ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 Тит 1:1-3:15
  • Тит

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тит
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
Тит

Послание до Тит

1 Од Павле — роб+ Божји и апостол+ на Исус Христос — чија служба е во согласност со верата на Божјите избрани+ и кој добро ја запозна*+ вистината,+ која е во склад со оддаденоста на Бог.+ 2 Нејзин темел е надежта во вечен живот,+ кој го вети Бог, кој не може да лаже,+ уште во дамнешно време,+ 3 а во свои времиња ја објави својата реч преку проповедањето, кое ми е доверено мене.+ Тоа беше по заповед на нашиот Спасител,+ Бог. 4 Ова му го пишувам на Тит, вистинскиот син+ според заедничката вера:

Незаслужената доброта и мирот од Бог, Таткото,+ и од Христос Исус, нашиот Спасител нека бидат со тебе!+

5 Те оставив на Крит+ за да го исправиш она што има некаков недостаток и да назначиш старешини+ по градовите, како што те упатив.+ 6 Старешината мора да биде човек кому нема што да му се приговори,+ кој има само една жена+ и чии деца се верници и не може да бидат обвинети дека се распуштени или непокорни.+ 7 Зашто, надгледникот, како Божји управител,+ мора да биде човек кому нема што да му се приговори+ и не смее да биде самоволен,+ ниту гневлив,+ ниту пијаница,+ ниту кавгаџија,+ ниту алчен за нечесна добивка,+ 8 туку гостољубив,*+ да ја сака добротата, разборит,+ праведен, лојален,+ кој умее да се совладува,+ 9 кој при поучувањето се држи за веродостојните зборови,+ за да може да опоменува, служејќи се со здравото учење,+ и да ги укорува+ оние што му противречат на тоа учење.

10 Зашто, има многу непокорни, оние што кажуваат бескорисни зборови+ и оние што го лажат умот, особено оние што се држат за обрежувањето.+ 11 Ним треба да им се затвори устата, зашто токму тие ја поткопуваат верата на цели семејства,+ поучувајќи за она што не треба, заради нечесна добивка.+ 12 Еден од нив, нивни сопствен пророк,* рекол: „Криќаните секогаш се лажливци, зли+ ѕверови, мрзливи изедници“.

13 Ова сведоштво е вистинито. Затоа строго укорувај ги,+ да бидат здрави во верата+ 14 и да не ги прифаќаат еврејските бајки+ и заповеди од луѓе,+ кои се откажуваат од вистината.+ 15 На чистите сѐ им е чисто,+ а на валканите+ и безверни+ луѓе ништо не им е чисто, туку им се извалкани и умот и совеста.+ 16 Тие тврдат дека го познаваат Бог,+ но се одрекуваат од него со своите дела,+ бидејќи се одвратни и непослушни и неспособни+ за какво и да е добро дело.

2 А ти зборувај го она што се согласува со здравото учење.+ 2 Постарите мажи+ нека бидат умерени во сѐ, достојни за почит,*+ разборити, здрави во верата,+ во љубовта и во истрајноста.+ 3 Исто така, постарите жени+ нека се однесуваат богобојазливо, нека не клеветат+ и нека не робуваат на многу вино, туку нека ги поучуваат другите за она што е добро, 4 за да можат да ги учат помладите жени да си ги сакаат мажите,+ да си ги сакаат децата,+ 5 да бидат разборити, чесни,+ примерни домаќинки, добри, подложни+ на своите мажи, за да не се зборува погрдно за Божјата реч.+

6 Исто така, помладите мажи поттикнувај ги да бидат разборити,+ 7 а самиот биди во сѐ пример во вршењето на добри дела.+ Твоето поучување+ нека се одликува со нерасипаност,+ сериозност, 8 здрав говор, на кој не може ништо да му се приговори,+ за да се посрами противникот кога ќе нема ништо лошо да каже за нас.+ 9 Робовите+ нека им бидат подложни на своите господари во се+ и нека им угодуваат. Нека не им противречат,+ 10 нека не ги поткраднуваат,+ туку во потполност нека покажуваат соодветна верност,+ за да го украсуваат во сѐ учењето на нашиот Спасител,+ Бог.

11 Зашто, се покажа+ Божјата незаслужена доброта,+ која им донесува спасение+ на најразлични луѓе.+ 12 Нѐ поучи да се откажеме од безбожноста+ и од световните желби+ и да живееме разборито, праведно и со оддаденост на Бог+ среде овој сегашен свет,*+ 13 додека го чекаме исполнувањето на нашата прекрасна надеж+ и славното појавување на великиот Бог+ и на нашиот Спасител, Христос Исус. 14 Христос се дал себеси за нас,+ за да нѐ избави+ од секое беззаконие и да исчисти+ за себе народ што го избрал,+ кој ревносно прави добри дела.+

15 Зборувај го тоа, опоменувај и укорувај, бидејќи ги имаш сите овластувања за тоа.+ Никој нека не те омаловажува.+

3 Потсетувај ги да им бидат подложни+ и покорни на властите и на владетелите,+ да бидат спремни за секое добро дело,+ 2 да не зборуваат лошо за никого, да не бидат воинствени,+ туку да бидат разумни,*+ да бидат сосема благи спрема сите луѓе.+ 3 Зашто, и ние некогаш бевме безумни, непокорни, заведени, робови на разни желби и уживања, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.+

4 Но кога нашиот Спасител,+ Бог, ја покажа+ својата добрина+ и љубов кон човекот, 5 нѐ спаси — не поради праведните дела+ што сме ги направиле,+ туку според своето милосрдие+ — со капењето,+ кое нѐ доведе во живот,+ и со тоа што нѐ обнови преку светиот дух.+ 6 Тој дух обилно го излеа врз нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,+ 7 за, откако сме прогласени за праведни+ преку неговата незаслужена доброта,+ да станеме наследници+ на вечниот живот на кој се надеваме.+

8 Веродостојно е ова што е речено+ и сакам тоа постојано да го застапуваш, за оние што поверувале во Бог да се сосредоточат на правењето на добри дела.+ Тоа е добро и корисно за луѓето.

9 А избегнувај глупави испитувања,+ истражување на родословија,+ караници+ и препирки околу Законот,+ зашто тоа е бескорисно и залудно. 10 Од човек што шири лажно учење,*+ тргни се+ откако е опоменат еднаш и по вторпат,+ 11 знаејќи дека таквиот застранил и дека греши, па на тој начин самиот себе се осудил.+

12 Кога ќе ти ги испратам Артема или Тихик,+ стори сѐ што можеш за да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимам.+ 13 Грижливо снабди ги за по пат Зина, познавачот на Законот, и Аполо, за да не им недостига ништо.+ 14 А и нашите нека се учат да прават добри дела кога ќе се појави голема потреба,+ за да не бидат без плод.+

15 Те поздравуваат сите што се со мене.+ Поздрави ги оние што нѐ сакаат во верата.

Незаслужената доброта нека биде со сите вас.+

„Добро ја запозна“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.

Или: „кој ги сака странците“. Види ја фуснотата за 1Ти 3:2.

Епименид, критски поет од 6. век пр.н.е.

Или: „сериозни“.

Види ја фуснотата за Мт 12:32.

Или: „спремни да попуштат“.

Или: „секташ“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели