Второ Петрово послание
1 Симон Петар, роб+ и апостол+ на Исус Христос, до оние што со праведноста+ на нашиот Бог и на Спасителот Исус Христос+ ја стекнале истата драгоцена вера како и ние:+
2 Нека ви се умножат незаслужената доброта и мирот+ преку доброто познавање*+ на Бог и на Исус, нашиот Господар,* 3 бидејќи неговата божествена сила великодушно ни дала сѐ што е потребно за живот+ и оддаденост на Бог,+ поради тоа што добро го запознавме оној што нѐ повика+ со слава+ и доблест! 4 Со тоа великодушно ни ги дал скапоцените и највеличествени ветувања+ за да можете преку нив да бидете учесници во божествената+ природа,+ бидејќи побегнавте од расипаноста која, поради страста, владее во светот.+
5 Затоа, сесрдно потрудете се+ да ја дополните својата вера со доблест,+ доблеста со знаење,+ 6 знаењето со самосовладување, самосовладувањето+ со истрајност, истрајноста со оддаденост на Бог,+ 7 оддаденоста на Бог со братска љубов, братската љубов со љубов кон сите.+ 8 Зашто, ако сето тоа го имате во себе и во него напредувате, нема да бидете без работа, ниту ќе бидете бесплодни,+ бидејќи добро сте го запознале нашиот Господар Исус Христос.
9 Зашто, ако некој го нема сето тоа, тој е слеп, ги затвора очите за да не ја види светлината+ и заборава+ дека е исчистен+ од своите стари гревови. 10 Затоа, браќа, уште повеќе дајте сѐ од себе за да ги потврдите својот позив+ и избор,+ зашто ако го правите тоа, никогаш нема да паднете.+ 11 Всушност, на тој начин ќе ви биде великодушно овозможено да влезете+ во вечното царство+ на нашиот Господар и Спасител Исус Христос.+
12 Затоа секогаш ќе ве потсетувам на ова,+ иако го знаете и утврдени сте во вистината+ која ја прифативте.+ 13 Но сметам дека е добро, сѐ додека сум во ова тело,*+ да ве потсетувам да останете будни,+ 14 зашто знам дека наскоро ќе го напуштам своето тело,*+ како што ми навести и нашиот Господар Исус Христос.+ 15 И затоа сега ќе давам сѐ од себе за да можете, по моето заминување,+ секогаш да се сеќавате на тоа.
16 Не ви ја објавивме силата и присутноста* на нашиот Господар Исус Христос+ поведувајќи се по лукаво измислени прикаски,+ туку како очевидци на неговата величественост.+ 17 Зашто, тој од Бог, Таткото, ги прими честа и славата,+ кога од величествената слава допреа до него зборовите: „Ова е мојот син, саканиот, кој е по мојата волја“.+ 18 Да, ги чувме овие зборови,+ кои дојдоа од небото додека бевме со него на светата гора.+
19 Така, пророчката реч+ што ја имаме е уште посигурна,+ и добро правите што внимавате на неа како на светилка+ која свети на темно место, во вашите срца, додека не самне денот и не се појави ѕвезда деница.+ 20 А најнапред знајте го ова: ниту едно пророштво од Писмото не произлегува од нечие лично размислување.+ 21 Зашто, пророштво никогаш не било изречено по човечка волја,+ туку луѓето ги кажуваа зборовите што доаѓаа од Бог+ така како што ги водеше светиот дух.+
2 Но во народот имаше и лажни пророци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители.+ Тие незабележливо ќе воведат разорни секти и ќе се одречат и од сопственикот кој ги купи,+ па ќе си навлечат брза пропаст. 2 И мнозина ќе се поведат+ по нивните бесрамни дела+ и, поради нив, ќе се зборува срамно за патот на вистината.+ 3 И во своето лакомство ќе ве искористуваат со измамливи зборови.+ Но осудата која одамна им е изречена+ не доцни, и нивната пропаст не дреме.+
4 Навистина, Бог не ги поштеди ангелите кои згрешија,+ туку ги фрли во тартар*+ и ги предаде во мрачни јами за да бидат чувани за суд.+ 5 И не поштеди еден древен свет,+ но го зачува Ное, проповедникот на праведноста,+ со седуммина други,+ кога донесе потоп+ на безбожниот свет. 6 И ги осуди градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел,+ давајќи им пример на безбожниците за она што треба да дојде,+ 7 но го избави праведниот Лот,+ кој страдаше поради бесрамните дела на тие дрски беззаконици,+ 8 зашто она што тој праведник го гледаше и го слушаше додека од ден на ден живееше меѓу нив и ги набљудуваше нивните беззакони дела, ја мачеше неговата праведна душа. 9 Значи, Јехова знае како да ги избави од искушение луѓето што му се оддадени,+ а неправедните да ги чува за денот на судот за да бидат казнети,+ 10 особено оние што блудствуваат со другите за да ги извалкаат+ и ги презираат оние што имаат власт над нив.+
Дрски се, самоволни, не се плашат од славните, туку зборуваат погрдно за нив,+ 11 додека ангелите, иако по силата и моќта се поголеми од нив, од почит кон Јехова+ не ги обвинуваат со погрдни зборови.+ 12 А тие луѓе се како неразумни животни кои по природа се раѓаат за да бидат фатени и убиени. Погрдно зборуваат за она што не го разбираат,+ и затоа ќе пропаднат на својот пат кој води во пропаст. 13 Така самите себеси ќе си направат зло,+ што ќе им биде плата за нивните зли дела.+
Распуштеноста среде бел ден ја сметаат за уживање.+ Тие се црни дамки и срамни петна. Со необуздано уживање им се препуштаат на своите измамливи учења додека се гоштаваат со вас.+ 14 Очите им се полни со прељуба+ и не можат да го остават гревот.+ Ги мамат непостојаните души. Срцето им е извежбано во лакомство.+ Тие се проклети деца.+ 15 Го оставија вистинскиот пат, заведени се. Тргнаа по патот на Валаам,+ синот на Веор, кој ја засака платата за неправедни дела,+ 16 но беше прекорен за своето беззаконие.+ Една нема магарица му прозборе со човечки глас+ и го спречи безумството на пророкот.+
17 Тие се извори без вода+ и безводни облаци носени од силен ветар, и за нив се чува црната темнина.+ 18 Зашто, говорат високозвучни и празни зборови, па со желбите на телото+ и со бесрамните дела ги мамат+ оние кои штотуку им побегнале+ на оние чии дела се расипани. 19 Им ветуваат слобода,+ а самите се робови на расипаноста.+ Зашто, секој му робува на оној што ќе го совлада.+ 20 Вистина, ако, откако го запознале* Господарот* и Спасител Исус Христос и на таков начин ги избегнале валканостите на светот,+ повторно се впуштат во сето тоа и тоа ги совлада,+ тогаш ова последново им е полошо од првото.+ 21 Зашто, подобро ќе им беше да не го запознале патот на праведноста+ отколку, откако го запознале,* да се одвратат од светата заповед која им е предадена.+ 22 Им се случува она што го вели вистинитата поговорка: „Кучето+ ѝ се враќа на својата блујавица, и искапената свиња се враќа за да се валка во калта“.+
3 Сакани, ова е веќе второ писмо што ви го пишувам, во кое, како и во првото,+ со потсетување го будам вашиот здрав разум,+ 2 да се сетите на зборовите што ги говореа светите пророци+ и на заповедите кои ви ги даде Господарот* и Спасител преку вашите апостоли.+ 3 Пред сѐ знајте го ова: во последните денови+ ќе се појават потсмевачи,+ кои ќе се потсмеваат, ќе се водат според своите желби+ 4 и ќе велат:+ „Каде е таа негова ветена присутност?*+ Откако умреа* нашите прататковци, сѐ си стои како што било од почетокот на создавањето“.+
5 Зашто, намерно не согледуваат дека од дамнина постоеле небесата+ и дека земјата стоела над водата+ и среде водата+ преку Божјата реч. 6 Со неа тогашниот свет беше уништен кога беше потопен со вода.+ 7 А сегашните небеса+ и земја+ преку истата таа реч се зачувани за оган+ и се чуваат сѐ до денот на судот+ и уништувањето на безбожниците.+
8 Но немојте да го изумите ова, сакани: еден ден кај Јехова е како илјада години, и илјада години се како еден ден.+ 9 Јехова не доцни со исполнувањето на своето ветување,+ како што некои мислат дека доцни, туку е стрплив со вас бидејќи не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание.*+ 10 А Јеховиниот ден+ ќе дојде како крадец.+ Во тој ден небесата брзо ќе поминат+ со татнеж+ и основата, вжарена, ќе се распадне,+ а земјата+ и делата на неа ќе бидат разоткриени.+
11 Бидејќи сето тоа така треба да се распадне, вашите дела нека бидат свети и по нив нека се види дека сте му оддадени на Бог 12 додека го очекувате+ и го имате на ум Јеховиниот ден,*+ кога небесата, запалени, ќе се распаднат+ и основата, вжарена, ќе се растопи. 13 Но според неговото ветување очекуваме нови небеса+ и нова земја+ во кои ќе живее праведноста.+
14 Затоа, сакани, бидејќи го очекувате тоа, дајте сѐ од себе за тој да ве најде неизвалкани+ и неосквернети и во мир.+ 15 А стрпливоста на нашиот Господар сметајте ја за спасение, како што ви напиша и нашиот сакан брат Павле според мудроста+ која му е дадена,+ 16 зборувајќи за ова како што го прави тоа и во сите свои писма. Но во нив има тешко разбирливи мисли, кои неупатените и непостојаните ги извртуваат, како што прават и со останатите делови од Писмото,+ на своја сопствена пропаст.
17 Затоа вие, сакани, бидејќи однапред го знаете тоа,+ чувајте се од тие дрски беззаконици за да не ве одвлечат со својата заблуда и да не ја изгубите својата постојаност.+ 18 А растете во незаслужената доброта и во познавањето на нашиот Господар и Спасител Исус Христос.+ Нему нека му е славата и сега и во сета вечност.+
Во врска со изразите „доброто познавање“, „добро го запознавме“ и „добро сте го запознале“ (грчки: епи́гноси) во стиховите 2, 3 и 8, види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види го додатокот 11.
Буквално: „шатор“.
Буквално: „шатор“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види го додатокот 5.
Или: „добро го запознале“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види го додатокот 11.
Или: „не го запознале толку добро... добро го запознале“ (грчки: епигино́ско).
Види го додатокот 11.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Буквално: „заспаа“.
Буквално: „промена на умот (на начинот на размислување)“.
Буквално: „присутноста [грчки: паруси́а (парусија)] на Јеховиниот ден“. Види го додатокот 7.