Што ги прави луѓето среќни?
Две децении, група истражувачи ширум светот следела една систематска студија за среќата. Нивните откритија? „Изгледа дека среќата не зависи многу од надворешните околности“, известува списанието Scientific American.
Тој научен журнал, исто така, навел: „И богатството е слаб предвидувач на среќата. Луѓето не станале посреќни со текот на времето како што нивните култури станувале побогати . . . Во повеќето нации меѓусебниот однос на приходите и среќата е занемарлив“.
Студиите укажуваат на четири црти кои ги карактеризираат среќните луѓе: Тие се сакаат самите себеси и имаат висок степен на самопочитување, чувствуваат дека имаат контрола над својот личен живот, оптимисти се и екстровертни. Освен тоа, добрите бракови и блиските лични односи се фактори за среќен живот и тие имаат тенденција да го зајакнат здравјето и долговечноста.
Занимливо е што Scientific American известил: „Луѓе кои се религиозно активни изразуваат и поголема среќа. Една анкета на Галуп открила дека кај високорелигиозните луѓе постоела двапати поголема веројатност да се изјаснат за многу среќни отколку кај оние кои имале најниска духовна преданост. Други анкети, вклучувајќи и една 16-национална колаборативна студија на 166.000 луѓе од 14 нации, откриле дека известуваната среќа и животното задоволство се зголемуваат со силата на религиозното здружување и со зачестеноста на посетувањето на службите за обожавање“.
Многу одамна, псалмистот Давид открил дека личната среќа е тесно поврзана со обединетото обожавање на Јехова Бог, пишувајќи: „Се зарадував кога ми рекоа: ‚Ќе одиме во домот Господов‘“ (Псалм 121:1).
Не е чудо што апостол Павле ги поттикнал сохристијаните: „Да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не напуштајќи го своето собрание“ (Евреите 10:24, 25). Навистина, заедничкото собирање со оние со слична скапоцена вера заради обожавање на Бог е радосен настан за љубителите на библиската вистина. Милиони Јеховини сведоци откриле дека тоа е вистина и Ве покануваат самите да го доживеете тоа, придружувајќи им се во обожавањето во некоја Сала на Царството близу Вас.