Скапоцено списание
ЕДНА медицинска сестра од Лондон ги напишала следниве коментари до издавачите на Разбудете се!:
„Еден ден разговарав со мојата нова сосетка, Џеки, за мојата работа со старите лица. ‚Имам едни списанија кои можеби ќе сакаат да ги читаат‘, рече таа. Ги однесов нејзините списанија на работа и ги оставив на малите масички. При наредните посети забележав дека списанијата беа добро прелистани — значи луѓето ги читале.
Подоцна, го променив работното место и почнав да работам во болница. Некои од списанијата на сосетката ги ставив во чекалната. И овој пат можев да видам дека тие се читаат. Едно утро, додека ја санирав раката на една стара жена, нејзиниот сопруг рече: ‚Се надевам дека е во ред, ова списание го зедов од вашата чекална. Во него има една многу добра статија што сакам да ја споделам со син ми‘.
Списанијата и за мене се благослов. Поради тоа што сѐ уште добивам обука во областа на болничарската служба, информациите во овие статии ги користам во моите истражувачки писмени задачи, со добра реакција од наставниците.
Мојата сосетка Џеки е Јеховин сведок и списанието на кое укажував е Разбудете се! Она што сум го прочитала во тоа списание ми помогна да разберам многу работи за себеси и за иднината на човештвото“.
Ако би сакале да ги добивате идните изданија на Разбудете се! Ве молиме да се обратите до Јеховините сведоци во Вашата околина или пишете на најблиската адреса наведена на страница 5.