ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/7 стр. 31
  • Тие имале доверба во Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие имале доверба во Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Можеш ли да му служиш на Јехова како пионер?
    Нашата служба за Царството 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/7 стр. 31

Објавителите на Царството известуваат

Тие имале доверба во Јехова

ЈЕХОВА им заповедал на своите Сведоци да ја проповедаат добрата вест за Царството по целиот свет за да луѓето од сите народи имаат можност да знаат за Божјиот нов свет. Во некои земји, честопати на поттик од свештенството на т.н. христијанство, нашето дело е ограничено. Тоа е случај во некои земји во Африка. Но, Јеховините сведоци во тие земји го прават она што го правел и кралот Давид. Тој рекол: ”Во Бог ја ставив мојата доверба. Нема да се плашам“ (Псалми 56:11, NW). Искуствата на нашите браќа во тие земји покажуваат дека имаат доверба во Јехова и дека продолжуваат со своето важно дело.

Сведокот кој работел како директор на едно училиште истрајал да го слуша ”Бог како владетел повеќе отколку луѓето“, објавувајќи ја својата неутралност спрема државните работи (Дела на апостолите 5:29, NW). Бил тешко претепан и се очекувало дека ќе биде осуден како предавник. Сите мислеле дека ќе биде убиен. Меѓутоа, Сведокот имал доверба во Јехова. Останал верен и ги објаснил причините зошто на темел на совеста зазема таков став. И какви била последиците? Бил ослободен и вратен во својот роден град, после кое државните агенти кои го тепале му се извиниле. Тој верен Сведок бил вратен на местото учител, а подоцна бил унапреден за инспектор на повеќе училишта!

Координаторот на едно училиште го отпуштил наставникот кој бил Сведок. По еден месец тој координатор ја прифатил книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата од еден специјален пионер и се согласил на библиска студија. Откако го завршил 6. поглавје, ја напуштил работата на координатор на училиштето, и тој и неговата жена почнале да присуствуваат на сите состаноци. Едно неделно утро отпуштениот учител бил пријатно изненаден кога го сретнал човекот кој го отпуштил и кога дознал дека е на пат да стане духовен брат.

Уште едно искуство од истата земја покажува како Јеховините сведоци всадуваат почитување за Јеховините подготовки и како работат на тоа да ја одржат организацијата чиста. Специјалниот пионер кој работел на едно оддалечено подрачје доживеал многу противење. Бидејќи бил од друго племе и покраина, непријателите на вистината сакале да го протераат од селото. Меѓутоа, селскиот старешина го истакнал неговото добро однесување и добрите резултати од неговата служба и дека нема да дозволи да биде истеран. Старешината спомнал дека луѓето, од доаѓањето на специјалниот пионер, им искажувале чест на владејачките управни органи плаќајќи ги даноците и еднаш неделно учествувале во работата на државниот пат (Римјаните 13:1, 7).

Тогаш една ноќ, еден друг Сведок бил фатен во прељуба со жена која не била Јеховин сведок. Тоа бил скандал, а специјалниот пионер бил повикан пред старешината, кој го укорил со зборовите: ”Твојот брат е фатен во прељуба. Вие Јеховините сведоци не се разликувате од другите религии.“ Меѓутоа, специјалниот пионер објаснил: ”Иако сме несовршени, ние се разликуваме од другите религии бидејќи ги осудуваме делата на оние кои прават големи гревови“.

Сведокот кој направил прељуба одлежал в затвор и платил парична казна. Понатаму, исклучен е од собранието како непокајнички грешник. Таа постапка оставила впечаток кај селскиот старешина и им ја затворила устата на оние кои ги исмејувале Сведоците. Старешината забележал: ”Не треба да се зборува лошо за Јеховините сведоци. Тие ја поседуваат вистината. Другите религии не преземаат таква постапка.“

Верните сведоци во таа земја го следат поттикот од Псалм 37:3: ”Имај доверба во Јехова и прави добро: Живеј на земјата и постапувај верно“ (NW). Дали и ние ќе имаме доверба во Јехова како овие христијани?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели