’ Таа ги знае сите библиски одговори‘
Пред извесно време една жена од државата Њујорк ѝ испратила на својата поранешна школска другарка еден примерок од книгата Моја книга со библиски приказни. Подоцна жената добила писмо од својата некогашна школска другарка, во кое пишувала за својата ќерка Елизабет:
”Таа е одушевена од книгата — тоа е единствената книга од која сака да ѝ читам навечер. Секоја вечер ѝ читам по пет приказни (бидејќи таа има пет години), а минатата седмица нејзината учителка во забавиштето ми рече дека секогаш може да смета на тоа дека Елизабет ги знае сите одговори на нејзините библиски прашања. Таа книга сигурно ја напишал некој кој навистина разбира што сакаат децата.“
Нујорчанката за таа жена уште напишала: ”Тоа беше нејзино искрено мислење, бидејќи секогаш е многу отворена и не би ја фалела книгата да не ѝ се допаднала.“
Уверени сме дека и вам ќе се допадне оваа книга со крупно писмо и со прекрасни илустрации. Нејзините 116 библиски извештаи му пружаат на читателот претстава за тоа што говори Библијата. Приказните се хронолошки подредени. Ќе забележите дека е од помош да се дознае кога во историјата се случил одреден настан. Можете да ја добиете оваа вредна книга од 256 страници ако го испратите долниот купон.