Второ послание до Тимотеј
1 Павле — по Божја волја апостол на Христос Исус,+ според ветувањето за живот,+ кој е во Христос Исус+ — 2 до Тимотеј, саканиот син:+
Незаслужената доброта, милосрдието и мирот од Бог, Таткото, и од Христос Исус, нашиот Господар* нека бидат со тебе!+
3 Му благодарам за тебе на Бог, кому му служеа моите прататковци,+ а кому му служам и јас*+ со чиста совест,+ и секогаш се сеќавам на тебе во моите сесрдни молитви.+ Ноќ и ден 4 копнеам да те видам,+ сеќавајќи се на твоите солзи, за да се исполнам со радост. 5 Се сеќавам на твојата нелицемерна вера,+ вера која најпрвин ја имаа твојата баба Лоида и твојата мајка Евника, а која, уверен сум, ја имаш и ти.
6 Затоа те потсетувам да го разгориш+ Божјиот дар,+ кој го прими откако положив раце врз тебе.+ 7 Зашто, Бог не ни даде дух кој нѐ прави плашливи,+ туку дух кој ни дава сила,+ љубов и разборитост.+ 8 Затоа немој да се срамиш од сведоштвото за нашиот Господар,+ ниту од мене, затвореникот поради него,+ туку биди спремен и ти да поднесуваш зло+ заради добрата вест, потпирајќи се на силата од Бог.+ 9 Тој нѐ спаси+ и нѐ повика со свет позив,+ не поради нашите дела,+ туку поради својата намера и незаслужена доброта, која уште од дамнешни времиња ни беше дадена во Христос Исус,+ 10 а е објавена сега, кога се појави+ нашиот Спасител, Христос Исус, кој ја укина смртта,+ а ги осветли+ животот+ и нераспадливоста+ преку добрата вест,+ 11 за која сум поставен како проповедник и апостол и учител.+
12 Поради тоа и го трпам ова,+ но не се срамам,+ бидејќи го знам оној кому му поверував и уверен сум дека тој може да го чува она што му го доверив+ до оној ден.+ 13 Како пример нека ти бидат здравите зборови+ што ги слушна од мене со вера и љубов, кои се во Христос Исус.+ 14 Ова богатство што ти е доверено+ чувај го со помош на светиот дух, кој престојува во нас.+
15 Знаеш дека во Азија*+ сите се одвратија од мене+ — меѓу нив и Фигел и Ермоген. 16 Господарот нека покаже милосрдие кон домот на Онисифор,+ зашто честопати знаеше да ме зајакне,+ и не се срамеше од моите синџири.+ 17 Напротив, кога беше во Рим, грижливо ме побара и ме најде.+ 18 Господарот Јехова нека покаже милосрдие кон него+ во оној ден!+ А ти добро ги знаеш сите служби што ги вршеше тој во Ефес.
2 А ти, сине мој,+ зајакнувај+ во незаслужената доброта,+ која е во Христос Исус. 2 Она што го чу од мене и што го потврдија многу сведоци,+ довери им го на верни луѓе, кои потоа ќе бидат оспособени да поучуваат други.+ 3 Како добар војник+ на Христос Исус, и ти биди спремен да трпиш зло.+ 4 Ниту еден војник+ не се впушта во работите на секојдневниот живот,+ бидејќи сака да му угоди на оној што го зел за војник. 5 И ако некој се натпреварува во игрите,+ нема да ја добие наградата ако не се натпреварува според правилата. 6 Земјоделецот што работи напорно треба прв да ужива во плодовите.+ 7 Размислувај за ова што го зборувам. Господарот* навистина ќе ти даде разборитост+ во сѐ.
8 Не заборавај дека Исус Христос стана од мртвите+ и дека беше од потомството на Давид+ — тоа е добрата вест што ја проповедам.+ 9 Поради неа трпам зло, така што стигнав дури до окови,+ како некој злосторник. Но Божјата реч не е окована.+ 10 Затоа поднесувам сѐ поради избраните,+ за да ги добијат и тие спасението, кое е во Христос Исус, и вечната слава.+ 11 Веродостојни се овие зборови:+ ако со него умреме, со него и ќе живееме.+ 12 Ако истраеме, со него и ќе царуваме.+ Ако се одречеме од него, и тој ќе се одрече од нас.+ 13 Ако бидеме неверни, тој останува верен,+ зашто не може да се одрече од самиот себе.
14 Потсетувај ги+ другите на ова, заколнувајќи ги+ пред Бог+ да не се препираат околу зборови,+ зашто нема корист од тоа, туку е за пропаст на оние што слушаат. 15 Дај сѐ од себе за да стекнеш признание од Бог,+ да бидеш работник+ кој нема од што да се срами,+ кој исправно се служи со речта на вистината.+ 16 А избегнувај празни разговори, кои го сквернават она што е свето,+ бидејќи тие што зборуваат така ќе тонат сѐ повеќе во безбожност+ 17 и нивниот збор ќе се шири како гангрена.+ Меѓу нив се Именеј и Филет.+ 18 Овие луѓе отстапија од вистината,+ велејќи дека воскресението веќе се случило,+ па ја поткопуваат верата на некои.+ 19 Но Божјиот цврст темел стои неподвижно+ и на него е овој печат: „Јехова ги познава оние што се негови“+ и „Нека се одрече од неправедноста+ секој што го повикува името Јеховино“.+
20 А во една голема куќа нема само златни и сребрени садови, туку и дрвени и земјени. Едните се за благородна употреба, а другите за неблагородна.+ 21 Затоа, ако некој се држи понастрана од овие што се за неблагородна употреба, ќе биде сад за благородна употреба, посветен, корисен за својот сопственик, спремен за секое добро дело.+ 22 Затоа, бегај од желбите на младоста,+ а тежнеј кон праведност,+ вера, љубов, мир,+ заедно со оние што од чисто срце го повикуваат Господарот.+
23 И бегај од глупави и бесмислени потпрашувања,+ знаејќи дека од нив настануваат караници.+ 24 А робот на Господарот не смее да се кара,+ туку треба да биде благ* кон сите,+ оспособен да поучува,+ да се совладува кога трпи зло,+ 25 со благост да ги поучува оние што се бунтовни,+ за Бог да им даде да се покаат,+ па добро да ја запознаат* вистината,+ 26 та да се вразумат и да се извлечат од замката на Ѓаволот,+ во која тој живи ги фатил+ за да ја вршат неговата волја.
3 А ова знај го: во последните денови+ ќе настанат особено тешки времиња.+ 2 Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите,+ неблагодарни, нелојални,+ 3 бесчувствителни кон другите,*+ неспремни за каков и да било договор,+ клеветници,+ без самосовладување, сурови,+ без љубов кон добротата,+ 4 предавници,+ своеглави, горди,+ повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог,+ 5 и на изглед ќе бидат богобојазливи,+ но нема да живеат богобојазливо.+ Од таквите бегај!+ 6 Зашто, од нив доаѓаат оние што лукаво се вовлекуваат во куќите+ и ги заробуваат слабите жени оптоварени со гревови, водени од разни желби,+ 7 кои секогаш учат, но никако добро да ја запознаат* вистината.+
8 И како што Јаниј и Јамвриј+ му се противеа на Мојсеј, така и овие ѝ се противат на вистината.+ Тоа се луѓе со потполно расипан ум,+ за кои нема место меѓу вистинските верници.+ 9 Но нема повеќе да напредуваат, зашто нивното безумие ќе стане видливо за сите, како што стана видливо и безумието на оние двајца мажи.+ 10 А ти добро ги запозна моето учење, мојот начин на живот,+ мојата животна цел, мојата вера, мојата долготрпеливост, мојата љубов, мојата истрајност, 11 моите прогонства, моите страдања, она што ми се случи во Антиохија,+ во Иконија,+ во Листра,+ прогонствата што ги поднесов. Но Господарот ме избави од сите нив.+ 12 И сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани.+ 13 А злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо. Ќе заведуваат други, а и самите ќе бидат заведени.+
14 Но ти остани во она што си го научил и во кое си се уверил,+ бидејќи знаеш од кого си го научил сето тоа+ 15 и дека од рано детство+ ги познаваш светите списи, кои можат да те направат мудар за да добиеш спасение+ преку верата која е во Христос Исус.+ 16 Целото Писмо е вдахновено од Бог+ и корисно за поучување,+ за укорување,+ за поправање,+ за воспитување*+ во праведноста, 17 за да биде Божјиот човек вистински способен+ и потполно опремен за секое добро дело.+
4 Те заколнувам пред Бог и пред Христос Исус, кој е одреден да им суди+ на живите и на мртвите,+ те заколнувам со неговото појавување+ и неговото царство:+ 2 проповедај ја Божјата реч+ и прави го тоа со чувство на итност* — во поволно време+ и во тешко време+ — укорувај,+ прекорувај, опоменувај, а притоа биди многу стрплив+ и вешт во поучувањето. 3 Зашто, ќе дојде време кога луѓето нема да го поднесуваат здравото учење,+ туку, според своите желби, ќе си насоберат учители, кои ќе им го зборуваат она што им годи на ушите.+ 4 И ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон измислени прикаски.+ 5 А ти биди трезвен+ во сѐ, трпи зло,+ проповедај ја добрата вест,*+ потполно изврши ја својата служба.+
6 Зашто, јас веќе се излевам како жртва налевница+ и се приближи времето на моето ослободување.+ 7 Добро се борев,+ трката ја истрчав до крај,+ верата ја зачував.+ 8 Отсега за мене се чува венецот* на праведноста,+ со кој Господарот,* праведниот судија,+ ќе ме награди+ во оној ден+ — и не само мене туку и сите што желно го чекаат да се појави.
9 Стори сѐ што можеш за да дојдеш што поскоро кај мене.+ 10 Зашто, Димас+ ме остави, бидејќи го засака сегашниов свет*+ и отиде во Солун. Крискент отиде во Галатија,+ а Тит во Далмација. 11 Само Лука е со мене. Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е корисен+ за службата. 12 А Тихик+ го испратив во Ефес. 13 Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада+ кај Карп, а донеси ги и свитоците, особено пергаментите.
14 Александар+ ковачот ми нанесе многу зла. Јехова ќе му плати според неговите дела.+ 15 И ти чувај се од него бидејќи жестоко се противеше на нашите зборови.
16 При мојата прва одбрана никој не дојде да ми даде поддршка, туку сите ме оставија+ — нека не им се смета за вина+ — 17 но Господарот застана покрај мене+ и ме зајакна,+ за преку мене да се изврши потполно проповедањето на добрата вест и да ја чујат сите народи.+ И бев избавен од устата на лавовите.+ 18 Господарот ќе ме избави од секакво зло+ и ќе ме спаси за своето небесно царство.+ Нему нека му е славата во сета вечност! Амин.*
19 Поздрави ги Приска и Акила+ и домот на Онисифор.+
20 Ераст+ остана во Коринт,+ а Трофим+ го оставив болен во Милет.+ 21 Стори сѐ што можеш да дојдеш пред зимата.
Те поздравува Еувул, а и Пуден, и Лин, и Клаудија, и сите браќа.
22 Господарот нека биде со твојот дух.+ Неговата незаслужена доброта нека биде со вас.
Види го додатокот 11.
Или: „кому му вршеа света служба (...) кому му вршам света служба и јас“.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види го додатокот 11.
Или: „тактичен“.
„Добро да ја запознаат“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Или: „без љубов кон членовите на семејството“.
„Добро да ја запознаат“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.
Или: „прави го тоа ревносно“.
Или: „врши мисионерско дело“.
Или: „круната“.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.