нешто, сум му простил поради вас пред Христос, 11 за да не нѐ измами Сатана,+ бидејќи неговите намери не ни се непознати.+
12 Кога дојдов во Троада+ за да ја објавам добрата вест за Христос, иако ми се укажа и можност за работа во делото на Господарот,*+ 13 немав мир* бидејќи не го најдов Тит,+ мојот брат, па се простив од браќата и отидов во Македонија.+
14 Но му благодариме на Бог, кој во единство со Христос+ секогаш нѐ води+ во победничка поворка и преку нас насекаде го шири мирисот на спознанието за себе.+ 15 Зашто, ние сме за Бог пријатен мирис+ Христов, кој го чувствуваат и оние што се на патот за спасение и оние што се на патот за пропаст.+ 16 На овие вториве тоа им е мирис на смртта, кој води во смрт,+ а на првите — мирис на животот, кој води во живот. А кој е способен за таква служба?+ 17 Ние, бидејќи не сме како мнозина+ кои тргуваат со Божјата реч,+ туку зборуваме од искрени подбуди — како пратени од Бог, пред Божји очи и во единство со Христос.+
3 Почнуваме ли пак да се препорачуваме самите себе?+ Или можеби, како на некои, ни требаат писма+ со препораки за вас или од вас? 2 Вие сте нашето писмо,+ напишано на нашите срца, кое го познаваат и го читаат сите луѓе.+ 3 Зашто, очигледно е дека вие сте Христово писмо кое го напишавме ние со својата служба+ и кое не е напишано со мастило, туку со духот+ на живиот Бог, не на камени плочи,+ туку на плочи од месо, на срцата.+
4 Таква доверба имаме во Бог преку Христос.+ 5 Не сметаме дека сами од себе сме способни да направиме нешто,+ туку нашата способност доаѓа од Бог,+ 6 кој нѐ оспособи да бидеме слуги на новиот сојуз,+ не на пишаниот закон,+ туку на духот.+ Имено, пишаниот закон осудува+ на смрт, а духот оживува.+
7 Ако законот, кој носи смрт+ и чии букви беа врежани во камен,+ дојде во слава,+ така што Израеловите синови не можеа да го погледнат Мојсеевото лице поради славата што му беше на лицето,+ која требаше да исчезне, 8 тогаш зарем давањето на духот+ нема да биде уште пославно?+ 9 Зашто, ако беше славен+ законот кој донесува осуда,+ многу е пославно+ давањето на праведноста.+ 10 Така и она што еднаш беше прославено, сега е лишено од слава+ кога ќе се спореди со она што ја има повозвишената слава.+ 11 Зашто, ако она што требаше да биде укинато дојде со слава,+ она што останува ќе биде уште пославно.+
12 И така, имајќи ваква надеж,+ зборуваме со голема слобода, 13 а не сме како Мојсеј, кој со превез го покриваше лицето+ за Израеловите синови да не го видат завршетокот*+ на она што требаше да биде укинато. 14 Зашто, нивнот ум затапе.+ И до ден-денес истиот тој превез стои неподигнат кога се чита стариот сојуз,+ бидејќи се отстранува само преку Христос.+ 15 И така сѐ до денес, кога и да се читаат Мојсеевите списи,+ превезот го покрива нивното срце.+ 16 Но кога некој ќе му се обрати на Јехова, превезот се отстранува.+ 17 А Јехова е Дух,+ а каде што е Јеховиниот+ дух,+ таму е слободата.+ 18 И додека со откриени лица како огледала ја одразуваме Јеховината слава,+ сите ние+ се преобразуваме+ во истиот лик,+ одразувајќи сѐ поголема слава,+ онака како што нѐ преобразува Јехова,+ Духот.
4 Затоа, бидејќи оваа служба+ ја имаме според милосрдието што ни е покажано,+ не се откажуваме, 2 туку се одрековме од срамните тајни,+ не се служиме со лукавство* и не ја извртуваме* речта Божја,+ туку, објавувајќи ја вистината, ѝ даваме добар пример* пред Бог на секоја човечка совест.+ 3 А ако е покриена добрата вест, која ја проповедаме, покриена е за оние што одат во пропаст,+ 4 за оние на кои богот на овој свет*+ им ги заслепил неверничките умови+ за да не продре до нив+ светлината+ на славната добра вест+ за Христос, кој е слика+ на Бог. 5 Зашто, ние не се проповедаме себеси, туку Христос Исус како Господар,+ а за себе велиме дека сме ваши робови+ поради Исус. 6 Зашто, Бог рекол: „Нека светне светлина од темнината“,+ и со светлината ги осветли нашите срца за да ги просветли+ со славното знаење+ за себе со помош на Христовото лице.+
7 Но тоа богатство го имаме+ во земјени+ садови,+ за да биде очигледно дека нашата сила,+ која ја надминува нормалната, потекнува од Бог,+ а не од нас.+ 8 Притиснати сме од сите страни,+ но не и сосема притеснети; во недоумица сме, но не очајуваме;+ 9 прогонувани сме, но не сме напуштени;+ соборувани сме,+ но не сме уништени.+ 10 Каде и да отидеме, секогаш во своето тело ги трпиме смртните болки што ги трпеше Исус,+ за да се покаже и Исусовиот живот во нашето тело.+ 11 Зашто, ние што сме живи секогаш се наоѓаме во смртна опасност+ поради Исус, за да се покаже и Исусовиот живот во нашето смртно тело.+ 12 Така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.+
13 А бидејќи го имаме истиот дух на верата како оној за кој е напишано: „Верував, затоа зборував“,+ и ние веруваме и затоа зборуваме, 14 знаејќи дека оној што го воскресна Исус ќе нѐ воскресне и нас како Исус и заедно со вас ќе нѐ постави пред себе.+ 15 А сето тоа е заради вашата благосостојба,+ со цел изобилството од незаслужената доброта, поради благодарноста која уште мнозина ќе ја упатуваат, да биде уште поголема, на Божја слава.+
16 Затоа не се откажуваме. Напротив, дури и ако нашиот надворешен човек се распаѓа, оној внатрешниот+ се обновува од ден на ден. 17 Зашто, нашата моментална и лесна неволја+ ни донесува сѐ поголема, вечна слава,+ 18 зашто ние не го гледаме она што се гледа, туку она што не се гледа.+ Имено, она што се гледа е привремено,+ а она што не се гледа е вечно.+
5 Зашто, знаеме дека нашата земна куќа,+ овој шатор,+ ќе се распадне+ и дека ќе имаме градба што потекнува од Бог, куќа која не е направена со раце,+ вечна+ на небесата. 2 Зашто, во ова тело* воздивнуваме,+ копнеејќи да го облечеме своето небесно тело,+ 3 за, откако ќе го облечеме, да не се најдеме голи.+ 4 Всушност, ние, кои сме во овој шатор, воздивнуваме оптоварени, зашто наша желба не е да го соблечеме овој, туку да облечеме друг,+ за животот да го проголта она што е смртно.+ 5 А за тоа нѐ подготви Бог,+ кој ни го даде духот+ како гаранција+ за она што ќе дојде.
6 Затоа секогаш сме полни со храброст и знаеме: додека живееме во телото, не сме кај Господарот,*+ 7 зашто живееме* според верата, а не според она што го гледаме.+ 8 Но полни сме со храброст и повеќе би сакале да не сме во телото и да живееме кај Господарот.+ 9 Затоа и се трудиме да му бидеме по волја,+ без разлика каде живееме — било кај него или без него.+ 10 Зашто, сите ние мора да застанеме пред Христовата судиска столица,+ за секој да ја добие платата за она што го заслужил во телото, според она што го направил, било добро било зло.+
11 Според тоа, исполнети со страв*+ од Господарот, се трудиме да ги увериме+ луѓето. Пред Бог сме откриени, а се надевам дека сме откриени и пред вашата совест.+ 12 Не ви се препорачуваме повторно самите себе,+ туку ви даваме причина да се фалите со нас,+ за да имате што да им одговорите на оние што се фалат со надворешноста,+ а не со срцето.+ 13 Зашто, ако сме се мрднале од умот,+ тоа било заради Бог, а ако сме со здрав разум,+ тоа е заради вас. 14 Имено, Христовата љубов нѐ тера, бидејќи го заклучивме ова: еден човек умре за сите,+ па така сите умреа; 15 тој умре за сите, за оние што живеат да не живеат повеќе за себе,+ туку за него,+ кој умре за нив и беше воскреснат.+
16 Затоа ние отсега никого не го познаваме по тело.+ Ако Христос го познававме по тело,+ сега повеќе не го познаваме така.+ 17 Значи, ако некој е во единство со Христос, тој е ново создание.+ Она што е старо помина,+ и гледај, ново настана.+ 18 А сѐ е од Бог, кој нѐ помири со себе+ преку Христос и ни ја довери службата+ на помирувањето, 19 имено, да објавуваме дека Бог преку Христос+ го помири светот+ со себе,+ не сметајќи ги престапите на луѓето,+ а нам ни ја довери пораката+ за тоа помирување.+
20 Значи, ние+ сме пратеници+ кои го застапуваат Христос,+ а тоа е како Бог преку нас да ги моли луѓето.+ Како Христови застапници молиме:+ „Помирете се со Бог!“ 21 Тој го направи за нас жртва за грев+ оној што никогаш не згреши,+ за ние преку него да бидеме праведни+ пред Бог.
6 Ние, како негови соработници,+ ве молиме да не пропуштите да ја исполните целта на Божјата незаслужена доброта која ја примивте.+ 2 Зашто, тој вели: „Во времето на својата милост* те услишив, во денот на спасението ти помогнав“.+ Еве, сега е времето на милоста!*+ Еве, сега е денот на спасението!+
3 Во ништо не даваме никаква причина за спрепнување,+ за да нема што да ѝ се приговори на нашата служба,+ 4 туку во сѐ се препорачуваме+ како Божји слуги: со постојаноста во многу искушенија, во неволји, во немаштија, во тешкотии,+ 5 при тепања, во затвори,+ во побуни, во напорна работа, во бессони ноќи, во гладување.+ 6 Се препорачуваме и со чистота, со знаење, со долготрпеливост,+ со добродушноста,+ со свет дух, со нелицемерна љубов,+ 7 со вистинити зборови, со Божја сила.+ Се препорачуваме носејќи го оружјето+ на праведноста во десната и во левата рака,* 8 преку слава и срам, преку лош и добар глас, како измамници,+ а сепак вистинољубиви, 9 како непознати, а сепак добро познати,+ како оние што умираат, а, еве, сепак живееме,+ како казнети,+ но не убиени,+ 10 како нажалени, а секогаш радосни, како сиромашни, а кои збогатуваат мнозина, како такви кои немаат ништо, а сепак имаат сѐ.+
11 Сѐ ви кажавме отворено, Коринќани, и срцето+ широко ни се отвори. 12 Вам не ви е тесно во нас,+ туку ви е тесно во вашите срца.+ 13 Возвратете на ист начин — ви зборувам како на деца+ — и вие широко отворете ги своите срца.
14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници.+ Зашто, што им е заедничко на праведноста и на беззаконието?+ Или какво заедништво има светлината со темнината?+ 15 Освен тоа, може ли да постои складност меѓу Христос и Велијар?*+ Или што имаат заедничко+ верникот и неверникот? 16 И како се сложува Божјиот храм со идолите?+ Зашто, ние сме храм+ на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе престојувам меѓу нив+ и ќе бидам меѓу нив, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат мој народ“.+ 17 „,Затоа, излезете од нивната средина и одвојте се,‘ вели Јехова, ‚и повеќе не допирајте ништо што е нечисто,‘+ ‚и јас ќе ве примам.‘ “+ 18 „,И ќе ви бидам татко,+ а вие ќе ми бидете синови и ќерки,‘+ вели Јехова, Семоќниот.“+
7 И така, бидејќи ги имаме овие ветувања,+ сакани, да се исчистиме+ од секоја валканост на телото и духот,+ и да се усовршуваме во светоста во Божји страв.+
2 Направете место за нас во своите срца.+ Никому не сме му направиле ништо лошо, никого не сме упропастиле, никого не сме искористиле.+ 3 Не го велам ова за да ве осудам. Зашто, веќе реков дека сте во нашите срца, без разлика дали умираме или живееме.+ 4 Вам можам да ви зборувам многу отворено. Многу се гордеам со вас.+ Исполнет сум со утеха,+ преплавен сум со радост и покрај сета наша неволја.+
5 Навистна, кога дојдовме во Македонија,+ не постоеше олеснување за нашето тело,+ туку и понатаму нѐ снаоѓаа неволји+ од сите страни — однадвор борби, однатре стравови. 6 Но Бог, кој ги теши+ потиштените, нѐ утеши со присутноста* на Тит. 7 И не само со неговата присутност туку и со утехата со која се утеши поради вас, зашто нѐ извести+ за вашата искрена желба за каење, за вашата тага, за вашата голема грижа за мене, така што уште повеќе се израдував.
8 Затоа, и да сум ве разжалостил со моето писмо,+ не ми е жал. И да ми било жал — гледам дека тоа писмо ве разжалостило, додуша накратко — 9 сега се радувам, не затоа што сте се разжалостиле, туку затоа што таа жалост ве навела на покајание,+ бидејќи сте се разжалостиле во склад со Божјата волја,+ па поради нас не претрпевте никаква штета. 10 Имено, жалоста која е во склад со Божјата волја поттикнува на покајание* што води до спасение, поради кое не треба да се жали,+ а жалоста што му е својствена на овој свет донесува смрт.+ 11 Зашто, еве, токму тоа што сте се разжалостиле во склад со Божјата волја+ родило горливост во вас, и исчистување, и огорчување, и страв, и искрена желба за каење, и ревност, и исправање на она што е погрешно.+ Во секој поглед покажавте дека сте чисти во тоа. 12 Значи, иако ви пишав, не го сторив тоа поради оној што постапил неисправно,+ ниту поради оној на кого му е направено лошо, туку за да ја покажете пред Бог вашата искрена желба да нѐ послушате. 13 Затоа се утешивме.
А покрај таа наша утеха уште повеќе се израдувавме поради радоста на Тит, зашто сите вие сте го закрепнале неговото срце.*+ 14 Зашто, ако сум му се фалел со нешто за вас, не се посрамив, туку како што е вистина сѐ што ви зборувавме, така и она со кое се фалевме+ пред Тит беше вистинито. 15 И неговата љубов кон вас е уште посилна кога ќе се сети на послушноста на сите вас,+ како сте го примиле со страв и почит. 16 Се радувам затоа што вашиот пример во сѐ ми дава храброст.+
8 Сега браќа, сакаме да ве известиме за Божјата незаслужена доброта, која им е покажана на македонските собранија.+ 2 Иако се наоѓаа во тешкотии бидејќи доживеаја големи искушенија, изобилуваа со радост, па од нивното крајно сиромаштво произлезе голема дарежливост.+ 3 Имено, можам да посведочам дека даваа според своите можности,+ па и повеќе отколку што беа во можност. 4 Зашто, и тие самите сесрдно нѐ молеа и нѐ преколнуваа да им овозможиме да го приложат својот великодушен дар и да учествуваат во собирањето помош за светите.*+ 5 И не само што направија онака како што се надевавме, туку пред сѐ му се дадоа себеси на Господарот*+ и нам, по Божја волја. 6 Затоа го замоливме Тит,+ како што порано го започна така и да го доврши собирањето на вашиот великодушен прилог. 7 Затоа, како што изобилувате во сѐ+ — во верата, во способноста за проповедање, во знаењето,+ во својата ревност и во оваа љубов со која ве сакаме — така изобилувајте и во ова собирање на прилози.
8 Не ви го зборувам ова како да ви заповедам,+ туку поради ревноста на другите и за да ја испитам искреноста на вашата љубов. 9 Зашто, ја познавате незаслужената доброта на нашиот Господар Исус Христос: иако беше богат, стана сиромашен заради вас,+ за вие да се збогатите+ преку неговото сиромаштво.
10 А ова е моето мислење+ во врска со тоа: за ваша корист+ е да го довршите тоа дело, кое го започнавте пред една година. И не само што го извршувавте туку го правевте тоа доброволно.+ 11 А сега довршете го тоа дело — како што спремно сакавте да го направите така и довршете го, од она што го имате. 12 Всушност, давањето е особено добредојдено ако човек има желба да даде. Од секого се очекува да го даде она што го има,+ а не она што го нема. 13 Но не сакам на другите да им биде лесно,+ а вам тешко, 14 туку, со цел да дојде до изедначување, вашиот вишок сега да ја покрие нивната немаштија, за некогаш и нивниот вишок да ја покрие вашата немаштија — да има еднаквост.+ 15 Како што е напишано: „Кој имаше многу, немаше премногу, а кој имаше малку, немаше премалку“.+
16 А му благодарам на Бог што истата ревност за вас му ја стави в срце на Тит.+ 17 Зашто, тој спремно го прифати нашиот поттик, но бидејќи е многу ревносен, сам по своја желба тргна кај вас. 18 А со него го праќаме братот кого го фалат сите собранија поради она што го прави за добрата вест. 19 И не само тоа, собранијата го назначија+ да биде наш сопатник во ова дело на собирање прилози, кое треба да го извршиме за слава+ на Господарот и како доказ за нашата спремност да им помогнеме на другите.+ 20 Така сакаме да избегнеме некој нешто да ни приговори+ во врска со тој великодушен прилог+ кој ни е доверен. 21 Зашто, „настојуваме сѐ да правиме чесно, не само пред Јехова туку и пред луѓето“.+
22 А со нив го испраќаме и нашиот брат во чија ревност многупати во многу нешта сме се увериле, но сега е уште поревносен поради големата доверба во вас. 23 А ако некој праша нешто за Тит — тој е мој другар и соработник,+ кој служи за ваше добро. А ако праша за нашите браќа — тие се апостоли на собранијата и слава Христова. 24 Затоа, пред собранијата покажете им дека ги сакате+ и дека со право се фалевме со вас.+
9 А излишно е да ви пишувам за собирањето помош за светите,+ 2 бидејќи знам дека сте спремни да помогнете, и поради тоа се фалам со вас пред Македонците, велејќи дека Ахаја веќе цела година е спремна да помогне,+ а вашата ревност поттикна мнозина. 3 Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже дека во тој поглед неосновано сме се фалеле со вас, туку да бидете спремни,+ како што и велев дека ќе бидете. 4 Инаку, ако Македонците дојдат со мене и ве најдат неспремни, ние — да не речам вие — ќе се посрамиме поради тоа што сме се надевале на вас. 5 Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата првин да дојдат кај вас и однапред да го подготват вашиот великодушен дар, кој веќе претходно е ветен,+ да биде подготвен како израз на великодушност, а не како нешто изнудено.+
6 А што се однесува до ова, велам: кој скудно сее,+ скудно и ќе жнее, а кој обилно сее,+ обилно и ќе жнее. 7 Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја,+ ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител.+
8 А Бог може во изобилство да ви ја покаже сета своја незаслужена доброта за секогаш да имате доволно од сѐ и уште да имате во изобилие за да го извршите секое добро дело.+ 9 (Како што е напишано: „Великодушно дели, им дава на сиромасите, неговата праведност останува засекогаш“.+ 10 А оној што обилно му дава на сејачот семе и на луѓето леб за јадење,+ ќе ви даде семе и ќе ви го умножи и ќе ги зголеми плодовите на вашата праведност.)+ 11 Во сѐ збогатувајте се за секаква великодушност, која, поради она што го правиме, ги поттикнува луѓето да му благодарат на Бог.+ 12 Зашто, таа служба, со која се собира помош, не треба само да ги задоволи потребите на светите+ туку треба да даде поттик за многубројни благодарности на Бог. 13 Поради она што го покажавте помагајќи* им така на другите, тие го слават Бог бидејќи се подложни на добрата вест за Христос,+ како што изјавувате јавно, и бидејќи великодушно им давате прилози ним и на сите.+ 14 Молејќи се сесрдно за вас, тие копнеат по вас поради незаслужената доброта+ која Бог обилно ви ја покажува.
15 Му благодариме на Бог за неговиот неопислив дар!+
10 А јас, Павле, лично и сесрдно ве молам со Христовата благост+ и доброта,*+ јас кој оставам скромен впечаток+ кога сум меѓу вас, но смел сум кон вас кога сум отсутен.+ 2 Ве молам, кога ќе бидам кај вас, да не морам да бидам смел+ онака како што имав намера да бидам и да морам да преземам строги мерки против некои што сметаат дека живееме* според склоностите на своето тело. 3 Зашто, иако живееме во тело,+ не војуваме според склоностите на телото.+ 4 Зашто, оружјето на нашето војување не е телесно,+ туку има голема сила од Бог+ за уривање на она што е цврсто утврдено. 5 Зашто, уриваме погрешни размислувања и секаква вообразеност која се крева против познавањето на Бог,+ ја зауздуваме секоја мисла за да му се покори на Христос 6 и спремни сме да ја казниме секоја непослушност,+ откако вашата послушност ќе биде потполна.+
7 Вие ја гледате само надворешноста.+ Ако некој е уверен дека е Христов, самиот повторно нека размисли за ова: како што е тој Христов, така сме и ние.+ 8 Зашто, и малку повеќе да се фалев+ со овластувањето што ни го даде Господарот* за да ве изградуваме, а не да ве уриваме,+ не би се посрамил. 9 Ви го зборувам ова за да не помислите дека со своите писма сакам да ве уплашам. 10 Зашто, некои велат: „Неговите писма се тешки и силни, но кога е лично присутен,* изгледа безначајно,+ а зборовите му се безвредни“.+ 11 Таквите нека размислат за ова: какви сме на збор во писмата кога сме отсутни, такви ќе бидеме и на дело кога ќе бидеме присутни.+ 12 Зашто, не се осмелуваме да се вброиме или да се споредиме со некои што се препорачуваат самите себе.+ Се проценуваат себеси со свои сопствени мерила и се споредуваат самите со себе — постапуваат неразумно.+
13 Ние, пак, нема да се фалиме со она што е надвор од нашите граници,+ туку со она што е внатре во границата на подрачјето кое Бог ни го одмерил, а кое ве опфаќа и вас.+ 14 Навистина, ние не одиме преку своите граници — како што би било кога тие граници не би ве опфаќале и вас — бидејќи први стигнавме до вас со добрата вест за Христос.+ 15 Не се фалиме со она што е надвор од нашите граници, со туѓи напори,+ туку се надеваме дека, со растот на вашата вера,+ меѓу вас ќе се зголеми ценењето за она што го правиме во границите на нашето подрачје.+ Тогаш нашите достигнувања ќе бидат уште поголеми, 16 па ќе ја објавуваме добрата вест и надвор од вашите граници,+ за да не се фалиме со она што веќе е направено на туѓо подрачје. 17 „А кој се фали, со Јехова нека се фали.“+ 18 Зашто, признание од Јехова нема оној што самиот себе се препорачува,+ туку оној кого Тој+ го препорачува.+
11 Кога барем би поднесле малку од мојата неразумност.+ Всушност, веќе и ме поднесувате. 2 Зашто, со ревност се грижам за вас како што го прави тоа Бог,*+ бидејќи ве ветив+ за брак на еден маж,+ Христос, за да ве доведам пред него како чиста+ девица.+ 3 Но се плашам — како што змијата ја заведе Ева+ со своето лукавство — да не се расипат вашите мисли+ и да се одвратат од искреноста и чистотата, кои му ги должите на Христос.+ 4 Зашто, ако некој дојде и проповеда поинаков Исус од оној кого ние го проповедавме+ или ако примите поинаков дух од оној што го примивте+ или поинаква добра вест+ од онаа што ја прифативте, вие сте спремни да го поднесувате таквиот.+ 5 Сметам, всушност, дека во ништо не заостанувам+ зад вашите надапостоли.+ 6 Зашто, и да сум невешт во говорот,+ не сум во знаењето.+ Напротив, тоа ви го покажавме на секој начин и во сѐ.+
7 Или сум направил грев затоа што — понижувајќи се себеси+ за да се возвишите вие — со задоволство+ ви ја објавив Божјата добра вест без никаква наплата? 8 Други собранија ги ограбив примајќи поддршка од нив за да можам вам да ви служам.+ 9 А кога бев кај вас и западнав во немаштија, никому не му бев на товар,+ бидејќи браќата што дојдоа од Македонија+ великодушно ги задоволија моите потреби. Да, внимавав на сѐ, а и понатаму ќе внимавам да не ви бидам на товар.+ 10 Сѐ додека Христовата вистина+ е во мене, нема ништо да ме спречи да се фалам+ со тоа во ахајските краишта. 11 Зошто постапив така? Зарем затоа што не ве сакам? Бог знае дека ве сакам.+
12 А тоа што го правам, ќе го правам и понатаму,+ да им го одземам изговорот на оние што бараат изговор за да се фалат дека во службата се еднакви со нас. 13 Зашто, таквите луѓе се лажни апостоли, кои ги мамат другите+ и се преправаат дека се Христови апостоли.+ 14 А не е ни чудо, зашто и самиот Сатана се преправа дека е ангел на светлината.+ 15 Затоа не е ништо необично ако и неговите слуги+ се преправаат дека се слуги на праведноста. Но крајот ќе им биде според нивните дела.+
16 Пак велам: никој нека не ме смета за неразумен. Но дури и ако ме сметате за таков, прифатете ме макар и како неразумен, за и јас малку да се пофалам.+ 17 Она што го зборувам, не го зборувам како што би зборувал Господарот,* туку како во неразумност, во ова самоуверено фалење.+ 18 Бидејќи мнозина се фалат со она што е човечко,+ и јас ќе се фалам. 19 Зашто, со задоволство ги поднесувате неразумните — вие кои сте разумни. 20 Всушност, го поднесувате секој кој ве заробува,+ секој кој го проголтува она што го имате, секој кој го одзема она што го имате, секој кој се воздигнува над вас, секој кој ве удира по лице.+
21 Ова го велам на наш срам, бидејќи некои мислат дека бевме слаби.
Но, ако некој е смел во нешто — зборувам како неразумен човек+ — и јас сум смел во тоа. 22 Евреи ли се? И јас сум.+ Израелци ли се? И јас сум. Авраамово потомство ли се? И јас сум.+ 23 Христови слуги ли се? Одговарам како лудак: јас сум тоа уште повеќе+ — повеќе се напрегав,+ повеќепати бев во затвори,+ добивав удари преку секоја мера, често бев во смртна опасност.+ 24 Од Евреите петпати добив по триесет и девет удари,*+ 25 трипати бев претепан,+ еднаш каменуван,+ трипати доживеав бродолом,+ цела ноќ и цел ден поминав во длабокото море. 26 Често патував, бев во опасност од реки, во опасност од разбојници,+ во опасност од сонародници,+ во опасност од незнабошци,+ во опасност во градот,+ во опасност во пустината, во опасност на море, во опасност меѓу лажни браќа, 27 во тешка и напорна работа, во многубројни непреспиени ноќи,+ во глад и жед,+ често се воздржував од храна,+ бев во студ и голотија.
28 А како врв на сите тие надворешни неволји, секој ден ме притиска и грижата за сите собранија.+ 29 Кој е слаб,+ а јас да не сум слаб? Кој се спрепнал во верата,* а јас да не горам од гнев?
30 Ако треба да се фалам, ќе се фалам+ со она што е поврзано со мојата слабост. 31 Богот и Таткото на Господарот Исус, оној кого треба да го фалиме во сета вечност, знае дека не лажам. 32 Во Дамаск намесникот на цар Арета го чуваше под стража градот на Дамашаните со цел да ме фати,+ 33 но во плетен кош ме спуштија низ прозорец во ѕидот,+ па побегнав од неговите раце.
12 Морам да се фалам. Од тоа, всушност, нема корист, но ќе преминам на виденијата+ и објавите на Господарот.* 2 Знам еден човек во единство со Христос, кој пред четиринаесет години — дали во тело или надвор од телото, не знам, Бог знае — беше однесен+ до третото небо. 3 Да, знам дека тој човек — дали во тело или надвор од телото,+ не знам, Бог знае — 4 беше однесен во рајот+ и слушна зборови кои не смеат да се изговорат, кои на човек не му е дозволено да ги зборува. 5 Со таков човек ќе се фалам, а со самиот себе нема да се фалам, освен со своите слабости.+ 6 Всушност, ако некогаш посакам да се фалам,+ не би бил неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам од тоа, за некој да не помисли за мене нешто повеќе од она што го гледа или го слуша од мене, 7 поради силните објави.
Затоа, за да не се возгордеам,+ даден ми е трн во телото,+ ангел на Сатана, да ме удира за да не се возгордеам. 8 Поради тоа, трипати го молев+ Господарот да го отстрани тоа од мене. 9 Но тој ми рече: „Доволна ти е незаслужената доброта+ што ти ја покажувам, зашто мојата сила се покажува во потполност кога си слаб“.+ Затоа со задоволство ќе се фалам со своите слабости,+ за Христовата сила да остане над мене како засолниште. 10 Затоа уживам во слабостите, во навредите, во немаштиите, во прогонствата и во тешкотиите за Христос. Зашто, кога сум слаб, тогаш сум силен.+
11 Станав неразумен, зашто вие ме принудивте.+ Всушност, вие требаше да ме препорачате, зашто во ништо не заостанувам зад вашите надапостоли,+ иако не сум ништо.+ 12 Навистина, доказите за моето апостолство+ се покажаа меѓу вас со голема истрајност+ и со чудесни знаци и со предзнаци и со моќни дела.*+ 13 Во што сте вие помали од останатите собранија, освен во тоа што јас не ви бев на товар?+ Простете ми ја таа грешка.
14 Еве, веќе третпат сум готов да дојдам кај вас+ и нема да ви бидам на товар, зашто не го барам вашиот имот,+ туку вас. Всушност, децата+ не треба да стекнуваат имот за родителите, туку родителите за децата.+ 15 А јас со задоволство ќе потрошам сѐ и ќе се истрошам самиот себе за вашите души.+ Ако јас толку ве сакам, зарем вие ќе ме сакате помалку од тоа? 16 Но, како и да е, јас не ви бев товар.+ А вие сепак велите дека сум бил „лукав“ и дека сум ве фатил „со измама“.+ 17 Зарем ве искористив преку некој од оние што ви ги испратив? 18 Го замолив Тит да ве посети и со него испратив уште еден брат. Зарем Тит ве искористи во нешто?+ Зарем ние не размислувавме исто?+ Зарем не постапувавме исто?*
19 Зарем за сето ова време мислите дека се браниме пред вас? Пред Бог зборуваме како Христови ученици. А сето тоа, сакани, е за ваше изградување.+ 20 Зашто, се плашам дека, кога ќе дојдам,+ можеби нема да ве најдам такви какви што би сакал да ве најдам и дека јас кон вас нема да бидам таков каков што вие би сакале да бидам, туку дека можеби ќе затекнам караници, љубомора,+ гнев, препирки, клеветења, озборувања, вообразеност, нереди.+ 21 Се плашам дека, кога ќе дојдам пак, мојот Бог ќе ме посрамоти кај вас и дека ќе тагувам за мнозина кои порано згрешиле,+ а не се покајале за нечистотијата и за блудот+ и за бесрамните дела+ што ги правеле.
13 Ова е третпат како доаѓам кај вас.+ „Секое тврдење нека биде потврдено со изјавата на двајца или тројца сведоци.“+ 2 Иако не сум со вас, прифатете ги моите зборови како да сум по втор пат со вас. Значи, како што ги предупредив порано, така и сега ги предупредувам оние што порано згрешиле, како и сите останати, дека ако дојдам повторно, никого нема да штедам,+ 3 зашто вие барате доказ дека во мене зборува Христос,+ кој спрема вас не е слаб, туку е моќен меѓу вас. 4 Вистина, беше прикован на столб+ поради слабоста,+ но е жив поради Божјата сила.+ И ние, навистина, сме слаби како што беше и тој, но ќе живееме со него+ поради Божјата сила+ која дејствува врз вас.
5 Испитувајте дали сте во верата, проверувајте се самите себе.+ Зарем не сфаќате дека Исус Христос е во единство со вас?+ Би требало да сфатите, освен ако не сте отфрлени. 6 Навистина се надевам дека ќе спознаете дека ние не сме отфрлени.
7 Му се молиме на Бог+ да не направите никакво зло, не за да бидеме ние прифатени, туку за вие да правите добро, па макар и да сме отфрлени. 8 И така, ништо не можеме да сториме против вистината, туку само за вистината.+ 9 Да, се радуваме секогаш кога ние сме слаби, а вие јаки.+ За тоа и се молиме+ — да се поправате. 10 Затоа и ви го пишувам ова додека сум отсутен, за да не мора да настапам строго кога ќе бидам присутен,+ зашто овластувањата што ми ги даде Господарот* треба да служат за изградување,+ а не за уривање.
11 На крајот, браќа, радувајте се, исправајте се, примајте утеха,+ еднакво размислувајте,+ живејте во мир,+ па Богот на љубовта и на мирот+ ќе биде со вас! 12 Поздравете се еден со друг со свет бакнеж!+ 13 Ве поздравуваат сите свети.
14 Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос и Божјата љубов и заедништвото во светиот дух нека бидат со сите вас!+
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Буквално: „иако ми се отвори врата во делото на Господарот“. Види го и додатокот 11.
Буквално: „мир во својот дух“.
Или: „каков ќе биде исходот“.
Буквално: „не одиме во лукавство“.
Или: „фалсификуваме; разводнуваме“.
Или: „се препорачуваме пред Бог“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „куќа; живеалиште“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „одиме“.
Или: „познавајќи го стравот“.
Буквално: „поволното (прифатливо) време“.
Буквално: „особено поволното (прифатливо) време“.
Или: „оружјето на праведноста за напад и за одбрана“.
„Велијар“ значи „безвреден“, а се однесува на Сатана.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Буквално: „промена на умот (на начинот на размислување)“.
Буквално: „дух“.
Буквално: „во служењето на светите“.
Види го додатокот 11.
Или: „служејќи“.
Или: „разумност; попуштање“.
Буквално: „одиме“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „но неговата физичка присутност [грчки: паруси́а (парусија)]“. Види го додатокот 7.
Или: „Зашто, од љубомора горам за вас, од Божја љубомора“.
Види го додатокот 11.
Или: „четириесет удари без еден“.
Или: „е наведен да се спрепне“.
Види го додатокот 11.
Или: „и со чуда“.
Буквално: „Не одевме ли во истиот дух? Не [одевме] ли по истите стапки?“
Види го додатокот 11.