19 Главни настани од Исусовиот живот на Земјата
Четирите евангелија наредени по хронолошки ред
До Исусовата служба
Време |
Место |
Настан |
Стихови |
---|---|---|---|
3 г. пр. н. е. |
Ерусалим, храмот |
Раѓањето на Јован Крстител проречено на Захарија |
|
о. 2 г. пр. н. е. |
Назарте; Јудеја |
Раѓањето на Исус проречено на Марија, која ја посетила Елисавета |
|
2 г. пр. н. е. |
Јудејскиот планински крај |
Се родил Јован Крстител; подоцна, живеел во пустината |
|
2 г. пр. н. е., о. 1 окт. |
Витлеем |
Исус (Речта, преку која настанало сѐ) се родил како потомок на Авраам и на Давид |
|
во близина на Витлеем |
Ангел објавил добра вест; овчарите го посетиле детето |
||
Витлеем; Ерусалим |
Исус обрежан (на 8. ден), донесен во храмот (на 40. ден) |
||
1 г. пр. н. е. или 1 г. н. е. |
Ерусалим; Витлеем; Назарет |
Астролозите; бегство во Египет; погубување на децата; Исусовото враќање |
|
12 г. н. е. |
Ерусалим |
Дванаесетгодишниот Исус на Пасхата; си заминал дома |
|
29 г., пролетта |
пустината, Јордан |
Службата на Јован Крстител |
Почеток на Исусовата служба
Време |
Место |
Настан |
Стихови |
---|---|---|---|
29 г., есента |
Јордан |
Крштавањето и помазанието на Исус, роден како човек во Давидовата лоза, но прогласен за Син Божји |
|
Јудејската Пустина |
Исус постел и бил искушан |
||
Витанија од онаа страна на Јордан |
Јован Крстител сведочел за Исус |
||
долината на горен Јордан |
Првите ученици на Исус |
||
Кана Галилејска; Капернаум |
Исус го направил првото чудо; го посетил Капернаум |
||
30 г., Пасха |
Ерусалим |
Прослава на Пасхата; ги истерал трговците од храмот |
|
Ерусалим |
Исус разговарал со Никодим |
||
Јудеја; Енон |
Исусовите ученици крштавале; Јован се смалувал |
||
Тиверијада |
Јован во затвор; Исус отишол во Галилеја |
||
Сихар во Самарија |
На патот за Галилеја, Исус ги поучил Самарјаните |
Исусовата обемна служба во Галилеја
Време |
Место |
Настан |
Стихови |
---|---|---|---|
30 г., Пасха |
Галилеја |
Почнал да објавува: „Се приближи небесното царство!“ |
|
Назарет; Кана; Капернаум |
Излекувал едно момче; прочитал за што е овластен; отфрлен; отишол во Капернаум |
||
Галилејското Море, во близина на Капернаум |
Ги повикал Симон и Андреј, Јаков и Јован |
||
Капернаум |
Излекувал демонизиран човек, и Петровата тешта и многу други |
||
Галилеја |
Прво патување низ Галилеја со четворицата што веќе ги имал повикано |
||
Галилеја |
Излекувал лепрозен човек; многу народ доаѓал кај Исус |
||
Капернаум |
Излекувал парализиран човек |
||
Капернаум |
Го повикал Матеј; гозба со даночници |
||
Јудеја |
Проповедал во јудејските синагоги |
||
31 г., Пасха |
Ерусалим |
Бил на празникот; излекувал човек; ги прекорил фарисеите |
|
на враќање од Ерусалим (?) |
Учениците кинеле класје во сабота |
||
Галилеја; Галилејското Море |
Исцелил рака во сабота; се повлекол на морскиот брег; лекувал |
||
планина во близината на Капернаум |
Избрал 12 апостоли |
||
во близина на Капернаум |
Проповед на гората |
||
Капернаум |
Го излекувал слугата на некој стотник |
||
Наин |
Го воскреснал синот на вдовицата |
||
Галилеја |
Затворениот Јован испратил ученици кај Исус |
||
Галилеја |
Ги прекорил градовите; откриено на деца; пријатен јарем |
||
Галилеја |
Грешница му ги намачкала нозете; споредба за должниците |
||
Галилеја |
Второ проповедничко патување низ Галилеја, со дванаесеттемина |
||
Галилеја |
Излекувал демонизиран човек; обвинет дека соработува со Велзевул |
||
Галилеја |
Книжниците и фарисеите барале знак |
||
Галилеја |
Христос ги сметал за браќа своите ученици |
||
Галилејско Море |
Споредби за сејачот, за каколот и други; објаснувања |
||
Галилејско Море |
Го смирил ветрот кога го преминувале езерото |
||
Гадара, југоисточно од Галилејското Море |
Излекувал двајца демонизирани; демоните влегле во свињи |
||
веројатно Капернаум |
Ја воскреснал Јаировата ќерка; излекувал една жена |
||
Капернаум (?) |
Излекувал двајца слепи и еден нем демонизиран човек |
||
Назарет |
Повторно го посетил градот каде што пораснал, и повторно бил отфрлен |
||
Галилеја |
Трето патување низ Галилеја, поопсежно бидејќи ги испратил апостолите |
||
Тиверијада |
На Јован Крстител му е отсечена главата; Ирод е вознемирен од чувството на вина |
||
32 г., пред Пасхата (Јвн 6:4) |
Капернаум (?); североисточниот брег на Галилејското Море |
Апостолите се вратиле од проповедничкото патување; нахранети 5.000 луѓе |
|
североисточниот брег на Галилејското Море; Генисарет |
Обид да го крунисаат Исус; Исус одел по морето; лекувал |
||
Капернаум |
Открил кој е „лебот на животот“; многу ученици отпаднале |
||
32 г., по Пасхата |
веројатно Капернаум |
Традициите ја обезвредниле Божјата реч |
|
Феникија; Декапол |
Исус во близината на Тир, Сидон; отишол во Декапол; нахранил 4.000 луѓе |
||
Магадан |
Садукеите и фарисеите повторно барале знак |
||
североисточниот брег на Галилејското Море; Витсаида |
Предупредил да се чуваат од фарисејскиот квасец; излекувал слеп човек |
||
Цезареја Филипова |
Исус е Месијата; ја претскажал својата смрт и воскресение |
||
веројатно гората Хермон |
Се преобразил пред Петар, Јаков и Јован |
||
Цезареја Филипова |
Излекувал демонизиран човек кого учениците не можеле да го излекуваат |
||
Галилеја |
Повторно ги претскажал својата смрт и воскресение |
||
Капернаум |
Со чудо прибавил пари за данок |
||
Капернаум |
Кој е најголем во царството; како да се укаже на престап; |
||
Галилеја; Самарија |
Ја напуштил Галилеја заради празникот Сеници; оставил се заради својата служба |
Исусовата подоцнежна служба во Јудеја
Време |
Место |
Настан |
Стихови |
---|---|---|---|
32 г., празникот Сеници |
Ерусалим |
Исус јавно поучувал на празникот Сеници |
|
Ерусалим |
Поучувал по Празникот; излекувал еден слепец |
||
веројатно Јудеја |
Испратил седумдесетмина да проповедаат; нивното враќање, извештај |
||
Јудеја; Витанија |
Приказната за милосрдниот Самарјанин; во домот на Марта и Марија |
||
веројатно Јудеја |
Повторно поучува како да се молиме; истрајност во молитвата |
||
веројатно Јудеја |
Го побил лажното обвинение; покажал дека тоа поколение го чека осуда |
||
веројатно Јудеја |
На трпезата на некој фарисеј, Исус го осудил лицемерството |
||
веројатно Јудеја |
Говор за Божјата грижа; верниот управител |
||
веројатно Јудеја |
Излекувал една згрбавена жена во сабота; три споредби |
||
32 г., Празник на посветувањето |
Ерусалим |
Исус на Празникот на посветувањето; добриот пастир |
Исусовата подоцнежна служба источно од Јордан
Време |
Место |
Настан |
Стихови |
---|---|---|---|
32 г., Празник на посветувањето |
преку Јордан |
Мнозина поверувале во Исус |
|
Переја (преку Јордан) |
Поучувал по градовите и селата додека одел кон Ерусалим |
||
Переја |
Влегување во царството; Иродовата закана; домот напуштен |
||
веројатно Переја |
Понизност; споредба за големата вечера |
||
веројатно Переја |
Цената што ја плаќа ученикот |
||
веројатно Переја |
Споредби: загубената овца, загубената паричка, расипничкиот син |
||
веројатно Переја |
Споредби: неправедниот управител, богаташот и Лазар |
||
веројатно Переја |
Простување и вера; бескорисни робови |
||
Витанија |
Исус го воскреснал Лазар од мртвите |
||
Ерусалим; Ефраим |
Кајафа го подбуцнал Советот против Исус; Исус се повлекол |
||
Самарија; Галилеја |
Лекувал и поучувал додека поминувал низ Самарија и Галилеја |
||
Самарија; или Галилеја |
Споредби: упорната вдовица, фарисејот и даночникот |
||
Переја |
Поминал низ Переја; поука за разводот |
||
Переја |
Ги примил и ги благословил децата |
||
Переја |
Младиот богаташ; споредба за работниците во лозјето |
||
веројатно Переја |
Исус по третпат ги претскажал својата смрт и воскресение |
||
веројатно Переја |
Барање за Јаков и Јован да седат во царството |
||
Ерихон |
Минувајќи низ Ерихон, излекувал двајца слепци; кај Закхеј; споредба за десетте мини |
Исусовата завршна служба во Ерусалим
Време |
Место |
Настан |
Стихови |
---|---|---|---|
8 нисан 33 г. |
Витанија |
Дошол во Витанија шест дена пред Пасхата |
|
9 нисан |
Витанија |
Гозба во куќата на Симон лепрозниот; Марија го намачкала со масло Исус; Евреите дошле да ги видат Исус и Лазар |
|
Витанија-Ерусалим |
Христос влегол во Ерусалим како цар |
||
10 нисан |
Витанија-Ерусалим |
Ја проколнал смоквата без плод; по вторпат го исчистил храмот |
|
Ерусалим |
Главните свештеници и книжниците кроеле планови да го убијат Исус |
||
Ерусалим |
Разговарал со Грци; Евреите не поверувале |
||
11 нисан |
Витанија-Ерусалим |
Смоквата без плод се исушила |
|
Ерусалим, храмот |
Ја довеле во прашање власта со која Исус правел чуда; споредбата за двата сина |
||
Ерусалим, храмот |
Споредби за злобните лозари и за свадбата |
||
Ерусалим, храмот |
Лукави прашања за данокот, воскресението и заповедта |
||
Ерусалим, храмот |
Исусовото прашање за потеклото на Месијата, сите замолчиле |
||
Ерусалим, храмот |
Остро ги осудил книжниците и фарисеите |
||
Ерусалим, храмот |
Малиот прилог на вдовицата |
||
Маслинската Гора |
Пророштвото за падот на Ерусалим; Исусовата присутност; свршетокот на поредокот |
||
Маслинската Гора |
Споредби за десетте девици, за талантите, за овците и јарците |
||
12 нисан |
Ерусалим |
Верските водачи испланирале да го убијат Исус |
|
Ерусалим |
Јуда се спогодил со свештениците да го предаде Исус |
||
13 нисан (четврток попладне) |
во близината на Ерусалим и во самиот град |
Подготовки за Пасхата |
|
14 нисан |
Ерусалим |
Ја јадел пасхалната вечера со дванаесеттемина |
|
Ерусалим |
Исус им ги измил нозете на апостолите |
||
Ерусалим |
Јуда е означен како предавник и отпуштен |
||
Ерусалим |
Со единаесеттемина ја воспоставил вечерата со која ја одбележил својата смрт |
[1 Co 11:23-25] |
|
Ерусалим |
Прорекол дека Петар ќе се одрече од него и апостолите ќе се распрснат |
||
Ерусалим |
Помошникот; заемна љубов; неволји; Исусовата молитва |
||
Гетсиманија |
Душевно страдање во градината; Исус бил предаден и уапсен |
||
Ерусалим |
Му суделе Ана, Кајафа и Судскиот совет; Петар се одрекол од него |
||
Ерусалим |
Предавникот Јуда се обесил |
[Ac 1:18, 19] |
|
Ерусалим |
Го извеле пред Пилат, па пред Ирод, и пак кај Пилат |
||
Ерусалим |
Го предале на погубување, иако Пилат барал начин да го пушти |
||
(околу 15 часот, петок) |
Голгота, Ерусалим |
Исусовата смрт на столбот, и придружните настани |
|
Ерусалим |
Исусовото тело симнато од столбот и положено во гроб |
||
15 нисан |
Ерусалим |
Свештениците и фарисеите поставиле стража на гробот |
|
16 нисан |
Ерусалим и околината |
Исусовото воскресение и сите настани од тој ден |
|
Ерусалим; Галилеја |
Натамошни појавувања на Исус Христос |
||
25 ијар |
Маслинската Гора, во близината на Витанија |
Исус се вознел на небото на 40-от ден по воскресението |