ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 1. Јованово 1:1-5:21
  • 1. Јованово

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 1. Јованово
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
1. Јованово

Прво Јованово послание

1 Она што беше од почетокот,+ што го чувме,+ што го видовме со свои очи,+ што го набљудувавме+ и што нашите раце го напипаа,+ во поглед на речта на животот+ 2 (да, животот е објавен,+ и видовме, и сведочиме,+ и ви го навестуваме вечниот живот,+ кој потекнува од Таткото и ни е објавен), 3 она што го видовме и го чувме, ви го јавуваме и вам+ за да бидете и вие во единство со нас.+ А тоа наше единство+ е единство и со Таткото и со неговиот Син Исус Христос.+ 4 Ова го пишуваме за да биде нашата радост потполна.+

5 А ова е пораката што ја чувме од него и што ви ја објавуваме:+ Бог е светлина+ и во него нема никаква темнина.+ 6 Ако кажеме: „Во единство сме со него“, а и понатаму живееме* во темнината,+ лажеме и не постапуваме според вистината.+ 7 Но, ако живееме* во светлината, како што тој е во светлината,+ тогаш сме во единство еден со друг,+ и крвта+ на Исус, неговиот Син, нѐ исчистува+ од секаков грев.+

8 Ако кажеме: „Немаме грев“,+ самите себе се залажуваме+ и вистината не е во нас. 9 Ако ги признаеме своите гревови,+ Бог ќе ни ги прости и ќе нѐ исчисти од секаква неправедност,+ бидејќи е верен и праведен. 10 Ако кажеме: „Не сме згрешиле“, го правиме лажливец, и неговата реч не е во нас.+

2 Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не направите грев.+ Но, ако некој и направи грев, имаме помошник+ кај Таткото — Исус Христос, праведникот.+ 2 Тој е жртва+ помирница+ за нашите гревови,+ и не само за нашите+ туку и за гревовите на целиот свет.+ 3 По тоа знаеме дека го познаваме,+ ако ги држиме неговите заповеди. 4 Оној што вели: „Го познавам“,+ а не ги држи неговите заповеди,+ лажливец е и вистината не е во него.+ 5 Но кој ја држи неговата реч,+ љубовта кон Бог што тој ја има во себе е навистина совршена.+ По тоа знаеме дека сме во единство со него.+ 6 Оној што вели дека останува во единство со него,+ должен е и самиот да живее онака како што живееше* и тој.+

7 Сакани, не ви пишувам нова заповед, туку стара заповед,+ која ја имавте од почетокот.+ Таа стара заповед е речта што ја чувте. 8 И пак, ви пишувам нова заповед, која се обистинува во него и во вас, зашто темнината+ поминува и вистинската светлина+ веќе свети.

9 Кој вели дека е во светлина, а го мрази својот брат,+ во темнина е сѐ досега.+ 10 Кој го сака својот брат, останува во светлината,+ и кај него нема повод за спрепнување.+ 11 Но кој го мрази својот брат, во темнина е, живее* во темнина+ и не знае каде оди,+ бидејќи темнината му ги заслепила очите.

12 Ви пишувам вам, дечиња, зашто поради неговото име ви се простени гревовите.+ 13 Ви пишувам вам, татковци, бидејќи го запознавте оној што е од почетокот.+ Ви пишувам вам, млади мажи,+ бидејќи го победивте Злобниот.+ Ви пишувам вам, деца,+ бидејќи го запознавте Таткото.+ 14 Ви пишувам вам, татковци,+ зашто го запознавте оној што е од почетокот.+ Ви пишувам вам, млади мажи, бидејќи сте јаки+ и речта Божја останува во вас+ и го победивте Злобниот.+

15 Немојте да го сакате ниту светот ниту она што е во светот!+ Ако некој го сака светот, љубовта кон Таткото не е во него,+ 16 бидејќи сѐ што е во светот+ — желбата на телото+ и желбата на очите+ и истакнувањето на својот имот+ — не потекнува од Таткото, туку потекнува од светот.+ 17 А светот поминува и неговата желба,+ но оној што ја врши Божјата волја,+ останува засекогаш.+

18 Деца, последниот час е+ и, како што сте чуле дека ќе дојде антихристот,+ веќе сега се појавија многу антихристи.+ По тоа знаеме дека е последниот час. 19 Излегоа од нас, но не беа од нас,+ зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас.+ Но излегоа, за да се види дека сите не се од нас.+ 20 А вие имате помазание од Светиот,+ сите вие ја знаете вистината.+ 21 Не ви пишувам затоа што не ја знаете вистината,+ туку затоа што ја знаете+ и затоа што никаква лага не потекнува од вистината.+

22 Кој е лажливец ако не оној што одрекува дека Исус е Христос?*+ Тоа е антихристот,+ оној што ги одрекува Таткото и Синот.+ 23 Секој што го одрекува Синот, го нема ни Таткото.+ Оној што го признава+ Синот, го има и Таткото.+ 24 А во вас нека остане она што сте го чуле од почетокот.+ Ако она што сте го чуле од почетокот остане во вас, и вие ќе останете во единство со Синот+ и во единство со Таткото.+ 25 А ова е ветувањето кое самиот ни го вети: вечниот живот.+

26 Ова ви го пишувам во врска со оние што се обидуваат да ве заведат.+ 27 А во вас останува помазанието,+ кое го примивте од него, и никој не треба да ве поучува,+ туку помазанието од него ве учи за сѐ+ — а тоа е вистинито+ и не е лага — и како што ве поучи, останете во единство+ со Него. 28 И сега, дечиња,+ останете во единство со него,+ така што, кога ќе се појави,+ да имаме слобода на говорот+ и да не бидеме посрамени и одвоени од него за време на неговата присутност.*+ 29 Ако знаете дека тој е праведен,+ тогаш знаете дека секој што го врши она што е праведно, роден е од него.+

3 Видете каква љубов ни дал Таткото,+ да се наречеме деца Божји,+ а тоа и сме. Затоа светот не нѐ познава нас,+ бидејќи не го запознал него.+ 2 Сакани, сега сме деца Божји,+ но уште не се покажало што ќе бидеме.+ Знаеме дека, кога тој ќе се покаже,+ ќе бидеме како него,+ бидејќи ќе го видиме токму таков каков што е.+ 3 И секој што се надева на тоа од него, се чисти,+ како што и тој е чист.+

4 Секој што оди во грев,+ оди и во беззаконие,+ и затоа гревот+ е беззаконие. 5 Знаете дека и Синот дојде за да ги однесе нашите гревови,+ и во него нема грев.+ 6 Секој што останува во единство со него,+ не оди во грев.+ Никој што оди во грев, не го видел, ниту го запознал.+ 7 Дечиња, никој да не ве заведе! Кој оди во праведност, праведен е, како што е тој праведен.+ 8 Кој оди во грев, потекнува од Ѓаволот, бидејќи Ѓаволот греши откако се побуни.*+ Затоа дојде Синот Божји,+ да ги уништи делата на Ѓаволот.+

9 Секој што се родил од Бог, не оди во грев,+ бидејќи Божјето семе останува во него, и тој не може да оди во грев, бидејќи е роден од Бог.+ 10 Децата Божји и децата на Ѓаволот се познаваат по ова: секој што не оди во праведност,+ не потекнува од Бог, а така и оној што не го сака својот брат.+ 11 Зашто, ова е пораката што сте ја чуле од почетокот:+ да се сакаме еден со друг.+ 12 Да не бидеме како Каин, кој потекнуваше од Злобниот и го уби својот брат.+ А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа зли,+ а делата на неговиот брат праведни.+

13 Не чудете се, браќа, што светот ве мрази.+ 14 Ние знаеме дека сме преминале од смрт во живот,+ бидејќи ги сакаме браќата.+ Кој не го сака својот брат, останува во смртта.+ 15 Секој што го мрази својот брат+ е убиец,+ а знаете дека во ниту еден убиец+ не останува вечниот живот.+ 16 Љубовта ја спознавме+ по тоа што тој го даде својот живот* за нас.+ И ние сме должни да го дадеме својот живот за своите браќа.+ 17 Но кој има добра од овој свет+ и гледа дека брат му е во немаштија,+ а сепак не се смилува кон него,+ како тогаш љубовта кон Бог останува во него?+ 18 Дечиња, да не се сакаме+ ниту со зборови ниту со јазик,+ туку со дела+ и со вистина!+

19 По тоа ќе знаеме дека потекнуваме од вистината,+ и ќе го увериме своето срце дека тој нѐ сака, 20 ако тоа нѐ осудува за што и да било,+ бидејќи Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ.+ 21 Сакани, ако нашето срце не нѐ осудува, имаме слобода на говорот пред Бог,+ 22 и што и да бараме, добиваме од него,+ бидејќи ги држиме неговите заповеди и го правиме она што е прифатливо во негови очи.+ 23 А ова е негова заповед: да веруваме во името на неговиот Син, Исус Христос,+ и да се сакаме еден со друг,+ како што ни заповеда. 24 Оној што ги држи неговите заповеди, останува во единство со него, и тој во единство со таквиот.+ И по тоа знаеме дека тој останува во единство со нас:+ по духот+ што ни го даде.

4 Сакани, не верувајте ѝ на секоја изјава, која наводно е вдахновена од Бог,+ туку испитајте дали таквите изјави потекнуваат од Бог,+ зашто многу лажни пророци излегоа во светот.+

2 Изјавата која Бог ја вдахнал+ ќе ја препознаете по ова: секоја изјава која признава дека Исус Христос дошол во тело, ја вдахнал Бог.+ 3 Но ниту една изјава која не го признава Исус, не ја вдахнал Бог.+ Таквата изјава ја вдахнал антихристот, а чувте дека таа доаѓа,+ и сега е веќе во светот.+

4 Вие потекнувате од Бог, дечиња, и сте ги победиле тие луѓе,+ зашто оној што е со вас+ е поголем+ од оној што е со светот.+ 5 Тие потекнуваат од светот,+ и затоа го зборуваат она што доаѓа од светот, и светот ги слуша.+ 6 Ние потекнуваме од Бог.+ Кој го познава Бог, нѐ слуша нас,+ а кој не потекнува од Бог, не нѐ слуша нас.+ По тоа препознаваме дали некоја изјава е вдахновена со вистината или со заблуда.+

7 Сакани, да се сакаме еден со друг,+ бидејќи љубовта+ е од Бог, и секој што покажува љубов е роден од Бог+ и го познава Бог.+ 8 Кој не покажува љубов, не го запознал Бог, зашто Бог е љубов.+ 9 Божјата љубов се покажа на нас во ова:+ Бог го испрати својот единороден Син+ во светот, за да добиеме живот преку него.+ 10 Љубовта се состои во ова: не го сакавме ние Бог, туку тој нѐ сакаше нас и го испрати својот Син како жртва+ помирница+ за нашите гревови.+

11 Сакани, ако Бог така нѐ сакаше нас, тогаш и ние сме должни да се сакаме еден со друг.+ 12 Бог никогаш никој не го видел.+ Ако се сакаме еден со друг, Бог останува во нас и љубовта Божја е совршена во нас.+ 13 По ова знаеме дека остануваме во единство со него+ и тој во единство со нас:+ ни го даде својот дух.+ 14 А самите видовме+ и сведочиме+ дека Таткото го испрати својот Син како Спасител на светот.+ 15 Секој што признава дека Исус Христос е Син Божји,+ Бог останува во единство со него и тој во единство со Бог.+ 16 И самите ја запознавме љубовта која Бог ја има кон нас и ѝ поверувавме.+

Бог е љубов,+ и кој останува во љубовта,+ останува во единство со Бог, и Бог останува во единство со него.+ 17 Така љубовта се усоврши кај нас, за да имаме слобода на говорот+ во денот на судот,+ бидејќи во овој свет ние сме такви каков што беше Христос.+ 18 Во љубовта нема страв,+ туку совршената љубов го истерува стравот,+ бидејќи стравот дејствува како препрека. Навистина, кој се плаши, не е совршен во љубовта.+ 19 А ние покажуваме љубов, бидејќи прво тој покажа љубов кон нас.+

20 Ако некој каже: „Го сакам Бог“, а го мрази својот брат, тој е лажливец.+ Зашто, кој не го сака својот брат,+ кого го гледа, не може да го сака Бог, кого не го гледа.+ 21 И оваа заповед ја имаме од него:+ оној што го сака Бог, треба да го сака и својот брат.+

5 Секој што верува дека Исус е навистина Христос,* роден е од Бог,+ и секој што го сака родителот, го сака и оној што е роден од него.+ 2 По тоа знаеме дека ги сакаме+ децата Божји:+ кога го сакаме Бог и ги вршиме неговите заповеди.+ 3 Зашто, љубовта кон Бог значи+ да се држат неговите заповеди,+ а неговите заповеди не се тешки,+ 4 бидејќи сѐ што е родено од Бог+ го победува светот.+ А ова е победата+ која го победи+ светот: нашата вера.+

5 Кој е тој што го победува+ светот,+ ако не оној што верува+ дека Исус е Син Божји?+ 6 Тој, Исус Христос, дојде со посредство на вода и крв; не само со водата,+ туку со водата и со крвта.+ И духот+ е тој што сведочи, бидејќи духот е вистината. 7 Зашто, три се што сведочат: 8 духот+ и водата+ и крвта,+ и тие три се сложни.+

9 Сведоштвото на Бог е поголемо од сведоштвото на луѓето,+ кое го прифаќаме. Зашто, тоа е сведоштво од Бог: тој посведочи+ за својот Син. 10 Кој верува во Синот Божји, го прифаќа сведоштвото+ што му е дадено. Кој не верува во Бог, го направил лажливец,+ бидејќи не верува во сведоштвото+ со кое Бог сведочи+ за својот Син. 11 А ова е тоа сведоштво: Бог ни даде вечен живот,+ и тој живот е во неговиот Син.+ 12 Кој го има Синот, го има тој живот, кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.+

13 Ви го пишувам ова за да знаете дека имате живот вечен,+ вие кои верувате во името на Синот Божји.+ 14 А во ова се надеваме на Бог:+ што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша.+ 15 А ако знаеме дека тој нѐ слуша, што и да побараме,+ знаеме дека ќе го добиеме она што сме го барале, зашто тоа сме го барале од него.+

16 Ако некој го види својот брат како греши со грев кој не води во смрт,+ нека моли, и Бог ќе му даде живот+ — на оние што не прават грев кој води во смрт.+ Постои грев кој води во смрт. За тој грев не му велам да моли.+ 17 Секоја неправедност е грев,+ а сепак постои грев кој не води во смрт.

18 Знаеме дека никој што е роден од Бог,+ не оди во грев, туку него го чува оној што е роден од Бог,*+ и Злобниот не го држи под своја власт.+ 19 Знаеме дека потекнуваме од Бог,+ а целиот свет е под власта на Злобниот.+ 20 Но знаеме дека Синот Божји дојде+ и ни даде разум+ за да можеме да го запознаеме вистинскиот Бог.+ Преку неговиот Син, Исус Христос, ние сме во единство+ со вистинскиот Бог. Тоа е вистинскиот Бог+ и животот вечен.+ 21 Дечиња, чувајте се од идоли!+

Буквално: „одиме“.

Буквално: „одиме“.

Буквално: „да оди онака како што одеше“.

Буквално: „оди“.

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.

Буквално: „од почетокот“.

Буквално: „душа“.

Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.

Изразот „оној што е роден од Бог“ се однесува на Исус Христос, Божјиот Син. Види го 1. стих.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели