ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • sgd стр. 34-35
  • 5 Пораката на Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 5 Пораката на Библијата
  • Да ја истражуваме Божјата Реч
  • Поднаслови
  • По 4026 пр.н.е.
  • 1943 пр.н.е.
  • По 1070 пр.н.е.
  • 29 н.е.
  • 33 н.е.
  • 1914 н.е. или кратко потоа
  • Во иднина
Да ја истражуваме Божјата Реч
sgd стр. 34-35

5

Пораката на Библијата

Печатено издание

Јехова Бог има право да владее над сѐ што постои. Неговиот начин на владеење е најдобар. Неговата намера со Земјата и човештвото сигурно ќе се исполни.

Адам и Ева во градината Еден со змија во близина

По 4026 пр.н.е.

„Змијата“ го довела во прашање Јеховиното право да владее и неговиот начин на владеење. Јехова ветил дека ќе дојде „потомство“, односно потомок, кој еден ден ќе ѝ ја смачка главата на змијата, односно Сатана (1. Мојсеева 3:1-5, 15, фуснота). Меѓутоа, Јехова дозволил некое време луѓето да владеат едни над други под влијанието на Сатана.

Авраам го слушнал Божјето ветување

1943 пр.н.е.

Јехова му кажал на Авраам дека ветениот потомок ќе дојде од неговата лоза (1. Мојсеева 22:18).

Цар Давид

По 1070 пр.н.е.

Јехова му ветил на цар Давид, а подоцна и на неговиот син Соломон, дека ветениот потомок ќе се роди во нивната семејна лоза (2. Самоилова 7:12, 16; 1. Царевите 9:3-5; Исаија 9:6, 7).

Исус кога се крстил

29 н.е.

Јехова открил дека Исус е ветениот потомок кој ќе го наследи Давидовиот престол (Галатите 3:16; Лука 1:31-33; 3:21, 22).

Исус кога умирал

33 н.е.

Сатана ги навел Божјите непријатели да го убијат Исус и со тоа се исполнил делот од пророштвото кој вели дека Змијата ќе го рани ветениот потомок во петицата. Јехова го воскреснал Исус како духовно суштество на небото. Животот што Исус го жртвувал како совршен човек, Јехова го прифатил како откупнина за грешното човештво. Со тоа им овозможил на потомците на Адам да им бидат простени гревовите и да живеат вечно (1. Мојсеева 3:15; Дела 2:32-36; 1. Коринќаните 15:21, 22).

Змијата, Сатана, фрлена на Земјата како што било ветено во книгата Откровение

1914 н.е. или кратко потоа

Исус го исфрлил Сатана од небото на Земјата; на Сатана му преостанало „кратко време“ (Откровение 12:7-9, 12).

Исус владее над Земјата од својот небесен престол, како што било ветено во книгата Откровение

Во иднина

Исус ќе го фрли Сатана во бездна, каде што ќе остане 1.000 години, а потоа ќе го уништи или, симболично кажано, ќе му ја смачка главата. Јехова ќе ја исполни својата првобитна намера со Земјата и со човештвото, ќе го отстрани срамот од своето име и ќе докаже дека неговиот начин на владеење е исправен (Откровение 20:1-3, 10; 21:3, 4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели