ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 28-29
  • Бевме спасени од лахар!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бевме спасени од лахар!
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неволјата започнува
  • Конечно спас!
  • Кога планината се обиде да се спои со морето
    Разбудете се! 2001
  • Ја избрав најдобрата кариера
    Разбудете се! 2007
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 28-29

Бевме спасени од лахар!

ПРВИ октомври 1995 се покажа како ден поинаков од кој и да било друг ден кој семејството Гарсија некогаш го доживеало. Гарсиеви се активни Сведоци на Јехова, и нивниот дом се наоѓал во еден реон во Кабалантијан (Баколор) во покраината Пампанга (Филипините). Иако нивниот дом се наоѓал во близината на подрачјата кои ги претрпувале лахарите од планината Пинатубо, не бил директно погоден. Кабалантијан бил заштитен со насипите изградени од државата, наменети да го спречат лахарот. Но работите требало бргу да се променат.a

Силна тропска бура истурила 216 милиметри дожд на планината Пинатубо. Во раните утрински часови, телефонот заѕвонил во живеалиштето на Гарсиеви. Некој свртил погрешен број, но јавувачот рекол дека еден насип се скршил и дека семејството треба да се подготви за поплава.

Неволјата започнува

Нонато Гарсија, татко на семејството и претседавачки надгледник на собранието Вила Роузмери, раскажува: „Пред пет часот во неделата наутро, околу нашиот дом почна да се издигнува вода.

Мислев дека ќе имаме само поплава, и така почнавме да си ги носиме личните работи на горниот кат. Но после десет сабајлето, видов дека лахар калта беше помешана со водата. Поројот продолжи да станува сѐ повисок и посилен сѐ додека не беше тежок и со себе донесе карпи. Се качивме на кровот.

Подоцна, поројот влечкаше автомобили, па дури и куќи. Една куќа во која удрила една голема карпа се сруши и беше однесена. Лахарот го спуштил нејзиниот кров во близината на нашата куќа. На кровот имаше луѓе. Јас им довикав и ги охрабрив да се префрлат на кровот од нашата куќа. За да се префрлат, тие го грабнаа кабелот кој им беше дофрлен. Тој ми беше врзан за телото и сите ги истргав еден по еден. Се префрлија уште луѓе од други кровови кои беа затрупани. За сето тоа време, дождот продолжи да паѓа.

Попладнето почнаа да прелетуваат хеликоптери. Но ниеден не слета за да нѐ спаси, иако избезумено мафтавме. Си мислевме дека мора да има луѓе кои имаат поголема потреба, и дека прво нив ги земаат. Си мислев дека нема бргу да нѐ земат, затоа што имаше многу луѓе на крововите од куќите.

Молитвата е многу важна работа во текот на ваква ситуација. Дури и во голема опасност, откако ќе се помолиш, не ти е страв. Не го молевме Јехова да изврши чудо, но го молевме за неговата волја, каква и да е, признавајќи дека секој човек може да биде погоден од несреќа. Но, молев за сила, храброст и мудрост. Сето тоа ни помогна да се соочиме со непосредната ситуација“.

Жената на Нонато, Кармен, се согласи: „Она што мојот сопруг го вели за молитвата е навистина така. Склона сум да се чувствувам многу растревожено кога сум во ситуација каде што животите на моите сакани се во опасност. Кога видов дека кровот се полни со лахарска кал и дека го погодуваат големи карпи, му реков на мојот сопруг: ‚Изгледа дека за нас нема надеж‘. Но тој ме охрабри, велејќи: ‚Ајде да се молиме‘ “.

Нонато продолжи: „Во четири часот попладнето, поројот од лахар уште беше многу силен. Куќата ја удираа огромни камења. Наноси од лахар покрија скоро половина од кровот. Почнав да размислувам дека вечерта наскоро ќе дојде и дека ќе биде многу тешко за патување. Така, додека сѐ уште беше ден, одлучивме да тргнеме.

Се обидов да фрлам стол во лахарската кал за да видам дали ќе пропадне, па дури и се качив на него, но не пропадна. Затоа, зедов еден долг стап да ја прободувам калта. Го користев за да ги најдам подрачјата кои беа доволно тврди за одење. На тој начин ние, како и неколку комшии, бевме во можност да го започнеме нашиот пат по калта. Сѐ на сѐ бевме 26 лица.

Тргнавме по еден многу повисок кров во далечината. Користејќи го стапот, постојано ја прободувавме калта за да видиме каде можеме да згазиме. На места каде што сѐ уште беше многу меко, лазевме“.

Со солзи во очите, Кармен објаснува: „На некои места бевме на самиот раб на лахарскиот порој и моравме да одиме странично по многу тесно земјиште. Во еден момент, пропаднав до градите и му реков на мажот ми: ‚Не можам да продолжам. Ќе умрам‘. Но тој рече: ‚Не, можеш да успееш. Стани‘. Со Јеховина помош, продолживме да се движиме“.

Нора Менгуло, роднина на семејството, додава: „На места каде што беше премногу меко за лазење, на грб се туркавме себеси со нозете. Понекогаш, пропаѓавме премногу длабоко, но си помагавме да се извлечеме, особено на децата“.

Конечно спас!

Нонато продолжува: „Додека со напор лазевме по работ на лахарот, прелета еден хеликоптер и ја виде нашата опасна ситуација — не на кров, туку во средината на наноси од лахар. Една од нашите придружнички го држеше своето осум месечно бебе нагоре во висина, надевајќи се дека спасувачите ќе ја видат нашата тешка состојба. Слегоа долу за да нѐ земат. Ги пуштивме прво жените и децата да одат, затоа што не нѐ собираше сите. Си мислев дека сѐ додека ние мажите, што останавме, користиме исправна претпазливост, ќе успееме да преживееме.

Конечно и нас нѐ зедоа и нѐ однесоа во центар за евакуација. Луѓето таму не можеа да ни дадат никаква облека за носење, иако сета наша облека беше полна со лахарска кал. Им кажав дека моето семејство нема да оди со другите во евакуационото подрачје затоа што сакавме да одиме во Салата на Царството. Кога стигнавме таму, веднаш бевме облечени, нахранети и ни беше дадена друга помош. Пристигнаа други браќа од собранието и тие ни помогнаа“.

Кармен додава: „Иако не можевме да се надеваме на помош од други извори, навистина го чувствувавме благословот на нашето христијанско братство. Среќни сме што ниеден од нас не го изгуби својот живот“.

Иако Гарсиевата двокатна куќа била покриена со лахар, задоволство е да се знае дека тие и нивните три деца, Лавли, Чарми и Чарли ја преживеаја неволјата заедно со сите други Сведоци во подрачјето. Наместо да бидат жалосни за материјалниот губиток, тие се среќни што можат сега да продолжат да ги користат своите животи во службата на Бог.

[Фуснота]

a Лахарите се порои составени од вода и вулкански наслаги, вклучувајќи неврзан пепел, пемза и наноси од сегашни, но и поранешни ерупции.

[Слики на страница 29]

Вториот кат на Гарсиевата делумно ископана куќа

Домашните на Нонато Гарсија пред нивниот закопан дом

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели