ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/10 стр. 9-10
  • НЛО — гласници од Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • НЛО — гласници од Бог?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вонземски план за преживување
  • Божјите комуницирања со човештвото
  • Библиската вистина триумфира над традицијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Божествената поука против учењата на демоните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Разбудете се! 1996
g96 8/10 стр. 9-10

Гледиште на Библијата

НЛО — гласници од Бог?

КАКО што XX-тиот век полека изминува и условите на Земјата постојано се влошуваат, верувањето во неидентификувани летачки објекти (НЛО) и нивните патници, вонземски суштества, продолжува да се шири. Дали НЛО се само фантазија, измама, шега што ја измислиле луѓе кои сакаат да се смеат на лековерноста на јавноста?

Меѓу оние кои тврдат дека ги виделе НЛО или нивните вонземски патници, спаѓаат наизглед нормални, веродостојни луѓе — всушност, меѓу оние кои веруваат во овие посетители од другите планети спаѓаат високообразовани професори и научници. Тие се уверени дека вонземјаните ги набљудуваат луѓето и дека повремено комуницираат со нив. Таканаречените вонземски групи за поддршка стојат на располагање да им помогнат на луѓето кои тврдат дека имале контакт со посетители од вселената.a

Вонземски план за преживување

Во Aliens Among Us (Вонземјани меѓу нас), Рут Монтгомери интервјуира некои од сѐ поголемиот број луѓе кои се убедени дека се вонземски посетители кои престојуваат во човечки тела. Некои од овие кои тврдат дека се хуманизирани вонземјани претскажуваат дека во 2.000 година ќе има „еден космички настан за кој хиерархиите ангели и господари се подготвуваат“. Некои луѓе веруваат дека вонземјаните користат НЛО за да собираат и зачуваат билни и животински видови или дека НЛО ќе се користат како спасувачки бродови за да се пренесат милиони луѓе од неизбежното опустошување на Земјата. После големото уништување, луѓето ќе бидат вратени за да започнат „Нова ера и ново уредување“ на духовно сознание. Еден млад човек од Колорадо (САД), член на една група која се нарекува „Вонземска младина“, со сета сериозност за Разбудете се! рекол: „Моите пријатели и јас чекаме нашите вонземски предци да нѐ однесат“.

Неколкумина од оние кои изјавуваат дека се вонземјани тврдат дека ги води Бог, а други тврдат дека слободно зборуваат со него за да бараат совет за помош на човештвото. Дали Бог дејствува преку посетители од другите планети за да го спаси човештвото од некоја претстојна светска катастрофа!

Божјите комуницирања со човештвото

Рано во човечката историја, Бог комуницирал со луѓето. Библискиот извештај опишува божествени разговори со Адам и Ева, со Ное, со Авраам и другиb (1. Мојсеева 3:8—10; 6:13; 15:1). За да се пренесе Божјата волја и за да се произведе Библијата, се користеле сонови, гласови и визии. Меѓутоа, откако Библијата била завршена, дали постоела потреба за директна небесна комуникација со човештвото? Не, бидејќи Библијата изјавува дека Светото писмо го прави „човекот Божји . . . потполно способен, целосно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:17, НС). Според Библијата, водството во овие разбранувани времиња ќе дојде од Божјата напишана Реч. Меѓутоа, дали постои каква и да е причина да веруваме дека ќе добиеме вест или посебни упатства директно од Бог преку некаков вонземски говорник? Не, бидејќи апостол Павле изјавил: „Дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема“ (Галатјаните 1:8).

Иако изјавите на наводните вонземски суштества навидум се согласуваат со библиските пророштва дека Земјата наскоро ќе биде подложена на големи катаклизмички промени, тие нудат метода на преживување која се ослонува на суштества. Библијата не ги наведува луѓето да бегаат во наводната безбедност на некое вонземско вселенско летало или на некое друго место. Наместо тоа, таа ни кажува да бараме заштита преку оддадениот однос со Бог, преку предание кое е симболизирано со крштавање во вода (1. Петрово 3:21; спореди Псалм 90:7; Матеј 28:19, 20; Јован 17:3). Исус рекол дека „кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен“ (Матеј 24:13).

Зарем овие стихови не нагласуваат духовен однос со Бог за да се преживее наместо некое физичко место за бегање? Затоа, наместо да му помогнат на човештвото да преживее, извештаите за ‚нечовечки суштества‘ им го одвлекуваат вниманието на луѓето од она што Бог, всушност, го бара за нивно вечно добро.

Кој смее да се обиде да го одвлече човештвото од Божјето средство за преживување, а сепак да тврди дека го претставува Бог? Ед Конрој, во својата книга Report on Communion (Извештај за врските), изјавува дека „сериозните НЛО⁠-​вци [оние кои ги проучуваат НЛО] со обука во психолошките и во социјалните науки“ вклучуваат компаративни студии на „ ,посетителите во спалните соби‘, духовите, домашните духови, привиденијата, религиозните визии и она што се сметало за демони“. Многу НЛО⁠-​вци и оние кои тврдат дека се вонземјани во човечки облик изјавуваат дека употребата на вселенски летала за да патуваат, најчесто е непотребна. Тие велат дека овие суштества можат невидливо да патуваат и да се материјализираат секаде на Земјата, без да пристигнуваат со вселенски летала.

Библијата предупредува дека Сатана и неговите демони се со намера да го заведат човештвото. Тие го искористуваат очајот и безнадежноста на човештвото и нудат привлечни, но лажни решенија (2. Коринтјаните 11:14). Затоа, Библијата предупредува: „Во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења“ (1. Тимотеј 4:1).

Слично и денес, секакви наводни посети и наизглед корисно водство од таквите суштества треба да се отфрлат, макар каков било облик и да земат. Оние кои повеќе би сакале да го следат советот на „вонземјаните“ отколку да ја следат Божјата Реч, сигурно ќе бидат заведени — една страшна грешка што би се направила во овие критични времиња.

[Фусноти]

a За дискусија во врска со НЛО и со вонземскиот живот, види Разбудете се! од 8 април 1990 и од 8 ноември 1990 (англ.).

b Библискиот писател Језекиил бил сведок на она што некои го толкуваат како НЛО (Језекиил, 1. поглавје). Меѓутоа, ова било една од многуте симболични визии што ги опишал Језекиил и другите пророци, а не вистинска физичка глетка, како што се тврди во денешни времиња.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели