Жените живеат подолго но не мора да значи и подобро
ШИРУМ светот жените подоцна се мажат, имаат помалку деца и живеат подолго. „Животот на жените се менува“, известува списанието UNESCO Sources. Помеѓу 1970-тата и 1990-тата година, очекуваниот животен век на жените при раѓање се зголемил за четири години во развиениот свет и за скоро девет години во земјите во развој. „Тоа значи дека во развиените подрачја денес, жените во просек живеат 6,5 години подолго од мажите. Во подрачјата во развој, разликата е пет години во Латинска Америка и на Карибите, 3,5 години во Африка и три години во Азија и на Пацификот.“
Сепак, за многу жени, подолгото живеење не значи и подобро живеење. Едно списание на Обединетите нации, Our Planet, забележува дека за мнозинство жени во светот, основните човечки права сѐ уште се „шлагот на тортата кој никогаш не го пробале. Сѐ уште бараат едноличен, обичен леб и вода“. Сепак, дури и основните работи, вели ОН, се вон дофатот на милиони поради тоа што сѐ уште големото мнозинство од сите неписмени, бегалци и сиромашни луѓе во светот се жени. И покрај некои напредоци, заклучува UNESCO Sources, „севкупната слика за жените . . . изгледа темна“.